Македонија

(ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО) „Самар Тајм“ сама си го урива парапетчето

По притисокот на јавноста, но и  решението на инспекциските служби на општина Охрид, на 24.03.2020 година, денеска инвеститорот „Самар Тајм Експорт Импорт Љубаништа“ на градбата во непосредна близина на Охридското Езеро во Авто кампот Градиште сам го руши.

 

Инаку по фотографиите кои синоќа се споделуваа на социјалните мрежи се огласи и градоначалникот кој на ФБ напиша:

  • Ве информирам дека инспекциските служби на општина Охрид, на 24.03.2020 година, извршија увид и составија записник. Согласно законските процедури донесено е решение за отстранување со кое на изведувачот му се дава законскиот рок сам да го отстрани, а доколку тоа не го направи во предвидениот рок, општина Охрид ќе го отстрани на сметка на изведувачот. Ве уверувам дека никој од Локалната самоуправа, а ниту јас лично сме дале или имаме намера да дадеме одобрени за изградба на објекти кои директно влијаат врз загадувањето на Охридското Езеро, или го нарушуваат светското природно и културно наследство, информира Георгиески.

фото: Скопје 1

На почеток