Со отстранување на шанкови, монтажни објекти, конструкции и ѕидови, утрово започна најавената акција за вoведување ред на крајбрежјето на Охридското Езеро, согласно препораките на УНЕСКО. Акцијата ја спроведува Општина Охрид и истата започна на објектите лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“.
Инаку Владата на седницата одржана на 10 јуни ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, која се однесува на плажите кои биле предмет на закуп, a која предвидува концесионерите чии договори се истечени или раскинати задолжително да ги вратат плажите со кои стопанисувале во првобитна состојба.
фото: Скопје 1