„Во Струга (најверојано) се обележува денот на албанското знаме. Во Струга денес е истакнато само албанското знаме иако Струга е мултиетнички град. Вакво непочитување на сограѓаните Македонци во Струга се случува постојано. Komuna e Strugës / Општина Струга / Municipality of Struga нели Ramiz Merko – Faqja Zyrtare се залагаше за општина на еднакви граѓани. Дополнително што истакнување само на албанско знаме за празници е спротивно на закон. Драги сограѓани Албанци, Ви го честитам празникот“За ваков ли соживот зборувавте? Вака ли ќе се почитуваме меѓу себе?
За крај, нека Ви е честит празникот, и Ве замолуваме да си ја поправите грешката и да го поставите македонското знаме, во името на соживотот и взаемната поддршка и почит“, напиша на својот фејзбук профил познтиот адвокат од Струга Глигорие Ќатоски, а при тоа своите сограѓани ги поздрави: „Со почит, Вашиот сограѓанин – Македонец, од Струга“.
Оваа слика на Струга покажува дека Општинските власти на Струга, на чело со градоначалникот од ДУИ Рамиз Мерко решиле за 28 Ноември, Денот на албанското знаме, во градот да бидат поставени само албански знамиња.
На ова реагираше и општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ:
„Градоначалникот на Струга, господинот Рамиз Мерко и неговите коалициски партнери од СДСМ го украсија градот со албански знамиња. Господине Мерко, да Ве потсетиме дека Струга е мултиетнички град, во кој треба да има соживот, без разлика на вера и нација. Знаете ли дека ова што го правите е спротивно на законот? Истакнувате само албански знамиња, без притоа да го ставите знамето на Република Македонија, државата во која живеете и сте градоначалник на град во таа држава. Што сакате да постигнете со овај потег?За ваков ли соживот зборувавте? Вака ли ќе се почитуваме меѓу себе? За крај, нека Ви е честит празникот, и Ве замолуваме да си ја поправите грешката и да го поставите македонското знаме, во името на соживотот и взаемната поддршка и почит“, пишува во реакцијата.