ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

Ева Петковска

media-librarynbu01n69ld20fY2IoK8

Велјановски: ДУИ секогаш кога губи прибегнува кон потпалување на меѓуетнички односи

Пратеникот Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ остро ја осуди изјавата на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, дадена за време на промоцијата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Тетово, Бајрам Реџепи, оценувајќи ја како опасна и штетна по меѓуетничките односи во државата.„Секогаш кога ДУИ губи, секогаш кога граѓаните ќе ги прочитаат нивните вистински коруптивни намери, тие прибегнуваат кон потпалување на меѓуетничките односи и загрозување на соживотот“, изјави Велјановски.Тој додаде дека ДУИ нема политички аргументи и визија, туку, според него, единствената нивна стратегија е деструктивноста и нарушувањето на соживотот меѓу граѓаните.Велјановски најостро ја осуди, како што ја нарече, „срамна и опасна“ изјава на Бектеши, во која тој, како што рече, „велича оружје и отворено ја оправдува војната од 2001 година, претставувајќи ја како политички капитал“. Според него, тоа претставува „скандал од невидени размери и директен удар врз меѓуетничките односи“.„Ова е класичен говор на омраза кој ја враќа Македонија во најтешките времиња. Наместо да зборуваме за иднината, некој повторно сака граѓаните да слушаат етнички провокации и поттикнување на поделби“, истакна Велјановски.Во своето обраќање, тој потсети на значењето на Македонците за Тетово, нагласувајќи дека „со векови наназад тие се дел од неговата историја, култура и идентитет“, и изрази уверување дека на претстојните избори, Македонците со својот „единствен и сплотен глас“ ќе одлучат за иднината на градот.ВМРО-ДПМНЕ побара од СДСМ јавно и веднаш да се огради од изјавите на Бектеши и да ја преиспита соработката со коалицискиот партнер ДУИ. „Секое молчење е соучесништво“, порача Велјановски, додавајќи дека „СДСМ со години е нем и покорен партнер на ДУИ, а секој нивен денешен молк значи дека станале партнери и во омразата“.Тој упати апел и до сите политички партии, организации и институции да го осудат, како што рече, „отворениот говор на омраза“, посочувајќи дека „во Македонија нема место за политичари кои својата кампања ја градат на закани, омраза и величање оружје“.„Нашата обврска е да ја изградиме Македонија како силна, праведна и европска држава – земја на мир и стабилност, а не на поделби и закани. Народот очекува јасна позиција, а ние ќе продолжиме да ја браниме Македонија од сите што сакаат да ја претворат во заложник на криминални и етнички поделби“, заклучи Велјановски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryi3j76dbstu712eMyYLs

Нов асфалт на неколку улици во градов

Согласно годишната програма за уредување на градежно земјиште на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, деновиве  се работи на неколку локации во градов .Нов асфалт е поставен на  крак  од улицата „Гоце Делчев“ со површина од околу  1 600м2.Надлежните служби на општината работат и во населба Воска, се асфалтираат три краци од улицата „Васил Стевоски“.

ОО | пред 4 месеци

media-libraryr9tjqf2jhvi0alSSQDi

Израел смисли „брутална одмазда“ за масовното признавање на Палестина: „Анексија“

Франција е последната во постојано растечкиот список на земји кои формално ја признаа Палестина. Претходно тоа го сторија Белгија, Монако, Андора, Малта и Луксембург на Генералното собрание на Обединетите нации, со што вкупниот број земји-членки што ја признаваат Палестина се искачи на три четвртини од ОН.Говорот на Емануел Макрон пред Собранието беше внимателно осмислен. Кој и да го напишал, вешто се погрижил да ги „покрие сите теми“ – повеќепати го спомна пријателството меѓу Израел и Франција, како и легитимното право на Тел Авив да се брани од непријателот кој стои зад најголемиот масакр врз Евреи по Втората светска војна (со цел да им го избие аргументот на оние што би го обвиниле за антисемитизам). Значителен дел од говорот посвети и на категорична осуда на бруталноста на Хамас – терористичка организација која, како што истакна, нема место во идната палестинска власт.Публиката реагираше со громогласен аплауз, а говорот беше проследен со позитивни реакции и од француските медиуми, кои му дадоа краткотрајна медиумска поддршка на сè поомразениот претседател на Петтата република. Очекувано, израелски претставници не беа присутни во салата.Исто така очекувано, израелскиот амбасадор при ОН, Дани Данон, ја исмеа седницата нарекувајќи ја „политички циркус“, по што Израел се закани со одмазда и анексија на Западниот Брег.Премиерот Бенјамин Нетанјаху го потсети својот француски колега дека има овластување да го затвори францускиот конзулат во Ерусалим, и дека сериозно ќе размисли за таков потег по, како што рече, „одлуката на Париз да го награди Хамас за терористичкиот напад од 7 октомври“.Шпанскиот премиер Педро Санчез, вообичаено, ги игнорираше обвинувањата од Израел и искористи прилика да апелира до ОН Палестина да биде примена како полноправна членка. Досега, таа беше само набљудувач без право на глас при донесување резолуции.Тензиите што се надвиснаа над ОН пред 80-годишнината од нивното основање ги обидуваше да ублажи генералниот секретар Антонио Гутереш:„Ништо не може да го оправда страшниот терористички напад на Хамас на 7 октомври, ниту киднапирањето на израелски заложници. Но, исто така, ништо не може да го оправда колективното казнување на палестинскиот народ за тоа злосторство“, рече тој, експлицитно повикувајќи се на ситуацијата во Западниот Брег, кој Израел се заканува да го анектира како одмазда за признавањето на Палестина.„Ништо не може да ги оправда случувањата на Западниот Брег, бидејќи ваквите еднострани потези претставуваат егзистенцијална закана за решението со две држави. Непрекинатото проширување на населбите и заканата со анексија, која полека се вовлекува, го зголемува насилството на доселениците – сето тоа мора итно да престане.“На тоа предупреди и германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадепфул, кој рече дека:„Секој чекор кон нелегална анексија на окупираната територија дополнително ја поткопува можноста за трајно решавање на конфликтот.“Да потсетиме, Германија сè уште не ја признала Палестина, бидејќи, поради (и повеќе од очигледни) историски причини, чувствува одговорност да обезбеди заштита за Евреите.Арапските земји, пак, веднаш го кренаа прстот на предупредување кон Израел за судбината на Западниот Брег. Најавија дека каков било потег на Израел во таа палестинска енклава покрај реката Јордан би можел да резултира со поништување на Аврамовите договори – преку кои, по години дипломатски напори, почнаа нормализацијата на односите меѓу Израел и земјите од Арапскиот Полуостров.И покрај желбата за остар одговор кон сè поголемиот број критичари на меѓународната сцена, и самиот Нетанјаху станува свесен дека меѓународната изолација на Израел се продлабочува, а дека бруталното израелско постапување кон палестинските цивили во Газа е главниот виновник за тоа.Дополнителен предизвик за него претставува и фактот што лидерите на арапските и муслимански земји се договорија да се сретнат со американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на Генералното собрание на ОН, каде што ќе му го претстават својот мировен план за Газа. Трамп би требало да се сретне со лидерите на Турција, Обединетите Арапски Емирати, Египет, Катар и Саудиска Арабија.Иако Белата куќа и понатаму остро ги осудува сите нови држави што ја признаваат Палестина – обвинувајќи ги дека го наградуваат тероризмот на Хамас – неколку добро информирани извори за американските медиуми тврдат дека планот на муслиманските земји ќе предвиди соборување на Хамас од власт во Газа.Земјите од Заливот, всушност, имаат клучна улога во поддршката на Хамас. Со нивно повлекување, Хамас би го изгубил најважниот меѓународен сојузник. Преку ограничување на движењето на Хамас, земјите од Заливот би го ограничиле и влијанието на непријателски настроениот Иран.

Свет | пред 4 месеци

media-library5j54hmpcua9ubZyCUod

(Видео) Ова е моментот на страшниот напад врз Запорожје, врз градот се струполија нови и најопасни руски дронови

Русија во вторникот изведе неколку последователни напади со беспилотни летала врз украинскиот град Запорожје, во кои беа повредени најмалку 12 лица, а едно лице загина, соопштија локалните власти на Телеграм.Во нападот биле користени дронови од типот Shahed, а според снимките од социјалните мрежи, се работи за Geran-3 — руската верзија на Shahed-238 со турбомлазен погон, најопасниот дрон кој може да достигне брзина од речиси 375 km/h и потешко се пресретнува.Украина уште минатиот месец соопшти дека Русија користи млазни дронови од типот Geran-2 (руска верзија на Shahed-136), чиешто движење е со брзина од околу 185 km/h и имаат дострел од околу 1000 километри.Според информациите на Државната служба за итни случаи (ДСИС), руските сили пет пати го гаѓале Запорожје во рок од 20 минути, а при еден од нападите била погодена локална фирма. Според претходно објавените извештаи, во гранатирањето загинал свештеник.Киев тврди дека веќе располага со пресретнувачки дронови кои можат да уништат Shahed со млазен погон. Павло Палица, заменик шеф на претседателскиот кабинет, изјави за локалниот медиум Novine Live дека Украина ги модифицира своите дронови паралелно со Русите.– Имаме одговори и заштита од нивните млазни мотори во нашите FPV-дронови. Тие можат да придонесат за оптимален систем на противвоздушна одбрана кој покрива различни височини и далечини – рече Палица.Спротивставувањето на Geran-3 би можело да претставува нов голем предизвик за Украина, која веќе се соочува со тешкотии во борбата против Geran-2, бидејќи Русија истовремено лансира стотици борбени дронови и мамки со цел да ја пробие противвоздушната одбрана.

Свет | пред 4 месеци

media-library7k95gh2dpncp2tjROL0

Потврдено постоење на огромни лавини тунели на Венера

Веќе некое време е познато дека растопената карпа создала огромни тунели под површината на Земјата, Месечината и Марс, пишува Futurism. Сега, истражувачите потврдија дека лавини тунели постојат и на Венера – нашиот најблизок планетарен сосед. Изненадувачки е тоа што овие подземни тунели имаат повеќе сличности со оние на Месечината отколку со земјините.Откритие што ѝ пркоси на гравитацијатаОва е неочекувано откритие, бидејќи масата и гравитацијата на Венера се многу послични на оние на Земјата отколку на Месечината. Научниците претходно утврдиле дека лавините тунели обично се поголеми таму каде што гравитацијата е послаба, бидејќи ѕидовите на тунелите имаат помала веројатност да се срушат.„Земјините лавини тунели имаат помал волумен, марсовите се нешто поголеми, а месечевите уште поголеми“, изјави истражувачката од Универзитетот во Падова, Барбара Де Тофоли, на научниот конгрес Europlanet. „А потоа доаѓа Венера, која целосно го нарушува тој тренд, покажувајќи тунели со многу, многу голем волумен.“„Само тоа веќе зборува дека на Венера веројатно постои уште нешто што игра значајна улога“, додаде таа.Првите убедливи доказиАстрономите со години набљудувале дупки и големи јами на површината на Венера, што упатувало на можноста за постоење на лавини тунели. Сепак, досега не можеа со сигурност да исклучат други геолошки процеси како причина.Сега, како што е детално опишано во ново научно истражување, Де Тофоли и нејзиниот тим ги презентираа „првите убедливи докази за постоење на лавини тунели на Венера“. Тие открија дека јамите не само што се наоѓаат во близина на големи вулкани, туку и се „развиваат во насока што е усогласена со наклонот на теренот каде што се набљудувани“, што е во согласност со хипотезата дека се создадени од лава што тече по стрмен терен.Тимот направил моделирање на овие шуплини и утврдил дека совршено се совпаѓаат со процесот на формирање при кој „горниот слој на лавата се зацврстува, додека растопената лава под него продолжува да тече, оставајќи зад себе шуплив канал“.Најголемите шуплини во Сончевиот систем?Екстремно жешката околина на Венера со висок притисок може да биде клучен фактор за формирање на овие лавини тунели со големи димензии – и покрај посилната гравитација отколку на Месечината. Потенцијалниот волумен на овие тунели ги изненадил и самите истражувачи.„Карактеристиките на набљудуваните лавини тунели на Венера, особено нивната големина, сугерираат дека Венера можеби крие некои од најобемните подземни шуплини во Сончевиот систем“, напишаа во својата студија.Тие заклучуваат дека ова откритие би можело да ни помогне подобро да ја разбереме „термалната и тектонската еволуција на Венера“, како и да отвори возбудливи можности за разбирање на минатите и сегашните услови на оваа планета.Тимот сега повикува на подетални истражувања со помош на инструментот Subsurface Radar Sounder (SRS) во претстојната мисија EnVision на Европската вселенска агенција. Сондата треба да биде лансирана кон Венера кон крајот на 2031 година, со цел – според агенцијата – да се разбере зошто најблискиот сосед на Земјата е „толку различен“.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryv44mpultjlri089angW

Израел го затвора единствениот граничен премин меѓу Западниот Брег и Јордан

Израел на неопределено време ќе го затвори единствениот граничен премин меѓу Западниот Брег и Јордан, само неколку дена откако беше повторно отворен по пукање во кое беа убиени двајца израелски војници.Портпарол на израелските власти кои го надгледуваат преминот Аленби изјави дека преминот ќе биде затворен од среда наутро „по налог на политичкото раководство“. Причините за затворањето не се објавени. Палестинските и јорданските власти во вторникот изјавија дека Израел ќе го затвори граничниот премин во среда.За многу Палестинци од Западниот Брег, овој премин е главен излез кон странство и се користи и за транспорт на стоки меѓу Западниот Брег и Јордан.Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не одговори на барањето за коментар.Преминот беше повторно отворен во понеделник, четири дена откако јордански камионџија уби двајца израелски војници, по што властите го затворија.Нетанјаху во неделата порача дека ќе „одговори“ на земјите кои ја признаваат Палестина, откако ќе се врати од посетата на САД.Франција, Канада, Британија и Австралија се некои од земјите кои ја признаа или најавија дека ќе ја признаат Палестина оваа недела, со цел да го поддржат решението за две држави. Некои десничарски членови на израелската влада сметаат дека Израел треба да го анектира Западниот Брег како одговор на признавањето на Палестина.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryasmvsj7pmrldedwU5RM

Бразилскиот претседател: Нападите врз институциите на мојата земја се неприфатливи

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска пред Генералното собрание на ОН изјави дека неодамнешните „еднострани напади“ врз институциите и економијата на неговата земја се неприфатливи, што претставува остра критика на американската надворешна политика.Коментарите на Лула се одраз на неговата постојана критика кон поранешниот американски претседател Доналд Трамп за воведувањето царини, ограничувања во врска со визи и финансиски санкции како одговор на судењето и осудата на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро за планирање државен удар откако ги загуби изборите во 2022 година.„Нападите врз суверенитетот, произволните санкции и едностраните интервенции стануваат правило“, рече Лула без директно да го спомене Трамп. „Нема оправдување за еднострани и произволни мерки против нашите институции и нашата економија“, додаде тој.„Нашата демократија не е предмет на преговарање“Вчера Вашингтон воведе санкции против сопругата на судијата кој претседаваше со судењето на Болсонаро во Врховниот суд, што Трамп го нарече „лов на вештерки“, и им ги укина визите на шестмина високи бразилски функционери.Администрацијата на Трамп претходно го санкционираше судијата на Врховниот суд, Александре де Мораеш, согласно Законот Магнитски и воведе 50% царини на увозот на бројни бразилски производи во САД. Лула во исто време застана во одбрана на истрагата и правичната постапка која доведе до осудата на Болсонаро, кој беше осуден на 27 години затвор поради обид за пуч за да остане на власт.„Имаше полно право на одбрана“, изјави Лула. „Пред очите на светот, Бразил испрати порака до сите амбициозни автократи и нивните приврзаници: нашата демократија и нашиот суверенитет не се предмет на преговарање“, порача тој.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryue9bjbt9ngvg6Rc3kb0

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во изјава за медиуми, посочи дека единствени кои што се разочарани и незадоволни од неспроведувањето на никакви реформи во правосудството, се само граѓаните.Филипче нагласи дека премиерот Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството и неспороведувањето на потребните реформи.„Сметам дека е апсолутно недозволиво премиерот да се однесува како независен аналитичар и да ги коментира само состојбите во правосудството, кога тој е директно одговорен за спроведување на реформите.Досега не се спроведени ниту една од предвидените реформи, преку носење на реформски закони во правосудството согласно Планот за раст, рече Филипче.Во изјавата Филипче укажа дека од предвидените во Собранието не е поднесен ниту еден.„За оваа година беа предвидени 12 закони од коишто седум  требаше да се донесат до јуни 2025 година. Во Собранието не е поднесен ниту еден, и дополнителни 5 кои од јуни до декември 2025 година требаше да се донесат согласно Планот за раст - нешто за што е врзан одреден буџет од Европската Унија, којшто секако веќе еден дел сме изгубиле. Од тие 5 закони од Министерството за правда не е донесен ниту еден“, рече Филипче.Како што кажа Филипче, Владата на ВМРО-ДПМНЕ има огромно мнозинство во Собранието, 58 пратеници ВМРО-ДПМНЕ скоро двотретинско мнозинство со владејачката коалиција, поради што нема ниту една причина за тоа што сега се случува со неспроведување на реформите во правосудниот систем.

Македонија | пред 4 месеци

markica

Свикана шеесет и втората седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ шеесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 29.09.2025 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н   Р Е ДУсвојување на Записникот од 61-та седницаПредлог-oдлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на СОСУ„Св.Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на СОСУ„Св.Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на OЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.Предлог-одлука за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Министерство за економија и труд – Државен инспекторат за труд.Предлог-одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр.4266/1 КО Охрид 4 и Кп.бр.4265/1 КО Охрид 4.Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025 – 2027.Предлог-одлука за определување на крајбрежен појас на водотек река Сушица опфатена во Деталниот урбанистички план за УЗ 11, УБ 11.5 општина Охрид.Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација во ЛУПД за ГП бр.1 со основна класа на намена А4 – градби за времено сместување на КП.бр.2751/4 и КП.бр.2751/5 и други во КО Коњско, Општина Охрид.Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 1.5 и ГП 1.6 од ДУП Урбана Заедница 9, Урбан Блок 9.2 – Охрид, Општина Охрид.Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 1.7 во УПВНМ на дел од Туристички локалитет Горица – Св.Стефан – Метропол, опфат 3, плански период 2010 – 2020, општина Охрид.ОПШТИНА ОХРИДЛОКАЛНА САМОУПРАВАБрој 08-22.09.2025 год.О х р и д

ОО | пред 4 месеци

media-libraryi0jarvhfapg978AF4Hp

Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на сите анкети, очекувам огромна победа

Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата 24 Анализа на телевизија 24. Тој зборуваше на актуелната тема за претстојните локални избори во земјава, и истакна дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  води на сите истражувања на јавното мислење, а самиот тој очекува убедлива победа. Според него, градоначалничката трка за Град Скопје има посебна тежина, но сите општини добиваат внимание, а кандидатите активно ја претставуваат својата програма и својата визија.,, Она коешто го гледаме од анкетите е дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  убедливо води на сите истражувања на јавното мислење и тоа не е од сега туку и изминатите години наназад“, кажа Пренџов и додаде:,,После претставувањето на целокупната програма секоја општина поединечно дека граѓаните ќе се определат за поддршката на градоначалниците предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“.Според него, градоначалничкото место на Скопје како главен град е значајно, но и останатите општини во земјава воопшто не се запоставени. Како што рече тој, кандидатите за градоначалници и советници во сите општини работат активно да ја објаснат својата програма и визија, а иако медиумското внимание е поголемо во Скопје, сите општини добиваат внимание и поддршка за претстојните локални избори.,,Градоначалничкото место на Скопје е градоначалничко место на главниот град коешто обединува повеќе од 10 општини, коишто се навистина значајни со број на жители. Но, истовремено сакам да апострофирам дека не чувствувам, јас барем, дека се другите запоставени бидејќи сметам дека секој кандидат за градоначалник, секој кандидат за советник во било која општина и тоа како работи со своите жители, да им ја објасни програмата визијата и во она кое што го верува, она кое што го ветува пред овие локални избори“, истакна Пренџов.Пренџов додаде дека предизборната атмосфера е присутна низ целата држава, во секој град, во секое семејство. Според него, граѓаните активно дискутираат за кандидатите и размислуваат кому ќе ја дадат довербата.,,Очекувам една голема и убедлива победа за она  што значи проекти за она што значи развој и мислам дека кандидатите предложени од ВМРО-ДПМНЕ ги имаат тие квалитети“, заклучи Пренџов.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarycc13bg4u4j7r0n2TBmK

Филипче: Гази Баба бара промени, Влатко е чесен, отворен за сугестии и работи за граѓаните

Сите изборни ветувања на ВМРО ДПМНЕ се покажаа како лага, и на централно и на локално ниво - нема никаква разлика, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д- р Венко Филипче, во општина Гази Баба.Филипче потенцираше дека се потребни промени, а тоа може да се постигне преку локалните избори, додавајќи дека жителите на општина Гази Баба заслужуваат локална самоуправа што ќе ги слуша нивните потреби и ќе реализира проекти за подобар живот и развој на општината.„Потребни се промени,  локалните избори се шанса да се испрати пораката дека граѓаните сакаат подобро, сакаат подобра Гази Баба. СДСМ на овие избори излегува со чесна понуда, остварливи програми и компетентни луѓе со интегритет“, рече Филипче.Во изјавата, Филипче додаде дека кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Гази Баба, Влатко Митовски, има реални и издржани проекти кои се одговор на потребите на жителите на оваа општина.„Влатко Митовски пред граѓаните излегува со издржани решенија во програмата, за надминување на проблемот со кучињата скитници, за нова спортска сала, затворен базен но и субвенции за пазарџиите. Потребите на граѓаните на Гази Баба буквално се преточени во соодветни решенија“, рече Филипче.На овие локални избори како што кажа Филипче, разликата е јасна - граѓаните ќе бираат помеѓу докажани луѓе кои стојат зад својот збор и луѓе кои бегаат како кукавици при првата криза.„Не ветуваме лесен пат, но ветуваме борба – борба со главата високо. Време е за мерка во политиката: компетентност и резултати наместо гол ПР, работа наместо парада, ред наместо партиски хајки. Ве повикувам на заедничка борба, за подобра Гази Баба, за вашето семејство, за вашата улица, за вашиот град, за нашиот дом“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Скопје | пред 4 месеци

avtobus-jsp-2

СДСМ: За хаосот во Скопје и ЈСП најголема вина имаат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Скопје се наоѓа во тотален хаос и нефункционалност веќе четири години, предупредуваат од СДСМ, посочувајќи дека јавниот превоз е колабиран, а состојбата во ЈСП е катастрофално лоша. Според партијата, главна причина за ова е неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните постојани кавги со градоначалничката Данела Арсовска.„Политичките пресметки се водат на грбот на граѓаните на Скопје. Затоа скопјани немаат превоз, немаат град“, соопштуваат од СДСМ.Од партијата потсетуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот на Град Скопје, но, како што велат, советниците често ги кочат важните одлуки, што оди на директна штета на граѓаните. Дополнително, посочуваат дека и Управниот одбор на ЈСП е составен од кадри на ВМРО-ДПМНЕ.„ВМРО-ДПМНЕ го остави Скопје без автобуси и создаде хаос во јавниот превоз. Нема ниту ‘М’ од модерно Скопје. Ги нема ветените 250 нови автобуси кои Мицкоски ги ветуваше пред скопјани, а го нема ниту бесплатниот превоз. Сето тоа само затоа што им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска“, наведуваат од СДСМ.Партијата директно ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за, како што велат, катастрофата што му се случува на ЈСП и на целиот град, и порачаа дека токму тие се најголемите виновници за состојбата во која се наоѓа главниот град.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryqkmmtv2172946cZk58L

Пропаднаа пет кандидати за градоначалници: ДИК отфрли пријави во Скопје, Бутел, Центар

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека досега се потврдени вкупно 303 листи за кандидати за градоначалници во општините и во Град Скопје, како и 558 листи за членови на општинските совети и Советот на Град Скопје.Во дел од општините – Куманово, Аеродром, Карпош и Град Скопје – постапката сè уште трае, бидејќи одредени кандидатури се враќаат на корекција поради утврдени неправилности. Во моментот, во процес на корекции се осум листи за градоначалници и 20 за советници.ДИК информира дека се отфрлени пет кандидатски листи за градоначалници – по една во општините Бутел, Центар, Куманово, Аеродром и Град Скопје.По комплетирањето на процесот ќе следи ждрепка за утврдување на редоследот на кандидатите на единствената листа, закажана за 25 септември 2025 година.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

САД: Ќе ја браниме секоја педа од НАТО-територијата

САД потврдија дека ќе го заштитат територијалниот интегритет на НАТО по серијата случаи кога Русија го наруши воздушниот простор на европски членки на Алијансата.„САД стојат рамо до рамо со своите сојузници во НАТО во справувањето со овие нарушувања на воздушниот простор. Сакам да ја искористам оваа прва прилика да повторам и нагласам дека САД и нашите сојузници ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО“, изјави американскиот амбасадор во Обединетите нации, Мајк Волц, на денешната вонредна седница на Советот за безбедност во Њујорк.Тој оцени дека Русија мора веднаш да престане со „опасното однесување“ и наместо тоа да бара начини за деескалација. „Очекуваме Русија да избере пат на преговори, а не ризици кои можат да доведат до проширување на конфликтот“, додаде Волц.Амбасадорот потсети дека американскиот претседател Доналд Трамп вложил „огромно време и напор“ за ставање крај на „ужасната војна меѓу Русија и Украина“, и дека Москва треба директно да преговара со Киев за запирање на војната.Во петокот, Естонија објави дека три руски борбени авиони 12 минути го нарушувале нејзиниот воздушен простор, што Москва го негира. Само една недела претходно, десетици руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор за време на нападите врз Украина, а дел од нив беа соборени од полската армија и сојузничките сили на НАТО. Останки од дроновите беа пронајдени во источниот и централниот дел на Полска.Сличен инцидент регистрира и Романија, откако руски дрон навлезе во нејзиниот воздушен простор. Полска, Естонија и Романија се членки на НАТО.

Свет | пред 4 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Хорор во Скопје: син ја давел мајка си и кршел предмети во дворот барајќи и пари

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело „Телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според обвинителството, настанот се случил на 21 септември во дворот на семејниот дом на улицата „Славејко Арсов“. Осомничениот најпрво на висок тон барал пари од своите родители. Таткото вознемирен го напуштил дворот, а пријавениот продолжил кон мајка си со груби и навредливи зборови.Во еден момент, тој физички ја нападнал – ја влечел за да ѝ го одземе телефонот, потоа ја турнал на земја и ја давел за вратот. Жената, плашејќи се за својот живот, успеала да се тргне на страна, додека синот продолжил со насилничко однесување кршејќи саксии и други предмети во дворот.Од нападот таа добила телесни повреди. Имајќи ја предвид опасноста од бегство и потребата од заштита на оштетената, со која осомничениот живее во иста заедница, обвинителот доставил предлог за определување мерка притвор.

Скопје | пред 4 месеци

IMG_2106ll

ВМРО-ДПМНЕ: Данела Арсовска, нејзината неспособност и коалицијата со СДС и ДУИ ќе го остават Скопје повторно без јавен превоз

ВМРО-ДПМНЕ упатува сериозни обвинувања на сметка на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како и нејзината коалиција со СДСМ и ДУИ. Според партијата, поради неспособноста на Арсовска и неисполнувањето на финансиските обврски, Скопје повторно се соочува со ризик да остане без јавен превоз.„Данела Арсовска треба да научи дека не може да користи услуги без да ги плати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека фирмата „Пуцко Петрол“, која ја поврзуваат со ДУИ – коалицискиот партнер на Арсовска – е инволвирана во постапка за која, според нив, веќе имало и притвор.Од партијата тврдат дека токму „менторите“ на Арсовска, судии блиски до СДСМ и ДУИ, помогнале да се избегне понатамошна истрага, и нагласуваат дека „против Пуцко Петрол има постапка за која тој ќе одговара“.Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла, како што ги нарекуваат, „детските досетки“ на Арсовска, со повик да престане да создава хаос и да почне да ги исполнува своите финансиски обврски, наместо да фабрикува кризи со помош на пријателите од ДУИ и СДСМ.Партијата предупредува дека ваквите потези можат да доведат до целосен колапс на јавниот превоз во главниот град.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryi0ubh5dajr3b3DHCwXb

Пешевска: Најостро го осудувам говорот на омраза и линч кон Александра Соколова и ги повикувам сите женски организации да го направат истото

„Со оглед на ситуацијата што се случува во Кочани најостро го осудувам говорот на омраза и линч кон Александра Соколова, којашто е кандидатка за советничка. Затоа што нападот кон Александра Соколова, е напад кон сите мајки, татковци и семејства кои ги изгубија своите најмили во пожарот во Пулс“, вели Жаклина Пешевска и додава:„Оттука, наместо да бидеме среќни, што се интегрирани во општеството, што учествуваат во носењето на одлуки во општините и во општеството, некој се дрзнал да ги линчува.Затоа, ги повикувам сите институции, доблесно да ја спроведат правдата. Но, во исто време ги повикувам сите женски организации, душегрижници и борци за женски права, да го осудат овој говор на омраза. Тука го спомнувам и го повикувам Форумот на жени од СДСМ да го осуди овој говор на омраза како и Клубот на пратенички којшто го води Јована Тренчевска.И повторно ќе повикам на разум, затоа што навистина донесовме низа документи, резолуции, кодекси за фер и демократски избори, само треба доблесно да се почитуваат, достоинствено да ја водиме оваа кампања која што ќе следи за локалните избои.Уште еднаш повикувам разумот да надвладее и да ги оставиме овие луѓе коишто ги изгубија своите најмили, коишто се соочија со најголемата болка во животот, да бидеме благодарни што собраа храброст да се вклучени во општествени процеси“.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryliotdg3sl70289yPNKS

Известување!

Започнаа градежните активности за партерно уредување на ул. „Цар Самоил“. Се преуредуваат камењата од клдрмата по целата должина. Се замолуваат пешаците и останатите учесници во сообраќајот да бидат внимателни при движење и да ги почитуваат пропишаните сообраќајни правила.

ОО | пред 4 месеци

media-libraryrbllfqii01210LDvFzm

“Прво човек, потоа градоначалник на Скопје”, Ѓорѓиевски ја промовираше кандидатурата за Скопје

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода, денеска официјално ја претстави својата кандидатура за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.„Време е за нов почеток! За нашето Скопје, за најдоброто кое го заслужувате“, порача Ѓорѓиевски на својата промоција пред скопјани, истакнувајќи дека влегува во трката „прво како човек, па како градоначалник“.Тој пред граѓаните зборуваше за својата визија за главниот град, нагласувајќи дека Скопје мора да се издигне од сегашните проблеми и да стане место „каде што младите ќе ја гледаат својата иднина, постарите ќе имаат мир, а сите ќе живеат достоинствено“.„Не сум тука да ветувам чуда, туку да бидам човек што дише ист воздух и се соочува со истите проблеми како вас. Прво човек, потоа градоначалник“, истакна тој.Како приоритети ги наведе нови паркови и зелени коридори, модерен јавен превоз со булевари и катни гаражи, подобри училишта и дигитални услуги за граѓаните.„Скопје заслужува повеќе – чист воздух, современи училишта, функционален јавен превоз и уреден урбанизам. Ова не е само моја борба, ова е наша заедничка мисија. Најсилниот збор во демократија е – ние, скопјани“, рече Ѓорѓиевски.На крајот им се заблагодари на сите поддржувачи, особено на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за довербата и поддршката.„Заедно ќе победиме“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 4 месеци

media-library4pffk8jkp0ug3DPxTnT

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ надвор од пропагандата нема што друго да каже, се што ветија, излажаа

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешниот работен состанок во Струга со кандидатите за градоначалници и советници од СДСМ за претстојните локални избори, порача дека СДСМ има јасна и искрена понуда за граѓаните – квалитетни кандидати кои доаѓаат со силна поддршка и доверба од теренот.Во обраќањето Филипче посочи дека СДСМ е единствана партија која со сите политики и одлуки секогаш пред очи го има граѓанинот, за разлика од ВМРО ДПМНЕ кои се што ветија, излажаа и не исполнија.„Лажеа за Европа, лажеа за сите добри политики. Што збореа за Европа, ќе има подобри преговарачки позиции, судот од Стразбур ќе се борел за да се имплементираат одлуките во Бугарија за нашето малцинство, дека ќе има уставни измени со одложено дејство, дека името ќе го вратат, дека договорот со Бугарија ќе го поништат. Ништо не направија, ништо за граѓаните“, рече Филипче.Во обраќањето Филипче нагласи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради цела политичка стратегија врз лаги и манипулации, кои денес се разобличени пред очите на граѓаните. Паралелно ги одбија сите добри политики на СДСМ за да им е помогне на граѓаните во услови на растечки трошоци живот и стагнирачки ниски плати.„Надвор од пропагандата, оваа власт денес нема што да каже. Дадовме предлог за повисоки плати? Дадовме предлог за ДДВ? Нема шанси, ниту една политика за доброто на граѓаните не ја прифаќаат и немаат намера да направат нешто. Сега луѓето тоа полека го гледаат“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryuseh2fg8e5lu17pfQKb

Пожар и во Батинци

Пред малку изби холем пожар на отворен простор над скопското с. Батинци, зафати трева, грмушки и мешана шума, порафи ветрот се шири со голема брзина.Скопската БППЗ работи на гаснење, набргу ќе пристигнат и два пинцгауери на ДЗС како и хеликоптерот на МВР а нешто подоцна ќе полетаат и два ер трактори на ДЗС.На лице место е и директорот на ЦУК Мухамед Али.Според првичните информации се работи за намерно подметнат пожар.

Македонија | пред 4 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Ужас во Велес: Поранешен партнер ја демнел и тепал жртвата – судот му одреди притвор

Постапувајќи по поднесена кривична пријава од МВР, Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 59-годишен жител на Велес, осомничен за кривични дела – демнење и продолжено насилство.Од предистражните дејствија произлегува дека осомничениот, кој бил во интимна врска со жртвата, со месеци ја следел и се мешал во нејзиниот личен живот, проверувал со кого комуницира, каде излегува, ја навредувал и психички ја вознемирувал. Со своите постапки кај неа предизвикувал чувство на страв, несигурност и вознемиреност.На 18 септември, во текот на целиот ден, осомничениот вршел грубо насилство врз жртвата, при што и нанел телесни повреди. Првин ја нападнал на нејзиното работно место, а потоа трипати насилно влегол во нејзиниот стан и повторно физички ја нападнал.Јавниот обвинител оценил дека постои сериозен ризик осомничениот да ги повтори насилничките дејствија, имајќи предвид неговата упорност и фактот што работи заедно со жртвата. Дополнително, поради неговото занимање и важечката документација за премин на државната граница, постоела опасност и од бегство.Затоа, обвинителството до Основниот суд во Велес поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притвор за осомничениот, информираат од Обвинителството.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhccfeejfpgff8VETTzY

Дводневен симпозиум за медитеранска и теоретска археологија

Синоќа во куќата на Робевци, беше отворен првиот „Меѓународен симпозиум за Медитеранска  и теоретска аррхеологија – ЛИХНИДА“. Дводневниот научен собир е во организација на повеќе институции од Македонија и универзитетот Хамболд од Соединетите Американски Држави. На свеченото отворање се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.– Исклучителна е честа денес да се биде во ваква академска средина, во градот кој е вечна инспирација, посебно за археологијата. Искрени честитки за организаторите, кои по повод Европските деноови на наследство 2025, упеаја да го организираат првиот „Меѓународен симпозиум за Медитеранска и теоретска археолигија –Лихнида“.Годинава се навршуваат 45 години кога меѓународната стручна јавност ги препознала уникатните вредности на Охрид и го ставила на листата на УНЕСКО како светско природно и културно наследство. Тоа е голема чест, но и голема одговорност во пристапот и заштитата на вековното природно и културно богатство.Почитувани, верувам дека во наредните два дена со вашите презентации, научни согледувања и идеи, ќе ни помогнете да изградиме уште посилен институционален механизам и пристап во археолошката наука, а со тоа и во значителна мера во заштитата на богатото културно наследство со кое изобилува Охрид и Македонија – истакна Пецаков.Директорот на симпозиумот проф. д-р Љубен Тевдовски потсетувајќи дека Охрид е симбол за материјалното и духовното наследство на македонскиот народ, но и значајна точка, вруток на европската, медитеранската и светска цивилизација, истакна:– Денес се инспирираме и ја пресоздаваме нашата милениумска Охридска и македонска традиција. Нашиот македонски, европски, медитерански и светски  бисер на археолошко и културно наследство Охрид, денес се трансформира пред нашите очи во модерен центар за фундаметални анализи и методолошка строгост. Нова значајна точка на постојани средби на медитеранските археолози посветени на обновувањето и постојано преосмислување на археологијата како научна дисциплина, развојот на нова свест за недореченостите и заблудите во науката и општеството, обезбедувањето нови пристапи во проучувањето и разбирањето на нашето заедничко минато и соочувањето со медитеранските и глобалните предизвици до денешноста и иднината.Дозволете ми да ви честитам за основањето на новата меѓународна институција која го продолжува милениумскиот дух на Градот на светлината и повеќедецениската благородна мисија на УНЕСКО. Во таа смисла, „Меѓународниот симпозиум за теретска и медитеранска архологија Лихнида“, е израз нашата заедничка посветеност на долгорочна промоција на мирот, културното разбирање и заштитата на заедничкото наследство на човештвото.Во продолжение на вечерта, се одржа пред промоција на книгата “Етиката во археолошката практика“ од проф. д-р Пол Белфорд и проф. д-р Гери Вејт, која својата светска промоција ќе ја има на Келог колеџот на универзитетот во Оксфорд.На дводневниот симпозиум учествуваат повеќе од 40 еминенти научници и археолози и од земјава и странство.

ОО | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-17-at-14.07.59

Шукова: Власта ги лажеше граѓаните на Скопје и ги остави да дишат отрови, одговорност мора да има

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, остро реагира на односот на власта по пожарот во Трубарево. Таа посочи дека граѓаните на Скопје со денови биле изложени на високи концентрации на тешки метали – олово, арсен и кадмиум, додека власта молчела и ги уверувала дека опасност нема.„Наместо навреме да алармираат и да преземат мерки, ВМРО-ДПМНЕ свесно ги оставија граѓаните да се трујат. Дури по шест дена беа објавени резултатите од мерењата, кои покажаа дека концентрацијата на кадмиум во воздухот била речиси 12 пати над дозволената граница, а и арсенот и оловото биле над максимално дозволените вредности,“ напиша Шукова на социјалните медиуми.Таа додаде дека ова не е само негрижа, туку свесно загрозување на здравјето на луѓето: „Ова е лицето на власта што не знае за превенција, што не знае за заштита, што бега од одговорност и зад лаги ја крие сопствената неспособност.“Шукова потенцира дека животот и здравјето на граѓаните не смеат да бидат жртва на лаги и политички калкулации и порача дека мора да има одговорност за ваквото однесување.

Скопје | пред 4 месеци

media-library8cch2rbofh3q0eIfXuQ

(Видео) Пожар избувна во Горно Нерези

Пожар избувна во Горно Нерези, каде гори сува трева. Ова е втор пожар во овој дел на градот.Според првичните информации гори сува трева и дрва.Повеќе информации подоцна.

Настани | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања