Немилите сцени во Аргентина во текот на вчерашниот ден брзо го обиколија светот и се топ тема во спортските медиуми. Наместо натпревар -затворен сообраќај, превртени контејнери и автомобили, солзавец, блиски средби, итн. Безредието не успеа да се спречи ниту полицијата и покрај големиот број на полициски службеници кои беа на терен, околу стадионот, на улиците.
Натпреварот што требаше да се одигра вчера е одложен за денес, но од Бока се уште размислуваат дали да излезат на теренот затоа што останаа без својот капитен Пабло Перез кој најтешко настрада на вчерашните инциденти.
Навивачи на Ривер Плата предизвикаа големи насилства, се судрија со аргентинската полиција, го нападнаа автобусот на Бока јуниорс додека гостинските фудбалери и стручниот штаб се движеа кон стадионот „Монументал“ на реванш финалниот меч во Копа Либертадорес.
