Актуелно

Македонската претстава ,,Вардарски пастуви“ во ноември ќе се игра во Австралија

Според Годишната програма за 2020 година одобрена од Министерството за култура, претставата „Вардарски пастуви“ во ноември оваа година ќе гостува во Австралија.

„Вардарски пастуви“ на режисерот Синиша Евтимов, е една од најбараните претстави во НУ Театар Комедија – Скопје и претстава која ги руши рекордите во гледаност на ниво на целата држава. Претставата и годинава ќе гостува во речиси сите градови низ нашата земја, а до јубилејното стотто прикажување ја делат уште само неколку изведби.

фото: Архива

На почеток