Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Горан Јакимовски

rusija-kina

Кина се откажа од купување руска нафта

Kинеските државни нафтени компании привремено го суспендираа купувањето руска нафта што се испорачува по море. Ова доаѓа по потегот на САД да воведат санкции врз руските нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“. Ројтерс, повикувајќи се на различни извори, информира дека одлуката на Пекинг доаѓа во време кога индиските рафинерии, најголемите купувачи на руска нафта што се транспортира со танкери, планираат значително да го намалат увозот од Москва за да се одговорат на американските мерки воведени поради руската инвазија на Украина.И рафинериите во Индија, најголемиот купувач на руска нафта по морски пат, се подготвуваат значително да го намалат увозот на сурова нафта од Русија.Владимир Путин изјави дека Русија никогаш нема да потклекне на притисокот од САД, но призна дека новите санкции би можеле да предизвикаат економски проблеми.

Свет | пред 5 месеци

edi-rama

Албанските пензионери ќе се опарат за Нова година со бонус

Владата на Албанија донесе одлука за доделување новогодишен бонус на пензионерите за што е определен фонд од 9,4 милијарди леки или 97 милиони евра.Новогодишен бонус ќе добијат околу 765.000 пензионери, поделени во две групи. Пензионерите кои имаат пензија над 20.000 леки ќе добијат бонус од 10.000, додека оние под 20.000 ќе добијат бонус од 15.000 леки.Новогодишен бонус, со идентичен износ како и овој, пензионерите добија и во декември минатата година. Додека пролетва им беше исплатен бонус во износ од 5.000 односно 10.000 леки.

Балкан | пред 5 месеци

media-libraryj1hfsh5doho6aHnbRFn

Уапсени поранешни директори на РЕК и сопственикот на „Марковски компани“

Осум луѓе, меѓу кои и Борче Марковски, сопственикот на „Марковски компани“ од Битола, најголемиот тендерџија во РЕК Битола во изминатите години и поранешниот директор на РЕК Пеце Матевски, се уапсени во денешната акција на Финансиската полиција.Тие се уапсени за злоупотреби со тендерот за дислокација на погонски станици од рудникот Осломеј во рудниците во Битола вреден 106 милиони денари, односно 1,7 милиони евра.Финансиската полиција постапувала по сомнение за местење на тендер со кој од државниот буџет се испумпани околу 100.000.000 денари.Претходно оваа компанија беше посочувана за една од најомилените на минатата влада.Тогаш на прес конференции беше обвинето дека омилената фирма на власта ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери во РЕК Битола. Власта на СДСМ и ДУИ ангажирала приватни булдожери, кои граѓаните ќе ги чинат над 16.000 денари за само еден час работа.Овој договор чини неверојатни 16.253 денари по час и значи дека Марковски Компани за само еден ден од РЕК Битола ќе наплаќа 6.300 евра, или за сите 10 булдожери ќе наплаќа 63.000 евра.Марковски за две години имаат заработено 200 милиони евра од државата.

Македонија | пред 5 месеци

pretsedatelski

Турканица на претседателскиот терен: професори, лекари, градоначалници или луѓе со бели коси, што е одлучувачко?

Што е пресудно за да истрчаш на терен за претседателската фотелја? Докторската титула, докторската функција, градоначалничките бенефиции или белата коса? Дванаесетмина, најмногу досега, сметаат дека заслужуваат и можат да ја понесат престижната титула „татко на нацијата”, но сега има и три кандидатки за „мајка на нацијата”.Тројца од нив се професори: Гордана Силјановска Давкова со дресот на ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски-СДСМ и Билјана Ванковска-Левица. Тројца се лекари: градоначалникот Арбен Таравари- албански опозициски блок, Вело Марковски- независен и Бујар Османи-ДУИ, шеф на дипломатијата, и претходно политички активен, но доктор по образование. Магистер е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски-ЗНАМ, а потписи ќе собира и актуелниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски-ГРОМ. Контото на професори требаше да се зголеми со Кекеновски, кој засега само пројави желба и ја чекаше поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, но не ја дочека. И Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачки демократски сојуз ќе собира потписи за кандидат за претседател.Ориентацијата за или против Русија и проевропската агенда ќе бидат значајни во партиската реторика. Исполнување на реформската агенда, неопходното внесување на Бугарите во Уставот за да не бидеме уште долго во чекалната, се познати ставови на Стево Пендаровски.„Не за Русија, да за Европа“ е слоганот на Бујар Османи. Ахмети не ја прифати фрлената ракавица од Арбен Таравари, затоа што играле во различни лиги.Таравари, пак, најави дека ќе се залага за влез на Бугарите во Уставот, но и за избор на претседателот во Собрание, а не на директни избори.„Со реторика ЕУ, ЕУ, љубов моја, ЕУ, фронт за ЕУ не се оди во ЕУ. Во ЕУ се оди со стандарди во сите области“, смета Силјановска Давкова.Ставот на Ванковска против НАТО е познат, отсекогаш била против.Вело МарковскиВело Марковски, доктор инфектолог, прв ја обзнани желбата да влезе во претседателската трка и тоа како независен кандидат, но очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Иако тој веќе три години е дел од највисоките органи на најголемата опозициска партија во земјава, ВМРО-ДПМНЕ, засега нема информации дали професорот Марковски ќе биде поддржан од матичната партија. Според него, измама на народот е криењето на претседателските кандидати на недела пред избори.„Вечната борба на нашиот македонски народ во справување со светските предизвици како што се човекови права, болести, војни, корупција, лажни вести итн., ме мотивираат да се вклучам во широка општествена активност”, вели Марковски.На познатиот инфектолог бракот со многу помладата Јулијана му е втор брак. Тој е поранешен сопруг на екс-пратеничката Ѓулистана Марковска.Тој заедно со 7 лица се обвинети дека во текот на 2017 и 2018 година без дозвола од надлежни органи, вршеле недозволени археолошки истражувања и ископувања на археолошки локалитети. Пронајдените добра неовластено ги присвојувале и прикривале, а потоа добрата неовластено ги продавале на купувачи во земјава и во странство.Билјана ВанковскаБилјана Ванковска, доктор на политички науки, редовна професорка и раководителка на последипломските студии по Мир и развој на Филозофскиот факултет во Скопје. Професор е и на Европскиот мировен универзитет во Шлајнинг, Австрија. Колумнист во повеќе печатени медиуми.Во 2014 година била еден од претендентите за претседателски кандидат на претседателските избори во 2014 година, но не успеа да собере 10.000 потписи. Беше разочарана од студентите и колегите, но ги обвинуваше државните институции дека го фаворизирале Ѓорге Иванов.Професорката Билјана Ванковска овој пат нема да има проблеми со собирање потписи, таа е претседателски кандидат на Левица.„Мислиме дека конечно е дојдено времето народот да може да избере солиден и мислиме дека го имаме најдобриот кандидат за овие избори. Затоа и први го обзнануваме и практично фрламе ракавица на меинстрим буржоаските партии да дадат кандидати кои ќе се натпреваруваат со нашиот кандидат“, рече за неа претседателот на Левица, Димитар Апасиев.Ванковска вели дека сега има многу поголема самодоверба и зад неа стои тим. Понатаму, за Левица посочи дека е политичка партија за почит и она што ги доближува се две нишки – патриотизмот испреплетен со левичарската идеологија.За време на битката за автономија на Универзитетот, беше со Силјановска-Давкова, но молчеа како основци пред Груевски и со ништо не му се спротивставија.Арбен ТаравариАрбен Таравари, лекар – невролог и поранешен министер за здравство во владата на Заев од 2017. Познат остана по ПР стратегијата Здраво Таравари, со која покажуваше транспарентност и отвореност кон граѓаните. Тој моментално е градоначалник на Општина Гостивар. Лидер е на Алијанса на Албанците по оставката на Зијадин Села поради лошите резултати на локалните избори во Тетово. Љубовта меѓу Таравари и Села се распрсна како меур од сапуница по прашањето со кого да се коалицира на изборите. Се натпреваруваат кој има повеќе приврзаници, кој прв ќе свика Конгрес, кој кого ќе разреши, кај кого е печатот.Таравари се приклони кон партиите кои се дел од албанскиот опозициски блок. Тој ќе биде кандидат на албанската опозицијата за претседател на државата, иако пред месец дена тврдеше дека не е заинтересиран за оваа позиција. Села за него ќе каже: „Јас го направив политичар“.„Вечерва, во античката албанска престолнина, во историското Скопје, разбрав појасно од кога било, дека Промените започнаа и повеќе не запираат”, напиша Таравари на неговиот профил на ФБ на вонредниот конгрес.Гордана Силјановска ДавковаВтор обид со поддршка од иста партија. Силјановска Давкова со боите на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се бори да биде првата жена во Вила Водно.Професорката Гордана Силјановска Давкова најави дека е време за „женска димензија во политиката“. Вели дека нема да биде републикански монарх, туку ќе се однесува кон граѓаните како кон луѓе, индивидуи, припадници на различни заедници. Доколку стане претседателка, нејзините кандидати ќе бидат најдобрите во Уставниот суд и во Судскиот совет, а амбасадорите ќе се регрутираат врз основа на компетентност и стручност.Била министер без ресор во Владата на Бранко Црвенковски од 1992 до 1994 година. Ѝ забележуваа дека за двете министерски години нема придонесено со ниту еден закон, како и за фри-шоповите на нејзиниот сопруг.По поразот од Пендаровски ќе изјави: „Бројките говорат за пораз, обично поразените не се чувстваат добро, но јас се чувствувам смирено, исполнето, и продуховено. Да добиете 370.000 гласови е голема благодарност и да станете позната по улиците како Гога е многу во политиката во Македонија”.Стево ПендаровскиСтево Пендаровски ја победи Силјановска Давкова во вториот круг во 2019 и во вториот обид стана претседател.„Благодарам на сите кои ми ја доверија обврската и честа да бидам претседател. Ќе бидам претседател на сите. Ќе бидам сојузник во остварување на интересите на граѓаните. Ќе бидам претседател од кој нема да се срамите и тука и во странство”, рече Пендаровски по победата.Во 2014 не успеа да го совлада колегата Ѓорге Иванов.На предвремените парламентарни избори во 2016 година Пендаровски беше носител на СДСМ во првата изборна единица која го опфаќа регионот на Скопје. По изборите беше пратеник во Собранието, потоа е назначен за национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО.Опозицијата не му простува за, како што велат, неговото тврдење дека Гоце Делчев бил Бугарин.„Неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, во тој историски контекст, како што е неспорна историска вистина и факт дека се борел за македонска држава”, изјави Пендаровски.За грев му ја припишуваат и изјавата дека ако не е претседател, и тој би се иселил. Велат дека ги аминувал сите одлуки и закони на СДСМ и ДУИ, иако не го потпиша Законот за игри на среќа што го раскара со интегративците.Како претседател, одеше и му доаѓаа на гости претседатели и премиери, но и деца и студенти, занаетчии и борци. Се сети и одликуваше пејачи, актери, македонисти.„Не сум идеален, но ноќе мирно спијам”, ќе рече во своето новогодишно обраќање.Стевчо ЈакимовскиСтевчо Јакимовски е претседател на партијата Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) и градоначалник на општина Карпош. Бил министер за економија и за труд и социјална политика. Смени три партии: ЛДП, СДСМ и ГРОМ, во 2013 се раскара со СДСМ и ЛДП за локалните избори.Кандидатурата на Јакимовски за градоначалник на Карпош е направена со позајмен печат од „Српската напредна партија“ на Драгиша Милетиќ, кој сепак тогаш остана во опозициониот блок. Изборната локална победа ја славеше со микрофон пеејќи „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине…”. Дел од граѓаните реагираа - не му може никој ништо затоа што во секоја зграда и ДУП има по еден стан. Во 2017 е обвинет дека на митинг користел навредливи и деградирачки зборови со цел да го „нападне“ против-кандидатот, наведувајќи дека за него се зборувало дека е хомосексуалец. Притоа, посочува на хомосексуалноста, нарекувајќи ја „најопасната мафија“, „мафија која сака да се инсталира во општина Карпош“.Беше клиент и на Обвинителството за злоупотреби, но немаше судски епилог. Големиот поддржувач, сега е најголем критичар на ВМРО-ДПМНЕ.Рече дека добил поддршка да биде кандидат на партијата за претседател, токму поради неговото долгогодишно искуство, годините што ги има зад себе, белата коса, но и резултатите кои во неговото работно и политичко дејствување ги направил, како и секогаш јасните политички ставови кои јасно ги изразувал.Максим ДимитриевскиУште еден побегнат од СДСМ влегува во претседателската трка, Максим Димитриевски, поддржан од ЗНАМ.Првата градоначалничка функција ја добива како кандидат на СДСМ, втората како независен, иако познавачите велат дека ВМРО-ДПМНЕ скриено му даваше поддршка, повеќе нему отколку на својот кандидат. Беше пратеник од редовите на СДСМ и еден од најжестоките борци по улиците на Скопје за демократија по објавувањето на бомбите и човекот кој беспоштедно ги бранеше своите соборци и Заев во Собранието.Иако упорно изјавуваше дека е член на СДСМ, упорно укажуваше на грешките и политиките, особено за црвените линии и по прашањето за Гоце Делчев и Уставот.„Македонија досега го менуваше својот Устав неколку пати и сметам дека Уставот не е обичен тефтер хартија кој што треба да се менува во континуитет, вели Димитриевски.Бујар ОсманиТаравари и албанската опозиција не успеаја да го извадат на терен Али Ахмети, бидејќи, како што изјави, играл во многу повисока лига од Таравари. Го испофали Османи дека ќе биде добар играч.„Со Бујар го започнуваме најважниот референдум на нашето време и следната битка за да ја добиеме вашата доверба, за да го избереме Претседателот во Собрание со двотретинско мнозинство и со Бадинтерово мнозинство, за да ја оствариме нашата визија за консенсуален претседател“, рече Ахмети.Лекарот Бујар Османи е министер за надворешни работи, поранешен министер за здравство, вицепремиер за европски интеграции, портпарол и еден од луѓето од доверба на Ахмети.Еден е од интегративците без големи афери. Човек е што сака публицитет и сака да се слика, постојано е следен од камерман и фоторепортер на настаните. Го обиколи цел свет како претседавач со ОБСЕ. Беше голем оптимист за влезот во ЕУ, но желбата сѐ уште му е неостварена.„Цврсто верувам дека нашиот развој и безбедност се возможни само преку стремежот да изградиме модерно демократско општество, како дел од евроатлантското семејство. Предвидливата иднина за сите нас е возможна со надворешна политика која е конструктивна и конзистентна”, вели Ахмети.Мерсиха СмаиловиќИ уште една жена, граѓански активист, сака да биде претседател. Мерсиха Смајловиќ е позната по застапувањето за човековите права, борбата против дискриминацијата, заложбата за родовата еднаквост, правата на етничките групи.„Иако за прв пат бошњачката заедница има свој претседателски кандидат, мојата етничка припадност не ја одредува во политички контекст, програмата и заложбите ќе бидат за подобра иднина на сите луѓе во нашето мултиетничко општество, а фокусот во кампањата ќе биде на сите граѓани на државава“, вели Смаиловиќ.Уверува дека својот активизам го докажала преку партијата. Со своите заложби докажала дека нивна замисла е оваа кампања да ги претстави сите важни проблеми и предизвици коишто ги имаат граѓаните на нашата држава и да понудат реални решенија коишто ќе бидат вистинити и функционални, а не само политички памфлети коишто ќе го поминат денот.„Наша цел во текот на кампањата е да ги слушаме граѓаните, како што ги слушавме во изминатиот период и да одговориме на нивните наједноставни прашања кои го засегаат нивниот живот. Да го направиме животот подобар за сите нив и да нудиме перспективи коишто ќе го направат многу поедноставен животот и многу поприфатлив. Мојата идеја на внатрешен план е да ја зајакнеме кохезијата, а на надворешен план да ги зајакнеме добрососедските односи и односите со нашите стратешки партнери, но да се водиме исклучиво од тоа што е во интерес на граѓаните”, истакна Смаиловиќ.Во јавноста е позната по нејзините залагања за правата на бегалците, борбата против исламофобијата. Таа беше активно вклучена во бројни хуманитарни мисии на глобално и локално ниво.Мерсиха дипломирала на Правниот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Таа е сопственичка на компанијата за финансиски и правни услуги „Нахла консалтинг“.И уштре тројцаНа сцената се појавија уште тројца кандидати кои се обидуваат да соберат 10.000 потписи. Зорица Цветковска,Томе Николоски, Господин Поповски и Ѓорѓи Манасков, ќе се обидат да обезбедат 10 илјади потписи.

Македонија | пред 2 години

Untitled-1

Леонид ја здрма државата: Но наместо да се најдат средства, се префрла одговорноста - криви се законите и документацијата

Три дена Фондот за здравствено осигурување се правда пред јавноста, зошто Леонид Индов кој бараше 140.000 евра за лекувањево Виена - не ги доби. За истото време, граѓаните организираат хуманитарни акции, донираат на сметките и телефоните, бидејќи семејството на Леонид мора да го плати третманот. Во ФЗОМ се организираше и брифинг, во четири ѕида и без камери, каде меѓудругото, беше кажано: „Леонид Индов не е во животозагрозувачка состојба, а ако бил, Фондот за здравство ќе му дал помош во рок од 24 часа“. Додека во ФЗОМ велат дека тие не се виновни, туку процедурите, техничкиот премиер Талат Џафери не сака да чуе за измени на закони и правилници.Магдалена Филиповска-Грашкоска, директорка на ФЗОМ кажа дека не дозволиле со државни пари да се плати лекувањето на Леонид, врз база на непотполна документација. Проблем гледа и во конзилијарното мислење, каде што, тврди дека не била наведена интервенцијата на која бил упатен Леонид. Таа повтори: „Во Македонија ги има сите улсови за третирање на болеста на Леонид како во Австрија“, но не објасни во која клиника.„Актуелниот закон за здравствено осигурување не дозволува промена на правилниците, дури и ако управниот одбор ги изгласа промените и за тоа добие согласност и од Министерството за здравство, тоа нема да биде возможно бидејќи треба да се смени Законот за здравствено осигурување“, рече Филиповска-Грашкоска, директорка на ФЗОМ.Истовремено, Џафери одговарајќи на новинарско прашање за случајот на Леонид, рече дека не може да се менуваат закони поради одредени случаи.„Законите се општи правила што треба да важат и што ја даваат можноста консензуално да се процени и оцени кој пациент каде треба да оди во странство, доколку нема предуслови лекувањето да се третира во земјава“, рече Џафери.За истото ова време, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски ги повика хуманите граѓани да донираат и изрази револт што детето е оставено без средства од страна на државата. Град Скопје започна хуманитарна акција. Инфлуенсери, меѓу кои Миа Костова започна кампања на социјалната мрежа „Инстаграм“. Семејството гледа надеж во народот, откако државата ги остави на цедило.

Македонија | пред 2 години

pret

Кои професори и доктори најавија дека ќе „трчаат“ кон Водно, се очекуваат уште три кандидатури за претседател

Двајца доктори и двајца професори најавија влез во трката за да станат претседатели на Македонија. Истовремено, двајца од нив имаат политички партии зад себе, а двајца ќе треба да собираат потписи за кандидатура. Вело Марковски беше прв, Јове Кекеновски рече дека има „сериозна и реална амбиција“, Билјана Ванковска имаше и промоција направена од Левица, а последен беше Арбен Таравари кој рече дека не е заинтересиран да биде кандидат, па се предомисли. Тие нема да бидат единствени, бидејќи кандидати ќе имаат СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.Вело МарковскиВело Марковски, доктор инфектолог прв ја обзнани желбата да влезе во претседателската трка и тоа како независен кандидат но очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.Иако, тој веќе три години е дел од највисоките органи на најголемата опозициска партија во земјава, ВМРО-ДПМНЕ, засега нема информации дали, професорот Марковски ќе биде поддржан од матичната партија и дали во трката за шеф на државата влегува на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Според него измама на народот е криењето на претседателските кандидати на недела пред избори.„Вечната борба на нашиот македонски народ во справување со светските предизвици како што се човекови права, болести, војни, корупција, лажни вести итн., ме мотивираат да се вклучам во широка општествена активност”, вели Марковски.На познатиот инфектолог бракот со многу помладата Јулијанс му е и втор брак. Тој е поранешен сопруг на екс -пратеничката Ѓулистана Марковска.Тој заедно со 7 лица се обвинети дека во текот на 2017 и 2018 година без дозвола од надлежни органи, вршеле недозволени археолошки истражувања и ископувања на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости на територијата на РС Македонија, пронајдените добра неовластено ги присвојувале и прикривале, а потоа добрата неовластено ги продавале на купувачи во земјава и во странство.Јове КекеновскиЈове Кекеновски, Универзитетски професор, неофицијално ги најави амбициите за да седне во вила Водно, а пред две години официјално беше кандидат за ректор на Битолскиот универзитет, но изборите ги загуби. И Кекеновски се надева на поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. 2015 ја основаат Фронт за демократска Македонија (ФроДеМ).Претседател на партијата е Јове Кекеновски. Основачи: Јове Кекеновски, Тодор Ношпал, Љупчо Алексовски, Љупчо Ристовски и Ненад Новковски.Партијата учествувала еднаш на парламентарни избори и тоа во 2016 година како дел од коалцијата „Коалиција за промени и правда - Трет блок“ заедно со Демократски сојуз, ДЕМОС и МОРО-РП. Коалицијата освоила 10.028 гласови или 0,8% од вкупниот број на гласови.Коалицијата не освоила пратеничко место во Собранието.На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција ,,Никогаш Северна само Македонија" заедно со Единствена Македонија колицијата освоила 2.604 гласови односно 0.29% од вкупен број на гласови.Кекеновски прв го скрши мразот во 2014 обзнанувајќи ја кандидатурата за претседател на претстојната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, на која загуби од Ѓорге Иванов.Противник е на вклучување на доктори во политиката:Подобро е да имата добар доктор во струката отколку лош доктор во политиката..Јове Кекеновски ја извршуваше должноста Градоначалник на Град Скопје во периодот од 1995 - 1996.Билјана ВанковскаБилјана Ванковска, доктор на политички науки, редовна професорка и раководителка на последипломските студии по Мир и развој на Филозофскиот факултет во Скопје. Професор е и на Европскиот мировен универзитет во Шлајнинг, Австрија. Колумнист во повеќе печатени медиуми.Во 2014 година била еден од претендентите за претседателски кандидат на Македонски претседателски избори во 2014 година, но не удпеа да собере 10.000 потписи. Беше разочарана од студентите и колегите, но ги обвинуваше државните институции дрка го фаворизирале Ѓорге Иванов.Професорката Билјана Ванковска, овој пат нема да има проблеми со собирање потписи, таа е претседателски кандидат на Левица.Мислиме дека конечно е дојдено времето народот да може да избере солиден, и мислиме дека го имаме најдобриот кандидат за овие избори. Затоа и први го обзнануваме и практично фрламе ракавица на меинстрим буржоаските партии да дадат кандидати кои ќе се натпреваруваат со нашиот кандидат“, рече за неа претседателот на Левица, Димитар Апасиев.Ванковска вели сега има многу поголема самодоверба и зад неа стои тим. Понатаму, за Левица посочи дека е политичка партија за почит и она што ги доближува се две нишки - патриотизмот испреплетен со левичарската идеологија.За време на битката за Автономија на универзитетот, беше со Силјановска-Давкова, но молчеа како основци пред Груевски и со ништо не му се спротивставија.Арбен ТаравариАрбен Таравари, лекар - невролог и поранешен министер за здравство во владата на Заев од 2017. Познат остана по ПР стратегијата Здраво Таравари, со која покажуваше транспарентност и отвореност кон граѓаните.Тој моментално е градоначалник на Општина Гостивар. Лидер е на Алијанса на Албанците по оставката на Зијадин Села поради лошите резултатите на локалните избори во Тетово. Љубовта меѓу Таравари и Села се распрсна како меур од сапуница по прашањето со кого да се коалицира на избори. Се натпреваруваат кој има повеќе приврзаници, кој прв ќе свика Конгрес, кој кого ќе разреши, кај кого е печатот.Таравари се приклони кон партиите кои се дел од албанскиот опозициски блок. Тој ќе биде кандидат на албанската опозицијата за претседател на државата иако пред месец дена тврдеше дека не е заинтересиран за оваа позиција. Села за него ќе каже:Јас го направив политичар.Вечерва, во античката албанска престолнина, во историското Скопје, разбрав појасно од кога било, дека Промените започнаа и повеќе не запираат, напиша Таравари на неговиот профил на ФБ на вонредниот конгрес.Големите политички партии и натаму во тајност ги држат кандидатите за претседател.

Македонија | пред 2 години

apteka-kvoti-lekovi

Здравството ќе колабира со протестот на ФЗО: нема плати и капитација за матичните

Здравството ќе остане без плати, матичните без капитација. Вака ќе изгледа понеделник кога вработените во Фондот за здравствено осигурување ќе стапат во најавениот штрајк поради намалување на платите. Од Синдикалната организација се децидни дека не отстапуваат од барањето, Министерството за финансии да се откаже од намалување на платите на вработените за 21 отсто.„Ќе се извршуваат само нужните и неопходни работни задачи како пријава на малолетно лице во осигурување, регулирање на хоспитализирнао лице, лекување во странство за итни пациенти, еден вработен ќе прима документи“, рекоа од Синдикатот на УПОЗ.Сепак, според синдикалците, ова е неопходно, бидејќи од Министерството за финансии и Управниот одбор не наидуваат на разбирање. Дека ќе стапат во штрајк, тие предупредија и претходно, но не беа изесапени од надлежните.

Македонија | пред 2 години

medziti-1

Во ек на вируси, неколку денови нема шестовалентна вакцина - МЗ тврди дека е во тек дистрибуција на нови количини

Неколку денови поликлиниката „Јане Сандански“ нема шестовалетна вакцина наменета за бебиња до една година, дознава „Скопје1“. Слично е и на други пунктови. Ова се случува во време кога во земјава и регионот се појави голема кашлица, а дваесетина дена откако министерот за здравство, Фатмир Меџити уверуваше дека има доволно вакцини, а ги повикуваше родителите да ги носат децата на вакцинација. „Скопје1“ побара одговори од Министерството за здравство, зошто нема шестовалентна вакцина, прашање на кое не добивме конкретен одговор.„Информираме дека во моментот е во тек дистрибуција на нови количини од шестовалентната вакцина. Станува збор за 20.000 дози кои се дистрибуираат во вакциналните пунктови низ државата, меѓу кои и во поликлиниката Јане Сандански“, велат кратко од Министерството за здравство за „Скопје1“.На почетокот од јануари, Миџити апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца, откако започна појава на голема кашлица, од која во Србија починаа четири дена.Во изјава за медиумите, дадена по отворањето на реновираната операциона сала на Клиниката за ортопедски болести, Меџити рече дека има доволно вакцини и дека од вчера е дадена наредба да се проверат сите вакцинални картони од бебиња.„Крајно време да се смени менталниот склоп. Секое вакцинирање, значи спас на живот. Затоа ги повикувам родителите за доброто на нивните деца да ги вакцинираат и да ги превенираме ваквите појави“, рече Меџити.

Македонија | пред 2 години

w_56951126

Студентите се налутија, МОН даде ветување: Оваа академска година ниту една рата од студентските стипендии не е исплатена

Министерстгвото за образование и наука кое го раководи министерот Јетон Шаќири, до денеска не исплатиле ниту една рата од ниту една стипендија за оваа учебна година, тврдат студентите. Тие се револтирани и велат дека и покрај тоа што измина јануари, студентите немаат стипендии за октомври. Од Министерството за образование за „Скопје1“ велат дека налозите за исплата се доставени во трезор. Сепак, студентите се огорчени што доцнат сите исплати.„Не е исплатена ниту една рата за студентите што ги продолжија стипендиите. Не е исплатена ниту една рата за студентите - нови корисници на стипендии. Не сите студенти што земаа пониски стипендии и потпишаа анекси и спогодби ја добија разликата. Доцни и исплатата на финансиска помош за меѓуградски превоз. Иако помина јануари, а студентите неколку пати патуваа од своите места на жвиеење до градовите каде студираат поради испитната сесија, МОН не им ја исплати финансиската помош од 1.200 денари, која требаше да се исплаќа секој месец. Да се стави крај на аматеризмот и пасивноста во институцијата која е задолжена да ги спроведе мерките што државата ги предвидела за поддршка на македонските студенти“, велат студентите.Од Министерството, очекуваат студентите утре да ги имаат парите на сметка.„Налозите за исплата на стипендии на постојните корисници и на патни трошоци, се доставени во трезор и очекуваме денес или утре да се реализираат. Додека следната недела ќе има исплата за новите корисници на стипендија“, велат од МОН за „Скопје1“.Студентите апелираат ова да не се повторува бидејќи ова им прави штета.

Македонија | пред 2 години

pance-bojmacaliev-mitko-1

Клучот од МВР кај Тошковски и Бојмацалиев - ги чекаат врзани потписи, а судирот на интереси ќе донесе блокади

На местото на Оливер Спасовски седна Панче Тошковски, во најверојатно најодговорната и најтешка фотелја на техничката Влада, Министерството за внатрешни работи. Панче Тошковски, правник по образование, адвокат по занимање во биографијата навел дека поседува вештини за тимска работа, управување со стрес и време, комуникациски вештини, трудољубивост и упорност. Сите овие вештини ќе му бидат неопходни за најодговорната работа, организирање фер и демократски претседателски и парламентарни избори.Но, техничкиот министер нема одврзани раце да ја спроведе самостојно својата политика. Тошковски ќе може да изврши најмногу 15 разрешувања или распоредувања, на пониско или повисоко место на носители на раководна позиција во Министерството. Доколку постави нови раководители, тој има должност на предлог на дополнителниот заменик-министер, Митко Бојмацалиев да именува и нивни заменици.Тие двајца ќе имаат врзани потписи, односно доколку некој акт е потпишан само од едното лице, тој нема да биде важечки.Министерот има право да ангажира лица за потребите на својот кабинет, а му се овозможува да врши и хоризонтални распоредувања на вработените кои се на негов предлог во бројката до 10% од бројот на хоризонтални распоредувања базирани на просекот на овие распоредувања во последните две години. Право на советници има и дополнителниот заменик министер.За да се оневозможи евентуална блокада на работата поради врзаните потписи, министерот и дополнителниот заменик министер се должни веднаш, а најдоцна во рок од еден ден да го одобрат или одбијат актот. Ако актот или документот е потпишан само од едното лице, се смета дека не произведува правно дејство.Во случај на несогласување меѓу нив околу одредено правно, финансиско или кадровско прашање кое се однесува на организација на изборите, спорот во рок од 24 часа е должна да го реши Државната изборна комисија и таа одлука е конечна.Главните критики на техничката влада за спроведување избори се дека до денот на гласање се блокираат државните институции, целиот фокус е ставен на политичкиот натпревар меѓу партиите, и несогласувањата меѓу министрите и дополнителнителните министри. Како ќе функционира МВР со Тошковски и Бојмацалиев ќе се покаже во наредниот период.

Македонија | пред 2 години

micevski-joveski

Мицевски: Јовески пуштен низ вода; Јовески: Мислев случајот е одамна завршен

Комисијата за прашања на избори и именувања, без најава, без образложение и по подолг период го повлече предлогот за уставен судија за Љубомир Јовески. На ова веднаш реагираа од ВМРО- ДПМНЕ.„Главниот политички егзекутор, слепиот послушник и најревносниот заштитник на криминалот на власта во изминативе 6 години, Љубомир Јовески, денес СДСМ го „пушти низ вода“, напиша на социјслните мрежи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој потсети дека ова трае 2 и пол години и имало 25 продолженија на матичната Комисија.„СДСМ се откажува од него само поради тоа што повеќе не им е потребен. Тој својата задача за која што го поставија, очигледно си ја заврши. Тој веќе не е подобен да биде уставен судија бидејќи повеќе не е јавен обвинител и нема да може да им ги крие предметите за нивните криминали и да ги штити криминалците во власта. Имено, ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ веќе 6 години во сите свои јавни настапи и дискусии во Собранието кажувавме дека овој човек е канцерот на македонското судство, во чиј мандат довербата во судството ја достигна нулата. Сепак, власта дури сега го пушта низ вода Јовески, исто како што ги пушти низ вода и Катица Јанева, но и Вилма Русковска, во оној момент кога таа повеќе не им беше потребна.Полека но сигурно, се гледа крајот на оваа лакрдија. Доаѓа време на ревизии, на преиспитување на некои одлуки и решенија, но и на одговорност за сите злодела и криминали кои што се случија во изминативе 6 години”, изјави Мицевски.Побаравме став и од Љубомир Јовески.Тој за „Скопје1“ посочува дека мислел дека случајот со неговиот избор е одамна завршен.„Јас бев убеден дека оваа работа одамна е разрешена и се изненадив кога денеска слушнав дека е закажано продолжение за повлекување на предлогот. Работите беа јасни со тоа што повеќе од година дена никој не се потруди да го затвори овој случај. Потсетувам дека предлогот, како и за сите други уставни судии, освен оние од Претседателот се од политички партии. Меѓутоа доколку партијата цени дека процесот не може да го доведе до крај, треба да не прави штета ниту на поединци, ниту на судот. Во конкретниов случај мене како професионалец бидејќи после предлогот, бев изложен на неосновани напади, нанесена ми е штета на личноста и професионалниот интегритет.Јас стојам зад својата работа и не ме плашат заканите и институциите може слободно да ја проверат мојата работа, бидејќи тоа е задача на институциите а не на партиите.Особено сум горд што во работењето имав целосна поддршка од колегите и што вториот обвинител кој го заврши целосно шестгодишниот мандат. Веќе се посветив на други проекти во кои е препознаено моето цело професионално искуство и знаење“, вели Јовески за „Скопје1“

Македонија | пред 2 години

nikolovski-kovacevski

Премиерот контра Николовски: Јас не сум портпарол на семејства, тие нека си кажат како им се вработиле роднините во М-НАВ

Министрите Бујар Османи, Артан Груби и Љупчо Николовски треба да си кажат како нивните роднини се вработени во М-НАВ, порача премиерот Димитар Ковачевски. Тој не сака да биде портпарол на нивните семејства.„Па тоа ќе морате да ги прашате тие кои имаат роднини, било каде. Јас имав принципиелен став во однос на М-НАВ“, рече Ковачевски на прашањето „Како го коментирате тоа што пола од владата имаат вработено роднини во М-НАВ.„Видов дека министрите кои имаат вработени роднини, си даваат свои ставови. Јас не можам да бидам портпарол на семејства на други луѓе. Ако се отвори таа тема ќе видите кои се од Академија на судии и обвинители стануваат обвинителии судии, па да видите во министерствата“, рече Ковачевски.На времето, според Ковачевски, министер си ја вработил и бејбиситерката во министерството.Претходно, министерот за земјоделие, Љупчо Николовски, жестоко реагираше оти беше прашан како неговиот чичко и внук се вработени во М-НАВ, па се расправаше со новинарите.

Македонија | пред 2 години

vevcanski

(Видео) Исус со крст од пивски гајби, директорот на М-НАВ, сатаната, продефилираа на Вевчански карневал

Со тапани, десетици маскирани жители и сатирични пораки – помина дефилето на маски на Вевчанскиот карневал. Дел од маскираните со солзи на очите беа додека поминуваа покрај посетителите, а по трагичната смрт на нивниот сограѓанин, 20-годишниот Милан Муковски, син на експратеникот Крсто Муковски.Меѓу маските, вевчанци го симболизираа Исус како влече крст од пивски гајби, новиот директор на М-НАВ со пиво во рака, како и традиционалните маски: зетот, невестата, ѓаволите и глупавиот Август . Најмладите носеа маски од суперхерои.Дефилето за разлика од минатите години, траеше кратко. Ја немаше вообичаената атмосфера, ниту пак расположението од минатите години. Кафулињата ја исклучија музиката, а сите жалеа за трагично згаснатиот живот.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-05-at-10.23.06

М-НАВ е станата семејна фирма, до трето колено се вработувале, вели Ковачевски и бара меѓународна инспекција за исконтролира

М-НАВ е станата семејна фирма, „Еуроконтрол“ да направи контрола, побара премиерот Димитар Ковачевски. Според него, таму има вработувања до трето колено, а како пример го наведе вработувањето на претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски, неговиот татко и брат.„Таа институција треба посериозно да се позанимава, не само Владата туку и 'Еуроконтрол'. Нивното финансирање е од таму. Има неколку аспекти кои треба да се анализираат. Таа фирма сметам дека е станата семејна фирма. Има до трето колено запослувано. Претседател на синдикат, татко му работел таму, брат му работи таму. Тие функционираат како семејство. Премногу случајности има во таа организација“, рече Ковачевски.Тој кажа дека повикале како Влада инспекција да влезе во Синдикатот на контролорите на летање, но дека тоа не е притисок.„Ќе има инспекциски надзори на синдикатите од Трудовиот инспекторат. Ова не е притисок врз синдикатите, бидејќи законска можност е да се врши надзор врз синдикатите, дали излегуваат од своите надлежности. Тоа е законска одредба која не значи притисок“, додава Ковачевски.

Македонија | пред 2 години

ogan

(Видео) Кревети и врати се користат за бадникарските огнови во Скопје

Кога нема дрва, за бадникарските огнови се користат врати и стар мебел. Ваквото однесување на граѓаните кои ја слават традицијата, доаѓа во време кога Скопје се бори против загадениот воздух, кој секојдневно ги гуши граѓаните. Снимката на која се гледа како цел кревет се пали во бадникарски оган е направена на Водно.На друга локација, во огнот беше фрлена врата.Скопјани се решија да ја одржат традицијата со бадникарскиот оган. Неретко, можеше да се затекне и неодговорно однесување. Дали инспекторатот на Град Скопје бил на терен оваа вечер, засега е непознато.Ова е стара македонска традиција, вечерта пред Бадник да се дочека надвор, крај оган, со чашка греена ракија во рацете, со погача, со македонски песни, со желби за здравје.Вчерва, воздухот во Скопје беше енормно загаден како и минатите денови. Како последица на тоа и маглата, надвор беше целосно непрегледно.

Скопје | пред 2 години

bekim-neziri

Беким Незири се пријавил во полиција за пуштањето на тепачи во М-НАВ, се врши разговор по налог на обвинител

Беким Незири се пријавил во полициска станица за нападот врз вработени во М-НАВ, потврдуваат од МВР за „Скопје1“. Јавен обвинител дал налог со него да се изврши службен разговор. Ова доаѓа откако од вчера, тој беше недостапен за полицијата,„Во врска со вчерашниот напад врз вработени во МНАВ, во полициска станица по налог на ОЈО се врши службен разговор со Б.Н.“, велат од МВР.Полицијата трагаше и по три други лица, вмешани во насилството кое вчера се случи во зградата која ги контролира летовите во Македонија.Подигнати се и снимки од видео надзорот на М-НАВ од кои треба да се утвди како Незири ги пропуштил лицата кои тепаа контролори на летови, но и кои безбедносни проверки не биле направени од страна на приватната фирма која го обезбедува објектот. Поради овие пропусти, но и вчерашниот инцидент, од денеска и МВР ја обезбедува зградата.„Скопје1“ го контактираше Незири на телефонскиот број кој долги години го користеше, но наместо тој, друго лице одговори на повикот. Кажа дека бројот повеќе не е на Незири, а кога побаравме да ни го даде неговиот, рече: „Барајте го од друго место“.Премиерот Димитар Ковачевски најави разрешување на тројцата директори во М-НАВ од редовите на ДУИ. Тоа разрешување ќе се случи во вторник на редовна владина аседница, доколку, тие денеска не поднесат сами оставки. Состојбите во М-НАВ ескалираа поради објавени огласи, за кои Синдикатот на контролори на летање посочи дека е наместен за кадри нестручни за тие позиции.Претходно:

Македонија | пред 2 години

IMG_0969

Пасошите нема да важат од 12 февруари, без разлика до кога е рокот на истекување

Пасошите нема да важат по 12 февруари, без разлика на рокот на истекување, а за личните карти и возачките дозволи ќе треба дополнително да се одлучува со оглед дека граѓаните сѐ уште чекаат термини. „Скопје1“ дознава дека институциите размислуваат да донесат одлука со која, валидноста на личните карти и возачките ќе бидат продолжени за уште неколку месеци.Одлуката која моментално е на сила, истекувањето на важноста на документите да биде до 12 февруари. Ова е промена која ја наметнаа уставните измени. Процесот на промена на документи не одеше брзо за граѓаните. На пунктовите во Скопје секојдневно има гужви. Граѓаните се плашат дека без документи нема да можат да функционираат, односно да вршат институционална идентификација, подигнуваат пензии и плати.Од МВР велат само дека документите треба да се променат. На реакциите дека има гужви по пунктовите, а нема ниту доволно термини, велат дека прават сѐ за секој граѓанин да добие документ навремено.„Ве известуваме дека МВР ги користи сите капацитети за граѓаните да добијат лични документи. Покрај редовното работење со закажан термин, овозможивме и фотографирање за лични документи без закажан термин во ПС Пролет. Што се однесува до подигнувањето на веќе готови документи, шалтерите работат и преку викенд и тоа соодветно го најавуваме преку медиумите за граѓаните да бидат информирани кога и каде можат да подигнат документи“, велат од МВР.

Македонија | пред 2 години

kovacevski-51525

Ковачевски ќе го кани Мицкоски на средба во кафуле на улица Македонија, за средбата да не биде тајна

Ниту премиерот Димитар Ковачевски не планира тајно да се среќава со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој кажа дека таа ќе биде на јавно место, но не кажа дали ќе биде најавена за медиумите или ќе биде без јавност.„Па ја не гледам да имаме тајни средби. Кога ќе имаме средба, таа ќе биде на јавен простор, дали во Собрание, дали во Клуб на пратеници, дали на улица Македонија во некој кафуле“, рече Ковачевски.Тој посочи дека двете партии имаат комуникации.„Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ е во редовна комуникација со потпретседател на СДСМ“, додава Ковачевски.Претходно, Мицкоски кажа дека нема да седне на маса со Ковачевски, ако тоа се прави тајно.На истата тема:

Македонија | пред 2 години

spomenici-oko

(Видео) И странците ни се чудат: Три години зјаат со исчкртаници и уништени натписи на спомениците, со „сипаници“ на мостот „Око“

Новата година донесе поголеми групи на туристи низ Скопје, но не и санација на таблите на мостот „Око“. Исчкртани, исфарбани, откорнати. Вака изгледаат скоро три години, а особено откако под девет споменици, меѓу кои и на Александар и Филип, беа ставени табли со образложение дека личностите кои ги претставуваат се дел од античката хеленска историја. Туристите се фотографираат, но не знаат кого претставуваат статуите на мостот.Овој чекор предизвика револт кај граѓаните кои бараа да се вратат старите натписи, посочувајќи дека нема да дозволат кражба на историјата. Не наидоа на разбирање од страна на државата, па решија да ги уништат новите натписи. И тие останаа во ваква состојба.Оттогаш до сега, никој не води сметка за нивна поправка или целосно отстранување. Секоја година се даваат илјадници евра за одржување на фонтани и спомен обележја. Најголем дел од нив се под ингеренции на Град Скопје.„Спомениците изгледаат како да имаат сипаници“, коментираат граѓаните, на кои не им се допаѓа тоа што спомениците не се одржуваат.Спомениците пак, кои се прогласени за културно наследство, а во кои се вбројуваат и голем дел од „Скопје 2014“, се под надлежност на Министерството за култура или Конзерваторскиот центар на Град Скопје.

Скопје | пред 2 години

borcinja-plostad

(Видео) Саксии врз фонтаната од 2.5 милиони евра на плоштад, се чува со ограда за да не се гази врз неа

Скапата „сува фонтана“ на скопскиот плоштад се чува со ограда од посетителите, а внатре е маскирана со саксии и светилки. Откако во неа пропаднаа неколку камиони, таа не се користи, а градските власти во летото ставија високи саксии околу неа, за сеа, да стават саксии врз неа.Зимскиот концепт е направен така што околу т.н. „сува фонтана“ има куќарки за продажба на пијалак и храна, па таа треба да биде незабележана од граѓаните. Во саксиите, засадени се борчиња, а врз нив има светилки. Фонтаната летово беше со искршени плочки и дупки, а откако возила пропаднаа во неа.Фонтаната чини 2,5 милиони евра. Таа беше направена во време кога премиер беше Никола Груевски, а градоначалник Коце Трајановски и е дел од проектот „Скопје 2014“.

Скопје | пред 2 години

zagadeno

(Видео) На „Илинденска“ - магла, Скопје - загадено, мерки - нема

Скопје на врвот од листата на загадени градови, а Македонија во првите десет најзагадени држави во светот. Булеварот „Илинденска“ се гледа од магла и концентрацијата на ПМ10 честички, а слично е и на Партизанска. Додека граѓаните се жалат дека квалитетот на воздухот лошо влијае и на нивното здравје – мерки нема.Веб-сервисот за рангирање покажува дека Македонија е на осмата позиција по загадени држави. Гледано по градови прв е Скопје односно Општина Шуто Оризари. Потоа, следуваат Кавадарци, Струмица, Кичево, Велес, Неготино и Битола. Меѓу најзагадени општини во Скопје се Ѓорче Петров и Чаир.Апликацијата „Мој воздух“ покажува дека во Скопје речиси во секоја општина воздухот е загаден.„Скопје1“ направи снимка од булеварот „Илинденска“. Претходно, објавивме видео од кое се гледа дека разликата меѓу Скопје и Водно.

Скопје | пред 2 години

IMG_0877

(Видео) Хаос од гужви на „Табановце“: на пет ленти има километарски колони и нервозни патници

Долги колони и минимум двочасовно чекање. Ваква е сликата на граничниот премин „Табановце“ за влез од Србија во Македонија. Состојбата не е вака само денеска туку и изминатите денови. Возачите се револтирани поради долгите колони, кои ги има, иако работат пет шалтери за пасошка контрола.Километарски се редиците. Патниците сметаат дека истите се резултат на ефикасноста при поминувањето. Велат дека ова се случува често.„Ова не е ништо ново, но е нешто што не се трпи. Нека направат нешто, сепак два часа стоење во место не е малку време. Кој и да е на наше место истото ќе го каже“, вели возач кој е заглавен на „Табановце“.Јавноста ги памети и видеата каде туристи на лето играа оро на граничниот премин, додека чекаа да минат граница.

Македонија | пред 2 години

drin-ahmeti-uapsen

Не се знае за кое дело ќе одговара Дрин Ахмети, обвинител ќе одлучи по вештачењата

Каква одговорност ќе понесе бизнисменот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети и тазе газда на „Соравија“, засега не се знае. Обвинителството потврдува дека МВР ги известило за настанот. Сега, ќе се прават вештачења, за да се види какво кривично дело сторил Ахмети.„За настанот е известен јавен обвинител. Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката“, велат кратко од Обвинителството.Засега е познато дека МВР кај Дрин Ахмети најде 749 пиротехнички средства.„Денеска (30.12.2023) во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени пиротехнички средства“, велат од МВР.Бизнисменот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, а кој вчера беше уапсен со пиротехника – денеска прославува три години во „Тхор индустрис“. Ова е фирмата која го купи трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје, купопродажба проследена со низа контроверзи и неодговорени прашања. Никогаш не се дозна колку чинело купувањето, освен дека фирмата на Ахмети треба да исплати долг од 20 милиони евра на претходниот сопственик. Не се знае ниту што правел Дрин Ахмети со цел арсенал пиротехника во неговиот џип.Детали:

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-30-at-11.28.02

(Видео) Македонците одат за Грција да слават Нова година

Долги колони чекаат за влез во соседна Грција. Најмногу автомобили се со македонски и српски регистарски ознаки. Како и секоја година, на најголем дел од нив, крајната дестинација им е Солун, за дочек на Новата година. Редици за поминување на граничниот премин „Богородица“ има од рано утринава. За во Солун се закажани низа прослави, меѓу другото и на градскиот плоштад. Гужвите таму започнаа од вчера.За разлика од вообичаените нервози, овојпат, нема упатување на погрдни зборови меѓу возачите кои чекаат на граничниот премин, но има обиди побрзо да се помине границата.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-30-at-11.19.20

Ковачевски остана најскап инфлуенсер, за 90 дена троши по 20 илјади евра на „Фејсбук“

Премиерот Димитар Ковачевски и СДСМ се на врвот од листата по најплатени реклами на социјалната мрежа „Фејсбук“. За 90 дена, Ковачевски потрошил речиси 20.000 евра за да биде виден преку спонзорирани реклами. СДСМ пак, платиле 13.250 евра. По нив следуваат три портали, од кои два со иста сопственичка структура, а плаќаат илјадници евра. Од првата до последната спонзорирана објава, Ковачевски потрошил 107 илјади евра.На листата е и лидерот на ВМРО-ДППМНЕ, Христијан Мицкоски, кој за истиот период потрошил само 1.209 евра. Ова е за 16 пати помала сума од таа која ја троши само Ковачевски. Повеќе од Мицкоски на социјални мрежи троши и вицепремиерот Бојан Маричиќ чие рекламирање на „Фејсбук“ чини 1.238 евра, како и Фатмир Битиќи кој платил 1.293 евра.Ковачевски го доби прекарот „најскап инфлуенсер“ поради големи суми потрошени на спонзорирање објави. Најчесто ги рекламира своите активности, а истото го прави и СДСМ.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања