Македонија

(ВИДЕО) Македонија не е ,,Швицарска“, а министерот за екологија Дураки не се занимава со граѓаните

,,Македонија не е ,,Швицарска“, а министерот за екологија Дураки не се занимава со граѓаните“.

Ете вака од прилика гласи одговорот на Министерот за екологија, заштита на животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, кој по долга и тешка изолација, се појави во јавноста и им го плесна в лице на загрижените граѓани.

„Јас не се бавам со граѓаните, граѓаните може да се тужат“, е одговорот кој министерот за животна средина Садула Дураки што го даде на прашање на ТВ Сител за тоа кој е неговиот став за најавите дека граѓани ќе ја тужат државата за аерозагадувањето.

Министерот не го загрижуваат критиките на граѓаните дека 1.5 милион евра се премалку пари за борба против загадувањето.

– Знаете вие дека ние сме Македонија, а не Швајцарија. Почнавме, еден чекор е напред и тоа – вели Дураки.

На прашањето што конкретно се презема во моментов, тој за одговорна ја посочи работната група.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток