Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, преку е-пошта бил известен дека е почната постапка за одземање на неговиот пратенички имунитет.
Претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски, рече дека пратеникот Груевски бил известен преку електронска пошта, преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Во законодавниот дом, Талат Џафери денеска закажа седница во 17 часот за имунитетот на Груевски.