Промени тема
Контакт

Кристијан Ландов

stef-dimovski-velesani-1

(Видео) Велешаните за трговија со дете и силување добија вкупно 31 година затвор: Слушавме алиби на обвинетите како никогаш претходно

Групата велешани кои сексуално злоупотребувале малолетничка, се осудени на затворски казни, освен еден обвинет кој доби условна осуда. Пет лица се осудени за „трговија со дете“, шест се осудени за кривично дело „силување“, а едно лице за „Прикажување на порнографски материјал на дете“. Вкупно 13 обвинети седнаа на обвинителна клупа, само еден обвинет призна вина. Пред почетокот на објавувањето на пресудата, обвинетите се бунтуваа против снимањето на медиумите и бараа да излезат надвор. Судечкиот

Македонија | пред 1 година

rade-stekli

Штекли е вон животна опасност по експлодираната бомба во неговиот дом

Раде Трајковски-Штекли е надвор од животна опасност и нема тешки повреди, дознава „Скопје1“ од извори во болницата. Според нив, тој поминал со помали телесни повреди по експлозијата на бомба, фрлена во неговата семејна куќа. Сепак, директорот на болницата „св. Наум Охридски“, Небојша Настов, каде бил пренесен Трајковски-Штекли, вели дека се прават и дополнителни анализи.„Стабилна здравствена состојба, вон животна опасност, доиследувања се прават во моментов“, вели доктор Настов за „Скопје1“.Засе

Македонија | пред 1 година

gjorce-park

Драма во паркот во Ѓорче: Мајка пријавила дека жена се обидела да и го киднапира детето

Драма се одвивала во паркот во Ѓорче Петров во текот на вчерашниот ден. Мајка пријавила обид за киднапирање на нејзиното дете, од страна на жена која седела на една од клупите во парк. Според информациите кои „Скопје1“ ги доби и од очевидци, жената прво го викнала детето и му дала да јаде, потоа го фатила за рака и го носела со неа, надвор од паркот.Кога мајката забележала што прави, почнала да вика да застане, а поради сомнежот дека се обидува да и го киднапира детето, почнала да вика и „полици

Скопје | пред 2 години

B630A5ED-6BF9-4200-ACFE-74B8D3D5B613_1_105_c

На Зоолошка и се заканува клуч на врата, без Управниот одбор, кажа и Јанчева

Советничката на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, рече дека лошите состојби во Зоолошка градина се нешто ново, а не стара состојба. Со изгласување на оставките на Управниот одбор, Зоолошката ќе остане без орган на управување и тоа според неа е клуч на врата.„Со тоа што го изгубивме кандидатскиот статус на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА) имаме мораториум, а денеска со изгласување на оставките на Управниот одбор - сами ќе и ставиме мораториум. Со ова при

Скопје | пред 2 години

utkovski-sutka

Бегство и пукање во затворот во „Шутка“: Осуденик враќан од суд, ги избуткал полицајците и прескокнал ограда

Осуденик од затворот „Скопје“ во Шутка избега при спровод од суд во ќелија. Ова се случило попладнево и тоа откако полицајците кои го обезбедувале го извадиле од затворското комбе и се доближувале кон црната капија, дознава „Скопје1“. Според нашите информации, осуденикот се движел пред тројцата полицајци кои го обезбедувале, но успеал да им се оттргне и да избега. Директорот Бобан Утковски не споделува детални информации за случајот, бидејќи истиот се уште е во фаза на проверки.„Информацијата за

Македонија | пред 2 години

ljupco

(Видео) По „Претрес“ ќе се вештачи миксетата на починатиот Љупчо: од што почина? Родителите талкаат по одговори

Институциите се размрдаа откако мајката и таткото на 19-годишниот диџеј Љупчо Лешко јавно во поткастот „Претрес со Ландов“ ги изнесоа сите сомнежи и чудни околности за смртта на нивниот син. Три месеци не знаат што е причината за смртта бидејќи Судска медицина нема изработено обдукциски наод. Љупчо почина во приватна вила во Радишани. МВР објави дека причината е струен удар. Но, миксетата наместо на вештачење - останала кај сопственикот на вилата, кој ја вратил кај родителите, а родителите ја до

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-10-11-at-13.46.43

Обвинетиот за убиството на Вања и Панче, вратен во ќелија: добро му е здравјето, останува во притвор

Боре Видевски, обвинет за убиството на малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, е вратен во затворот „Скопје“ во Шутка. Ова доаѓа откако тој претходно беше задржан на Клиниката за нефрологија, поради проблеми со бубрегот. Директорот на затворот, Бобан Утковски за „Скопје1“ посочува дека сега обвинетиот е во добра здравствена состојба.„Притвореникот за кого покажувате интерес е вратен од болничко лекување во затворот ‘Скопје’ и е во добра здравствена состојба“, вели Утковски за „Скопје

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-10-10-at-15.23.19

Понеделник е последен ден: Академијата која продуцира судии и обвинители не избра свој директор, оти претставник од Министерство за правда не дојде

Седницата на Академијата за судии и јавни обвинители, на која требаше да се избере нов директор, се одложи. Причината е отсуството на претставник од Министерството за правда. Според судијата Зоран Герасимовски, член на Управниот одбор на Академијата која продуцира судии и обвинители, предложи седницата да се закаже за друг датум, оти сега можело гласовите да бидат 4-4 и огласот да пропадне.„Сакам да укажам дека, како што и самите заклучивте, претставникот од правда не е присутен. Согласно Законо

Македонија | пред 2 години

ljupco-sudska

„Нема закана, туку укажување“ - судска медицина под притисок од прашања, Лешко три месеци ја чека обдукцијата за починатиот син

Потрагата по одговори на семејството Лешко за нивниот починат син, за кој трет месец немаат обдукциски наод, за Судска медицина е притисок. Ова е објаснувањето на директорот, проф. д-р Александар Станков за „Скопје1“, кога го прашавме зошто се упатени закани кон мајката Кате Лешко, која се јавила да бара одговори – дали од струен удар, природна смрт или трета причина, таа го закопа нејзиниот 19-годишен Љупчо. Станков децидно негира дека станува збор за закани, туку укажување.„Родителите и блиски

Македонија | пред 2 години

filipovic

Правна голгота и тромозење: Правдата за загинатиот пешак кај мостот „Гоце Делчев“ не е ни на повидок, откако пресудата беше укината

Нецели три години се развлекува постапката во која се лоцира одговорноста кај кумановката Гордана Филиповиќ, која со „БМВ Х5“ удри во сега загинатиот Слободан Ангеловски на мостот „Гоце Делчев“ кај МНТ.  Судијката Елена Илиевска Јосифова во октомври 2023 изрече затворска казна од 3 години која во мај 2024 година беше укината бидејќи во предметот нема супервештачење, а до денеска судењето не може да започне да се суди одново. Судијката Џенета Бектовиќ која требаше да ја суди повторената постапка

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-09-20-at-12.53.32

Чувствувам болка и агонија, се ставам на располагање на судот и кога се ќе се потврди, тогаш ќе ја барам Вања, рече обвинетиот татко пред судот

Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска и обвинет во процесот за нејзиното грабнување и убиство, побара од судот да му дозволи да помогне во расветлување на целиот случај. Ѓорчевски, кој кога Вања беше исчезната самиот водел истрага за да го најде девојчето, рече дека работата би ја расчистил со имиња и презимиња. Смета дека тоа му е должност како родител.„Чувствувам болка и агонија која не може да се објасни со зборови. Но сепак, од друга страна чувствувам и обврска и кон Вања и кон Мина,

Македонија | пред 2 години

palevski-palco

Адвокатот на Палчо го брани клиентот, а ги нападна другите: Од нив има биолошки траги, а од него не!

Адвокатот Маријан Витановски, кој го брани првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, покажа со прст кон другите обвинети во процесот, обвинувајќи дека од нив се најдени биолошки траги, но не и од неговиот клиент. Според Витановски, за другите има докази, но за Палевски – никаков доказ.„Тој немал никаква врска и контакт со останатите обвинети за планирање на овој чин. Тој имал по друг основ. Тој не бил на наведената дата во Велес, нема никаков траг дека

Македонија | пред 2 години

obvineti-vanja

(Видео) Никој од обвинетите за убиството на Вања и Панче не чувствуваат вина, таткото Ѓорчевски: Се ставам на располагање

Ниту еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, не се чувствува виновен. Иако претходно, дел од обвинетите имаа признанија на вина при извршување на грабнувања и убиствата, тие сега, посочуваат дека ќе докажуваат дека немаат вина поврзана со сите дела.„Не се чувствувам виновен“, рече првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо.Адвокатот на Велибор Манев рече дека тие ќе ги дискредитираат доказите, како и дека не учествувал во сите настани.„Не се чувствувам виновен“, рече Велибор

Македонија | пред 2 години

vanja

(Видео) Медиумите ќе го следат судењето за убиствата на Вања и Панче: Палчо за првпат прозборе во судница

Јавноста останува во судница за случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова доаѓа откако обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска истакна ваков предлог по барање на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска. Адвокатите на дел од обвинетите се противеа на ваквиот предлог, а судијата Ивица Стефановски реши предлогот да го одбие.„Постои јавен интерес за овој предмет затоа што превише е веќе експониран и мислам дека сите податоци за кои би требало да биде исклучена јавноста, се познати и

Македонија | пред 2 години

obvinitelka-palco

(Видео) Мајката на убиената Вања бара судењето да биде зад затворени врати, без медиуми: Медиумското известување ја продлабочуваат болката

Исклучување на јавноста и судење зад затворени врати на случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, побарала мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска. Ова во судница го посочи обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска. Според неа, мајката на Вања сакала да го заштити нејзиниот приватен живот, но и животот на втората ќерка, а притоа и здравјето оти медиумските известувања за овој случај ѝ влијаеле.„Пред да одржам воведен говор, сакам да истакнам предлог за исклучување на јавноста од целат

Македонија | пред 2 години

palco

(Видео) Палчо седна во судница, Велибор Манев го криеше ликот од медиумите - започна судењето за убиството на Вања и Панче

Обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски седнаа на обвинителна клупа. Денешното судење ќе се одржи, ќе се дадат воведни говори, но и обвинетите ќе се произнесат за вина. За првпат, во судница седна Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен како планер и реализатор на убиствата.Велибор Манев беше единствениот кој го криеше својот лик додека медиумите правеа видео-инсерти. За првпат, во судница со Палчо, седна и Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања.Палевски, Кешишов, Манев и Ви

Македонија | пред 2 години

86124789

Полиција упадна во струмичка „Вила Парк“: Инспектори прават претреси

Инспектори влегле во „Вила Парк“, која се поврзуваше со Заеви, но е сопственост на Ристо Карамазов, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, се прави претрес и се конфискува документација и компјутери, поради финансиски малверзации. Инсепкторите се во објектот подолго време, а неофицијално се испитува даночно затајување, но и други индиции за сторен криминал.„Скопје1“ го контактираше експремиерот Зоран Заев, за тоа дали тој се поврзува со фирмата, но тој не одговори на телефонските повици

Македонија | пред 2 години

vanja-ubijci-osomniceni

Стотици фајлови, куп снимки и материјали: Палевски, Манев, Видевски, Кешишов и Ѓорчевски ќе кажат дали чувствуваат вина за убиствата на Вања и Панче

Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, заедно со Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, кои се товарат дека ги извршиле убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, седнуваат на обвинителна клупа. Судот ќе го одржи првото рочиште за планираното убиство на Ѓорчевска и Жежовски, за што, Обвинителството поднесе обвинение на 16 страници, од кои десет страници се таксативно наведени докази. Во случајот, обвинет е и Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, со тврдење на Обвинителството дек

Македонија | пред 2 години

IMG_2106ll

Обвинителството „замижува“ или „глувее“? Арсовска нема потреба да се вознемирува, засега...

Неработата односно нефунцкионалноста на скопските претпријатија и Градот Скопје предводен од градоначалничката, Данела Арсовска, засега не го засега скопското Обвинителство. Тие сметаат дека овие проблеми треба да ги решаваат инспекторатите. Иако Скопје е претворено во мини-депонија, ЈСП не функционира, приватните превозници нема да возат, „Водовод“ го закочи проектот за прочистителната станица – Обвинителството не гледа злоупотреба на службената положба и овластување кај ниту еден од функционер

Скопје | пред 2 години

jsp-danela-kusoski-1

ЈСП тоне во проблеми: Директорот си игра „криенка“ со долгот, сервисери откажуваат, не кажуваат ниту колку треба да им се плати на приватните превозници

Градската власт не успева да набави нови делови за расипаните автобуси, а не пак, нови возила. Истовремено, приватните превозници се гневни бидејќи ЈСП не им ги исплаќа фактурите, па решија да кренат рачна и да си ги бараат парите. Во две реченици, ова е состојбата со јавниот превоз во Скопје. Во понеделник, учениците треба да се вратат во училиштата, а во исто време е најавен и стартот на поголемиот хаос во градот.„Скопје1“ пред осум дена побара од ЈСП да кажат, колкав е долгот кој го има претп

Скопје | пред 2 години

IMG_2111

(Видео) За Арсовска молчењето е злато, но на лагата и се кратки нозете...

Скопската градоначалничка Данела Арсовска четири дена нема одговор на прашањето зошто ја излажа јавноста, но и на прашањето дали ваков политичар треба веднаш да се повлече од функцијата. Како и вообичаено, и овојпат, наместо објаснување, добивме игнорирање на прашањата од граѓаните. Остана нејасно, зошто на прес-конференцијата пред десетици камери и цела македонска јавноста, криеше дека формирала комисија за да го преиспита долгото боледување на разрешениот, па вратениот секретар во Град Скопје,

Скопје | пред 2 години

arsovska-resenie

(Видео) Арсовска ја излажа јавноста: документот од архивата на Скопје ја покажува вистината

Скопската градоначалничка Данела Арсовска милува да се зборува со докази. А милуваме и ние. Веќе сфативме, таа треба да е секогаш во право.Освен кога ќе ја фатиме дека лаже. Како на пример на прес-конференцијата каде тврдеше дека не формирала комисија за да го преиспита боледувањето на генералниот секретар, Зоран Глигоров.Град Скопје е затворен за одговори на медиумите, но архивата е отворена за „Скопје1“. Ова е решението, потпишано од Арсовска, а заведено во градската архива. Затоа констатира

Скопје | пред 2 години

mavrovka1111

„Скопје1“ дознава: Осомничените убијци се од исто семејство од Чаир, еден е затвореник кој од април е во бегство

Изнуда е причината за убиството кај Мавровка, каде убиен е 60-годишниот Васил Ефтимов, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Осомничени остануваат три лица, од кои две се уапсени и се на распит, по што Обвинителството ќе одлучи дали ќе се бара притвор.„Скопје1“ дојде до детали околу уапсените лица, осомничени дека го извршиле убиството. Тројцата осомничени доаѓаат од исто семејство, кое живее во Чаир. Неофицијално, еден од осомничените по кој е во бегство и по кој се трага е затвореник, кој

Скопје | пред 2 години

images-5

Се заплеткува: Врховен ќе одлучува за екстрадиција на човек кој воопшто не е достапен за екстрадирање

Обвинителството доставило мислење за предметот во врска со екстрадицијата на Блерим Рамадани, соопшти Врховниот суд. Од наши извори, дознаваме дека сега, се проблематизира и евентуалното одлучување по тоа дали екстрадицијата ќе се дозволи или не, со оглед дека лицето не е достапно за органите на прогонот во Македонија. Сепак, од Врховен најавуваат дека одлука ќе донесат.„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека денеска, 20.08.2024 година, Јавното обвинителство на

Македонија | пред 2 години

ramadani

Како спинува Кривичен за бегството на Рамадани: се повикуваат на пракса, наместо закони!

Повикувајќи се на судска пракса, а не на закони, Кривичен суд се обидува да го одбрани судијата Пајазит Пајазити, кој го ослободи Блерим Рамадани од екстрадиционен ефективен притвор и го прати во домашен. Пајазити не негира дека при непроменети околности донел одлука за Рамадани да биде пуштен од зад решетки, па вперува прст во МВР оти тие требало да вршат надзор, но не соопштува дека надзор според закон можел да врши и самиот суд – но тоа не било направено. Пајазити се повикува на судска пракса

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања