Македонија

Георгиески: Упатувам апел до сите посетители кои во моментот престојуваат во градот, да ги почитуваат сите мерки за заштита и превенција од Корона вирусот

Општина Охрид тековно ги презема сите мерки кои се во надлежност на Локалната самоуправа за соодветна заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“ и постапува според сите мерки и уредби кои ги носи Владата на Република Северна Македонија, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот додава:

Кризниот штаб постојано се координира, се спроведуваат сите тековни активности кои се предвидени во локалниот оперативен план за делување. Исто така, постојано се реализираат вонредни мерки за дезинфекција и миење на улиците и јавните површини во градот.

Поради карантинските мерки кои се активни во неколку градови во државата, во текот на вчерашниот ден во Охрид пристигнаа голем број гости.

Упатувам апел до сите посетители кои во моментот престојуваат во градот, да ги почитуваат сите мерки за заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“:

➡️Да се носат заштитни маски;
➡️Да се одржува потребна дистанца;
➡️Да се одржува лична хигиена според препораките;
➡️Да не се организираат семејни собири и други друштвени групирања;
➡️Да се почитува во целост полицискиот час.

Упатувам апел и до трговците и угостителите, да ги почитуваат сите протоколи за работа во текот на викендот.

Упатувам апел до надлежните инспекторати да ги засилат теренските контроли на угостителските објекти, на трговските објекти и на сместувачките капацитети, со цел да се почитуваат протоколите и да се превенираат несакани последици.

➡️Да бидеме максимално одговорни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје.

https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/611025262836414/?type=3&theater

На почеток