ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

Ева Петковска

IMG_0854

Герасимовски: Денеска поставуваме фотоволтаични панели во училиштето „Св. Кирил и Методиј“

Денес започна поставувањето на фотоволтаични панели во Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“. Градоначалникот Горан Герасимовски утрово го посети ова центарско училиште и им посака успешна работа на екипите задолжени за инсталацијата.„Денеска сме во училиштето „Св. Кирил и Методиј“ каде што ги поставуваме фотоволтаичните панели на нашите кровови. По завршување на поставување на фотоволтаични панели на училиштето „Киро Глигоров“ сега продолжуваме и во другите училишта. Општина Центар е енергетски независна општина, општина којашто е прва и има основано претпријатие за производство и продажба на електрична енергија „Енергија Центар“. Продолжуваме да го користиме сонцето и преку обновливи извори на енергија да ги задоволуваме потребите за струја во нашите училишта и со тоа ги намалуваме сметките на самите училишта“, рече Герасимовски.Со поставувањето на фотоволтаични панели во училиштата се обезбедуваат подобри услови за наставниот процес, се поттикнува еколошката свест кај младите генерации и се создава пример којшто може да го следат и други институции.

Скопје | пред 4 месеци

11.09.2025

Стаменкоска Трајкоска: Сета енергија и сиот фокус ќе ги ставам во насока на подобра Кисела Вода

Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидатка за градоначалничка од ВМРО-ДПМНЕ на општина Кисела Вода, беше гостинка во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа. Стаменкоска Трајкоска зборуваше за нејзината кандидатура, што според неа да се биде градоначалник значи голема пожртвуваност, фокус, енергија и посветеност.„Со сегашниот градоначалник и идниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, имавме многу тесна соработка. Ние мораме да знаеме со какви проблеми е општината или делот од каде што живееме, бидејќи тоа е микросредина која што на нас ни е многу битна. Тоа е нашиот дом“, рече Стаменкоска Трајкоска.Таа истакна дека да се биде градоначалник значи пожртвуваност, енергија, фокус и посветеност.„Како таа енергија те храни за да издржуваш во тие тешки моменти, а секако многу тешка функција од аспект на тоа што бара навистина пожртвуваност, бара многу енергија, бара многу фокус посветеност и ред други работи“, кажа Стаменкоска Трајкоска и додаде:„Кога се разговарало пак за темата Град Скопје, јас секогаш сум знаела да кажам, Кисела Вода не ја оставам и склопот на сите околности. Во еден момент морам да признаам, предизвикот заради тоа што сум жена ми даде еден мотив да кажам од една страна, да навистина почнам да размислувам во тоа што значи да се биде градоначалник на една општина. Општина Кисела Вода е општина која што навистина заслужува многу треба многу треба многу за општина кисела вода ќе се прави“.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-10-221058

(ВО ЖИВО) Џамбазов: Груевски ме носеше на ушка

Игор Џамбазов во Прегрес со Ландов, се потсети дека со експремиерот Никола Груевски настапувал во „Чија си” и во „Грев или шприцер”. Тој, вели Џамбазов, уживаше во тоа.„Беше вљубеник во театар.Имаше сцена во Грев или шприцер, во која Груевски ме носеше на ушка кога ме испраќаа во војска.Не знам дали сега оди во театар, чуден е јазикот таму”, рече Џамбазов.Не верува дека ќе дочека да настапи во реновираната Универзална сала во која има најмногу настапувано.„Не требаше таа да се урива, таа се замозапали”, вели Џамбазов чија голема желба е повторно да заживее Универзална сала.Тој говори и за неговиот неуспешен обид да влезе во политиката, иако вели дека имал освоено повеќе гласови од Павле Трајанов и Тупурковски заедно.Да влезел во Парламентот немаше да дозволи министер да не знае да го говори македонскиот јазик.„Унковски е најдобар режисер, но најлош министер за култура. Љутков е неподготвен”, рече Џамбазов.Следете не на линкот:

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-10-220652

(ВО ЖИВО) Џамбазов: Уметникот не треба да се занимава со политика

Познатиот глумец, шоумен, пејач и писател, Игор Џамбазов е гостин во првиот Претрес со Ландов во третата сезона. Тој говори за неговиот живот, кариера, политиката, семејството.„Сакам спомените за се, да ми останат убави. Петнаесет години во Драмски не сум бил. Избегнувам да одам на гробишта.Драмски заслужува нова зграда.Истото важи и за МНТ. Театар без бифе не го бива”, вели Џамбазов.Сегашниот министер за култура доаѓа од актерската фела, но вели Џамбазов, уметникот не треба да се занимава со политика.Следете не на линкот:

Скопје | пред 4 месеци

545430717_1320837866336166_1810243248184777504_n

Ѓорѓиевски: Ќе победиме силно, затоа што граѓаните нé препознаваат по работа и резултати

„Ќе победиме силно!“ , вели Орце Ѓеорѓиевски и додаде:Вечерва сме во Ѓорче Петров, помеѓу својот народ, на завршниот настан од караванот за идеи и предлози.Со моите драги пријатели и силна поддршка уште од самиот почеток - сегашниот и иден градоначалник Александар Стојкоски и Бојан Стојаноски, заедно со нивниот одличен тим, убеден сум дека тука во Ѓорче ќе оствариме историска победа.Она што го видов вечерва, масовноста, енергијата и искрената поддршка е најголем доказ дека сме на вистинскиот пат.Ќе победиме секаде, а најсилно во Скопје, затоа што ние нудиме работа, а не празни флоскули.Ќе победиме силно, затоа што граѓаните нѐ препознаваат по работа и резултати!Оваа победа ќе биде победа на народот, на чесноста и на вистинските вредности.Заедно ќе изградиме Скопје кое ќе биде симбол на развој и гордост.Секој од нас е дел од оваа приказна, секој од нас е сила за најдоброто што доаѓа!

Скопје | пред 4 месеци

Нема фотографија

Андонов: Ново матично одделение е отворено во Василево, го слушаме гласот на граѓаните и им го олеснивме пристапот до ваквите услуги

Славе Андонов, актуелен и кандидат за градоначалник на општина Василево од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата За или против на телевизија Алфа. Андонов зборуваше за отворање на ново матично одделение во општина Василево, и истакна дека претходно тоа било проблем за жителите на општина Василево. Тој додаде и дека направил се во рамки на неговите надлежности како градоначалник.,,Ова беше навистина голем проблем за граѓаните на нашата општина. Меѓутоа и за граѓаните на две други населени места од општина Струмица бидејќи ова матично одделение, матична канцеларија во општина Василево опфаќаше покрај сите населени места во нашата општина и две населени места од општина Струмица. Со тоа се кажува и значењето на оваа канцеларија“, рече Андонов.Андонов истакна дека како градоначалник на општина Василево, во рамки на неговите надлежности, успеал да издејствува кај Управата за водење на матични книги.,,Како градоначалник ја гледав таа потреба, го слушав гласот на граѓаните, и направив се што е во мои можности и рамки како градоначалник да издејствувам кај Управата за водење на матични книги, повторно да се отвори канцеларијата во општина Василево, поточно во зградата на Културниот дом во Василево, и таму граѓаните да поднесуваат барања и истите да ги подигаат изводите од било која област“, кажа Андонов.Според него, ова ќе ги олесни услугите за граѓаните при вадење на документи: ,,Со тоа го олеснивме пристапот до овие услуги и мислам дека и тоа е интенцијата и на мене како градоначалник, но и на нашата администрација. Администрацијата да биде поблиску до граѓаните, а не далеку од нив“.Андонов додаде дека вработените во општината во Василево, допринесоа општината да биде финансиски стабилна.,,Со домаќинско работење, со чесно работење, со алоцирање на средствата таму каде што се најпотребни за граѓаните. Со работа и труд докажавме дека можеме и да го надминеме и не само тоа, општина Василево имајќи во предвид ваквиот долг успеа енормно задолжена општина да стане едно големо градилиште каде што се градат големи капитални објекти“, заклучи Андонов.

Македонија | пред 4 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар поради сообраќајна несреќа, возилата се пренасочуваат по споредните патишта

Денеска (08.09.2025) во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила.До сега се пријавени пет повредени лица. Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар сообраќајот се пренасочува по споредни локални патишта (Прогрес каменолом и Панорама кај Вруток).

Македонија | пред 4 месеци

pozar-vincini2

Истражителите чекаат – нецелосно изгаснатиот пожар во „Винчини“ го блокира увидот

Увидот во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница сè уште не може да започне, бидејќи пожарот што избувна вчеравечер не е целосно изгаснат. Според информациите од Државното јавно обвинителство, на терен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кочани, кој издава наредби и насоки за преземање на други дејствија со цел целосно испитување на настанот.Повредени 18 лица, меѓу нив и пожарникари. Пожарот избувна околу 18 часот во магацинските и производствените погони на фабриката. Во гаснењето беа вклучени противпожарни екипи од Виница и од повеќе соседни општини. Според официјалните податоци, повредени се 18 лица, од кои 13 се хоспитализирани, но сите се во стабилна здравствена состојба.Осуммина вработени во фабриката добиле медицинска помош на Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица пожарникари биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка е хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.Формиран кризен штаб за справување со последиците. Стопанската комора на Северна Македонија, чија членка е „Макпрогрес“, најави формирање кризен штаб заедно со сопственикот на фабриката. Целта е целосно нормализирање на состојбата и координација на понатамошните чекори.„Екипа на Стопанската комора е присутна на местото на настанот од првиот момент и заедно со сопствениците ќе формира кризен штаб. Комората презема активности за целосно нормализирање на состојбите,“ информираа од таму.„Макпрогрес“, основана пред 35 години, е една од водечките домашни компании во прехранбената индустрија, а според официјалните податоци, околу 75 проценти од производството е наменето за извоз.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-07-at-09.26.05

35 години работа уништени за неколку часа – менаџментот на „Макпрогрес“ најави експресна реконструкција

Изгорените производствени линии на фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес Винчини“ од Виница експресно ќе бидат обновени, а сите вработени ќе се вратат на работа, соопшти менаџментот на компанијата. „Стихијата беше огромна и направи уште поголеми штети, но уште од денес работиме производството да се обнови итно. Дел од вработените ќе бидат ангажирани во преостанатите погони“, изјавија од „Макпрогрес Винчини“ за штипската ТВ Стар.Во катастрофалниот пожар синоќа до темел изгореа три производствени погони, два магацини полни со стока и административниот дел од фабриката, во која работат вкупно 500 лица. „Макпрогрес Винчини“ е најголемиот стопански објект во општина Виница, а уништувањето на фабриката ќе има последици и за соседните општини Кочани и Штип, бидејќи од таму доаѓаат не само вработени, туку и бројни кооперанти кои ја снабдуваат фабриката со суровини. Според ТВ Стар, сопствениците велат дека штетата е милионска, а точната сума ќе биде позната откако проценителите од осигурителните компании ќе излезат на терен. Стопанската комора најави формирање кризен штаб заедно со сопствениците.„Вчеравечер околу 19:20 часот, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески беше известен од сопственикот на ‘Макпрогрес’ Виница, Глигор Цветанов, дека во фабриката има пожар. Веднаш беше алармирана Владата, премиерот, како и вицепремиерот и министерот за транспорт, кои ги дадоа потребните наредби за спасување на целокупната фабрика, но и покрај интензивните активности, мора да се констатира дека три клучни погони се целосно уништени. Комората презема активности за целосно нормализирање на состојбите“, се вели во соопштението.„Макпрогрес Винчини“ е основана пред 35 години и е водечки производител во кондиторско-пекарската индустрија во Македонија. Компанијата извезува 75% од своето производство во 55 држави, а лани остварила извоз во вредност од 35,8 милиони евра. „Макпрогрес“ има повеќе од 750 вработени и покрај „Винчини“ произведува уште пет брендови, меѓу кои „Сончева долина“, „Натура“, „Дониа“ и „Фантазија“.Вкупно 18 лица беа примени во кочанската Општа болница со повреди во пожарот, дел од нив се задржани таму, а дел беа препратени на скопските клиники. Сите се во стабилна состојба. При неколкучасовната интервенција на пожарникарите, дел од нив добиле изгореници на стапалата откако се заглавиле во стопена смола од шеќер во еден од погони. Министерството за здравство соопшти дека хоспитализирани се една пожарникарка во Клиничката болница во Штип, четири пожарникари во Кочани и осум вработени на Клиниката за токсикологија во Скопје, и сите се во стабилна здравствена состојба.

Македонија | пред 4 месеци

pozar-vincini-pozarnikari-1

Интерно и хирургија преполни со пациенти – пожарот во Виница остави сериозни последици

Бројот на повредени во големиот пожар што од вчера беснее во фабриката „Макпрогрес“ во Виница се искачи на вкупно 18 лица, покажуваат последните официјални информации. Поради сериозноста на повредите, 16 лица се хоспитализирани, а шестмина од нив се итно пренесени на Клиниката за токсикологија во Скопје.Според последниот извештај за состојбата на повредените, најголем дел од хоспитализираните се борат со последиците од вдишување на густиот чад и токсичните гасови што се ослободуваа од пожарот.Во болницата во Кочани, која го прими првичниот бран на пациенти, моментално се згрижени вкупно 10 лица. Од нив:Петмина се на интерното одделение поради инхалациони повреди.Петмина се на хируршкото одделение, од кои четворица се третираат за изгореници од прв и втор степен, а еден пациент исто така поради повреди од вдишување.Најсериозните случаи на труење со чад се препратени во Скопје, каде шест лица се наоѓаат под лекарски надзор на Клиниката за токсикологија.Пожарот во погоните на „Винчини“ избувна вчера во раните вечерни часови, а во неговото гаснење учествуваа противпожарни единици од повеќе градови.

Македонија | пред 4 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Лишен од слобода малолетник во Скопје, кај него пронајдени пиштол и куршуми, се обидел да бега од полициските службеници но бил фатен

На 06.09.2025 во 18:10 часот во Скопје, во близина на гробиштата Бутел, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје.При сообраќајна контрола во Скопје, полициските служебници дале знак за запирање на мотоцикл, кој го управувал малолетникот, но тој не застанал и се дал во бегство.По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, малолетникот е запрен и лишен од слобода, а при извршен преглед, кај него бил пронајден и одземен пиштол „Ц3“ и куршуми. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-07-125617

Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја стресе Турција

Земјотрес со јачина од 4,9степени по Рихтер денеска го погоди западниот дел на Турција.Епицентарот бил на длабочина од 11 километри.Според податоците на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD), епицентарот на земјотресот бил во Синдирги, а регистрираната јачина била 4,9 степени. Потресот бил регистриран и на 58 километри југ-југозападно од градот Баликесир.Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Подржувачите на Вучиќ вечерва на протест против блокадите

Подржувачите на Вучиќ, членовите на СНС, вечерва ќе протестираат против студентските блокади.Протести се најавени низ цела Србија. Според нив блокадите го нарушуваат секојдневното функционирање на државата и дека граѓаните сакаат да се вратат во нормалниот живот и работа.Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека денес ќе присуствува на митинг и дека тоа ќе биде семеен собир кој ќе биде мирен и ќе испрати порака за тоа каква Србија сакаат мнозинството нејзини граѓани.„Ќе учествувам а таму нема да има полиција. Тие ја напаѓаат полицијата затоа што знаат дека нашите полицајци се толерантни“, изјави Вучиќ вчера на гостување во ТВ Пинк.Најавени е дека граѓаните ќе се соберат од 18:00 часот и тоа во 120 градови и населени места, по што се планирани мирни маршеви против блокадите.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања