Двајца припадници на мексиканскиот Интерпол загинаа во мексиканската држава Пуебла, во обид да уапсат човек за кој од САД е објавена потерница поради убиство.
„Двајца агенти вчера нападнаа вооружено лице за време на операција за извршување на налог за апсење поради екстрадиција“, се вели во соопштението на обвинителството.
Тие биле во трагата на човек идентификуван како Орландо О., баран од страна на ФБИ. Мексиканскиот закон не дозволува објавување на целосното име на осомничените.
„Знаеме дека Орландо кога видел дека е опколен почнал да пука на нашите колеги, а потоа побегнал“, изјави извор од полицијата во Пуебла. Орландо О. е обвинет за убиство во Њујорк во октомври 2012 година за време на тепачка. Сега започна истрага и за смртта на полицајците.
