Низ главниот град на Унгарија осамнаа билборди со ликот на поранешниот македонски премиер, Нкола Груевски.
Реклама за новиот број на магазинот „ХВГ“ со Груевски на насловната страница со порака ја „Ја сакам Унгарија“ под која веднаш има лисици.
Улиците на Будимпешта се преполни со вакви плакати.
Никола Груевски пред неколку дена доби политички азил во Унгарија, образложувајќи дека во Македонија е политички прогонет од власта на Заев.