Наташа Беквалац вчера го прослави 38 роденден, а истиот ден требаше да ја објави нејзината нова песна во „Амиџи шоу“.
Но, Наташа се извини и изјави дека ќе и бидат потребни уште неколку дена за да ја објави новата песна.
„Денес е мојот 38 роденден. Емоциите ми се многу измешани денес. Сакам да ви се заблагодарам на прекрасните пораки. Реков дека денес ќе искочи мојата нова песна, но не можев днес, се откажав, и емисија, и премиера. Ми треба уште некој ден, ми треба уште време. Ве сакам и извинете“, напиша Беквалац претходниот ден.
Иако не гостуваше во емисијата, Наташа го одбележа својот роденден на вечера заедно со својата сестра.