ФБ статус на градоначалникот Константин Георгиески:
Меѓународната конференција за иновации во општините, „Muni-World 2020“, која од 19-ти до 20-ти февруари се одржуваше во Тел Авив, Израел беше една исклучителна можност за размена на искуства и запознавање со нови креативни решенија за Smart City, кои се користат во различни сегменти на урбаното живеење во повеќе светски метрополи.
Темата на овој важен регионален собир беше „Глобално размислување за урбаната безбедност и иновативноста на општините“. На конференцијата учествуваа повеќе од 1000 општински претставници од 72 земји, 500 градоначалници и лидери на општините, 9000 учесници и повеќе од 200 најдобри високо-технолошки компании за урбана технологија.
Во рамки на програмата на конференцијата, заедно со Амбасадорот на Израел во Република Северна Македонија, Дан Оријан, остваривме важни состаноци со министри, пратеници, клучни фигури во локалното управување, претставници на израелската економија, претставници од јавниот и од приватниот сектор.
Како резултат на остварените средби и контакти во Израел, поголема бизнис делегација од оваа земја, во текот на наредниот период ќе дојде во посета на Охрид, при што ќе биде рагледана можноста за понатамошна соработка.
https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.546843292587945/546842759254665/?type=3&theater