Промени тема
За нас Контакт
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Ева Петковска

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Жена го пријавила мажот за насилство, а по неколку часа тој пријавил дека таа го тепала

Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 13:00 часот, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, кој ѝ го одзел и мобилниот телефон.Подоцна, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје исто така пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга, и тоа во истиот временски период околу 13 часот.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Вучиќ свика итен состанок за енергетската состојба, за провладините медиуми причина се проблемите со НИС

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес во 17 часот свика итен состанок со енергетскиот тим поради, како што објави РТС, „актуелната состојба со компанијата НИС“. РТС остана без дополнителни детали, додека провладините медиуми проценија дека итноста на состанокот укажува на „можни лоши вести“ во врска со преговорите за НИС.Состанокот е закажан само неколку часа по средбата на Вучиќ со американските конгресмени Мајкл Тарнер и Доналд Норкрос. Претседателот на Инстаграм порача дека функционирањето на НИС и енергетската безбедност се од клучно значење за Србија, изразувајќи уверување дека отворените прашања наскоро ќе бидат решени.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryk5ihj9l073l9czr9KOG

Управник на зграда во Србија поднесе оставка по обвинувања за „фрлање црна магија“

Управник на станбена зграда ви Србија, поднесе неотповиклива оставка откако дел од станарите го обвиниле за дискриминација, вербални напади и дури „фрлање црна магија“. Фотографијата од неговото известување, објавена на платформата X, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.Во оставката управникот наведува дека станарите го обвинуваат за несоодветно однесување и дека во рок од десет дена треба да изберат негов наследник. Документот е потпишан со ироничната забелешка „Сосема обична оставка во Србија“.Иако оставките во станбените заедници најчесто се поврзуваат со недоверба или неисполнети обврски, во овој случај токму обвинението за „црна магија“ било пресудно да се повлече од функцијата.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Европа излегува со контра-предлог до Трамп: Украина да биде заштитена од САД како да е дел од НАТО

Украина и нејзините европски сојузници ќе инсистираат дека разговорите со Русија за какви било териториски размени можат да се случат само откако ќе престане војната по сегашната линија на контакт, според луѓе запознаени со контра-предлогот што ќе им биде презентиран на САД во Швајцарија.Се чини дека и Трамп го намалува притисокот врз Киев бидејќи предлогот за мировен договор не е конеченТој на прес концеренција изгледаше помалку самоуверен во барањето Украина да се согласи со контроверзниот предлог што би вклучувал отстапување од територија на Русија, значително намалување на вооружените сили на Украина и давање на САД голем удел во идната реконструкција на земјата.,,Не, тоа не е мојата последна понуда.Сакам да склучиме мир; требаше да се направи одамна, мора да го завршиме на еден или друг начин”, одговори Трамп.Според условите предложени од САД, Украина ќе мора да ги повлече трупите од делови од источниот регион Донбас што Русија не успеа целосно да ги окупира. Областа ќе стане демилитаризирана тампон зона, меѓународно призната како руска.Москва, ќе добие признание за Крим, Луганск и Донецк.Предлогот на САД, кби ја ограничил големината на вооружените сили на Украина на 600.000 лица.Европските лидери, заедно со членовите на Групата седум, Канада и Јапонија, се спротивставија на идејата дека границите на Украина би можеле да се намалат или дека вооружените сили би можеле да бидат ограничени.

Свет | пред 4 месеци

media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволи да се случи настанот, бараме одговорност за пропустите на концертот на Аца Лукас

СДСМ бара одговорност за скандалот кој се случи во Кавадарци и на сред настап е приведен Аца Лукас. На концертот велат, имало преку 700 луѓе во локал кој по закон не смеело да има ниту 200.„Ова значи дека и полицијата на Тошковски и општината на Јанчев знаеле за концертот, знаеле дека нема безбедносни услови тој да се одржи и ништо не презеле, дозволиле истиот да се случи, а дури во текот на настанот да биде прекинат.МВР, Тошковски и Јанчев мора да ги одоговорат:Зошто воопшто е дозволено настанот да започне и да влезат 700 луѓе?Зошто и покрај тоа што јасно ги прекршиле безбедносните протоколи организаторите и сопственикот на локалот не се повикани на одговорност?Дали дискотеката ги запазила сите прописи, дали е регистрирана како ноќен клуб и кабаре, дали вака не е потенцијал за ново Кочани?Дали ништо не научија МВР и Тошковски повторно дозволува да се случуваат ризични настани по безбедноста на граѓаните како оној во Кочани?Дали МВР намерно дозволиле повеќе часови да се одржи настанот па дури потоа го прекинат?СДСМ бара итно да се отвори истрага и да се санкционираат сите кои дозволиле да се случи настанот, од МВР кои ништо не презеле па се до организацијата.Тошковски мора итно да излезе и да одговори и да понесе одговорност”, стои во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarybj0u7ip9iloj4oBcP7O

Продолжува серијата трагедии семејството на Кенеди: Внуката Татјана Шлосберг има рак и само една година живот

Татјана Шлосберг, внуката на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, откри дека ѝ е дијагностицирана тешка болест, а лекарите ѝ соопштиле дека ѝ преостанува помалку од една година живот.Татијана, ќерка на Каролин Кенеди (67) и дизајнерот Едвин Шлосберг (80), дознала за болеста во мај 2024 година, само неколку часа по раѓањето на нејзината ќерка.Во текст за магазинот New Yorker таа напиша дека првично воопшто не ѝ било јасно дека лекарите зборуваат за неа:„Не можев да поверувам. Не се чувствував болно. Напротив, се сметав за една од најздравите личности што ги познава”, вели Каролин.Таа е новинарка, чија специјалност е климатологија, мајка е на две деца и беше отворен противник на позицијата на нејзиниот роднина Роберт Ф. Кенеди помладиот, како секретар за здравство на САД кај претседателот Доналд Трамп.Семејството Кенеди со децении е поврзувано со серија несреќи и трагедии, од атентатот врз Џон Ф. Кенеди, до смртта на многу членови во несреќни околности.

Свет | пред 4 месеци

media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB

Среде ноќ со секира го удирала невенчаниот сопруг

Утрово во 04:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека Џ.Р.(34) физички, а потоа и со секира, го нападнала нејзиниот 40- годишен невенчан сопруг.По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 месеци

Bitcoin-Gold

Драматичен пад на биткоинот

Вредноста на биткоинот падна за 8,16 проценти и тоа на на 73.068,37 евра на најголемата светска берза за криптовалути Binance, што е најниско ниво во последните седум месеци.Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа е 109,11 милијарди евра, што е значително повеќе од вчера и укажува на распродажба на ризични средства, вклучувајќи ги и криптовалутите, поради загриженост за можна преценка на акциите на технолошките компании, објавува Coindesk.Индексот на страв и алчност за биткоинот моментално е на ниво 14 во категоријата „екстремен страв“, што е мало подобрување во споредба со вчера кога беше на ниво 11 во истата категорија.Етереум падна за 8,46 проценти на 2.391,25 евра, додека Binance Coin падна за 8,48 проценти на 715,73 евра.Криптовалутата Solana падна за 9,61 проценти на 110,55 евра.Биткоин, Етереум и Солана се најтргувани криптовалути.

Свет | пред 4 месеци

zakani

Јанчев: 700 лица во локал за 200, не дозволувам Кочани сценарио

Настапот на српската ѕвезда Аца Лукас во Кавадарци бил прекинат поради сериозни безбедносни пропусти, непријавен ангажман и прекршување на правилата за работа на локалот, потврди градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев во објава на неговиот профил на ФБ пренесен од изјава за КТВ Телевизија.„Нема да дозволиме Кочани сценарио. Безбедноста е прва”, дециден е Јанчев.Претходно било побарано од Општина Кавадарци дозвола за поставување опрема за настанот на Аца Лукас.„Комисијата утврди дека нема услови за тоа, поради безбедносни причини. На 14.11 барањето беше одбиено, а сопственикот беше писмено и усно информиран”, рече Јанчев.Тој истакна дека локалот има капацитет од 200 гости, а внатре биле затекнати дури 700 лица.„Не смееме да дозволиме да се повтори трагедија како онаа во Кочани. Локали пренатрупани со гости, без почитување на безбедносните мерки, тоа во Кавадарци нема да помине. Ангажманот на самиот изведувач не бил пријавен ниту во Агенцијата за вработување, ниту во Министерството за труд, што претставува дополнителен прекршок” вели Јанчев.Лукас настапувал без дозвола, доби парична казна и прекршочна пријава.

Македонија | пред 4 месеци

media-library1jrn19i885fbbsvyQaD

Политичарите поважни од уметноста: Одложена претстава во битолскиот театар поради прослава на Денот на албанската азбука

Претставата „Жиголо“ на НУ Народен театар Битола синоќа не се одржа, откако влезот кон Новата сцена беше затворен од страна на Министерството за внатрешни работи поради засилени безбедносни мерки. Иако актерската екипа била подготвена, а пред службениот влез имало голем број посетители, претставата морала да биде одложена непосредно пред почетокот.Од театарот велат „системот го „киднапираше” театарот.Од театрот информираат дека МВР околу два часа пред претставата ги известило дека паралелниот настан во НУ Центар за култура Битола бил проценет како настан со висок безбедносен ризик, поради присуство на високи гости, меѓу кои и албанскиот политичар Албин Курти и Изет Меџити, кои присуствувале на прославата на Денот на албанската азбука. Поради тоа, полициски службеници го пломбирале влезот на Новата сцена, со што било спречено одржувањето на театарската претстава.Од театарот јавно реагираат дека ваквиот потег е некоректен – не само кон институцијата и ансамблот, туку пред сè кон публиката. Луѓе.Посетителите кои купиле билети ќе можат од понеделник да ги рефундираат средствата или да извршат замена за друга претстава во просториите на театарот.

Македонија | пред 4 месеци

semejno-nasilstvo

Силување и физичко малтретирање во Дојран, се бара притвор за силувачот

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи постои основано сомнение дека тој на 19 ноември, со употреба на сила и спротивно на јасно изразената волја на една оштетена ја принудил на сексуален однос.Жртвата, со која претходно биле во подолга врска која таа ја прекинала, ја пречекал пред работното место и ја викнал да влезе во кола за да разговараат и да ја однесе дома. Но наместо тоа, со автомобилот свртел по полски пат, па во возилото ја удирал по лицето и и се заканувал дека не смее да биде во врска со друг. Кога застанал, оштетената излегла од автомобилот, но тој со шлаканици и боксови ја вратил во возилото и ја принудил на полов однос на кој таа постојано се спротивставувала.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarydp2o1s4498re5745HQ7

Европа на воз: Берлин-Копенхаген за 4 часа, Минхен-Рим за 6, а од Скопје до Атина за 5 часа

Европската комисија гради акциски план за забрзано развивање на брзата железничка мрежа низ цела Европа.Целта е да се преполови времетраењето на патувањето меѓу големите градови до 2040 година така што ќе се изградат нови пруги и ќе се обноват постојните за возовите да можат да постигнуваат брзина од барем 200 километри на час. Главната цел е патувањето со воз да стане попривлечно од летовите на кратки релации, да се подобри поврзаноста и транспортниот систем на ЕУ да биде поефикасен и поеколошки.Комесарот за транспорт Апостолос Ѕиѕикостас изјави:,,Брзата железница не е само за да се забрза патувањето, туку за да ги обединиме Европејците, за да си ја зајакнеме економијата и за да преземеме водство во глобалната трка за одржлив транспорт”.Патниците ќе патуваат од Берлин до Копенхаген за четири часа, наместо сегашните седум часа. Времето на патување од Софија до Атина ќе се скрати од сегашните 13 часа и 40 минути на шест часа, а патувањето меѓу Виена и Берлин ќе трае четири часа и 30 минути, наместо сегашните осум часа и 10 минути.“Побрзото патување меѓу европските главни градови е опиплив и прагматичен резултат на нашата волја да ја направиме Европа пообединета и поефикасна”, рече потпретседателот на Европската комисија Рафаеле Фито.Вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија Гроздан Караџов и неговиот колега Александар Николоски, на почетокот на ноември потпишаа договор за подготовка, изградба и употреба на прекуграничен железнички тунел меѓу двете земји, со цел двата главни града, Софија и Скопјe, да се поврзат преку железница.

Свет | пред 4 месеци

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска против покачување на пензиите, а бара зголемување на сопствената плата

ВМРО-ДПМНЕ и денеска се огласи за одлуката на Уставниот суд за поведување постапка за член во Законот за линеарно покачување на пензиите. И денеска обвинувањата им се насочени кон судијата Добрила Кацарска.„Добрила Кацарска е на функцијата уставен судија како награда од СДС за добро завршената работа во случајот за 27 април.Јавноста ја памети Кацарска по нејзината улога на џелат во водењето на судски процеси, игрите со притворите, стигматизацијата, осудите на луѓето без пресуда, и политичко водење на случаите каде Кацарска пресуди над 200 години затвор за луѓето од 27 април.Кацарска сега сака да им го одземе зголемувањето од 7000 денари на пензиите на пензионерите, додека во исто време бара зголемување на сопствената плата.СДС молчи додека нивната продолжената рака во Уставниот суд Кацарска, бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари а укинување на пензиите од 7000 денари.СДС молчи и на дело ја покажува нивната незаитересираност за пензионерите, и ја продолжува праксата од нивно време каде пензионерите добиваа покачување за 150 денари.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се грижи за пензионерите”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 месеци

nikolovski-lj3

Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за мега - скандалот со ИПАРД средствата

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагира на како што вели, срамниот одговор што го добил од министерот Трипуновски за скандалот со суспензијата на ИПАРД средствата, кој воопшто според него и не содржи никакви информации ниту пак одговори.„Срамен и скандалозен „одговор“ добив од Министерството и Министерот во заминување на моите официјални барања. Барања во кои побарав јасно и конкретно:причините за суспензијата на ИПАРД, времетраењето на блокадата, бројот на загрозени корисници, последиците за земјоделците и планираните чекори за надминување на кризата.Наместо одговор на овие пет клучни точки, добив документ кој воопшто не одговара на ниту едно прашање. Нема факти, нема рокови, нема план.Собранието е понижено со ваков однос од министер кој и понатаму молчи, бега од пратенички прашања и одбегнува какво било соочување.А додека тој бега, земјоделците остануваат со блокирани исплати, блокирани проекти и замрзнати 130 милиони евра, без ниту една информација кога и дали проблемот ќе биде решен.Како претседател на Комисијата ќе продолжам да барам вистински одговори, затоа што институциите не смеат да молчат, а земјоделците не смеат да бидат оставени сами.“ стои во објавата на Николовски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Тетовец на ФБ договорил и зел капар од 1.200 евра, а нарачката никогаш не ја испорачал

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ј.(47) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на април 2025 година, маж од кичевско, преку страна на социјалната мрежа „фејсбук“, со пријавениот договорил нарачка за која платил капар од 1.200 евра, но иако рокот за испорака бил еден месец, Ш.Ј. не го исполнил договореното.

Македонија | пред 4 месеци

media-library4l9kvcu14iqcfvdTtqj

(Видео) Украинците напаѓаат со дронови: Гори термоцентрала близу Москва

По напад од украински дрон, избувна пожар во електраната Шатура, која се наоѓа на 130 км од центарот на Москва, објави агенцијата Интерфакс.„Утрово беше извршен напад со беспилотни летала врз електраната Шатура во државниот округ. Некои од беспилотните летала беа уништени од силите за противвоздушна одбрана, а неколку делови паднаа на територијата на електраната. Во зградата избувна пожар, кој е локализиран, а службите за итни случаи продолжуваат со својата работа“, објави гувернерот на Московскиот регион, Андреј Воробјов.Тој уверува дека снабдувањето со електрична енергија на Москва не е прекинато, бидејќи е префрлено на резервни линии, но по нападот, локалните канали почнаа да известуваат за прекини на електричната енергија во делови од Шатура, потврдувајќи ја сериозноста на ситуацијата.Електраната Шатура, со капацитет од околу 1.500 MW, е клучна за снабдување со електрична енергија на делови од Московскиот регион.Руската агенција за воздухопловство, исто така објави дека аеродромот Жуковски е привремено суспендиран поради присуството на беспилотни летала во регионот.Руските системи за воздушна одбрана собориле 75 украински беспилотни летала над девет руски региони во текот на ноќта, објави руското Министерство за одбрана.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryvioqfqg7bto9aLxCpGH

Катастрофални поплави во Албанија: Една жена загина, стотици жители се евакуирани

Поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, веќе ја земаа и првата жетва во Албанија, соопшти албанската полиција.Полицијата објави дека тело на жена на 76 години е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.Врнежите од дожд предизвикаа излевање на реките Вјоса и Семан, а според Агенцијата за цивилна заштита, во северозападниот регион Леже, околу 220 хектари земјиште се под вода.Постојат загрижености дека условите би можеле да се влошат, бидејќи се предвидуваат повеќе врнежи од дожд во наредните денови.

Свет | пред 4 месеци

media-library3r7bg77fr6gc2tf6zxB

Во Словенија се одржува референдум за „асистирано самоубиство”

Словенците денеска на референдум ќе гласаат „за“ или „против“ неодамна усвоениот Закон за помош при доброволно завршување на животот.Тоа е втор референдум за две години за потпомогнато самоубиство.Парламентот на Словенија во јули со 50 гласа „за“, 34 „против“, а тројца пратеници беа „воздржани“ го усвои Законот, откако минатата година на советодавниот референдум 55 проценти од гласачите го поддржаа правото на асистирано самоубиство.Словенија со ова стана прва источноевропска земја што го легализираше потпомогнато самоубиство, но набрзо се појави иницијатива за референдум за отфрлање на Законот, иницирана од група предводена од конзервативниот активист Алеш Примац и поддржана од опозицијата, црквата и некои здравствени експерти.Законот му дава на возрасен пациент, способен за донесување независни одлуки, право доброволно да го прекине својот живот, но само под строги услови:Ако страда неподносливо поради сериозна неизлечива болест или друго трајно нарушување на здравјето, ако опциите за лекување се исцрпени или ако третманот не дава разумно очекување за подобрување.Правото нема да биде достапно поради неподносливо страдање кое е одраз на ментална болест.Пациентот сам ја администрира активната супстанција за доброволно прекинување на животот, откако неговото барање ќе биде одобрено од посебна комисија.

Свет | пред 4 месеци

media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

АХВ спречи увоз на над 20 тони небезбеден помфрит и 2.000 кгр. небезбеден стек

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство, спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба од 23.05.2025 година.Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар.Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инсепктори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и издаденото решение.Во рамки на вонреден инспекциски надзор кај оператор со храна од животинско потекло, АХВ заплени и нештетно уништи и 2.000 килограми небезбеден пилешки стек. Поради непочитување на процедурите на добра хигиенска и производствена пракса, на операторот со храна изречена му е мерка времена забрана за работа и парична казна од 4.400 евра во денарска противвредност.Во рамки на редовните и вонредните инспекциски контроли на официјалните ветеринари и инспекторите за храна, АХВ продолжува со спроведување на мерки за заштита на граѓаните од консумирање на небезбедна храна со тоа и за заштита на нивното здравје, и за заштита на здравјето и благосостојбата на животните.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ прашува: Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

ВМРО-ДПМНЕ се огласија со соопштение во кое велат дека СДСМ веќе 4 дена нема никакви прес-конференции, ниту пак соопштение испратено до јавноста.„Да не говориме за нивниот претседател на хартија кој тек тук знае да се појави во јавноста кога не е во Дубаи на Харис Џиновиќ или пак на грчките плажи на јахтата со Заев и Трајановски. Дали во седиштето на СДС се изгасија светлата? Дали остана некој кој верува на политиките на Филипче? Ова што се случува во СДС е поради Филипче и послушноста кон Заев. Потребно е заминување на Филипче и оградување од Заев, тек тогаш СДС ќе се врати како опозиција која секогаш треба”, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 месеци

filkov-siljanovska-2

Орден „8 септември” за Кедев од Сиљановска-Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“Како што соопштуваат од нејзиниот Кабинет, орденот на Кедев ќе му биде доделен за храбриот придонес во конституирањето на самостојна и независна Република Македонија и за активното учество во развојот на македонската демократија, за особените заслуги во медицината, не само дома, туку и во европски и светски рамки, крунисани со членство во престижни научни меѓународни асоцијации.Натаму, велат и за уживањето посебен углед како врвен интервентен кардиолог којшто вовел иновативни техники и методи, извршил неколку илјади коронарни интервенции и над 1 600 транс-радијални каротидни стентирања, за исклучителните образовни и научни успеси, потврдени со 230 публикации со импакт-фактор на платформата „Wеb of Science“, H-индекс 36 и 13 650 цитати, за продлабочувањето на меѓународната соработка како почесен конзул на Индонезија.Орденот на Кедев исто така ќе му биде доделен и за историскиот подвиг во алпинизмот како прв Македонец којшто ги искачил 14-те светски планински врвови над 8 000 метри надморска височина, наведуваат од Кабинетот на претседателката.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarydk0af7rlrb8h0whcL8W

Србија урива рекорди: 10.000 евра за квадрат во „Белград на вода“, 66.000 евра за гаражно место

Цените на недвижностите во Србија во првата половина од 2025 година вртоглаво растеле и достигнале рекордни износи, покажуваат податоците на Републичкиот геодетски завод.Најскапиот станбен простор е продаден за 9.805 евра по квадрат на локацијата „Белград на вода“, а најскапата гаража на ,,Савски венац“ чини 66.000 евра.Во „Белград на вода“ е забележана и најголемата трансакција, стан е продаден за 1,8 милиони евра.Вртоглави цени и на куќите.Најскапата куќа е продадена за 3,8 милиони евра, а најскапото земјоделско земјиште за 1,2 милиони евра во општината Кула. Во Крагуевац, пак, најскапиот деловен простор достигнал вредност од 2,4 милиони евра.

Свет | пред 4 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-42-4450PM

Во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – ГП Деве Баир

Од рано утрово сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – ГП Деве Баир е во прекин поради одрон.На автопатот Скопје – Велес на неколку места се забележани помали одрони на патот, меѓутоа автопатот е прооден и Македонија Пат работи на санирање на истите.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarys78vkmjlp2391M6ar3f

Возете внимателно: На овие патни правци има одрони

Обилните врнежи од дожд од синоќа вече предизвикаа појава на одрони на патниот правец Делчево-Македонска Каменица.Поголеми одрони се регистрирани по напуштање на селото Очипала, во близина на месноста Баткова Чешма. На коловозот на оваа локација има расфрлано поголемо количество земја и камења.Покрај големите, поситни одрони се присутни на повеќе места долж целиот патен правец, што значително го отежнува одвивањето на сообраќајот и бара зголемено внимание од возачите.Состојбата дополнително се усложнува поради влажната коловозна површина и намалената видливост како директна последица од врнежите.Надлежните служби упатија апел до сите учесници во сообраќајот: да возат исклучително внимателно и со прилагодена брзина. Екипите веќе се на терен и работат на расчистување на патиштата.

Македонија | пред 4 месеци

vrnezi-dozd-vreme

Денеска дожд и температури до 16 степени, на планините снег

Утрово најстудено било во Лазарополе со измерени 0 степени.Следуваат: Крушево со 1 степен, Маврови Анови, 4 во Охрид, Претор, Прилеп, 5 во Битола, Куманово, 6 во Крива Паланка, Тетово, Берово, 7 во Скопје-Петровец, Скопје–Зајчев Рид, Виница, 8 во Штип, Велес, Кавадарци, Демир Капија, 9 во Гевгелија, 10 во Струмица.Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, во југоисточните делови со услови за појава на грмежи. На повисоките планини на северозапад врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец.Максималната температура ќе биде до 16 степени.Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања