Македонија

(ФОТО) Нема селективност, продолжи акцијата за за отстранување на урбана опрема, шанкови и објекти во Св. Стефан

Утрово Општина Охрид ја продолжи акцијата за отстранување на урбана опрема, шанкови и објекти од плажите во Св. Стефан, што се спроведува по налог на Општина Охрид. Во акцијата која се спроведува со полициска асистенција нема селективност. Се што е неглегално поставено на брегот на Езерото се  отстранува. Денеска се урна плажата Метрополис.

Амбасадор на една од највлијателните земји во светот кажал јасно на Владата во Скопје мора да се справи со узурпирањето на брегот на Охридското Езеро и дека функционирањето на институциите на државата на Охридското Езеро е прашање од врвен приоритет.

На ред е УЈП и пазрна инспекција да се види дали ќе порофункционираат.

Инаку вчера Општина Охрид информираше дека се преземаат активности за отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“.

„Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро“, истакнаа од Општина Охрид. 

На почеток