fbpx
вто. Јун 30th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Николоски: Добив поддршка од Иванов, ќе ја направиме Македонија економски силна, а народот национално горд

Потпретседателот и носител на изборна единица 4 Александар Николоски денеска е во посета на Валандово и валандовскиот регион.

Николоски оствари неформална средба и со поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов од кој што доби поддршка за предвремените парламентарни избори.

-Денес сум горд што добив поддршка од Претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов мојот професор од студентските денови од кого научив многу за политиката која сега ја применувам е најчесниот и најискрен Претседател кого Македонија го имала. Далеку најголем патриот на чело на државата. Човек кој се спротистави на националното обезличување на Македонија. Неговата визија и совети се од голема помош за мене во оваа кампања. Денес во неговото родно Валандово разговараме за иднината на Македонија. Ќе ја направиме економски силна, а народот национално горд. Заедно ќе победиме во четворката и во цела Македонија, напиша Николоски на својата официјална фејсбук страница.