Општина Охрид во јануари 2019 имаше долг од околу милијарда и шестотини милиони денари, за денеска истиот значително намален по сите основи изнесува околу 470 милиони. Градоначалникот Константин Георгиески објаснува на кој начин е исплатен најголемиот дел од долговите, но и што е пречката поради која сеуште не е деблокирана сметката на општината.
-Во јануари 2019 долгот на општината беше околу милијарда и шестотини, со процесот на раздолжување добивме 500 милиони и во преговорите со доверителите заштедивме околу 270 милиони по однос на камати. Претходно имавме исплатено од сопствени средства преку 100 милиони и сега вкупниот долг на општина Охрид по сите основи е околу 470 милиони. Тука спаѓаат 70 милиони денари кои се долг на општината према министертво за финансии по кредит земен од светска банка за колекторскиот систем. Со поделбата на МЈП ние треба да го префрлиме тој долг на колекторски ситем и на тој начин ние да не должиме пари према државата меѓутоа тука како и према други работи има проблем со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко кој не сака да го потпише договорот за превземање на тие средства од причина што некогаш со судска пресуда со извршител се земени средства од сметката на Општина Струга, па сега кога ги завршивме сите работи побара тие средства да му се вратат и со ова го закочи целиот процес. Овие работи ни се останати, за да пристапиме кон деблокирање на сметката на општината“, истакна за Скопје 1 градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
https://www.facebook.com/ohrid1/videos/660201967863892/