Актуелно

Истанбулското обвинителство подигна обвиненија против 20 лица поради убиството на Кашоги

Обвинителството на Истанбул објави дека е подготвено обвинение за 20 осомничени за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, меѓу кои и поранешен заменик-разузнавач на Саудиска Арабија и поранешен советник на кралското семејство.

Против 18 Саудијци покренато е обвинение за „убиство со предумисла“, а  двајца се обвинети за  „потикнување на убиство“.

Двајцата обвинети за „поттикнување на убиство“ се Сауд ал Кахтани, советник на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и поранешниот прв човек на саудиското разузнавање генерал Ахмед  ал Асири . Другите 18 лица се обвинети за извршување на убиството на Кашоги.

На 2 октомври 2018 година Кашоги влезе во Амбасадата на Саудиска Арабија во Истанбул и оттогаш му се губи секаква трага. Тој беше познат критичар на саудиската власт. На 20 октомври официјален Ријад призна дека новинарот е убиен во Амбасадата.

фото: Архива

На почеток