Фестивалот „Охридско Лето“ кој годинава го имаш своето убедливо најслабо издание, сега со новата диркеторка Наташа Поповиќ полека но сигурно го враќа својот сјај.
Минатиот викенд во црквата „Света Софија“ во Охрид со специјално одбрана програма на дела од Бах, Доплер, Алиабиев, Згралиа, Мартин, Прокофјев, Рахмањинов и Кларк, младите виртуози од светот на класичната музика донесоа шарм, свежина, елеганција и виртуозност и ја воодушевија публиката што го следеше концертот.
Овој концерт на двајцата руски музичари во рамките на „Охридско лето“ се одржа надвор од стандарниот фестивалски термин, од 12 јули до 20 август, но како што најави директорката на фестивалот, Нашата Поповиќ, тенденцијата е, да се збогати културната понуда на градот и државата, не само во лето, туку и во текот на целата година.
-Многу сум среќна што по подолго време „Охридско лето“ ќе функционира преку целата година. Сметам дека со тоа ќе се подобри и самиот фестивал, а од друга страна ќе се подигне и нивото на културата во градот и државата. Ќе настојувам, надвор од стандардниот фестивалски термин, секогаш да доаѓаат големи имиња со цел да се афирмира фестивалот многу пошироко. Инаку задоволството од концертот на Синчук и Науменко е огромно и не може да се изрази со зборови бидејќи овие млади уметници ни ги доловија сите бои и сите чувства што постојат и што можат да се искажат. Навистина се врвни уметници и пред нив претстои огромна кариера, изјави директорката на фестивалот „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.
Концертот имаше хуманитарен предзнак, а средствата што се собраа ќе бидат наменети за лекувањето на 15-годишната охриѓанка Сара Настеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
ФИЈАСКО – Охридско Лето затворено пред празен Антички театар
Охридско Лето отворено со полупразен Антички Театар
РАДОСТИ ПРЕД ПРАЗНИЦИТЕ – ДЕДО МРАЗ го посети ОХРИДСКО ЛЕТО