Свет

САД го објави последното обвинение против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж

Министерството за правда на САД го објави последното обвинение против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Во обвинението е осомничен дека регрутирал хакери на конференции во Европа и во Азија кои би можеле да обезбедат доверливи информации за неговата веб-страница, како и дека бил во дослух со членови на хакерски организации.

Изменетото обвинение не содржи повеќе од 18 точки, меѓутоа, обвинителите велат дека тоа ги истакнува напорите на Асанж за добивање и објавување на класифицирани информации, пренесува АП.

Покрај регрутирање хакери на конференции, обвинението го товари Асанж за соработка со хакерските групи „Анонимни“ и „ЛулзСек“, како и со 17-годишен хакер, кој му давал информации украдени од банка и аудио записи на високи владини функционери.

Адвокатот на Асанж, Бери Полак, рече дека „немилосрдната потрага на владата за Џулијан Асанж“ претставува сериозна закана за новинарите и за правото на јавноста да знае.

Министерството за правда на САД го сомничи за заговор со поранешниот американски војник Челси Менинг за протекување доверливи документи.

фото: Архива

На почеток