Според информациите до кои дојдe „Канал 5 телевизија“, Груевски има намера Унгарија и барањето за азил таму да го искористи само за да купи време пред да ја донесе одлуката каде да замине за подолг престој.
„Со оглед дека Унгарија е земја членка на ЕУ, за очекување е Орбан да биде соочен со притисок од Брисел за екстрадиција. Според нашите извори, знаејќи го ова, Груевски на ум има две можни дестинации.
Едната е Турција, во која долги година апсолутна власт има Ердоган, со кого Груевски има изградено и лични релации, а често и годишните одмори ги поминуваше таму, на лична покана од турскиот претседател.
Втората можна крајна дестинација на експремиерот, според овие информации, е Русија, во која често прибежиште бараат луѓето од регионов кои треба да одговараат во своите земји.
Нашите извори, ги потврдуваат и тезите дека Груевски стигнал во Будимпешта преку Србија. Според информациите, тој ја напуштил државава во саботата претпладнето со автомобил. Првата пауза за ручек, одмор и веројатно за средување на формалностите поврзани со барањето за азил, ја направил во елитен хотел во Белград, а потоа го продолжил патот со истото возило кон Будимпешта. Чија сопственост е возилото, на кој премин поминал, и кој се му помогнал, допрва треба да се открие“, пишива телвизијата