Актуелно

(ВИДЕО) Три предуслови за формирање Влада, финансиска лустрација, пратеници волонтери и измени во изборниот законик, порача Петар Богојески пред прилепчани

Влада и парламент може да се формира и без политички пазарења и со делење на функции, туку со принципи и вредности. Влада и Парламент кои пред да се формира ќе ги донесат нужните закони за демократизација на земјата, а прв е законот за Финансиска лустрација на политичарите, им порача предизборниот карван на Македонски концепт на граѓаните на Прилеп, Струмица и Гевгелија, при посетата на Изборната единица 4.

Единствен начин да докажеме дека не сме сите исти е да станеме дел од парламентот и да покажеме различно поведение и дека со вистински закони може да се формира парламент кој ќе работи за доброто на граѓаните, истакна Богојески.

“Предуслов да придонесеме и да се вклучиме во формирање на влада и парламентарниот состав е да се донесе законот за финансиска лустрација на политичарите каде што сите политичари ќе бидат подложни на докажување на потекло на имот па откако ќе биде докажано легалното стекнување на имотот, тие ќе добијат можност да бидат министри.

Друг предуслов е донесување на Закон за пратеници волонтери, или народни пратеници како што ги знаат прилепчани, закон со кој пратениците нема да можат да се богатат од патните трошоци така што нема да примаат плата од парламент, нема да патуваат и да наплатуваат патни трошоци, ќе останата во своите живеалишта и законите ќе се донесуваат само еден ден во недела. Со овој наш проект Пратеници волонтери, Парламентот ќе стане институција и вистински народен парламент. Третиот наш предуслов за формирање влада е измени на изборниот законик и прогласување на Република Македонија за една изборна единица, каде што сите ќе биде рамноправни како Законот за финансирање на партиите”, изјави Петар Богојески, Промотор на Македонски концепт, пред граѓаните на Прилеп.

Пораките на Македонски концепт, промоторот Богојески им ги пренесе на граѓаните заедно со носителот на листата од ИЕ 4, Жарко Бошкоски како и другите кандидати за пратеници, запознавајќи ги со предностите на проектите на Македонски концепт  и донесување на законите со кои ќе направат промена во државата.

Носителот на Изборната единица 4, Жарко Бошкоски пред своите сограѓани истакна колку е важно да придонесат за промена и дека ова е последната шанса да го направат тоа. “Драги сограѓани ова е последна шанса да сториме нешто за нашата држава, не се ова само празни зборови и декларативни изјави, можам да ви ветам нормална држава со програмата на Македонски концепт, законите за кои се залагаме и проектите кои ги имаме. Гласајте за нас, да направиме нормална држава”, истакна Бошкоски.

„Заокружување на бројот 10 на избирачкото ливче е поддршка за создавање влада врз вредности и принципи“, им порача Богојески на граѓаните од Прилеп, Струмица и Гевгелија.

На почеток