Македонија

Груевски последен пат ги ангажирал телохранителите во четвртокот

Телохранителите на осудениот Никола Груевски, кој од петокот ги избегнуваше судските органи да му го врачат конечното решение за издржување на затворската казна, последен пат се виделе со него во четвртокот навечер, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од судски извори.

„Колку што знаеме, неговите телохранители пред одделот за потраги во МВР кажале дека последен пат го виделе во четвртокот навечер, на 8 ноември, кога го оставиле дома. За да го обезбедуваат, тој треба да ги повика нив ако излегува. Во петокот не ги повикал воопшто, што се случувало и порано, бидејќи не излегувал задолжително секој ден. Не го повикал обезбедувањето ни викендот, а ни денеска, до распишување на потерницата“, изјавија од Основниот суд Скопје 1, чиј доставувач го бараше три пати во петокот и еднаш денеска и не го најде дома.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток