Македонија

Предпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе  се движи од 10 до 19, а максималната ќе се искачи до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8.

До сабота во попладнедневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во позначнителен пораст.

фото: Архива

На почеток