Коментари

Заев: Негативен е и вториот тест за коронавирус што ми беше направен

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на „Фејсбук“ објави дека и вториот тест за коронавирус му е негативен.

-Денеска, согласно здравствените протоколи ми беше направен и втор тест за присуство на коронавирусот кој исто како и првиот тест е негативен. Им благодарам на сите за поддршката и во исто време упатувам поддршка со желба за брзо оздравување на градоначалникот на Куманово Димитриевски и на сите граѓани кои се справуваат со вирусот.

Се надевам дека премиерот и министрите ќе имаат негативни тестови.

Овој вирус покажа дека е непредвидлив и дека е сериозна закана по здравјето на секој од нас.

Затоа делуваме брзо, но многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките.

Да останеме дома, да внимаваме многу повеќе на нашата хигиена, да држиме дистанца од 2 метри – #, да се заштитиме а со тоа да ги заштитиме и другите.

Секој што ги почитува мерките спасува здравје и живот.

Само со заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме оваа битка против невидливиот непријател, напиша зев на ФБ.

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10158522303577932

На почеток