Актуелно

Бројот на жртви од опасниот коронавирус во Кина се искачи на 722 лица

Бројот на жртви од опасниот коронавирус во Кина се искачи на 722 лица, а бројката на заразени надмина над 32.000 лица, соопштија кинеските здравствени служби.

Во последното деноноќие кинеските власти регистрирале 81 нов смртен случај, по што експертите веќе заразата ја третираат како поопасна од претходниот тип на коронавирусот, таканаречениот „САРС“, што во 2003 година  ја предизвика смртта на 774 лица.

фото: Архива

На почеток