Горат два рида во Општина Дебрца, а пожарот е видлив од повеќе места на територијата на оваа општина, што укажува дека е зафатена поголема површина.
Огнот избувнал попладнево, а надлежните сеуште немаат излезено со официјална информација колкава површина е зафатена со огнот и што се презема.
Попладнево претставници на месните заедници апелираа до населението да не пали стрништа и ѓубре.
Најголем дел од пожарите во земјава се предизвикани од човечки фактор, и покрај големите штети и еколошки катастрови, дел од населението не се освестува и не е во состојба да осознае што всушност предизвикува со неодговорното однесување кое предизвикува пожари.