Ева Петковска

media-librarybsl4fnhk03kkeeGVgmd

Мицкоски: Имаме две понуди, со едната одиме назад, со другата се одбира вистинскиот избор, повикувам на масовна излезност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Тема на денот, на ТВ Сител, ги повика граѓаните на масовна излезност во недела и истакна дека на овие локални избори граѓаните имаат можност да изберат помеѓу две опции, едната понуда со која Македонија оди назад и другата понуда е опцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со која се избира вистинскиот избор.„Во суштина имаме две понуди една понуда кој не враќа назад во оние темни страни на македонската историја, оние 7 години кога граѓаните беа сведоци на сето она што се случуваше и овие 15 -16 месеци на оваа Влада која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и сето тоа кое го направи со сите тие предизвици кои ги имавме позади нас. Јас ги повикувам да излезат и масовно да гласаат бидејќи ако не излезат и ако не гласаат тогаш некој друг ќе профитира од сето тоа, граѓаните ќе се движат на бранот којшто некој ќе го креира. Затоа првично ги повикувам сите граѓани масовна да излезат и да гласаат по сопствено убедување. Да не биде дека јас сум претенциозен и дека го гледам својот партиски интерес, само излезете и гласајте по вашето сопствено убедување. Втората порака е да гласаат за политички партии кои можат да менуваат, а не за помали политички партии коишто практично се мала група која профитира на основа на гласот на граѓаните и трето убеден сум ако го слушаат разумот и срцето и длабоко во душата се фокусираат што им вели тогаш убеден сум дека во огромно мнозинство ќе гои заокружат бројот 9 и ќе ја поддржат коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“ кажа Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3h4ponk9h5oee4QW0UD

Паунов: Карбинци добива нова спортска сала, се инвестира и во инфраструктурата на општината

Виктор Паунов, кандидат за градоначалник за општина Карбинци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во емисијата За или против, на Алфа телевизија и истакна дека програмата за локалните избори е изработена да соодветствува со интересите и потребите на граѓаните. Според него, од голема важност е континуитетот во работата, а во своето гостување наброи и дел од проектите кои се во изборната програма.„За овие четири години реконструираме и изградивме 2 училишта, воведовме еднократна парична поддршка најпрвин во висина од 3.000 денари, потоа ја зголемивме на 5.000 денари и сега во новата програма ќе биде зголемена на 8.000 денари, се работи за парична поддршка на новороденче, ученик којшто е запишан во прво одделение, средношколец во прва година средно училиште и студент на државен универзитет во рамките на државата“, рече Паунов.Во делот на спортската инфраструктура, Паунов сподели дека до сега, во овие четири години, се вложени повеќе од 15 милиони денари општински средства и додаде дека тоа претставува солиден влог за една општина како што е Карбинци.„Вложивме во делот на повеќенаменски мултифункционални игралишта, изградивме или реконструстуиравме, модернизиравме 5 вакви спортски терени, со модерна тартан подлога, нови реквизити, реконструкцијата којашто ќе се случи наскоро на спортска сала во рамките на училиштето „Страшо Пинџур“ во село Карбинци, формиравме два боречки клуба“, кажа Паунов.Паунов истакна дека неговата програма е изработена во согласност со потребите на граѓаните и во соработка со нив, при што напомена дека истата ќе биде негова водилка во наредните четири години. Паунов истакна дека мошне е битен континуитетот во работата, во проектите за да можат проектите да се испорачаат и да се исполни програмата. Притоа Паунов ги наведе приоритетните проекти од неговата програма. „Мојот клучен проект во следниов мандат, а тоа е обезбедување на плацеви за домување или урбанизација на 14 хектари површина, кадешто ќе обезбедиме 150 вкупно плацеви за индивидуално домување, општината изработи проекти на типски куќи коишто ќе бидат бесплатно дадени на купувачите на овие плацеви и ќе бидат ослободени од комуналии за градба. Изградба на спортска сала во општина Карбинци, реконструкција и на регионалниот пат Штип- Карбинци со проширување на оваа делница, веќе е во фаза на припрема, ќе има нов мост на река Козјачка во селото Козјак, доуредувањето на речното корито на Козјачка река исто така е во една завршна фаза“, заклучи Паунов.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryevhcjrd7h6ns19uYsso

Каранфилова Пановска: Далибор Трајковски е гаранција дека Старо Нагоричане ќе продолжи со развој и грижа за секој граѓанин

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска од граѓанската средба „Се бориме за нашиот дом“ во Старо Нагоричане истакна дека од 2017 до денес Старо Нагоричане, раководено од СДСМ е симбол на одговорно, чесно и домаќинско управување.„Нашиот кандидат за Градоначалник, Далибор Трајковски и тимот околу него, заедно со советничката листа предводена од Иван Марковиќ, се наследници на тој дух на работа, чесност и посветеност. Тие се гаранција дека овој пат ќе продолжи – со нова енергија, со идеи и со истата грижа за секој граѓанин“, нагласи Каранфилова Пановска.Таа ги повика граѓаните на 19-ти октовмри, да гласаат за бројот 5, за Далибор, за Иван, за Старо Нагоричане, за иднина на Македонија со СДСМ и Коалицијата.„Затоа што ова не се само избори за општина – ова е избор за тоа каква држава ќе бидеме. Изборот е меѓу лаги и чесност, меѓу режим и слобода“, порача Каранфилова Пановска.Во своето обраќање пред граѓаните на Старо Нагоричане, Каранфилова-Пановска се осврна на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и неговите послушници на централно ниво.„Пред година и пол, граѓаните го очекуваа ветениот подобар живот, а добија раскалашена влада што живее во луксуз, далеку од народот.  Пензионерите ги оштетија со формули и помпезни ветувања. Работниците ги оставија без покачувања на платите, земјоделците без субвенции. Сметките растат, цените дивеат, младите си заминуваат. Ја задолжија државата како никогаш досега, унгарски кредит, британско партнерство, 7 милијарди евра. За граѓаните нема ништо, ама граѓаните ќе мора да враќаат нивните бескорисни кредити“, нагласи Каранфилова Пановска на граѓаниот собир во Старо Нагоричане.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarymksb018132a785RViAa

Костадин Ацевски: Ѓорче Петров ќе го вратиме на граѓаните – ќе ја стопираме бетонизацијата, ќе ја исчистиме општината и ќе направиме ревизија на сите проекти

Кандидатот за Градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, во интервју за порталот „Локално“ истакна дека граѓаните на Ѓорче се изморени од неработење, импровизација и предизборни ветувања и дека е време општината повторно да стане место за достоинствен живот.„Градоначалникот цел мандат неработење се обиде да го сокрие со работа во последните десет дена. Дури и во ноќните часови се реконструираат детски игралишта и улици, среде октомври, кога временските услови не го дозволуваат тоа. Стравувам дека ова брзање ќе резултира со неквалитет и затоа веднаш по преземањето на функцијата ќе спроведеме ревизија на сите овие проекти. Ако се утврдат неправилности, ќе има одговорност“, изјави Ацевски.Тој најави дека во првите сто дена од мандатот ќе ја стопира бетонизацијата на Ѓорче Петров, ќе го прекине издавањето на дозволи за нови згради и ќе направи анализа на сите постојни урбанистички планови.„Ѓорче мора да се развива хумано и човекот да биде пред профитот на инвеститорите. Наместо нови згради, ќе вложуваме во сообраќајни решенија, паркови и зелени површини. Граѓаните заслужуваат општина која дише, а не бетонски ѕидови кои го нарушуваат квалитетот на животот“, потенцираше Ацевски.Осврнувајќи се на хигиената во општината, Ацевски рече дека состојбата е катастрофална и дека новата локална власт ќе мора да почне од нула.„Ќе поставиме 750 канти за џебен отпад, контејнерите ќе бидат заменети со подземни на 85 локации, а ќе воведеме и телефонска линија преку која граѓаните ќе можат да пријавуваат и закажуваат собирање на кабаст отпад директно од нивните домови. Ќе воспоставиме ефикасни комунални служби кои навремено ќе интервенираат и ќе спречуваат создавање нови диви депонии“, нагласи тој.Во интервјуто Ацевски посочи дека во изминатите четири години, власта на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров не реализирала ниту еден капитален проект и покрај рекордните буџети и средствата од унгарскиот кредит.„Општина Ѓорче Петров во последните четири години воопшто не се развиваше. И се рекордни буџети, како што се фали Стојкоски, и со 8 милиони евра од унгарскиот кредит во општина Ѓорче Петров не се реализираше ниту еден капитален проект. Од приближно 20 милиони евра во последнава година од мандатот, не се реши проблемот со водоснабдувањето, не се изгради алтернативна сообраќајница за жителите од Волково, Ново Село, Кисела Јабука и Даме Груев, нема две нови градинки како што ветуваше Стојкоски во 2021 година. Сите овие пари се потрошија на предизборно „замачкување на очи” со асфалтирање на улички по 50 метри, реконструкција на детски игралишта за кои имаа можност изминатите четири години да ги реализираат, не знам од која причина, не ги реализираа“, изјави Ацевски.Тој се осврна и на контроверзниот проект „Населба за млади брачни двојки“ во Ново Село, за кој, според него, постои сомнеж дека се крие нова бетонизација.„Под превезот на проект за млади, во план е урбанизација на нови површини. Поставивме јавни прашања до градоначалникот Стојкоски – дали зад овој проект стои уште една договорена зделка со инвеститори? До денес нема одговор“, рече Ацевски.Во однос на решавањето на проблемот со водоснабдувањето, тој најави дека проектот „Оризарски рид“ ќе биде еден од првите приоритети.„Ѓорче мора конечно да има стабилно снабдување со вода. Овој проект е клучен за здравјето на граѓаните и нема да дозволам да биде блокиран поради политички инает“, истакна Ацевски.Ацевски во интервјуто порача дека општина Ѓорче Петров заслужува чесно, одговорно и транспарентно раководење.„На 19 октомври ги повикувам сите граѓани да го заокружат број 5. Заедно да ја сопреме бетонизацијата, да го исчистиме Ѓорче и да ја вратиме општината во рацете на народот“, порача Ацевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6l790covli123859DYe

Мицкоски: Неформалната коалиција СДСМ-ДУИ излегува со лаги и манипулации небаре граѓаните имаат кратко памтење, па заборавија дека тие беа власт пред година и пол

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во општина Дебарца, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, порача дека од тоа што се гледа на терен е јасно дека работат ќе биде завршена уште во прв круг и Златко Сиљаноски ќе биде новиот градоначалник.Мицкоски исто така повика што е можно помасовно излегување на гласање на овие локални избори, задутре на 19 октомври и да го заокружат бројот 9.Мицкоски повтори дека ова кампања понуди имаа две групи кои се издвојуваат, едната е групата којашто е неформална коалиција помеѓу СДСМ, ДУИ и Левица која на овие избори излегува, исклучиво, со црна кампања од прв ден се до денес.„Кампања на лаги, на клевети, кампања во која се обидуваат повторно да ги навредат граѓаните, нивната интелигенција и играат на картата на кратко помнење, небаре сите ние сме заборавиле дека до пред само година и половина влада во Македонија беше коалицијата СДСМ и ДУИ. Небаре граѓаните не разбираат за сето тоа коешто тие го работеа тие и како да заборавија на сите нивни скандали кои тогаш ни се случуваа“, рече Мицкоски, додавајќи дека со тоа само ја промашија кампањата и политичките пораки, слушнавме се само не какви проекти нудат.Овие од ДУИ, додаде Мицкоски, покажаа дека можеби сум им идол, па половина од кампањата немаше митинг Али Ахмети да не излезе и да не го спомне моето име.Во однос на Левица, Мицкоски посочи дека тие малку беа збунети, бидејќи сега бараат нов стопан, а претходно им беше Зоран Заев.„Бидејќи нивната карактерна особина им е таква, или на социјалните медиуми каде што се присутни да лажат, да креираат материјали, да вадат од контекст, мислејќи дека на тој начин ќе добијат некаква симпатија. Или пак сега да одработуваат, во случајот за Али Ахмети и ДУИ“, додаде Мицкоски објаснувајќи дека Левица одлучила да не кандидираат кандидати за градоначалници во родниот град на претседателот на партијата, Велес и Штип, но извадија во Тетово, Гостивар и Струга.„И нивните кандидати за градоначалници, па и самото раководство на партијата, нема да го слушнете да каже ниту еден лош збор, да речеме за Рамиз Мерко. Тој е добар. Нема ниту еден статус, ниту еден лош збор нема да слушнете за на пример, кандидатот на ДУИ и Алијанса на Албанците во Струга. Нема лош збор, тој е идеален. Или пак за актуелниот градоначалник во Гостивар, којшто е наследник на Арбен Таравари и поддржан од Али Ахмети“, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarymt7vq4flklhp2t9qBVa

Сиљаноски: Заокружи 9 за нова, модерна и просперитетна Дебарца

Златко Сиљаноски, кандидат за градоначалник за општина „Дебарца“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и рече дека на општина Дебарца и претстои многу работа и истакна дел од проектите на изборната програма.„Ни претстои многу работа, но ние од работа не се плашиме, ќе почнеме од почеток, коцка по коцка да го местиме мозаикот наречен модерна Дебарца. Со нашата програма ќе почнеме да ја реализираме промената во Дебарца. Ќе почнеме од семејствата, ќе има 50 илјади денари еднократна парична помош за млади брачни парови до 30 години, 10 илјади денари еднократна парична помош за секое запишани прваче, 100 илјади денари еднократна парична помош за трето дете, 100 илјади денари помош и ослободување од комуналии за изградба на семејна куќа за жители на општина Дебарца“, посочи Сиљаноски и додаде:„Воведуваме бесплатен превоз за викендите за нашите студенти, пензионери, ранливи категории, недела ќе биде ден за прошетка во Охрид или за гости за кај во Дебарца, воведуваме директна инвестиција за нашите млади преку целосно субвенционирање на трошоците за возачки испит за сите матуранти, ќе дадеме директна поддршка на локалните бизниси, секој постоечки и нов маркет ќе добива 12 илјади денари месечно да им помогнеме да растат и да опстанат, со поддршката на Владата започнуваме комплетна реконструкција на спортското игралиште во село Мешеишта, целосно ќе реконструираме неколку улици значајни за селото, ќе реконструираме објект наменет за селска продавница, комплетна реконструкција на домот. Во Волино ќе ги реконструираме мостовите на двата влеза од селото, ќе го реконструираме игралиштето за голем фудбал, ќе го уредиме речното корито низ селото, ќе реконструираме неколку значајни улици. Во Требеништа ќе ги асфалтираме патиштата до црквата Св.Варвара и Св.Петка, со нов пат ќе ги поврзиме Мислешево-Волино“.На крај Сиљаноски ги повика граѓаните да излезат и да го заокружат бројот 9, за нова, модерна, и просперитетна Дебарца.„Следуваат убави денови за Дебарца и за секој еден граѓанин во општина Дебарца. Затоа ве повикувам на 19 октомври сите заедно, обединети да го изразиме нашето незадоволство, да излеземе и масовно да гласаме за бројот 9 за градоначалник и за победничка советничка листа со мнозинство во Советот на општината и заедно да почнеме да ја градиме новата, модерна, просперитетна Дебарца, како убав дом за сите граѓани во општина Дебарца“, дециден е Сиљаноски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryak7ur743fphvbSXGySi

Митовски: Црешево и Смилковци ги враќаме на мапата на развојот, нови резервоари, канализација, асфалтирани улици и пешачки патеки за достоинствен живот!

Кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба, Влатко Митовски, најави значајни инфраструктурни проекти за населените места Црешево и Смилковци, кои, според него, биле запоставени во изминатиот мандат.„Црешево и Смилковци ги враќаме на мапата на развојот“, истакна Митовски, најавувајќи изградба на нови резервоари за вода, довршување на фекалната канализација, целосна замена на водоводните линии, асфалтирање на улици и изградба на пешачки патеки.Во Црешево се предвидува и нова бушотина, прочистителна станица, како и осветлување на регионалниот пат до Стајковци. Во Смилковци, освен новиот резервоар и канализацијата, ќе се проширува патот и ќе се изгради пешачка патека до Црешево.Митовски порача дека овие проекти се дел од неговата визија за рамномерен развој на сите населени места во општината и повика граѓаните на поддршка на изборите во недела, гласајќи за број 5.

Македонија | пред 3 месеци

gerasimovski

Герасимовски: Центар е инклузивна и хумана општина, вложуваме во луѓето и нивните потреби

Градоначалникот и кандидат за нов мандат, Горан Герасимовски,  најави дека Општина Центар и во следниот период ќе остане посветена на инклузивноста, преку проекти и програми за поддршка на ранливите категории  граѓани и создавање еднакви можности за сите.Во областа на образованието, Центар е единствената општина во државата која од сопствен буџет ангажира лични асистенти за учениците со посебни образовни потреби.„Преку проектот ‘Образование за сите’ ангажираме лични асистенти во основните училишта, со што на децата им овозможуваме поддршка во учењето и подобра интеграција во наставниот процес. За оваа намена од буџетот годинава издвоивме 4. 400. 000 денари“ истакна Герасимовски.Дополнително, училиштата и градинките во Центар се уредени со инклузивен пристап и сензорни соби наменети за деца со интелектуална попреченост и потешкотии во развој.Општината обезбедува и бесплатен транспорт до здравствените установи за сите полнолетни лица со попреченост.„Ова е исклучително важна мерка за лицата кои не можат самостојно да се движат, но и за нивните семејства. За оваа услуга годишно  издвојуваме  500.000 денари од општинскиот буџет, со цел да им го олесниме пристапот до здравствените установи за да добијат потребните услуги,“ додаде Герасимовски.Во рамки на локалната самоуправа активно функционира и Центарот за дневен престој за лица со попреченост, каде се обезбедува стручна грижа, поддршка и активности  наменети за развој, едукација и социјализација.

Скопје | пред 3 месеци

media-library05u9082dcpvteiwJbTd

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени, голтари влегоа во политика, милионери излегоа

Овие избори се, всушност, токму тоа, да се одбере вистинската страна, да се направи вистинскиот избор кој ќе донесе ред, работа и проекти. Ова се избори за вашето маало, вашата улица, на кои се избира твојот човек, но и избори со кои се праќа порака до политичарите кои како сидро премногу долго ја влечеа надолу државата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Гази Баба, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, за изборите во недела на 19 октомври.Мицкоски додаде дека на овие избори од нашите противници не видовме програма, идеи или проекти, туку само гола реторика.„Отсуството на програма говори дека тие, всушност, и немаат сериозна намера да одиме напред, туку само гола реторика за нови измами и трикови во политиката. Јас сум во политиката за да оставам трага и создадам вредности, тие другите се во политиката за да ги полнат џебовите и поради лични привилегии. Голтари влегоа во политика, милионери излегоа. Но, и ова се избори кога триковите и измамите мораат да бидат поразени“, порача Мицкоски.Додаде дека во Скопје гледаме како на дело се случува една непринципиелна коалиција, но тоа е нивна работа и со нив нема да се занимаваме.„Но, она коешто навистина мене ми пречи, не затоа што ми пречи и ме погодува, туку затоа што имаат отсуство на план, стратегија и визија, е тоа што решија да водат кампања со лаги. Како што беа лагите вчера искажани на прес-конференцијата на Венко Филипче. И кога го слушам претседателот на СДСМ, Венко како кажува невистини за буџетскиот дефицит, за инфлацијата, БДП, задолженоста, ми доаѓа да му кажам: во ред, држи се до медицината, затоа што очигледно, повторно, некој те носи во длабокото каде што немаш, навистина, основно познавање“, потенцираше Мицкоски.Мицкоски му порача на Филипче дека буџетскиот дефицит не е 1 милијарда и 400 милиони евра, како што тој вели, туку е повеќе од двојно помал, односно 600 милиони, додавајќи дека тоа е најмалку за два пати помал од тоа што СДСМ го остави.„А, инфлацијата, ќе ве потсетам 2023 година 9,4%, 2022 14,2%. Не им пречеа 9,4% и 14,2%, им пречат денешните 3 и пол 4 проценти. Таква е економската логика во СДСМ“, рече, меѓу другото, Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryc2bg51n7p91r6uz5n2m

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба

Бобан Стефковски, кандидат за градоначалник за општина „Гази Баба“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и истакна дел од реализираните проекти во изминатиот четиригодишен мандат.„Во изминативе четири години направивме многу. Реализиравме 670 нови проекти насекаде низ нашата Гази Баба, изградивме 32 километри нова мрежа на фекална канализација, градиме три нови детски градинки во Трубарево, Инџиково и Маџари, изградивме училишни спортски сали во Булачани и Стајковци, а градиме нова сала и во Црешево, градиме нова училишна зграда за ООУ Крсте Мисирков во Ченто и комплетно го реконструираме Домот 11 Октомври кој долги години беше ветуван и заборавен. Инвестираме и во спортот, животната средина, и социјалната заштита“, рече Стефковски.Стефковски наброи дел од проектите на изборната програма.„Во програмата се испишани реални проекти кои ќе го продолжат развојот во сите населени места низ општина Гази Баба. Во следните четири години: Ќе изградиме нови детски градинки во Керамидница, Хиподром 2 и Сингелиќ, ќе го реализираме проектот нула комуналии за изградба на куќи за млади брачни парови до 29 години, ќе изградиме училишни спортски сали во Железара, Сингелиќ, Страчинци и Ченто, ќе ги субвенционираме граѓаните за изградба на енергетско ефикасни фасади на зградите, ќе изградиме катни гаражи во Автокоманда и во Ченто, ќе отвориме дневен центар за деца и лица со попреченост, ќе изградиме затворен базен во Автокоманда, ќе ги реконструираме поголемите локални сообраќајници низ општината како што се Лазар Поп Трајков во Автокоманда, Анри Барбис и Карл Хрон во Триангла, Среќко Пужалка, Финска и Трајко Китанчев во Ченто, Пехчевска во Хиподром и многу други улици, ќе изградиме клучка кај Хиподром и ќе направиме комплетна реконструкција на регионалниот пат 1102, овие проекти ќе ги реализираме во соработка со Јавното претпријатие за Државни патишта, ќе изградиме 40 нови детски забавни катчиња, насекаде низ Гази Баба, ќе изградиме два адреналински паркови. Во мојот втор мандат Раштак, Булачани, Виниче, Брњарци и Ергеле ќе добијат фекална канализација, а комплетно ќе ја завршиме започнатата изградба на фекална канализација во Јурумлери, Идризово и Дрма, Чукур Маало и Гоце Делчев“, истакна Стефковски.На крај, Стефковски ги повика граѓаните да го направат вистинскиот избор, и да го заокружат бројот 9 за работа, сигурност и развој на општината.„Да излезете и да ја направите вистинската разлика. Не само за мене, туку за себе, за вашите деца, за иднината на Гази Баба. Да го заокружите бројот 9, затоа што тоа значи работа, сигурност и развој. Јас дадената доверба ќе ја оправдам со уште повеќе труд, уште поголема одговорност и уште поголема љубов кон овој народ“, дециден е Стефковски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysaljsfqvvnqo3DgQtkg

Филипче: Во недела изберете луѓе со интегритет, не послушници на Мицкоски

„На овие избори изберете пред сè луѓе кои сакате да ве претставуваат. Изберете ги оние кои се докажани, чесни, кои ќе го исполнат ветеното и кои ќе ви служат пред сè вам, граѓаните,“  порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од трибината во Бутел.Тој истакна дека најголемата сила на СДСМ на овие избори се луѓето што ги предлага,  кандидати и кандидатки со интегритет и кредибилитет.„Јас знам дека Оливера за Бутел и Каја за Скопје се вистинскиот избор, силни жени, борци, докажани во својата професија, жени кои искрено и чесно ќе застанат зад граѓаните и нивните потреби“, рече Филипче.Тој потсети дека општините се најблиската власт до граѓаните и дека токму затоа таму е најважно да се изберат чесни и одговорни претставници.„Општините се првиот контакт на секој човек со било која власт и тука не смее да има поделби. Тука не смее да се изберат послушници на Мицкоски кои работат само по директиви на партијата“, нагласи лидерот на СДСМ.„А, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори нуди токму такви кадри, бирани по теркот и меракот на претседателот, а не на граѓаните“, додаде Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarye8cuf7knun3a5qYJvGG

Ѓорѓиевски: Со изградба на булеварот „Февруарски поход“ со нов мост преку Вардар ќе ги поврземе Аеродром и Гази баба со нов коридор

На денешниот народен митинг во Аеродром во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во недела на 19 октомври, се обрати и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски претставувајќи ги проектите од програмата кои ќе се реализираат во општина Аеродром.Ѓорѓиевски истакна дека, во соработка со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески прво ќе се зафатат со решавање на сообраќајниот хаос и поврзување на Аеродром како никогаш досега.„Конечно ќе го завршиме булеварот „АСНОМ“ и ќе ве поврземе со Гази Баба преку новиот мост. Ќе го изградиме и булеварот „Февруарски поход“ со нов мост преку Вардар, со што отвораме целосно нов коридор кон Гази Баба и кон новиот мега парк Вардариште. Предвидуваме реконструкција на улицата Фрањо Клуз, и пробивање на булеварот Борис Кидрич. Аеродром нема повеќе да биде сообраќаен остров, туку најповрзаната општина во Скопје“, рече Ѓорѓиевски.Додаде дека ќе го решат секојдневниот урбан хаос и дека, пред сè, ќе се воведе ред со ставање крај на опасниот сообраќај кај „Тобако 2“ со изградба на модерен двоен кружен тек, зошто безбедноста на децата кои одат во училиште е на прво место.„И конечно, го решаваме хроничниот проблем со паркирањето. Ќе изградиме монтажни катни гаражи во Ново Лисиче, Јане Сандански и Мичурин. Доста е со кружење и нервози, време е за ред и за слободни тротоари“, истакна Ѓорѓиевски.Исто така, додаде Ѓорѓиевски, ќе инвестираме во здрава животна средина, за здравјето на нашите семејства.„Ќе го решиме деценискиот еколошки проблем со Усјанскиот канал, со негово целосно затворање и претворање во уредена, зелена пешачка зона со нова урбана опрема. Ќе го решиме проблемот со Вардариште. Јас ви ветувам на сите аеродромци дека, конечно, проблемот со Вардариште ќе биде во нашиот четири годишен мандат. На крајот на мојот мандат тоа ќе биде модерен парк, а кејот на Вардар ќе биде направен до Долно Лисиче“, се заложи Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryi486jq43nbds51wS7pp

Филипче: Ги боли што ја кажуваме вистината за нивните лаги со нивни зборови, тоа не е црна кампања

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче вечерва во Тема на денот на Сител Телевизија рече дека СДСМ води фер и чесна кампања, иако од ВМРО-ДПМНЕ говорат поинаку. Филипче смета дека партијата на власт нема проекти за фалење, па затоа обвинува, а доказ за тоа се проектите на спотови пред 4 години кои денес не се реализирани„Ги разбирам обвинувањата и сметам дека станува избор за еден дел од кампањата во којшто дури мислам дека имаме и обврска пред граѓаните, да ги соочиме со тоа што ВМРО-ДПМНЕ правеше во пресрет на минатогодишните избори, а што од сето тоа што тогаш се зборуваше, имаат исполнето. Понатаму, што советуваа од страна на актуелните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ пред 4 години и што од тоа е исполнето. Тоа е наша обврска. И како што сами гледате во сите тие промотивни спотови, ние ништо не зборуваме, тие зборуваат. Тоа се нивни ветувања во коишто близу 100% не се исполнети. Извинете, но тоа е наша обврска да ги информираме за тоа граѓаните. Тоа воопшто не е црна кампања“, рече Филипче.Претседателот Филипче исто така рече дека СДСМ немало скриени намери во кампањата туку напротив имале должност да ја кажат вистината пред граѓаните.„Разбирливо е дека кога владата нема со што да се пофали, нема ниту еден сериозен проект, нема ниту една категорија на граѓани коишто се задоволни и коишто видоа бенефит од ова работење на владата изминативе година ипол  ниту пензионерите, ниту работниците, ниту докторите, ниту наставниците, ниту земјоделците се што има останува е да се занимаваат со опозицијата“, рече Филипче на Сител телевизија.

Македонија | пред 3 месеци

media-library97djs7cs34eu6YvmrcM

Митески: Лисиче ќе добие топлификација ветување што станува реалност благодарение на поддршката на претседателот Мицкоски

Дејан Митески, кандидат за градоначалник за општина „Аеродром“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и посочи дека Аеродром ќе продолжи да се развива, и да се реализираат важни проекти, безбедни училишта и градинки, паркови полни со зеленило, спортски сали, културни центри.„Мојот претходник, Тимчо Муцунски постави високи стандарди, кои не обврзуваат да следиме. Заедно реализиравме важни проекти, но ова е само почеток. Она што следува е уште поважно да ја градиме иднината заедно, по мерка на секој жител на нашата општина. Оваа програма  не е напишана во некоја канцеларија. Ја создадовме заедно, со вас граѓаните на Аеродром. Ќе имаме безбедни училишта и градинки, паркови полни со зеленило и радост, спортски сали, културни центри, можности за образование, работа и простор сите да ги реализираат своите идеи. Убава средина, безбедни улици, достапни услуги, секојдневие што е поквалитетно и посреќно. Во исто време градиме училиште, градинка и спортска сала нешто што не се случило никогаш претходно, а се случува благодарение на поддршката на претседателот Христијан Мицкоски“, рече Митески.Митески истакна дел од проектите на изборната програма.„Без поддршка од градот и без централна власт ние работевме. Чистевме, садевме, градевме затоа што љубовта кон Аеродром не може да се запре. Во секоја населба од Мичурин до Долно Лисиче, предвидуваме нови инвестиции во инфраструктурата, културата, образованието и спортот. Зелената офанзива е нашето знаме, Аеродром е најзелената општина нашата гордост, и таква и ќе остане. Секое дете во градинка да, тоа е реалност и ќе биде остварена. За првпат добиваме кино и театар место за култура, радост и талент, Лисиче ќе добие топлификација ветување што станува реалност благодарение на поддршката на претседателот Мицкоски, а спортот останува наш белег, МЗТ и Вардар се симболи на љубов, традиција и успех, воведуваме нула комуналии за изградба на прв дом за сите млади. Но пред се Аеродром ќе остане мирно, сигурно и достоинствено место за живеење.На крај Митески ги повика граѓаните да гласаат за бројот 9, за Аеродром да биде уште поубаво место за живеење.„На 19 октомври, направете го изборот што значи работа, чесност и иднина, ајде заедно да го направиме Аеродром уште поубаво место за живеење, Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина“, дециден е Митески.

Македонија | пред 3 месеци

media-library53st2vtpaeck9fd1B2I

Трајановски : Монтажни катни гаражи, уредени паркови и градинки со зголемен капацитет се проектите за реален напредок на Чаир

Носителот на листата на советници за Советот на  Општина Чаир, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Трајановски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека е потребна промена во општината, да се направи вистинскиот избор за чесност, стручност и посветеност, како и излегување од четири годишната состојба на стагнација и безидејност во општина Чаир.„Нашата заложба е локалната самоуправа да стане синоним за одговорност, транспарентност, развој и просперитет, Главна водилка ќе ни биде креирање и реализација на силна, одговорна и развојна локална програма. Тоа го должиме на нашите сограѓани, на сите оние кои живеат тука, На сите оние кои што го сакаат Чаир, го сакаат Скопје и ја сакааат Македонија.  Ви ветувам, дека ќе бидам вашиот пријател во Советот на Општина Чаир, секогаш достапен, отворен за соработка и гласот на секој оној кој ќе се обрати со предлог, иницијатива или потреба“, вели Трајановски.Носителот на советничката листа за општина Чаир, ги наведе проектите кои ќе се реализираат и ќе донесат напредок и поквалитетен живот за сите жители на општината, како проширување на улици, монтажни гаражи и уредување на паркови за развој на Чаир.„Ве повикувам да бидете сведоци на проекти кои ќе донесат реален напредок, нови можности, подобра инфраструктура и поквалитетен живот за сите. Проекти како проширување на улицата Цветан Димов. Поставување на монтажни катни гаражи. Зголемување на капацитетите на градинките Снежана и Фидани. Уредување на Паркот во Топанско и модернизација на централниот парк во Чаир на кој што во моментов се наоѓаме“, рече Трајановски.На крај тој упати порака до сите граѓани без разлика на верска и национална припадност да го заокружат бројот 9 и да ги поддржат советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykkb9trp1ovgd4ADbotG

Мицкоски: Повикувам на масовно гласање за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за да не дозволиме да се вратат оние што 20 години ја уништуваа Македонија

Според сите анкети, според јавното мислење, но и според граѓаните и перцепцијата, генерално, јасно е дека на овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе бидат убедливи победници. Тоа сите го знаат, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Сарај во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во недела на 19 октомври.Мицкоски испрати порака за масовно излегување на избори на сите гласачи на 19 октомври и да се заокружи бројот 9 за советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и за кандидатите за градоначалници, како и за кандидатите од пошироката коалиција.„Затоа што ценам дека на тој начин ќе имаме континуитет во реформите, на тој начин ќе имаме континуитет во испораката и мислам дека на тој начин ќе продолжиме заедно да чекориме. Да не дозволиме да се вратат сите оние структури коишто седум години ја уништуваа, ја ограбуваа Македонија и ја распродаваа Македонија“, рече Мицкоски.Од Сарај, Мицкоски се осврна и на политичката партија ДУИ која 20, 22 години беше дел од различни владини структури, која сега се чувствуваат неприродно во една поинаква позиција кога се во опозиција и која цела кампања, посебно првата недела му ја посвети на него.Мицкоски додаде дека немаше митинг на ДУИ каде што не се споменуваше и извикуваше во низа неговото име, за што не можел да поверува дека толку многу го сакаат или, пак, толкава ноќна мора им бил на тие луѓе.„Немаше митинг најмалку по 15 до 20 пати да спомнат моето име. Сакав едно време да им се јавам да им кажам „аман луѓе дајте кажете што ќе правите четири години. Дај оставете или зборувате за Кристијан или како ќе се вратите на власт, или правите етнички поделби“. Тоа беше целата кампања на ДУИ“, рече Мицкоски.Мицкоски даде одговор и на повиците конкретно од ДУИ за предвремени парламентарни избори, при што порача и ако евентуално има, по убедливата победа на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои мнозинство гласови, а можеби и 61 пратеник.„Замислете да има предвремени парламентарни избори и замислете на тие предвремени парламентарни избори, еве ДУИ да има добар резултат, бидејќи од другава страна се знае дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, после големата победа на локалните избори, на парламентарни евентуални избори би освоила огромно мнозинство гласови, можеби 61 пратеник. Со кого ќе прават коалиција, како ќе ја гласаат мојата Влада? До пред 5-6 месеци не им чинев, Кристијан ваков, Кристијан таков, како ќе ја гласаат мојата Влада, како ќе бидат мои министри. Еве јас го поставувам тоа прашање, не можат да измислат друг. Еве ние имаме 61, што правиме тогаш? Или ќе заборават? Ќе речат тоа не важи, сега ќе се препакуваме како што тоа го правевме 20 и повеќе години, нашиот личен интерес ќе го ставиме пред сè и ќе си функционираме како да ништо не било. Тоа така не бива, тоа така не бива“, јасно порача претседателот Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryiakhj3sgo37501MMKSS

Бошковски: Сарај може и сака промени за да изградиме улици, спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој

Горан Бошковски, носител на листа на советници за Советот на Општина Сарај се обрати од народниот митинг во Сарај во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во недела на 19 октомври.Бошковски посочи дека Сарај знае, може и сака промени за има вистински развој каде ќе се градат улици, спортска сала, детски игралишта, канализациона инфраструктура.„Денес сме собрани тука со една силна порака. Сарај се буди! Сарај покажа дека знае, може и сака промени. За мене е огромна чест и големо задоволство што денес, како носител на листа за советници, стојам пред вас, пред народот кој секогаш бил срцето на вистинската борба, пред луѓе кои некогаш не се предале и кои знаат што значи чесна работа и љубов кон своето место“, рече Бошковски.Понатаму додаде „во изминатиот период, работевме неуморно. Бевме меѓу граѓаните, по маалата, по улиците, во секој дом. Ги слушнавме проблемите, ги почувствувавме грижите, но уште повеќе ја почувствувавме енергијата и надежта на нашиот народ“.„Затоа, нашата мисија е јасна. Да изградиме нови улици, да направиме канализациони мрежи таму каде што со години се ветува, а ништо не се прави. Да донесеме светлина во секое маало, да направиме спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој. Сарај заслужува повеќе, Сарај заслужува подобро“, рече Бошковски.На крај повика на масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што како советници во Советот на Сарај ќе бидат гласот на народот и ќе ги бранат и застапуваат нивните интереси.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryi4iiv2gpe0ncdxcF4sI

Шукова: Секој граѓанин ќе плаќа според тоа колку отпад создава, а не според квадратурата на домот во кој живее

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, најави дека ќе воведе нов, фер модел за пресметка на комуналниот надоместок. Станува збор за наплата по создаден отпад, наместо по квадратен метар станбен простор.„Со години граѓаните плаќаат за отпад според квадратурата на станот, без разлика дали живеат сами или во петчлено семејство. Тоа е неправеден модел кој не го стимулира селектирањето. Законската можност постои, но никој досега не ја применил. Ние ќе го направиме тоа, ќе воведеме наплата по создаден отпад, не по квадратен метар. Тоа е праведно, логично и мотивира за селекција“, изјави Шукова.Таа потсети дека ваквиот принцип е веќе предвиден со Законот за управување со отпад, но досега ниту една општина не се осмелила да го примени поради недостаток на функционален систем.„За да воведете ваков модел, мора прво да обезбедите систем што функционира, опрема за селекција, камиони за различни видови отпад и центри за рециклажа. Кога граѓанинот ќе види дека институциите навистина ја завршуваат својата работа, тогаш е фер да плаќа колку што создава“, додаде таа.Шукова најави дека новиот систем ќе се воведува постепено, со пилот-зони во Аеродром, Карпош и Центар, каде ќе се тестираат специјализирани камиони со мерење на количината отпад и дигитален систем за следење на собирањето.„Ова не е казнен систем, туку систем што мотивира и создава ред. Сакаме граѓаните да видат дека селектираниот отпад навистина оди на рециклажа, дека количината се намалува и дека сите плаќаме по фер основ. Тоа е европски и чесен пристап“, порача Шукова.

Македонија | пред 3 месеци

kaja-sukova

Шукова: Дрисла ќе стане санитарна депонија со строга контрола

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во гостување на подкастот „Каде се парите?“ најави дека еден од нејзините главни приоритети ќе биде потполната санација и модернизација на депонијата Дрисла, со цел конечно да се усогласи со европските стандарди за санитарни депонии.„Дрисла не е санитарна депонија. Тоа мора да го кажеме отворено. Иако со години се зборува за европски стандарди, реалноста е дека во депонијата нема соодветна контрола на гасовите, ниту на исцедокот што продира во почвата и подземните води“, изјави Шукова.Нејзиниот план предвидува воведување на целосен систем за собирање и контрола на метанот, за да се спречи самозапалување и загадување на воздухот, како и поставување современ систем за преработка на исцедокот со кој ќе се заштитат подземните и површинските води. Покрај тоа, ќе се воведе контролирано затрупување на отпадот по утврдени стандарди, со употреба на земја и глина и постојано компактирање на материјалот.„Секој ден што дозволуваме гасовите и исцедокот да излегуваат во природата, ја труеме животната средина. Ќе го примениме моделот што веќе функционира во Словенија и Хрватска - санитарна депонија со строга контрола“, истакна Шукова.Таа додаде дека проектот ќе се реализира со поддршка од европските ИПА фондови и во соработка со приватниот сектор, во рамките на националниот процес за регионално управување со отпад.„Со ова Скопје конечно ќе стане дел од современиот систем на управување со отпад каков што му доликува на европски град“, порача Шукова.

Македонија | пред 3 месеци

media-library2o25n1rv7uouaV9efTM

Коњановски: Заедно со граѓаните размислуваме, создаваме и работиме

„Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните“, истакна Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ, претставувајќи ги иницијативите што произлегуваат од директна комуникација со жителите. Меѓу најзначајните, како што рече, е предлогот Хотелот Битола да се адаптира во Дом за стари лица, со што ќе се обезбеди достоинствен живот за највозрасните сограѓани.Коњановски посочи и други приоритетни предлози: бесплатен оброк за учениците од 1 до 3 одделение, ученички униформи за децата до 5 одделение, летни кампови за деца од социјално загрозени семејства и зголемување на капацитетите на градинките. Тој најави и продолжување на акцијата за отстранување на диви објекти, особено во Нова Битола.„Вистински избор се проекти создадени од граѓаните, за граѓаните. Кога заедничките идеи стануваат реалност – тогаш го менуваме секојдневието“, порача Коњановски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygj0p26jd7s04bT53rMq

Шукова: Систем за собирање отпад со ред, календар и функционален сервис за жителите на Скопје

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, најави дека во првата година од нејзиниот мандат ќе воспостави јасен и предвидлив систем за собирање отпад по денови и видови, бидејќи само така ќе има ефикасна селекција на отпадот во градот.„Понеделник - пластика и хартија, вторник - комунален, среда - биоразградлив, со јасен календар и транспарентност. Граѓаните сакаат да селектираат, само треба да им овозможиме систем што функционира“, изјави Шукова во гостување на подкастот „Каде се парите?“.Таа најави дека ќе се инвестира во нова опрема и инфраструктура, модерни камиони, контејнери и дигитална платформа на која граѓаните ќе можат да го следат распоредот за собирање отпад и да пријавуваат неправилности.„Не ветувам чуда во првите 72 часа, ветувам ред и систем што ќе остане. Скопје ќе добие функционална комунална инфраструктура“, порача Шукова, додавајќи дека воспоставувањето ред во управувањето со отпад е основа за чист, организиран и европски град.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ, кој се бори на овие локални избори за трет градоначалнички мандат во Куманово е гостин во Претрес со Ландов.„Јас сум социјалдемократ, а не сум вмровец. Криво ми е што во 90-те години се дозволи да се регистрира партија која во името го содржи ВМРО. Сите сме ВМРО.Да бев тогаш пратеник ќе се спротивставев да се регистрира партија со тиа име.Ако се согласат сите би го смениле името на партијата ако се работи за национален интерес”, вели Диминитриевски.Тој е против политиките на поделба на патриоти и предавници, но рече Заев е предавник според чекорите.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ, кој се трка за трет градоначалнички мандат во Куманово е гостин во Претрес со Ландов.За темата Бугарите во Устав и црвените линии, актуелизирана денеска од претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен, вели дека неговиот став е ист и јасен.,,Национално обединување за ова прашање понуди ЗНАМ, Левица го одби, а СДСМ не го ни отвори и ни ги врати. Сега кукавично јајце ни врати СДСМ нудејќи Платформа.СДСМ повторно нуди отстапки и Платформата е пишувана во Софија”, вели Димитриевски.Ова СДСМ, нагласува, не е истото во кое јас членував. Сега таму има елитисти.,,СДСМ е сега трговец поединец, клучот ќе го остават под чергиче по избори. Филипче не бил никогаш СДСМ”, вели Димитриевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryn9dtdk4de0d93L6ast9

(Видео) Ѕвездено небо во Штип во чест на Панчо

Граѓани се собираат во Штип за да му оддадат почит на Владимир Блажев Панчо, член на групата ДНК. Тој по седум месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс”, не успеа да се избори и почина од повредите и изгорениците од пожарот.„Во чест на Панчо, под отворено небо, Штип ќе застане во тишина за младиот човек кој зад себе остави неизбришлива трага меѓу пријателите, семејството и целата заедница. Настанот, организиран под мотото Ѕвездено небо во чест на Панчо е симболичен гест на благодарност и сеќавање”, велат организаторите.На социјалните мрежи се шират пораки: „Небото да блеска како што Панчо блескаше за сите нас.”Панчо е 63-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“.Панчо ќе биде погребан утре на градските гробишта Бутел во Скопје, во 12 часот.Третата по ред, блокада од страна на родителите на загинатите во дискотеката Пулс, беше без изјави, во знак на почит кон вокалот на ДНК, Владимир Блажев – Панчо.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysrjojd55krs36JnMEe5

Филипче: Со буџетска дупка од 1,4 милијарди евра, ВМРО-ДПМНЕ ја води Македонија во финансиски колапс

Додека премиерот Мицкоски зборува за некакви економски успеси, дупката во Буџетот се продлабочува, јавниот долг расте, граѓаните стануваат се посиромашни, предупреди Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа вечерва во Гостивар.„Реалноста е дека буџетот е во дупка од 1,4 милијарди евра, приходите заостануваат, а капиталните инвестиции се помалку од половина реализирани. Се задолжуваат без покритие, јавниот долг достигнува над 62 отсто од бруто домашниот производ, највисоко ниво во регионот, а странските инвестиции скоро и да ги нема. Ова е резултатот на лоши политики, на неспособност, незнаење и на небрежност. Немаат ниту план, ниту стратегија како да ја водат државата“, истакна Филипче.Тој додаде дека додека власта трупа нови долгови, народот тоне во сиромаштија, платите стагнираат, мерките за поддршка на граѓаните ги нема.„Минималната плата и натаму е една од најниските во регионот, пензионерите добија помалку од ветеното – само 1.000 денари, студентите не го добија бараното зголемување од 130 денари за студентски оброк, ваучерите од 250 евра ги нема, а над 1.000 студенти останаа без студентски оброк. Земјоделците во Полог останаа без поддршка – субвенциите се намалени, откупните цени паднати, а трудот обезвреден“, рече Филипче.На трибината, Филипче посочи дека СДСМ секогаш била на страната на граѓаните со мерки за поддршка и во најголемите кризи со кои се соочувала државата.„СДСМ отсекогаш знаел да се бори и кога биле тешки времиња не сме се откажувале. Во најголемите светски кризи, енергетска, економска, здравствена – ние стоевме со народот. Се изборивме за секое работно место, за секој бизнис, за секој човек што остана без приходи. И во такви тешки времиња платите растеа, субвенциите се покачуваа. Донесовме 9 пакет мерки за ранливите семејства, за студентите, за пензионерите. За сите, никој не оставивме сам да се справува со последиците. Тоа е државничко и одговорно водење држава“, рече Филипче.Затоа, како што кажа Филипче, овие избори се од исклучителна важност за иднината на секој граѓанин, за напредокот на државата.„Ова е моментот кога секој глас прави разлика. Затоа велам дека нема помалку важен глас. Ова не е време за молк, ова е време за исправување. Апстиненцијата не е казна за СДСМ — тоа е награда за ВМРО. Секој изгубен глас е добивка за режимот што повторно го чувствуваме. Овие денови да ги искористиме и да поразговараме со соседи, роднини, да го посетиме секое маало, да се мобилизираме и да повикаме на обединување. Сега не е време за откажување од борбата за нашиот дом. Ова е момент на враќање, на единство,на нов почеток“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања