Поранешниот директор на УБК и доскорешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, на влегување во Кривичниот суд во Скопје изјави дека не знае каде во моментов се наоѓа неговиот братучед и Никола Груевски.
„Не знам“ кусо одговори Мијалков на влегување во зградата на Кривичниот суд, запрашан од новинарите за тоа дали знае каде е Груевски.
На Мијалков денеска му се суди на ново рочиште за предметот на СЈО „Титаник 2“, каде заедно со претседателот на ДПА, Мендух Тачи, и членови на ДИК обвинети за злоупотреба на службената положба за време на локалните избори во 2013-та.
Освен „Титаник 2“, во кривичниот суд има рочишта и за „Титаник 3“ и „Тарифа“.