Македонија

Филипче го прекина уживањето во министерувањето и се фати за скалпелот ?

Доста беше уживање, време е за оперирање

И покрај тоа што во интервју за Скопје1.мк министерот Венко Филипче рече дека воопшто не му недостасува операционата сала и дека како што кажа ужива во министерувањето, тој повторно се фати за скалпелот и вчера за првпат во Македонија е извршена механичка тромбектомија кај 70 годишен пациент, кој доживеал мозочен удар. Станува збор за многу сериозен и сложен зафат на мозокот, каде се случил ударот, предизвикан од тромб – згрутчување на крвта – соопшти Министерството за здравство.

Во тимот кој ја извршил интервенцијата е и првиот лекар во земјата, министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, инаку неврохирург, заедно со колегите  неврохирурзи, невролози, радиолози и анестезиолози.

-Пациентот е спасен од сигурна смрт. Тимот доктори, кои првпат досега во нашата држава го извршија овој успешен зафат го сочинуваат: доц. д-р Венко Филипче, д-р Менка Лазаревска, д-р Вјолца Алији и д-р Петар Јаневски, невролозите д-р Јасна Петреска, д-р Ана Донева и д-р Драгана Цветковска, како и анестезиолозите д-р Јасна Бушиновска и д-р Ида Теменугова – појаснија надлежните.

Министерот Филипче изјави дека досега во Македонија не е извршен ваков зафат.

– Станува збор за многу сложена и тешка операција на крвните садови во мозокот. Операцијата е направена само на неколку часа од ударот, успеавме да го извадиме тромбот и да го спасиме пациентот. Овие таканаречени „удари“ често се фатални за пациентите и д. Со оваа интервенција, која првпат се примени во Македонија, застанавме рамо до рамо со светските медицински центри – вели Филипче.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток