Македонија

Јанушев им се извини на новинарите оти ВМРО-ДПМНЕ ги нарече загари на Заев

Игор Јанушев им се извини на новинарите, во името на партијата, за тоа што претходно беа наречени – загари.

Ваквото јавно извинување на Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ уследи од како неговата партија во официјално соопштение испратено до медиумите, новинарите кои објавуваа вести поврзани со бегството на Никола Груевски ги нарече „загари на Зоран Заев и Оливер Спасовски“.

Ваквото соопштение во медиумите беше пречекано со чудење и предизвика револт.

Скопје1.мк уште во петокот прв објави дека Никола Груевски е недостапен и не се пријави во затворот во Шутка, а вчера повторно објавивме дека ја напуиштил земјата.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток