Скопје

Од маглата над Скопје не се гледа ниту крстот на Водно!

Загадувањето на воздухот во Скопје одамна е алармантно. Скопјани се жалат на непријатен мирис и неможат да дишат, Се зголемува бројот на пациенти со респираторни проблеми, посебно проблем имаат децата, старите и хронично болните лица.

Македонија е рангирана за најзагадена земја во Европа со загадување десет пати повеќе од дозволеното, вака започнува прилогот на Еуроњуз. Телевизијата понатаму пренесува дека причината за големото ниво на загаденост е густиот сообраќај и употребата на печките за греење на дрва кои предизвикуваат зголемување на ПМ 10 честичките во воздухот.

Град Скопје и инспекциите постојано се на терен со цел да ги откријат загадувачите, но засега конкретното жариште на загадувањето не можат да го лоцираат.

Денска пак ќе се одржи Јавна расправа за состојбата со загадувањето на воздухот во Скопје. Расправата ќе се одвива врз основа на информацијата „Енормно загадување на амбиенталниот воздух во Македонија“, која ја подготви пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ минатата седмица.

Додека партиите се препукуваат кој е крив и како дозволивме загадување на до олку високо ниво, на глобално ниво Скопје синоќа се искачи на 9 место, односно тој е 9-ти најзагаден град во светот. Прв во светот е градот Бејинг во Кина. Втор е Кабул во Авганистан, а трет е Лахоре во Пакистан.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток