Актуелно

Тројца од Боговиње oтишле да разговараат, па им извадиле оружје

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.А.(31), А.А.(30) и Ф.Р.(22), сите од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”.

На 06.12.2019 во угостителски објект во Тетово, првопријавениот Х.А. со тврд предмет го нападнал Б.М.(33). Подоцна, Б.М. со негов другар отишле во угостителски објект во с.Жеровјане, тетовско, за да разговара со напаѓачите.

Притоа, од објектот излегле пријавените со огнено оружје. По преземени мерки од полициски службеници пријавените биле приведени во СВР Тетово.

фото: Архива

На почеток