ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

Ева Петковска

markica-1

„Културата расте со децата – за сите деца“ се сели во Ohrid Mall

Проектот на Општина Охрид „Културата расте со децата – За сите деца“ од месец Октомври до месец мај ќе се реализира во Ohrid mall.Почетокот на театарските претстави и останати културни содржини за деца е најавен за 19:00 часот.Станува збор за настан кој се реализира втора година по ред и е дел од програмата за култура на Општина Охрид.

ОО | пред 4 месеци

media-librarymqmp6g0rf7nc3xPkWLk

Постапки против дилери на марихуана во Велес и Скопје

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Двајцата осомничени соизвршители, во периодот од март до септември годинава, во атарот на велешкото село Карабуниште неовластено произведувале марихуана. Засадиле 100 семки канабис на нива во месноста викана Пчиња, од кои изникнале 80 растенија кои ги одгледувале и ги наводнувале.На 27 септември осомничените биле затекнати од полициски службеници додека собирале цвет од канабис. На лице место биле пронајдени машини за одвојување на цветот од стеблото, 3 пластични кофи со вкупно над 4 килограми марихуана и повеќе вреќи со стебла од канабис.За истото кривично дело и Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против едно лице, кое неовластено произведувало и држело за продажба наркотична дрога – марихуана.Во дворот на осомничениот на улицата “Кадињача” во Скопје полицијата пронашла две растенија канабис кои ги одгледувал, а од домот биле одземени и 38 паковки со вкупно околу 30 грама марихуана и една дигитална вага со траги од канабис и кокаин.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryqi4ubs1655997c4CWZx

Филипче: ЗНАМ ги изневери луѓето кои сакаа промена, ве изневери вас, ве повикувам да се вратите дома

На денешната конвенција за презентација на кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори 2025 година, претседателот на СДСМ Венко Филипче истрапи порака со сопартијците кои на минатите избори гласаа за ЗНАМ.„Сакам да им порачам нешто што повеќето од нив го знаат и чувствуваат. ЗНАМ длабоко ве изневери. Наместо борба и коректори на власта, станаа декор во Владата за лични интереси. Молчат и одработуваат. Наместо отпор, покажаа целосна сервилност кон ВМРО-ДПМНЕ. Затоа сакам јасно да ви кажам, вие не сте го изневериле СДСМ, ЗНАМ ве изневери вас. Вашиот протестен глас го разбирам, но ве повикувам да се вратите дома“, рече Филипче.Тој потенцираше дека лагите на Максим Димитриевски и неколкумина, заради лични интереси, го искористија и злоупотребија гласот на оние кои сакаат искрени промени во СДСМ, но наместо коректори на политиките гласовите го вратија стариот познат режим на ВМРО-ДПМНЕ.„Вашиот протестен глас, без ваша намера, помогна токму ВМРО да се врати на власт. Сите го чувствуваме тоа денес. Се вратија партизацијата, стравот, неспособноста. Сега веќе е јасно дека нема трети патишта. Или има силна опозиција, или ВМРО ќе владее без контрола, со поделени луѓе кои веруваат во социјалдемократската идеја“, потенцираше Филипче на конвенцијата.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarys4h1genlnsvb4IrF1pd

Филипче до членовите на СДСМ: Вие сте темелот на ова движење, заедно ќе се бориме за нашиот дом

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната Конвенција за промоција на кандидатите за градоначалници и советници рече дека во време кога е лесно да се каже „сите се исти“, откажувањето од одговорност значи препуштање на домот на самоволието, повикувајќи граѓаните да ги држат кандидатите и своите претставници одговорни, да ги проверуваат и да ги мерат според тоа кому служат, на партијата или на човекот.„До верните гласачи на СДСМ, вие сте темелот на ова движење, нашата меморија и наша совест. Кога било најтешко, вие ја држевте линијата на демократијата и знаевте дека СДСМ е секогаш правилната опција која е на страна на граѓаните и јавниот интерес“, рече лидерот, додавајќи дека токму нивната енергија, борба и верба се клучни за успехот на кампањата, за пренесување на искрената порака од маало до маало и од семејство до семејство, како и за враќање на гордоста што произлегува од работа, пристојност и чесност, за да се покаже дека левицата значи солидарност, патриотизмот е грижа за човекот покрај нас, а државноста е дисциплина и ред.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче се обрати и до оние кои се разочарале, но сè уште веруваат дека социјалдемократијата е правилниот избор и единствена опција државата да оди напред. „Да се биде социјалдемократ не значи да се биде совршен, туку да се има храброст да се исправат сопствените грешки. Признаваме дека не секогаш бевме она што граѓаните очекуваа, но без силен СДСМ единствената надеж Македонија да биде правична, човечна и демократска држава со јасна перспектива напред, пропаѓа. Борбата е за вредности, за нашите идеали и за тоа партијата да им служи на граѓаните“, заклучи Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryv569csl0tk2g6be9MOb

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче во своето излагање на денешната Конвенција за промоција на кандидатите за градоначалници и советници истакна дека партијата е обединета околу воспоставување на вредносен систем во кој патриотизмот и достоинството не се злоупотребуваат за партиски рејтинг, туку значат обезбедување безбедни, чисти и здрави средини за македонските граѓани, како и секојдневна грижа за тоа како животот на сите ќе биде подобар.„Патриотизам е да обезбедиш неповратни европски грантови за развој на државата, а не сомнителни кредити со камати кои ќе ги враќаме со децении, а од кои досега не гледаме ништо суштинско”, посочи Филипче.Лидерот на СДСМ нагласи дека граѓаните се најважното политичко семејство во Македонија, дека тие гласно и јасно сведочат за застранувањето на власта која очигледно прерано го изгуби тлото под нозете и која се води исклучиво од партиски интереси, и дека токму од оваа состојба произлегува потребата за побрза консолидација, зајакнување на меѓусебната солидарност и здружување на силите во борбата за заштита на заедничкиот дом на граѓаните.„Зад мене стојат нашите кандидати за градоначалници и советници, луѓе што живеат чесно, работат чесно и ќе служат чесно, професионалци, активисти, наставници, лекари, инженери, претприемачи, лица со интегритет, и токму од нив барам на овие избори својот збор да го дадат пред граѓаните, а не пред партијата, да работат со отворени врати, да се однесуваат скромно, да одговараат на секое прашање и да носат одлуки во јавен интерес“, укажа д-р Филипче, нагласувајќи дека токму ова е суштинската предност на СДСМ во однос на власта на ВМРО-ДПМНЕ и најважната разлика што ќе се одрази на квалитетот на локалната самоуправа.

Македонија | пред 4 месеци

filipce-ck-sdsm

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС беа тие што ја приватизираа државата, судството и институциите, беа предвесници на криминалот и корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ сега ги гради вистинските темели на промените

Скопје, 28 септември 2025 – ВМРО-ДПМНЕ денеска со остра реакција на изјавите на поранешниот министер за здравство Венко Филипче, обвинувајќи го него и СДСМ за, како што велат, „целосна амнезија и лицемерие“. Од партијата посочуваат дека СДСМ се обидува да се претстави како нов политички фактор, иако владеел цели седум години и, според нив, оставил зад себе „економска и институционална пустош“.„Филипче и СДС продолжуваат да се однесуваат како паднати од Марс. Како тие да не беа власт цели 7 години. Лажно се претставуваат пред македонскиот народ, како да првпат се појавуваат на политичката сцена“, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.Во својата изјава, ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Филипче дека токму за време на неговиот мандат се случиле некои од најтрагичните и најконтроверзни настани во поновата македонска историја, вклучително и пожарот во модуларната болница во Тетово, за кој јавноста сè уште бара одговорност.„Во времето на Владата на Филипче и СДС, народот живееше со 150 денари на ден, пензионерите беа на барикадите пред Влада, земјоделците протестираа, младите учеа од скрипти, а луѓе гореа живи во болници дизајнирани од Филипче. Корупцијата достигна рекордно ниво, а криминалците добиваа пасоши и слободно се движеа низ земјава“, велат од партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека, во последните 15 месеци откако ја преземаа власта, земјата започнала да се движи во позитивна насока – со зголемување на плати и пензии, намалување на корупцијата, и инвестирање во земјоделството, младите, спортот и социјалната заштита.„Промените се чувствуваат по само 15 месеци. Изборот е повеќе од јасен – мрачното минато на Филипче и СДС или светлата иднина на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во реакцијата.Со порака „Вистинскиот избор е ВМРО-ДПМНЕ – за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, партијата повторно апелира до граѓаните да не дозволат, како што велат, „враќање на оние кои веќе еднаш ја втурнаа државата во безнадежност“.

Македонија | пред 4 месеци

media-library70vafoupafmu1wz7FCQ

Филипче: Без силен СДСМ, пропаѓа надежта дека Македонија ќе биде правична, демократска и европска држава

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на Конвенцијата за промоција на кандидатите за градоначалници и советници, претседателот порача дека целта на СДСМ е да се обеди со цел да се спречи рушењето на заеднички дом и на сето постигнато во изминатите 34 години независна држава.„Да се биде социјалдемократ не значи да се биде совршен, туку да се има храброст да се носат исправни одлуки. Без силен СДСМ, единствената надеж дека Македонија може да биде правична, човечна, демократска држава со јасна перспектива напред, пропаѓа. Затоа научивме дека борбата е за вредности, борбата е за нашите идеали, борбата е да ја исправиме партијата на нозе за да им служи на граѓаните“, рече тој.Притоа тој истакна дека СДСМ е секогаш правилната опција која е на страна на граѓаните и јавниот интерес. Посочувајќи дека оваа кампања е за да се врати гордоста на граѓаните.„Ако ви е важна иднината на вашите деца, ако ви е важно државата да не стане сопственост на Мицкоски и луѓето околу него, ако верувате дека Македонија има шанса, дека Македонија има иднина, ако верувате дека мора да изберете луѓе кои се чесни, приземни, тогаш дајте ни ја поддршката. Нашите кандидати таа поддршка нема да ја изневерат“, рече Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

media-library0461dunk4ashbjr7qgM

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ вети економски развој, а рeaлноста е сурова- граѓаните живеат сè потешко

После сите големи зборови на ВМРО ДПМНЕ, по година и пол од нивната власта, реалноста је сурова - цените дивеат, платите тапкаат, институциите се претвораат во партиски канцеларии, а секојдневието е потешко од вчера, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р  Венко Филипче, на денешната Конвенција за промоција на кандидатите за градоначалници и советници.„Знам дека повеќето од граѓаните не гласаа од љубов кон нив, туку од надеж дека ќе дојде ред, достоинство и подобар живот. Баравте власт што ќе работи без изговори, што ќе ја средува државата. Тоа е чесна, нормална и очекувана потреба. Но денес, наместо план за иднината, гледаме тешка импровизација“, рече Филипче.Во обраќањето, Филипче посочи дека ВМРО ДПМНЕ вети поинаква држава, а ја вратија старата матрица.„Блиските добиваат, останатите се неважни. Ветија економија и развој, а денес се живее сè потешко и потешко. Платите не ги качуваат, цените не ги контролираат, земјоделците не добиваат поддршка, се задолжуваат за 8 милијарди евра. Фирмите молат за поврат на ДДВ кој им следува затоа што државата нема пари. Ова не е промената за која граѓаните излегоа на гласање“, рече Филипче и додаде дека ВМРО ДПМНЕ го злоупотреби гласот и волјата на граѓаните за промени.Како што кажа Филипче, мора да продолжи борбата против дивеењето на цените, против запрениот раст на платите и против претворањето на институциите во партиски канцеларии.„Да го свртиме вниманието и сите активности да ги насочиме кон луѓето, кон работниците, кон младите и пензионерите и сите заедници без исклучок. Да подадеме рака секому, водени од грижата, солидарноста, правдата, слободата и еднаквоста, порача претседателот наСДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Романец осомничен за тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против романски државјанин, осомничен дека во Скопје извршил кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.Осомничениот 41-годишник делото го извршил на 21 март, во Ѓорче Петров, кога на дрзок начин и со сила одзел златен ланец со крст од еден оштетен, тргајќи му го од вратот. Потоа почнал да претура по полицата од дневната соба, ја отворил фиоката и одзел 2.500 денари. Така осомничениот се стекнал со вкупна противправна имотна корист во износ од 11.500 денари, по што веднаш се дал во бегство.Имајќи предвид дека станува збор за странски државјанин без регулиран престој во државава, јавниот обвинител оцени дека постои опасност од бегство и до Судот достави предлог за определување мерка притвор.

Скопје | пред 4 месеци

media-library2c113j8gfnrgeZ8i8zi

Филипче: Власта на ВМРО-ДПМНЕ е неспособна, расипничка и нечесна пред граѓаните

На Конвенцијата за промоција на кандидатите за градоначалници и советници, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче оцени дека државата „живее под последиците на апсолутна власт“ која работи за себе, а граѓаните ги става на последно место. Тој повика на обединување за да се одбрани „заедничкиот дом“ и да се врати достоинството на народот.„Ние денес живееме во држава и општество кои се жртви на прераната изгубеност на една апсолутна власт,“ рече Филипче, опишувајќи ја актуелната власт како „неспособна, расипничка, нечесна и неискрена“ кон луѓето што ѝ го довериле мандатот, а истовремено „арогантна, дистанцирана од народот и лажно самоуверена“.Според него, периодот е доволно долг за реална оценка: „Помина речиси година и пол откако ВМРО-ДПМНЕ има целосна централна власт и четири години откако имаат мнозинска локална власт. Ова е доволно време граѓаните да видат со кого си имаат работа. Наместо резултати, рече тој, „власта продолжи со старите политики на лажен ПР, напади врз опозицијата, партизација на институциите и нејасна стратегија за тоа каде ја водат државата и граѓаните“, рече Филипче.Вo обраќањето Филипче порача дека одговорот на СДСМ ќе биде решителен и обединет.„Наша должност е да ја запреме разулавената власт. Наша должност е да се обединиме и да го спречиме рушењето на нашиот заеднички дом и на сето она што сме го постигнале“, рече Филипче.Тој најави јасен отпор кон авторитарни тенденции, злоупотреби и партизирање на институциите.„Денеска сме тука за да го вратиме достоинството на народот, да ја заштитиме државата од опасноста да стане партиска сопственост и да се спротивставиме на оние што работат само за себе“, рече Филипче.Во обраќањето беа посочени и последиците по стандардот на граѓаните, со порака дека СДСМ ќе се спротивстави на „лажниот патриотизам што служи за манипулација“ и на секоја форма на режим што носи „темнина, застој и угнетување“.

Македонија | пред 4 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Отворена истрага за четворица осомничени за бомбашкиот инцидент во Битола

Основното јавно обвинителство Битола отвори истрага против четири лица осомничени за инцидентот од 12 јули, кога на улицата „Охридска“ во централното подрачје на градот експлодираше рачна бомба.По извршеното вештачење, проценетата штета на околните објекти и паркираните возила изнесува 405 илјади денари. Поради тоа, делото е преквалификувано од „Предизвикување општа опасност“ во „Тешки дела против општата сигурност“ според член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.Обвинителството утврди конкретна улога на секој од осомничените – едниот се товари за поттикнување, а останатите за соизвршителство и помагање. Со доказниот материјал е идентификуван и лицето што ја поседувало и активирало експлозивната направа – рачна бомба М-75, па против него е покрената истрага и за неовластено држење и тргување со оружје и експлозивни материи.На тројца од осомничените веќе им е продолжен притворот од осум на 30 дена, додека четвртиот е недостапен за органите на прогонот од моментот на извршувањето на делото.

Македонија | пред 4 месеци

buckovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Бучковски станал заложник на политиката на двоецот Заев-Филипче, заради амнестијата на неговиот криминал

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција на изјавите на поранешниот премиер Владо Бучковски, обвинувајќи дека тој станал „заложник“ на политиките на поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, поради амнестијата за, како што велат, неговиот криминал.„Да имаше Бучковски интегритет да го реши проблемот со Бугарија и евроинтеграциите, ќе го направеше тоа уште тогаш кога Заев и судско-обвинителската мафија му го амнестираа криминалот со тенковските делови и го поставија за преговарач“, стои во реакцијата на партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Бучковски ја искористил функцијата за лична рехабилитација наместо за решавање на спорот со Бугарија. „Доколку денес му асистира на двоецот Заев – Филипче, тоа е јасен знак дека зад ваквите изјави стои нечист политички договор,“ велат од опозицијата.Партијата нагласува дека Бучковски останал еден од ретките кои јавно ги бранат политиките на поранешната влада, што според нив е „алармантен сигнал“ во пресрет на изборите. „Ова е најава за ново предавство кое СДСМ и истите луѓе ќе се обидат повторно да го спроведат. Затоа потребна е масовна казна на избори,“ се наведува во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека јавноста мора будно да ги следи сите потези и дека политичарите кои ја користат државата за лични интереси ќе бидат соочени со одговорност.

Македонија | пред 4 месеци

media-library4l83fipe3dqn2wV4P9g

Меџити: Се реконструира улицата „5 Мај“ во Серово, не даваме празни ветувања туку реализираме конкретни инвестиции

Првиот потпретседател на Владата и воедно кандидат на коалицијата ВЛЕНза градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити денеска ги следешеработните активности во улицата “5 Мај“ во населбата Серово.“Денеска сум овде, на улицата „5 Мај“ во населбата Серово, за да гиследиме работните активности  за еден толку значаен проект кој едиректен одговор на барањата на нашите граѓани”, истакна Меџити.Тој појасни дека со целосната реконструкција на оваа улица, одкрстосницата со улицата “ЛПК“ до паркингот кај комплексот „Чаирчанка“,се презема конкретен чекор кон урбан развој и создавање подобри условиза живот на жителите.“Вредноста на овој проект е околу 5 милиони денари и истиот е финансиранод Владата. Оваа улица е од особено значење бидејќи се наоѓа вонепосредна близина на комплексот “Чаирчанка”, кој сè повеќе се развиваво интегрирана станбено-деловна зона“, изјави тој.Меџити најави дека паралелно со реконструкцијата на улицата е подготвени проект за изградба на катна гаража, со што ќе се реши сериозниотпроблем со паркирањето во овој фреквентен дел на Чаир.“Нашиот пристап е јасен, не даваме празни ветувања, туку реализирамеконкретни инвестиции. Секој проект што го започнуваме е доказ за нашатаискрена посветеност и за визијата Чаир да се развива како функционална,модерна и организирана општина“, потенцираше Меџити.Понатаму, тој додаде дека ќе продолжи со работа и транспарентност.“Ќе продолжиме со работа, транспарентност и постојана грижа, затоа штограѓаните заслужуваат да бидат слушнати и достојно претставени“, истакнаМеџити.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarybq1jv9bfc69aatkBDaw

Шукова: Скопје за сите одржливо, паметно, солидарно, се бориме за нашиот дом со реални проекти и знаење

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ Каја Шукова ја презентираше својата конкретна програма и приоритети за подобрување на животот во градот.Шукова, ја претстави својата визија заСкопје за сите – одржливо, паметно, солидарно. Потенцираше дека преку знаење и реални проекти:,,Се бориме за нашиот дом со реални проекти и знаење".Во својот говор, Шукова нагласи дека Скопје мора да биде град со чист воздух, уредени улици, функционален јавен превоз, зелени површини и современо управување со отпадот. Таа истакна дека не ветува чуда, туку чесна и посветена работа, со транспарентна и отчетна власт.„Скопје не е експеримент. Граѓаните не се тука за некој да ‘проба’ уште еднаш. Јас нема да бидам градоначалник на партијата, ќе бидам градоначалник на граѓаните“, рече Шукова.Кандидатката презентираше дел од проекти кои вклучуваат:Воведување на 100 нови еколошки автобуси и БРТ систем за јавен превоз;Изградба на 15 нови паркови и засадување на 10.000 нови дрвја;Модернизација на комуналната хигиена, воведување подземни контејнери и редовно собирање отпад;Технолошки парк на Град Скопје место каде стартапите, иноваторите и претприемачите ќе најдат сè што им треба на едноместо: канцеларии, лаборатории, менторска поддршкаи пристап до инвеститори;Изградба на нови училишта и младински центри;Поддршка на културни настани и уметнички фестивали;Воведување отворен буџет и дигитални услуги за транспарентно управување со јавните средства.Шукова истакна дека нејзиниот тим се состои од експерти за урбанизам, сообраќај, екологија, економија, култура и спорт, младин кои ќе ја спроведуваат визијата за подобрување на животот во Скопје.,,Јас не барам поддршка ‘против некого’, туку поддршка за вас, за вашите семејства, за вашите деца. Ајде заедно да го изградиме Скопје како модерен, европски, зелен и хуман град“, заклучи Шукова.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryl0sghj84ckad2GSR8dF

Филипче: Каја е чесна и работлива, глас за неа е глас за чисто Скопје

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска беше на промоција на изборната програма на кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, и порача таа да остане чесна и работлива затоа што зад неа стои визија за поинакво и поубаво Скопје.„Остани чесна, работлива, отворена, искрена, како што си, среди ги улиците, исчисти ги депониите. Осветли ги и направи ги побезбедни за децата да можат спокојно да одат до училиште. Среди ги и паркинзите да има повеќе паркинзи, среди ги најпотребните раскрсници. Сите знаеме кои се тие. Среди го кејот, да не личи на некоја запуштена џунгла. Кеј на кој што сите ќе одиме и на кој ќе може да спортуваме. Едноставно врати му ја душата на Скопје“, и порача Филипче на кандидатката за градонаалничка Каја Шукова.Притоа тој истакна дека нејзината програма не е само политички документ туку план за чист град и достоинствени граѓани правен на база на анализа од тим  на есперти кои се залагаат за вистинска грижа за градот.„Програмата на Каја не е само политички документ. Ова е резултат на работа, на анализа, на вистинска грижа за град. И Каја не е сама,  со неа се искучителни кандидати за Советот на град Скопје, експерти, активисти, луѓе што знаат, можат и умеат. Се бориш со луѓе и против кандидати во споредба со кои мислам дека имаш инает и многу легитимитет и кредибилитет да излезеш пред граѓаните и да бараш довербата. Ние ќе покажаме дека може поинаку. Ќе покажаме дека постои политика што не почнува и не завршува со прес конференција. Политика што не се плаши од работа. Каја Шукова има јасна визија за Скопје и да ја ќе ја спроведе. А ние сме тука да ја подржиме, не со зборови. Туку со цел тим, со цела платформа и со целата одговорност“, рече Филипче на промоција на исборната програма.На крајот, тој испрати апел до граѓаните на 19 октомври да излезат и гласаат и да не дозволат некој друг да одлучи за судбината на градот.„Гласот за Каја Шукова е глас за модерно, чисто и функционално Скопје“, заврши тој.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryki0q1gpj89ch1dFxYnH

Трајковски алармира: Од ОХИС се шири неподнослив мирис, граѓаните стравуваат од линданот

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од редовите на СДСМ, Горан Трајковски, предупреди дека во околината на фабриката ОХИС се шири силен и непријатен мирис, кој предизвикува страв кај граѓаните дека може да е поврзан со токсичниот линдан складиран таму.„Мирисот е толку интензивен, особено во вечерните часови, што населението од Пинтија, Усје и Градинар информира дека наликува како да живеат во самиот круг на фабриката. Сосема оправдано стравуваат дека причинител на ова може да е линданот“, напиша Трајковски на својот профил на Фејсбук.Тој побара од надлежните институции веднаш да реагираат со: • итна инспекција и мерења на загаденоста на терен, • јавно информирање за изворот на мирисот и утврдување дали е поврзан со линданот, • привремени мерки за заштита на локалното население, доколку мерењата покажат токсичност.„Здравјето на нашите сограѓани е во прашање – неопходно е веднаш да се реагира“, нагласи Трајковски, додавајќи дека доколку биде избран за градоначалник, ќе преземе сè што е во негова надлежност за заштита на здравјето на граѓаните.Линданот во ОХИС со години претставува една од најголемите еколошки закани во земјава. Дел од залихите се уште не се безбедно отстранети, а стручната јавност повеќепати предупредувала дека секое нарушување на складираните депонии може да има сериозни последици по здравјето на населението и животната средина.

Скопје | пред 4 месеци

skopje-vodno-zagadeno-magla2

Потрага на Водно: Исчезнат полски државјанин, ангажирани полицијата, Црвениот крст и ДЗС

Голема потрага е во тек на падините на планината Водно по машко лице, државјанин на Полска, чие исчезнување било пријавено на бројот за итни повици 112. Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ги координирал сите надлежни служби за спасување. Според информациите од ЦУК, по добиената пријава, веднаш биле известени Министерството за внатрешни работи, со насока да формира специјален тим за пребарување, како и Црвениот крст. Потрагата по лицето веќе е започната, а тим за заштита и спасување од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) е упатен на локацијата каде што последно е пријавено дека е видено или изгубено лицето.Во моментов нема детали за идентитетот на исчезнатиот, ниту за околностите под кои исчезнал. Се очекуваат повеќе информации од надлежните служби во текот на вечерта.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryo7sbklmrr3j120uVW5d

Меџити: Улицата „Максут Садик“ пред завршување, значајна инвестиција за Чаир

Денес, првиот Заменик премиер и воедно кандидат на коалицијата ВЛЕН заградоначалник на општина Чаир, Изет Меџити ги следеше работите зареконструкција на улицата “Максут Садик“ во Чаир, значаенинфраструктурен проект кој го поврзува овој дел на општината собулеварот „Никола Карев“ и со Универзитетот „Мајка Тереза“, каде штонаскоро ќе се изгради современ универзитетски кампус.Станува збор за инвестиција од околу 220.000 евра, која се реализира соподдршка на Владата во рамки на Програмата за инфраструктурни проекти воопштините за 2025 година.„Денес сум тука заедно со вас за да го следиме напредокот нареконструкцијата на улицата ‘Максут Садик’. Оваа улица не е само обичнасообраќајница, туку важна артерија која го поврзува овој дел на Чаир собулеварот ‘Никола Карев’, со Универзитетот ‘Мајка Тереза’, каде штомногу скоро ќе никне модерен универзитетски кампус. Ова е инвестиција одоколу 220.000 евра, која се реализира со поддршка на Владата во рамки наПрограмата за инфраструктурни проекти во општините за 2025 година“,изјави Меџити.Работите, како што тој истакна, се одвиваат со брзо темпо и проектот сеочекува да заврши за две недели.“Ова значи дека жителите од ова населба, а особено ромската заедница,која со години чекала подобри услови за движење, конечно ќе добијатинфраструктура каква што заслужуваат“.Меџити додаде дека овој проект не се однесува само на асфалтирање, тукуи на конкретна посветеност кон заедницата.“За мене ова е повеќе од асфалт и нова улица. Ова е потврда дека когаВладата и општината ќе застанат заедно, резултатите стигнуваат долуѓето. Ова е пример за тоа како конкретни дела ја менуваатсекојдневната реалност“, нагласи тој.Меџити уште еднаш го потенцираше своето лично залагање за развојот наопштината.“Како човек кој целиот свој живот го поминал во Чаир, добро ја знамсекоја улица и секој проблем. Мојата посветеност е јасна: да обезбедименови инвестиции, нови услови и нова енергија за Чаир. Ова е самопочеток. Чаир има потенцијал, има сила и ќе го има развојот што гозаслужува“, оцени Меџити.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarysldi97ofvvrp3BpP55E

Костовски: Мега проект во општина Бутел, потпишан договор за нова модерна поликлиника

Во просториите на Министерството за здравство денес беше потпишан договорот за спроведување на групна набавка за изградба на нова, модерна поликлиника во општина Бутел.Договорот го потпишаа министерот за здравство Азир Алиу и градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски. По повод потпишувањето, Костовски преку објава на социјалните мрежи информираше дека ова е „историски миг за граѓаните на општина Бутел“ и дека поликлиниката ќе ги исполни највисоките стандарди за безбедност и квалитет.„Ви ветив и ќе остварам! Со овој проект нашите жители конечно ќе добијат современ здравствен центар. Благодарност до премиерот Христијан Мицкоски кој стои зад овој мега проект,“ напиша Костовски.Тој најави дека новата поликлиника ќе нуди широк спектар на здравствени услуги и ќе биде лоцирана на местото на старата амбуланта, согласно деталниот урбанистички план. Изградбата треба да започне наскоро.„Со нетрпение го очекувам денот кога ќе го поставиме камен-темелникот,“ додаде градоначалникот во објавата, оценувајќи дека проектот претставува значаен чекор за општината.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarypcnerqnn8gsv8u9t0rv

ЦИВИЛ: Злоупотребата на деца во изборните кампањи мора да престане

Во пресрет на локалните избори, чија официјална кампања ќе започне за неколку дена, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ регистрира повеќе случаи на злоупотреба на деца и малолетници во политичките активности.Политичката злоупотреба на деца е строго забранета со закон! Член 12, став 4 од Законот за заштита на децата јасно утврдува: „Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“.ЦИВИЛ потсетува дека секое дете има право на достоинствено и безгрижно детство, ослободено од дневнополитички битки. Местото на децата е надвор од политиката! Наместо злоупотреба, политичките партии и нивните поддржувачи мора да придонесат за заштита на најмладите.Државата и институциите се должни да обезбедат услови за здрав, нормален и достоинствен развој на децата – физички, ментален, духовен и социјален.ЦИВИЛ повторно апелира до институциите, партиите, медиумите и родителите: веднаш да престане вовлекувањето на децата во политиката. Институциите мора да реагираат со решителни санкции против сите кои ќе се обидат да ги користат децата за свои политички цели.Заштитата на децата е законска обврска, а злоупотребата мора да престане – веднаш!

Македонија | пред 4 месеци

information

Утре затворен за сообраќај дел од ул. „Димитар Влахов“

Поради неодложни активности кои се однесуваат  на фекалната канализација,  утре – 27. 09 2025г.  дел од улицата „Димитар Влахов“ од пред зградата на Општина Охрид до пресекот со улица „Македонски Просветители“ ќе биде затворена за сообраќај.Се замолуваат охриѓани да ги почитуваат времените сообраќајни правила и мерки. Градежните активности ќе ги реализираат надлежните служби на ЈП „Нискоградба“.

ОО | пред 4 месеци

media-library3islrm5r51m6dNWc749

Нов асфалт на „Дејан Војвода“, „Сатеска“ и „Петар Поп Арсов“

Со финансиска поддршка на Општина Охрид , денеска се асфалтираа околу 1 700 м2 од улица „Дејан Војвода“.Во текот на утрешниот ден нов асфалт ќе биде поставен и на делови од улиците „Сатеска“ и „Петар поп Арсов“.Овие активности се дел од годишната програма за уредување на градежно земјиште на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид.

ОО | пред 4 месеци

media-librarya94tg3p2hk6kcFaBow0

Тошковски: Стабилна безбедносна состојба во Дебар – ГП „Блато“ станува мост на поврзување со Албанија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на ОВР Дебар при што го посети и Граничниот премин „Блато“ кој се наоѓа во близината на Дебар.Министерот Тошковски со раководството на ОВР Дебар беше информиран дека безбедносната состојба во целиот регион е стабилна со значително подобрени резултати во справувањето со насилниот криминал, имотните деликти и унапредување на сообраќајната безбедност. На средбата раководството го информираше министерот дека веќе активно се преземаат оперативни активности во насока на обезбедување мирен, безбеден и демократски изборен процес.„Што се однесува до Граничниот премин „Блато“ евидентиран е значително поголем број на патници од минатата и претходните години. Преминот станува вистинска мост на поврзување за граѓаните кои одат на одмор во соседна Албанија и туристите кои доаѓаат на одмор, бањско лекување, викенд престој, роднинските посети, домашни веселби, како и шопинг. Со тоа, нашата соработка со албанските колеги е насочена кон имплементација на системот „One Stop“, кој преку дополнителни инфраструктурни решенија ќе обезбеди трајно намалување на гужвите и поефикасен проток на патници и возила како во текот на целата година а посебно за периодите на зголемен туристички сообраќај“, истакна министерот Тошковски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryb0gkib3gnqiq1PlcPAU

(Видео) Шукова: Не се пазарам за лични интереси, Каја нема да биде кандидат за пратеник

Каја Шукова, кандидатка за градоначалник на Скопје и потпретседателка на СДСМ, вечерва е гостин во Претрес со Ландов.Шукова се залага за достапност и транспарентност во работата на функционерите.Јавноста вели, има право да биде информирана.Шукова ја доби довербата од СДСМ да биде кандидат за градоначалник на Скопје, откако во јавноста се појавија имињата на Мишко Ралев и Ѓорѓи Галетановски.,,Не би рекла дека станува збор за нивно извисување. Јас се самокандитирав за градоначалник и поднесов програма.Јас не лажам, кога не знам прашувам. Никој во животот не може се да знае”, вели Каја Шукова на која повеќе и се допаѓа Скопје од пред 20 или 30 години кога немало толку многу високи згради.Подобрување на квалитетот на воздухот, вели, започна во времето на Петре Шилегов за потоа повторно да се врати старата состојба.Таа говореше за состојбата со несреќата во Трубарево. Дозволата за работа е обновена во 2021, но се бара мислење од општината. Управата за животна средина ја потпишува дозволата.Нагласи дека била министер за животна средина година и четири месеци.,,Имам доволно искуство за оваа работа.Не треба да се бега кога е тешко заради лични интереси.Нема пазар дали ако загубам на изборите ќе бидам кандидат за пратеник. Каја нема да биде кандидат за пратеник”, вели Шукова.

Скопје | пред 4 месеци

media-library76jvfjrm8rnu2dYIec2

Ласовска: Ако СДС има соломонско решение како да се реши проблемот со правосудството нека го каже, а не да ги блокира реформите

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“, вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска, која дискутираше на повеќе теми како правосудство, и актуелни политички случувања, меѓу кои беше и темата за случувањата околу пожарите и притоа потенцираше дека овие настани не се во корист на Владата, а за тоа доказ се директорите на Дрисла и комунална хигиена кои се токму од опозициската ДУИ.„Очигледно е дека она што го гледаме и со депониите и со ѓубрето дека потребни се казни, мора и казни да постојат за некој којшто го уништува јавното добро. Во времето кога беше СДС на власт, јас се сеќавам дека Законот за прекршоци се смени и законските казни се многу мали, мораме да интервенираме во Законот за прекршоци да се направат високи казни за вакви нешта. Не може владејачка партија да креира паника, која е апсолутен фаворит на овие избори , и јас кога слушав дента дека има три пожари,  и верувајте не само јас. Еве една анкета да направиме ќе ви кажат дека овие пожари не се случајни. Директор на Дрисла е ДУИ, директор на комунална хигиена е ДУИ. Е сега да видиме на кого му одговара да крева паника кај граѓаните? Се разбира на ДУИ“, објасни Ласовска.Пратеничката Ласовска му реплицираше на пратеникот Снопче кој исто така беше дел од дебатата и гостин во емисијата, при што потенцираше:„Која е потребата колега Снопче да го браните ДУИ кога до вчера бевте со нас во Владата?  Колегата спомна дека добра реакција имаше во моментите кога министер за здравство беше вашиот сопартиец Таравари тоа ние не го спориме, и сега вие наместо тоа да го кажете вие го браните ДУИ“.Ласовска се осврна и на темата за правосудството во земјава, и потенцираше дека по завршувањето на локалните избори кои следат потребно е да се изнајде решение за проблемите со правосудството во Македонија, при што во реплика на пратеничката од опозициската СДС, Сања Лукаревска, истакна:„Ако вие имате соломонско решение како да го решиме проблемот со јавното обвинителство и со судството кажете. Кога излегуваме на избори втор пилар наш беше борба против корупција и криминал и владеење на правото“.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања