Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Арљинда Хасани Синани е нова вицегувернерка на Народната банка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library5bn3agpihuc4e3dH46H

Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка, на предлог на гувернерот д-р Трајко Славески. Таа ќе ја извршува функцијата со мандат од седум години.

— реклама —

Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор. Во текот на кариерата работела на стручни и раководни позиции во областите на кредитирањето, управувањето со ризици и деловното банкарство.

— реклама —

Има извршувано повеќе раководни функции во „Прокредит банка“ АД Скопје и „Стопанска банка“ АД Скопје. Од 2023 година во „Стопанска банка“ ја извршувала функцијата регионален директор за Северозападниот Регион.

— реклама —

Нејзиното професионално искуство опфаќа и работа поврзана со регулативната и супервизорската рамка, управувањето со ризици и корпоративното управување. Била вклучена и во работата на повеќе органи и комитети во рамките на банкарските институции.

— реклама —

Со нејзиното именување, Народната банка добива дополнителен професионален капацитет за спроведување на своите законски цели и надлежности, насочени кон одржување стабилен и сигурен финансиски систем и поддршка на одржливиот економски развој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7713o7fs38p0ft7IdTv

Исплатени пензиите за 556 граѓани без платежни картички

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
nbrm-narodna-banka

Народната банка најостро ги отфрла манипулациите на СДСМ: Повторуваат веќе демантирани невистини и свесно ја поткопуваат довербата на штедачите

Македонија | пред 1 седмица

mmf-1

Европската комисија со позитивна оценка за банкарскиот сектор и Народната банка

Македонија | пред 1 седмица

media-library2big0ciuktk9eAJaQCz

Гувернерот Славески: 80 години централно банкарство – независност и интегритет за идни успеси

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања