Скопје

Според истражувањето на европската агенција за животна средина – Македонија е најзагадена земја во Европа

Со загадување од десет пати повеќе од препорачаните граници Македонија се најде на првото место како најзагадената земја во Европа тврди во своето истражување Европската агенција за животна средина, пренесува „Еуроњуз“.

Големиот сообраќај и употребата на печки за греење предизвикуваат зголемување на ПМ10 честичките во воздухот и сериозни последици по здравјето на луѓето.

Загадувањето на воздухот во Скопје претставува закана за сите граѓани. Многу пациенти доаѓаат во нашата клиника поради ова. Валканиот воздух предизвикува проблеми кај лицата со респираторни заболувања, како што се астма, емфизем и други хронични кардиореспираторни и белодробни заболувања, тврдат пулмолозите.
Според надлежните главните проблеми произлегуваат од системите за греење на домовите во нашата земја.
ЕУ им помага на владата во борбата против загадувањето на воздухот. Но, со оглед на социо-економската состојба на земјата, оваа задача е крајно тешка, а во блиска иднина да се справи со проблемот ќе биде уште потешко.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток