Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Европа на воз: Берлин-Копенхаген за 4 часа, Минхен-Рим за 6, а од Скопје до Атина за 5 часа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-librarydp2o1s4498re5745HQ7

Европската комисија гради акциски план за забрзано развивање на брзата железничка мрежа низ цела Европа.

— реклама —

Целта е да се преполови времетраењето на патувањето меѓу големите градови до 2040 година така што ќе се изградат нови пруги и ќе се обноват постојните за возовите да можат да постигнуваат брзина од барем 200 километри на час. Главната цел е патувањето со воз да стане попривлечно од летовите на кратки релации, да се подобри поврзаноста и транспортниот систем на ЕУ да биде поефикасен и поеколошки.

Комесарот за транспорт Апостолос Ѕиѕикостас изјави:

— реклама —

,,Брзата железница не е само за да се забрза патувањето, туку за да ги обединиме Европејците, за да си ја зајакнеме економијата и за да преземеме водство во глобалната трка за одржлив транспорт”.

— реклама —

Патниците ќе патуваат од Берлин до Копенхаген за четири часа, наместо сегашните седум часа. Времето на патување од Софија до Атина ќе се скрати од сегашните 13 часа и 40 минути на шест часа, а патувањето меѓу Виена и Берлин ќе трае четири часа и 30 минути, наместо сегашните осум часа и 10 минути.

“Побрзото патување меѓу европските главни градови е опиплив и прагматичен резултат на нашата волја да ја направиме Европа пообединета и поефикасна”, рече потпретседателот на Европската комисија Рафаеле Фито.

— реклама —

Вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија Гроздан Караџов и неговиот колега Александар Николоски, на почетокот на ноември потпишаа договор за подготовка, изградба и употреба на прекуграничен железнички тунел меѓу двете земји, со цел двата главни града, Софија и Скопјe, да се поврзат преку железница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv88rnkvsrgrdaPgwI5Y

Поларниот вртлог ослабе рекордно рано: Европа и САД се соочуваат со можност за силни студени бранови

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-librarys488u65k2f1c4Q4mVPM

Недостиг од кадар во 23 европски земји: Здравствените работници меѓу најбараните

Свет | пред 4 дена

plenkovich

Пленковиќ откри кој ќе ја претставува Европа во мировните разговори за Украина

Свет | пред 6 дена

media-libraryvn8urbi87a5neXEsw4p

Кои се најбогатите европски држави? Лихтенштајн убедливо на врвот, Македонија далеку под просекот

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања