Актуелно

8-годишно момче напиша писмо до неговата почината мајка

Тажно 8-годишно момче ги растажи и најстудените срца низ светот откако ѝ напиша писмо на својата мајка за Божиќ кое таа ќе го прими во рајот.

Трогателното писмо е напишано од Хари, кој што ја изгуби својата 34-годишна мајка Кери во март оваа година од неочекуван мозочен удар. Тој оттогаш имал проблеми да ги изрази своите чувства.

Зборувајќи за писмото, таткото на Хари, Рич рече: „Кери почина неочекувано во март откако доживеа мозочен удар. Хари оттогаш влезе во школка и почна лошо да се однесува на училиште и навистина да се бори со својата тага.“ Идејата да ѝ испрати писмо на Кери била на самиот Хари и тој и неговиот татко го оставиле писмото на клупа во парк за да можат „ангелите да го земат“. Така писмото се најде на интернет.

Еве што стои во писмото:

„За мојата мајка. Јас навистина мислам дека ти си најдобрата мајка во светот и навситина ми недостасуваш и посакувам да беше тука за да направиш да се чувствувам добро повторно. Добив награда за играч на натпреварот и сакав да ти ја покажам но ѝ ја покажав на Хелен која е дел од персоналот и таа ми рече дека ти би била горда!!! Ми недостасуваат твоите неделни вечери и кога ме водеше на шопинг и кога ме носеше на училиште.  Понекогаш разговарам со тебе навечер иако никогаш не ми одговараш. Посакувам да ми одговореше. Ако се вратиш ќе ја изедам сета брокула и зелка и ќе ја чистам мојата соба, нема да бидам мрзелив и ќе ти помогнам да направиш сѐ. Не знам што да кажам мамо, навистина ми недостасуваш многу и ќе мислам на тебе за Божиќ.Сѐ уште плачам секој ден но не кажувам на никој тие не знаат како е да ми недостасуваш. Јас никогаш повторно нема да бидам среќниот Хари.“

 

На почеток