Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочиште за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тврдина -Таргет“ за незаконското следење на комуникациите и за „Топлик“ кој се однесува на изградбата на Сончев град.
За првиот предмет во судот од затворот во Шутка треба да биде спроведен Сашо Мијалков, кој синоќа беше уапсен откако му се определи мерка притвор од 30 дена. За другото рочиште, од истиот затвор во Кривичен треба да биде донесен и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој пред една недела доби притвор поради, како што беше соопштено, опасноста од бегство.
Сашо Мијалков и Горан Грујовски, заедно со Гордана Јанкулоска и Никола Бошкоски се товарат и за уништување на системот за прислушкување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ.