Актуелно

Георгиески оствари телефонски разговор со американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз

На моја голема чест и задоволство денеска остварив телефонски разговор со Амбасадорката на Соединетите американски држави во Република Северна Македонија, Н.Е. Кејт Мари Брнзн напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот во својата објава додава:

Разговаравме за посветеноста и заложбите на локалната и централната власт да постапуваат согласно законските прописи и конечно да се стави ред во управувањето со крајбрежјето на Охридското Езеро, која е една од главните препораки на УНЕСКО.

Оваа можност ја користам уште еднаш да упатам огромна благодарност до Амбасадата на САД за интересот за актуелните состојби во Охрид.

https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/622825304989743/?type=3&theater

На почеток