Согласно препораките на Кризниот штаб на Општина Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ утрово по завршувањето на продолжениот викенд апочнаа со интензивна дезинфекција на улиците, јавните површини и станбените објекти на територија на Општина Охрид.
Со средство за дезинфекција се изврши миење на улиците во централното градско подрачје, градскиот кеј и чаршијата.
Дезинфекцијата на јавните површини ќе продолжи интензивно и во текот на наредниот период.
https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.612666542672286/612666296005644/?type=3&theater