„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Скопје1.мк

gasdga

🔴 Видео: Александар Николоски одговара на жешки прашања – трагедии, тендери, долгови, скандали!

Министерот за транспорт и врски и потпретседател на Владата, Александар Николоски, е во живо во студио.👉 Кој ќе го плати долгот од 6 милијарди евра?👉 Дали договорот со Британија е финансиска замка или стратешка шанса?👉 Кој носи одговорност за трагедијата во „Пулс“? Што со обвинителот Коцевски?👉 Урбана мафија, политички врски.. има ли крај на покварениот систем?👉 Што се случува со Бехтел и Енка – каде се парите, каде се километрите?👉 Дали Заев ќе одговара, а Ахмети ќе остане недопирлив?Нема избегнување. Нема ПР флоскули. Само директни прашања и одговори што ја засегаат целата јавност.СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:https://youtube.com/live/H5vXaYFZpEo?feature=share

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-11-at-22.01.23

(Видео) Николоски: Црвенковски, Груевски и Заев имаа желба како мачо мен да апсат

Потпретседателот на Влада, министер за транспорт и врски и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски е гостин во „Претрес со Ландов“.Скопје е претворено во депонија, изборот на актуелната градоначалничка беше на ВМРО-ДПМНЕ, ние, вели Николоски, си ја признавме грешката за тоа.„Извршната власт не апси, иако некои имаа мерак за ова, како Црвенковски, Груевски и Заев. Сакаа мачо мен да бидат. Настрана ние сакаме да се држиме од правосудството”, рече Николоски.Втор Крмзов нема ни во ВМРО- ДПМНЕ, ни во ДУИ ни во ВЛЕН, вели Николоски.https://youtube.com/live/H5vXaYFZpEo?feature=share

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-11-at-22.06.14

(Видео) Николоски: Предвремени парламентарни со локалните избори нема да има, Ахмети останува во опозиција

Јас го исклучив Мијалков од ВМРО-ДПМНЕ, вели во Претрес со Ландов, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и на Влада и министерот за транспорт и врски, Александар Николовски.https://youtube.com/live/H5vXaYFZpEo?feature=shareТоа што го направивме е еден од крупните чекори за реформирање на партијата, рече Николовски. На СДСМ им препорача оние што се сликаат во Дубаи со златни визи треба да ги исклучат од СДСМ.Негира дека ВМРО-ДПМНЕ направиле кворум при носењето на измените на Кривичниот закон со кој се овозможи неказнивост на политичарите, тоа вели, беше манипулација.Во однос на хотелот кој го гради Мијалков во Охрид од легалистички аспект не е дивоградба и е согласно актуелниот ДУП. Таков човек не би направил таква грешка. Суштинско прашање е од каде толку пари за да може толкав објект да се гради. Спогодба, потсетува тогаш со Мијалков се направи и сите средства се легализираа.„Предвремени парламентарни со локални нема да има, а Али Ахмети ќе биде во опозиција”, дециден е Николовски.

Македонија | пред 8 месеци

pecakov

Пецаков: За средствата од Владата за општините аплициравме со 24 проекти и добивме околу 9 милиони евра

-Охрид долги години беше позната како општина која е една од најзадолжените заедно со Тетово и нашиот долг околу 2013 го достигна пикот и беше околу 36 милиони евра. На прес излегов со пресек дека блокадата, заедно со тековни работи и фактури коишто се завршени долгот е 14.5 милиони евра. Со кого и да разговарав во Охрид сите знаеја дека функционираме под блокада, во 2024 година ја одблокиравме општината, а во 2025 година пренесовме 4 милиони евра на сметка. Така да позитивното финансиско работење е едно од работите на кои што сум посебно горд, рече Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид во своето гостување во поткастот ВМРО-ДПМНЕ зборува со вашиот градоначалник“.Градоначалникот Пецаков во текот на своето гостување се осврна и на тоа што може да очекуваат граѓаните на Охрид до крајот на неговиот мандат каде наброја неколку проекти.-Почеток на плоштадот Чинар, почеток на катната гаража, повеќе инфраструктура во руралните средини и ќе ја превршиме онаа динамика која што веќе сме ја започнале и наметнале во изминатите 4 години. Јас само можам да замислам како би било да настапивме со позитивна сметка или без долгови или со многу ситно нешто, укажа тој.Пецаков го истакна и планираниот проект за стратешко водоснабдување по гравитационен пат каде околу 60% од територијата на општина Охрид преку Плакенска планина ќе се снабдува со вода без да се потроши електрична енергија.-Ние сме спремни наредната година да го започнеме стратешкото водоснабдување на градот Охрид по гравитационен пат. Околу 60% од територијата на општина Охрид преку Плакенска планина ќе се снабдува со вода без да потрошиме електрична енергија. Дури може и да го искористиме сиот тој потенцијал кој што самиот извор го носи и за нас ќе претставува голема помош за нормалното водоснабдување на градот, кажа тој.На крај градоначалникот Пецаков ја посочи и помошта од Владата каде истакна дека како општина аплицирале со 24 проекти и добиле помош од околу 9 милиони евра.-Ние аплициравме за 24 проекти на двата повици од Влада и тоа е некаде околу 9 милиони евра. Тоа е огромна помош, порача тој.

Охрид | пред 8 месеци

zaev-filipce-1

Филипче, Заев и Зобек Мининг креирале криминални шеми преку кои направиле милионски профити, ЈО да поведе постапка, бара ВМРО-ДПМНЕ

“Филипче со денови молчи за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост, а ја основал на 18.11.2022 година, со седиште во Петрич на улица Гоце Делчев бр. 12, адреса каде што се регистрирани и многу од фирмите на Заеви”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Филипче молчи и за 3 пати поскапата препродажба на јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година.Молк од Филипче и за најскапиот договор за јаглен, кој го склучила ЕСМ, а е по цена од 82.5 евра за еден тон со вкалкулиран ДДВ, е со компанијата „Зобек мининг груп“. Зобек мининг груп е компанија која води директно до Венко Филипче.Филипче не дава одговор ниту за Аудито Q8 кое го возеше и во предизборната кампања а е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ.Кланот Заеви и Филипче создале криминална шема од фирми преку кои профитирале милионски суми од препродажба на јаглен во моменти кога државата била во енергетска криза, а граѓаните плаќале поскапа струја.За овие криминални шеми на Филипче, Заев и Зобек Мининг одговорност мора да има.ЈО да отвори истрага и да поведе постапка.

Македонија | пред 8 месеци

zorica-gjorcevska-vanja

Целото емотивно писмо од мајката на Вања до судот: Судскиот процес е секојдневен пекол, како секој ден да ја погребувам, молам за правда!

Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената 14-годишна Вања, денеска преку својот адвокат испрати писмо до судот, кое не беше исчитано до крај. Дел од него беше презентирано, а судијата Ивица Стефановски рече дека не може да се исчита до крај бидејќи не се однесува на имотно-правното побарување за кое требаше да се произнесат оштетените. „Скопје1“ исконтактира со мајката на убиената Вања, а таа преку нејзините адвокати ни го прати целиот допис преку кој се обраќа до судот и порачува дека само од пресудата на судиите може да се спречи, вакво злодело да се случи одново. Таа порачува „Ја јас сега молам за правда. Правда за Вања“. Во емотивното писмо објаснува дека  судскиот процес не и дава мир и се чувствува како секој ден да си ја погребува својата ќерка.Писмото доставено до „Скопје1“ ви го пренесуваме во целост:„Почитуван суде,Се обраќам до Вас, не само како мајка на Вања, туку како човек кој живее со најтешката и необјаснива болка.Скоро една година, целата јавност внимателно го следи овој макотрпен судски процес. Сите обвинети се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата што им се ставаат на товар. Во текот на процесот, беа презентирани низа материјални докази и сведоштва. Секојдневно и насекаде слушаме различни теории на заговор, одбрани базирани на наводни политички прогони, местенки, безбројни приговори... Но, за жал, еден факт останува непобитен – Вања ја нема.Ја киднапирале, и ја однеле. Ја убиле безмилосно, на најбрутален начин. Детето мое. Кога ќе слушневме за некој немил настан низ светот, на двете мои ќерки им велев дека вакви работи во Македонија, кај нас, не се случуваат. Далечни ми беа.Но се случи. И тоа токму мене, на моето најмило. И не смее да се повтори. Ниеден родител не смее да го доживее тоа што јас го доживеав, да го испрати детето во училиште и по една недела да го најде во мртовечки сандак. Вања не е само број на жртва. Вања беше живот, со очи, со глас, со планови.Таа беше ќерка, сестра, внука, братучетка, другарка. Имаше 13 години и како секоја деветооделенка се радуваше на долгоочекуваната полуматура. Правеше планови за зимување и летување со другарчињата од одделението, и подготвувајќи се за новите предивици со кои требаше да се соочи во средно училиште – жалеше за разделбата од соучениците од основното училиште.Вања сакаше да гледа стари филмови од 70-тите и 80-тите. Ги знаеше знамињата и главните градови – буквално на сите држави во светот. Кога ќе ја заинтересираше некоја тема, ја проучуваше детално, наоѓајќи одговор за секое прашање. Ја интересираше историјата, а најмногу сакаше да го проучува холокаустот – не можеше да разбере како е можно да се случи такво зло на толку луѓе.Секое утро со музика се подготвуваше за на училиште. И тоа утро – последното утро, стана, си ја пушти омилената песна и потпевнувајќи, се подготви за на училиште. Ја испратив до врата и и реков „се слушаме мама, подоцна“. Тоа беше последен пат да ја видам.Вања не ја дочека полуматурата. Не ги дочека ниту патувањата со соучениците, не дочека ниту да ги искуси предизвиците на средното училиште, на новите другарска, на првата љубов, на создавањето на свое семејство и остварување на личните амбиции.Цела генерација на деца, соученици на Вања, доживеаа силна траума од нејзината насилна смрт. Долгоочекуваната полуматура ја дочекаа во солзи, без волја да се забавуваат без својата другарка.Вања остави зад себе шокирани и скршени родители, роднини, братучеди, а пред сѐ – сестра која не знае како да го продолжи својот живот беа неа. Двете растеа со верба дека што и да се случи, ќе се имаат една со друга.Детето кое го одгледував со љубов, со грижа, со соништа. И тие соништа – сите до еден – се одземени. Со ладнокрвност. Со злоба. Со нечовечност. Мината е година и пол. Но, јас ја живеам таа кобна недела секој ден. Како може некој да покаже сила врз живот што допрва започнувал?Овој судски процес не ми дава мир. Тоа е мојот секојдневен пекол. Ја буди траумата, тагата и ја врти лентата на болката одново и одново, како секој ден да ја погребувам Вања. Но, јас морам да бидам дел од процесот, не од избор, туку од нужност. Морам да сум дел од процесот заради Вања, но и заради сите мајки. Дали злото ќе добие казна што ја заслужува или ќе испратиме порака дека животот на дете не тежи ништо? Почитуван суде, вечерта кога ме однесоа за последен пат да си го видам своето мртво дете, низ плач му реков на инспекторот: „немојте да дозволите ова да се случи на друго дете“.Сега, го упатувам истиот апел до вам – во оваа судница, не се суди само за убиството на Вања – туку се суди за правото на секое дете во оваа држава да живее. Да расте. Да сонува. Да не дозволите ова да се случи повторно. Вакво злосторство не смее да се толерира. Не смее веќе родители да плачат и да молат за правда. А јас сега молам за правда. Правда за Вања. Ви благодарм. 

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-11-at-15.33.35

Оспорена оценка, незаконски потпис и дупли улоги: Судијата Димовски го тужи Судскиот совет и тврди дека е оштетен при оценувањето

Судијата Андреј Димовски го тужи Судскиот совет, за да докаже дека не бил оценет соодветно, а со одземените бодови, му ја ускратиле шансата да напредува во скопска Апелација. Пред Управниот суд тој и неговата адвокатка, Билјана Јандриоска, во детали елаборираа за сите прекршувања, што според нив, биле направени во процесот нa евалуација. Нееднаквост на оружјата, пракса спротивна на начелото на правната сигурност и Европскиот суд – се само дел од забелешките на кои акцент стави судијата Димовски. Адвокатката Јандриоска рече дека решението за оценување на судијата било потпишано од Сашко Георгиев, иако тој не бил претседател на Судскиот совет, туку таа улога ја имала Весна Дамева. Со тоа, тој не бил овластено лице. Таа беше децидна дека ранг листата била креирана нетранспарентно, а за слично постапување на Судскиот совет е донесена пресуда со која е констатирано незаконско постапување на членовите, а изборот на судијата бил поништен.„Тужниот орган во повторената постапка не спровел повторно редовно оценување на тужителот (судијата) за период од 2019 до 2022 година, а за сето тоа да го направи требало да формира комисија во која нема да членуваат членови на комисијата која го спровела првичното оценување. Особено, сакам овој суд да има во предвид, а тоа е решението за редовно оценување на тужителот 29.12.2023 година е потпишано од Сашко Георгиев, кој во својство на член на Судскиот совет, немал овластување да потпишува решенија на Судскиот совет со кој се оценува работата на кандидати за повисокиот суд. Во време кога е донесено решението за оценување на работата на тужителот, претседател на Судскиот совет е Весна Дамева, а не Сашко Георгиев“, рече адвокатката Јандриоска.Судијата Андреј Димовски, кој е тужител, рече дека правилниците на Судскиот совет не содржат јасни одредби за во оценката да влезе неговото искуство во Европскиот суд за човекови права, а со тоа му нанел штета. Посочи неколку пресуди со Европскиот суд, за случаи слични на неговиот, каде биле донесени пресуди каде државите ги изгубиле случаите. Кажа дека тој не бил оценет за цела 2019 година, а тоа влијаело на оценката да не биде избран за судија во Апелација.„Тужениот орган наместо да го искористи своето овластување и да ја пополни правната празнина, на што е обврзан со закон, избра да заземе стојалиште против тужителот наместо во негова корист. Оваа обврска е веќе елаборирана од Европскиот суд. Тужениот орган го повредил принципот на еднаквост на оружјата на двете страни и воспоставил пракса спротивно на начелото на правна сигурност“, рече Димовски.Тој рече дека членот Ивица Николовски постапувал и во комисијата каде се ранглирале кандидатите, ама и во комисијата каде се одлучувало по жалбите на апликантите.„Недозволеното членување на Ивица Николовски, член на Судскиот совет, и во двочлената комисија која го извршила рангирањето на кандидатите во повисокиот суд, како и во трочлената комисија која одлучувала по приговорите на кандидатите против ранг листата, не го задоволува критериумот од субјективниот и објективниот тест на судот во Стразбур за непристрасно постапување“, додаде тој.На крајот, тој предложи судечкиот совет да ги констатира сите незаконитости.Судијата Димовски бара Судскиот совет да му направи ново оценување и бодување. Доколку Управниот суд ја прифати тужбата, највисокото судско тело ќе треба повторно да изврши оценување на овој судија што може да влијае на сегашниот избор на судиите во Апелација. Пресудата на Управниот суд се очекува идната недела.

Македонија | пред 8 месеци

ubistvo-noz

Внука со нож ги бодела баба ѝ и дедо ѝ - хорор во Битола

По овластување на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, полициски екипи извршиле увид во семејна куќа на улицата „Солунска“, каде што, според првичните сознанија, внука се обидела да ги лиши од живот своите баба и дедо.Според информациите, осомничената при вршење семејно насилство им нанела повеќе убоди со остар предмет на повозрасните членови од семејството. Двајцата повредени се пренесени во болница, но засега не е соопштена нивната здравствена состојба.Јавниот обвинител издал повеќе наредби и насоки за прибирање на релевантни докази и целосно расчистување на настанот. Осомничената е лишена од слобода и се постапува во насока на утврдување на сите околности поврзани со случајот.Од Обвинителството најавуваат дека по обезбедување на доказниот материјал ќе следуваат и понатамошни правни дејствија.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-11-at-09.43.48

Јованов пред Апелација: Не сум виновен за тоа за што ме товарат, дозволете ми да ја почувствувам правдата

„Не сум го сторил тоа за што ме товарат. Ве молам,дозволете ми и јас малку да ја почувствувам правдата“, им се обрати Васил Јованов на судиите од Апелациониот суд во Скопје, на крајот од денешната јавна седница за предметот во кој се товари за трговија со дрога, а каде Обвинителството бара повисока казна, додека тие бараат потврда на мерката која е изречена.Првостепениот суд претходно му изрече воспитна мерка со упатување во поправен дом.Во февруари, Апелациониот суд ја преиначи првичната мерка и му изрече затворска казна од 3 години и 10 месеци. Сепак, Врховниот суд во мај ја укина оваа пресуда, бидејќи Апелација не одржала јавна седница, иако тоа го побарале и Јованов и неговиот адвокат.Адвокатот на Јованов денеска оцени дека изречената воспитната мерка е правилна на првостепениот суд, бидејќи му дава шанса на млад човек да сфати колку згрешил и да се рехабилитира. Од друга страна, обвинителката Фатиме Фетаи смета дека Основниот суд ги преценил олеснителните околности и изрекол прелесна санкција.„Фактот дека обвинетиот не ја признал вината, ниту доброволно ги прифатил последиците, говори за неговата свесност и упорност како млада личност да се занимава со продажба на наркотична дрога, организирана во станови специјално изнајмени за таа цел. Тоа доволно зборува за ниската морална свест и желбата за брз профит преку незаконски пат“, изјави Фетаи, пренесе Телма.Адвокатот Панче Нефтенов ѝ реплицираше: „Ја повикувам колешката да ја прочита завршната изјава на Јованов и да се увери дали изрази искрено жалење. Се поставува и прашањето – дали затворските казни досега ја постигнаа целта? Дали затворите во Македонија рехабилитираат или се претвораат во универзитети за криминал, имајќи го предвид високото ниво на повратништво кај сторителите, особено за ваков тип дела?“Судиите дополнително ќе ја соопштат одлуката

Македонија | пред 8 месеци

toskovski

Тошковски најави трајно одземање на возила од 1 јануари 2026 ако изигравате нинџи низ улиците

Системот „Сејв сити“ ќе започне со работа на 1 јануари 2026 година и ќе овозможи автоматска контрола и санкционирање на сообраќајни прекршоци, најави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за МРТВ.„Оние што мислат дека можат да се однесуваат како 'нинџи' на улиците – безобѕирно да управуваат моторни возила – нека знаат дека возилото ќе им биде одземено и трајно ставено во функција на институции како МВР, Министерството за труд и социјала, па дури и детска градинка ‘Цветче’“, рече Тошковски со ироничен тон, алудирајќи на прашањето што ќе се прави со скапи возила како „Ферари“.Министерот објасни дека новиот систем ќе испраќа известувања за прекршоци директно на мобилен телефон. Прекршителите ќе добиваат порака со датумот на прекршокот и линк за пристап до фотографски доказ. За полесни прекршоци ќе се плаќа парична казна, додека за посериозни следи повик на суд и можно одземање на дозволата за управување.„Казната ќе стигне на мобилен. Ако сакате доказ – ќе го добиете. Ако сакате да го видите прекршокот – ќе имате слика. Ако сте се возеле со 'Ферари' и сте го загрозиле сообраќајот, ќе го дадеме на детската градинка. Но едно е сигурно – тоа возило повеќе нема да биде ваше“, додаде Тошковски.Системот „Сејв сити“ е дел од стратегијата за подобрување на безбедноста во сообраќајот и воведување на дигитална контрола во реално време.

Македонија | пред 8 месеци

kazni-policija-policaec

Малолетник со „екстази“ и марихуана на улица во Скопје – полицијата му стави лисици

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од Скопје, поради сомнение дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.Според информациите од МВР, на 26 март 2025 година, полициски службеници извршиле преглед врз малолетникот на подрачјето на Скопје, при што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и таблети МДМА.МДМА (метилендиоксиметамфетамин), позната и како „екстази“, е синтетичка психоактивна супстанца која се користи претежно рекреативно. Делува како стимуланс и халуциноген и може да предизвика зголемена емпатија, еуфорија и нарушување на перцепцијата. Поради нејзините ризици и можни последици по здравјето, МДМА е класифицирана како забранета дрога во повеќето земји, вклучително и во Македонија.Против малолетникот ќе се постапува согласно Законот за малолетничка правда.

Скопје | пред 8 месеци

IMG_4387

Нема одмор за вработените во МОН: По шест години за првпат ќе има учебници за сите ученици

Ова лето вработените во Министерството за образование нема да користат годишни одмор. Ги чека работа за да заврши печатење на учебници, уписи во средно образование.МОН се става на располагање на директорите, на наставниците и на високото образование, доколку има потреба да излезе министерството во пресрет и да реши некој проблем.Учебници за сите ученици во основно и средно образование ќе има на 1 септември, ветува министерката за образование Весна Јаневска. Таа најави дека поради промена на наставните програми комплет нови учебници ќе има за седмо одделение во основното образование, како и нови учебници за прва година за средно гимназиско образование.„Секое училиште, според Закон, треба да формира комисија, која ќе ги провери учебниците, кои учениците од претходната година ги враќаат, а треба да продолжат за следната година, односно да бидат дадени на некој друг ученик”, рече Јаневска на прес-конференција.Минатата година биле пријавени 6.000 оштетени учебници, а досега се пријавени дури 18.000 оштетени учебници.За прв пат после шест години, учениците во основните училишта ќе имаат учебници по сите странски јазици, вели Јаневска.Оваа година на 1 ви септември ќе има учебници и за странски јазици од 1 во до 9 то одделение.

Македонија | пред 8 месеци

vanja-pance-palco-sudenje-6

„Нема ниту еден доказ за комуникација меѓу таткото на Вања и Палчо“, адвокатот вели дека обвинителките се контрадикторни

Обвинителките завршија со завршниот збор за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Не понудија никаков доказ дека таткото на Вања, Александар Ѓорчески, имал конекција или комуникација со обвинетиот планер и реализатор на убиствата, Љупчо Палевски-Палчо. Ова го кажа адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој посочува дека Обвинителството образложило сѐ за другите четворица обвинети, а ништо за таткото.„Јавното обивнитлство го потврди она што го знаеме од првиот ден, а тоа е дека нема никаков доказ за било каква вмешаност и инволвираност на Александар. Немаат ниту било каков доказ за конекција или комуникација со Љупчо Палевски, како што стои во обвинителниот акт. Напротив, завршнот збор на Обвинителството го ценам како контрадикторен, сам по себе, бидејќи на некој начин директно го опиша планот и дејствијата на останатите обвинети со кои Обвинителството докажува дека имале разработен план, дека од првото грабнување се откажале и зошто се откажале, како и дека реализацијата се завршила во понеделникот. Никаде не е споменат таткото ниту конекција со него“, рече Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчески.

Македонија | пред 8 месеци

zaev-filipce-1

Обвинителството да отвори постапка за криминалниот круг Филипче - Заев - Зобек мининг, бара Петрушевски

„Фрапирани сме од молкот во СДС и кај Венко Филипче, за неговата фирма во Бугарија, џипот купен од фирма која на тендер носела јаглен во ЕСМ и фирмите на Заеви кои инкасирале 9 милиони од истиот тендер, а се поврзано со улицата Гоце Делчев бр. 12 во Петрич“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Венко Филипче сега кога е претседател на СДС е сè уште и управител на бугарска фирма.Истата таа бугарска фирма на Филипче дели канцеларија со фирмата на Заев која наплатила 9 милиони евра за ископ на јаглен во Грција од фирмата која го продавала на ЕСМ.Фирмата која го продавала јагленот на ЕСМ е фирмата која му го купи луксузниот џип ауди Q8 на Венко Филипче.Овој криминален круг, Заев, Филипче, Зобек мининг мора да биде растурен.Очекуваме ЈО да отвори постапка. Премногу очигледни и на тацна се сите давања и земања, и многу лесно се гледа политичкото влијание. А наградата, џипот за Филипче е крунски доказ, од каде почнува се.ЈО да не молчи. Постапка веднаш. Во спротива ќе се испостави дека се само заштитници на криминалците од СДС.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski-marija-koceski

Коцевски засега „сигурен“, Влада држи кочница и го чека да се „докаже“

Останува паузирано разрешувањето на јавниот обвинител Љупчо Коцески, од кого Владата беше незадоволна и за што отпочна постапка, па ја стопираше по пожарот во „Пулс“. Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека Владата го кажала ставот, а тоа беше дека нема да продолжат со разрешувањето за да не прават проблеми во истрагата и нејзниот тек.„Став Владата имаше по тоа прашање, бидејќи веќе тоа прашање беше поставено. Немам ништо различно од тој став“, рече Мицкоски.„Скопје1“ утринава побара и став од Владата, кои велат дека иницијативата не е повлечена, но оставаат Коцевски да се докаже во својата заложба за непристрасно гонење.„Иницијативата за разрешување не е повлечена, но ова е период каде Коцевски може да ја докаже својата заложба за непристрасно работење преку борба против криминалот за повеќе случаи“, рече владината портпаролка Марија Митева за „Скопје1“.Дел од медиумите известија дека за една недела ќе продолжи разрешувањето на Коцевски, информација која не ја потврдуваат, ниту негираат од Владата. Постапката застана откако Владата доби мислење од Советот на јавни обвинители кои застанаа во одбрана на Коцевски. Тоа мислење, треба да се испрати до Собранието за процесот да продолжи.

Македонија | пред 8 месеци

nacev-mickoski

Мицкоски за осомничениот Нацев: Бил дел од Владата во 2016 година, тоа е последно што го знам

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Александар Нацев, кој е осомничен во предметот за пожарот во „Пулс“, бил дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2016–2017 година, но нагласи дека нема понови информации за неговата улога или активност. Тој ја охрабри Јавната обвинителска служба да продолжи со истрагата и порача дека, доколку има основи за вина, институциите ќе добијат целосна поддршка од Владата за да постапуваат согласно законите.„Александар Нацев бил дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2016-2017 година и тогаш обавувал некаква функција. Тоа е последното нешто што го познавам за Александар Нацев. И го охрабрувам Обвинителството и натаму да работи и ако има било кој вина, да дејствува, ние ќе им помогнеме“, рече премиерот Христијан Мицкоски.Александар Нацев, реален сопственик на фирмата „Рубикон“, која без договор ја обезбедувала дискотеката „Пулс“, доби 30 дневен притвор. Според информациите од Обвинителството, Нацев заедно со управителот и одговорното лице на подружницата, незаконски вршел обезбедување без склучен договор, без безбедносна проценка и без план за евакуација.Во текот на критичната вечер, екипата не спречила влез на малолетни лица, преполнетост на објектот, ниту внес на пиротехнички средства, со што е предизвикан пожарот. Трагично, настрадаа 62 лица, 157 се со тешки, а 54 со телесни повреди.МакедонијаГаздата на обезбедувањето, Нацев, зад решетки: одреден му е притвор од 30 дена во предметот за пожарот во „Пулс“AvatarОдСкопје1.мкОбјавено на 10/06/2025Александар Нацев, реален сопственик на фирмата „Рубикон“, која без договор ја обезбедувала дискотеката „Пулс“, доби 30 дневен притвор. Тој е осомничен со проширување на истрагата за трагедијата во Кочани за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Притворот го изрече Судот во Кочани, потврдуваат оттаму за „Скопје1“.Според информациите од Обвинителството, Нацев заедно со управителот и одговорното лице на подружницата, незаконски вршел обезбедување без склучен договор, без безбедносна проценка и без план за евакуација.Во текот на критичната вечер, екипата не спречила влез на малолетни лица, преполнетост на објектот, ниту внес на пиротехнички средства, со што е предизвикан пожарот. Трагично, настрадаа 62 лица, 157 се со тешки, а 54 со телесни повреди.По судска наредба, извршени се претреси на неколку локации и запленета е релевантна документација.Нацев на 16 март излезе со информација дека нема никаква негова поврзаност со трагедијата„Сочувство до фамилиите на сите 59 трагично згаснати животи во Кочани, меѓу кои има и мои блиски лица. Сакам да нагласам дека информациите за моја поврзаност со овој настан се дезинформација и шпекулација. Тоа се само обиди за блатантна политичка игра и добивање морбидни поени“, напиша Нацев.

Македонија | пред 8 месеци

IMG_4777

Македонија се празни, трета е во регионот по иселување

Македонија е меѓу водечките земји на Западен Балкан по обемот на емиграција – според податоците на Обединетите нации (UNDESA), дури 34% од населението живее надвор од државата. Со тоа, земјата се наоѓа веднаш по Босна и Херцеговина (49%) и Албанија (44%).Иселувањето најмногу ја погодува младата, работоспособна и образована популација, што дополнително го забрзува процесот на демографско стареење и влијае врз економскиот и социјалниот развој.Главните причини за масовната емиграција се долготрајна политичка нестабилност, висока невработеност, ниски плати и недостаток на перспективи, особено кај младите.Проблем дополнително претставува недостигот од прецизни и ажурирани податоци за иселувањето, поради непостоечки регистар на население и неусогласени пописни методологии.Иако оваа појава е присутна и во други земји од Балканот, експертите предупредуваат дека ако не се преземат брзи и структурни мерки, последиците за Македонија ќе бидат долгорочни и тешко надминливи.

Македонија | пред 8 месеци

palevski-obvineti-vanja

Нема олеснителни околности, рече обвинителката и побара доживотен затвор за убиствата на Вања и Панче

Јавното обвинителство побара доживотен затвор за четворицата обвинети – Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев – за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, што се случија во ноември 2023 година.Во завршните зборови, обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска рече дека се работи за свирепи убиства, извршени со умисла, и дека за ниту еден од обвинетите нема олеснителни околности.„Да се одземе живот на дете е недозволиво. Обвинетите не покажаа каење, манипулираа со јавноста и ја повторно ја трауматизираа фамилијата. Сите се во зрела возраст, родители, а дел и со политички амбиции“, рече таа, пренесе „Плусинфо“.За Велибор Манев, Oбвинителството тврдеше дека свесно учествувал во двете убиства – закопувал тела, чистел траги, користел лопата, селотејп и вреќи. За Боре Видевски рече дека пред Обвинителството признал сè, но подоцна негирал сè пред судот, тврдејќи дека исказот бил изнуден – нешто за што нема докази.Влатко Кешишев, според Обвинителството, не бил само „послушник“ туку директно учествувал: копал гробници, носел радиостаници, го возел „цитроенот“ и ги палел доказите.За Палевски, првообвинетиот, обвинителката рече дека ја водел целата операција, креирал алиби, уништувал докази, користел повеќе телефони и комуницирал преку радиостаници. Сите докази, вклучително и базните станици и сведочењата на другите обвинети, го поврзуваат со злосторствата.Според Обвинителството, жртвите биле грабнати со намера да се изнуди откуп – прво Панче, заради возилото, потоа Вања. Убиствата биле внимателно планирани, а извршени со особена суровост: жртвите биле врзани, држени во гепек, со вперен пиштол, подложени на тежок психолошки и физички стрес.„Станува збор за тешки, двојни убиства извршени со умисла. Секој од обвинетите одиграл клучна улога. Единствена соодветна казна е доживотен затвор за сите четворица“, заклучи обвинителката.

Македонија | пред 8 месеци

fatime-fetai-vasil

(Видео) Васил Јованов, кој ја прегази Фросина, денеска на седница во Апелација по обвинение за трговија со дрога

Васил Јованов, кој ја прегази и усмрти 24-годишната Фросина, денеска беше спроведен на седница во Апелациониот суд во Скопје. Овојпат, не поради сообраќајната несреќа, туку по друго, претходно обвинение за кое беше суден – за недозволена трговија со наркотични средства.Станува збор за постапка што се води пред повисока судска инстанца, каде Обвинителството поднсе жалба на пресудата од Основниот суд, кој претходно го прогласи виновен и му изрече казна затвор. На денешната јавна седница во Апелација, присутни беше и неговиот бранител, кој се противи на повисока казна за неговиот клиент.Страната на Обвинителството и строгата казна ќе ја брани вишата обвинителка Фатиме Фетаи.Според обвинението во овој случај, Јованов се товари дека бил вмешан во дистрибуција на дрога.За ова дело, Јованов беше осуден на воспитна мерка како постар малолетник, а потоа, Апелација му ја зголеми казната на 3 години и 10 месеци. Случајот заврши пред Врховниот суд кој ја укина второстепената пресуда поради тоа што не се одржала јавна седница, а Јованов немал можност да се брани.Претходно, Јованов доби 12 години затвор за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова на пешачки премин.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

На Таравари му е скандалозно: 95% од вработените во институциите се Македонци, а само 5% Албанци

Во институциите се отвораат стотици работни места, а пропорцијата на застапеност е некаде околу 5% Албанци и 95% Македонци, вели лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари синоќа за косовската „Канал 10“.„Ова е скандалозно и ако останевме во ВЛЕН и во Владата, како ќе ги поминеме локалните избори кои се на 12 или 19 октомври и како ќе им кажеме на граѓаните да гласаат за нас?!“, прашал Таравари.Тој додаде и дека единствената грешка што ја направиле како ВЛЕН било што со ВМРО-ДПМНЕ брзо станале владина коалиција и со единствен услов европскиот пат.

Македонија | пред 8 месеци

dzoko-tapanar-dnk

Споменик во чест на тапанарот Џоко и жртвите од „Пулс“ ќе се прави во Струмица

Димитар Ѓоргиев, братот на трагично починатиот тапанар од групата „ДНК“, Џоко Ѓоргиев, покрена хуманитарна кампања за прибирање 30.000 еврa. Средствата се наменети за изградба на споменик во центарот на Струмица – во знак на сеќавање на Џоко и на сите жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, кој се смета за најголемата несреќа во поновата македонска историја.Според информации на „Слободен печат“, споменикот ќе биде поставен на струмичкиот плоштад, а за неговата изработка е ангажиран академскиот уметник Митко Тошев – сликар и вајар, кој предава во гимназијата „Јане Сандански“.Во образложението на иницијативата се наведува дека споменикот ќе претставува симбол на вечниот препород – не само за Џоко, туку и за сите 62 животи што згаснаа во трагедијата.[caption id="attachment_330301" align="alignnone" width="1353"] Screenshot[/caption]„Џоко имаше само 24 години. Беше млад музичар со исклучителен талент и огромно срце. На една обична вечер, додека свиреше – токму она што најмногу го сакаше – животот му згасна во огнената стихија. Но, неговата љубов, музиката и спомените што ги остави зад себе остануваат да живеат“, пишува во повикот за донации.„Тој свиреше до последниот момент. Неговите тапани сè уште одекнуваат во срцата на оние што го познаваа и го сакаа. Сакаме тоа да трае засекогаш – затоа ја покренуваме оваа иницијатива. Да изградиме споменик што ќе биде сведоштво за неговата љубов кон музиката, за човечноста, за храброста. И да не дозволиме да се заборави.“За само едно деноноќие, донирани се над 1.250 евра, а целта е да се соберат 30.000 евра.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2022-03-01-at-11.16.38

Нов руски напад врз Харков, има мртви и повредени: „Становите се во пламен, покривите се уништени, автомобилите се запалени...“

Во новите руски напади врз североисточниот украински град Харков во текот на ноќта во вторник загинаа две лица, а повеќе од 50 беа повредени, соопштија украинските власти.Интензивните напади од 17 беспилотни летала запалија 15 станови во петкатна зграда и предизвикаа штета во други делови од градот, изјави градоначалникот на Харков, Игор Терехов.„Повеќекатници, приватни домови, игралишта, бизниси и јавен превоз беа директно погодени“, објави Терехов на апликацијата за пораки Телеграм.„Становите горат, покривите се уништени, автомобилите горат, прозорците се скршени“, рече тој.Девет од 54 повредени се хоспитализирани, вклучувајќи двегодишно девојче и 15-годишно момче, изјави регионалниот гувернер Олех Синехубов на Телеграм. Тој додаде дека биле погодени неколку станбени згради и автобуска станица. Харков, вториот по големина град во Украина, кој се наоѓа на помалку од 50 километри од руската граница, е цел на разорни ноќни напади од минатата недела.Во ноќта од петок кон сабота, тој претрпе околу педесет експлозии, што, според украинските власти, беше најмоќниот напад врз тој град од почетокот на војната. Најмалку три лица загинаа, а 17 беа ранети.Сè уште нема знаци за примирје, а Украина и Русија ја завршија втората фаза од големата размена на воени заробеници во вторник, што е единствениот конкретен напредок во неодамнешните мировни преговори во Истанбул.Ниту една страна не објави колку затвореници се разменети.Москва и Киев неодамна се согласија во Истанбул да разменат најмалку 1.000 затвореници од секоја страна, како и неколку илјади тела на паднати војници, но се појавија компликации при спроведувањето на овој план.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ оди во Украина за првпат од почетокот на војната, само неколку дена по жестоките обвинувања од Москва

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ја посети Украина во среда, што ќе биде прва посета на лидер на земјата, која одржува срдечни односи со Москва, a од почетокот на војната во февруари 2022 година, објави претседателството во соопштение.„Претседателот на Република Србија ќе ја посети Украина еден ден во среда, 11 јуни, каде што ќе учествува на самитот Украина-Југоисточна Европа“, објави српското претседателство.Српски шеф на држава никогаш не ја посетил Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.Посетата доаѓа неколку дена откако Русија ги обвини српските компании за оружје дека се обидуваат да „пукаат во грб на Москва“ со продажба на муниција на Украина.Присуството на српска муниција во Украина никогаш не е јавно признато, ниту целосно демантирано. Неколку недели претходно, Александар Вучиќ, кој балансира помеѓу својот историски сојузник Русија и неговата желба да се приклучи на Европската Унија, беше на Црвениот плоштад во Москва за да ја прослави 80-годишнината од поразот на нацистичка Германија.Србија историски одржува блиски врски со Русија и дели негодување кон НАТО по бомбардирањето во 1999 година за време на косовската војна. Од февруари 2022 година, Белград одби да ги прекине врските со Москва и не спроведе никакви санкции против Русија, што ЕУ го очекува, и покрај тоа што гласаше против тоа во резолуциите на ОН.Белград, исто така, во голема мера се потпира на Москва за снабдување со гас, кој го добива по многу поволни цени.

Свет | пред 8 месеци

Tramp

Одлуката на Трамп да ја мобилизира војската во Лос Анџелес е контроверзна, но не и драматичнa, но, тој има многу поопасен адут во ракавот

Откако распореди две илјади припадници на Калифорниската Национална гарда на улиците на Лос Анџелес, американскиот претседател Доналд Трамп отиде чекор понатаму и мобилизираше уште две илјади од нив, заедно со 700 активни маринци, како одговор на протестите кои не стивнуваат од петокот. Ова е исклучително невообичаена ситуација - распоредување на редовната армија во границите на САД.Иако овој потег изгледа драматичен, формално и правно сè уште не е. Во неделата, Трамп го активираше Член 10 од Законот за вооружените сили на САД, кој му дозволува да ги распореди вооружените сили во федерална служба во три случаи: во случај на напад врз САД, бунт или неможност за спроведување на федералните закони под редовни услови. Ова му даде овластување да ги ангажира сите гранки на војската, од маринците и армијата до крајбрежната стража, воздухопловните сили и вселенските сили.Сепак, овој чекор не значи автоматски дека овие сили можат да дејствуваат како полиција. Тие се спречени да го сторат тоа со Законот Posse Comitatus, закон од 1878 година, кој забранува употреба на федерални воени сили за спроведување на законот во САД без изречно овластување од Конгресот или вонредни околности. Во пракса, ова значи дека војниците не смеат да апсат, претресуваат, изрекуваат казни или да вршат заплени. Нивната улога засега останува ограничена на логистичка поддршка и заштита на федералните објекти и персонал.Сепак, овој чекор не значи автоматски дека овие сили можат да дејствуваат како полиција. Тие се спречени да го сторат тоа со Законот Posse Comitatus, закон од 1878 година, кој забранува употреба на федерални воени сили за спроведување на законот во САД без изречно овластување од Конгресот или вонредни околности. Во пракса, ова значи дека војниците не смеат да апсат, претресуваат, изрекуваат казни или да вршат заплени. Нивната улога засега останува ограничена на логистичка поддршка и заштита на федералните објекти и персонал.Денес ситуацијата е спротивна. Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, отворено се спротивставува на одлуката на Трамп и веќе покрена законска постапка тврдејќи дека претседателот ги пречекорил своите овластувања.„Доналд Трамп создава страв и терор со тоа што не го почитува Уставот на САД. Ова е вештачки создадена криза што му овозможува да ја преземе државната милиција. Со овој потег, тој ги загрозува темелите на нашата демократија и се движи во сферата на авторитаризмот“, рече Њусом.Трамп сè уште не го активирал Законот за бунт, но постојат индикации дека ја разгледува можноста. Во неделата, тој прво го отфрли тврдењето дека протестите биле „востание“, нарекувајќи ги „насилни акти на поединци“, но веќе следниот ден ги етикетираше демонстрантите како „платени бунтовници“ и „бунтовнички толпи“. Ова заострување на реториката сугерира дека тој може да го направи следниот потег.Законот за востание остава многу простор за толкување бидејќи не дефинира што претставува бунт или востание, со што му дава на претседателот широка дискреција во неговото спроведување. Како што предупредува непрофитната организација „Центар за правда Бренан“, оваа нејасност претставува потенцијална закана за демократскиот поредок. Треба да се напомене дека Законот за востание е активиран само 14 пати во историјата и е користен во различни околности, од спроведување на законите за граѓански права до помагање на корпорациите во сузбивањето на штрајковите, па сè до интервенција за време на „расни немири“.Причината зошто Трамп не го активираше веднаш Законот за востание може да лежи во фактот дека тој е свесен дека сè уште нема јасни, законски утврдени немири во Лос Анџелес. Повикувањето на законот без вистинска основа би ризикувало да отвори дебата за неговата злоупотреба.Во овој контекст, сегашниот потег на Трамп може да се смета за стратегија што изгледа измерена, но може да послужи како појдовна точка за нешто поголемо. Доколку сегашното ниво на интервенција не успее да ја смири ситуацијата, Белата куќа би можела да го искористи тој „неуспех“ како оправдување за поагресивно, пошироко распоредување на трупи во земјата. Исто така, доколку го активира законот, се поставува прашањето дали војската всушност ќе употреби сила против граѓаните, без разлика дали тие се реални или замислени закани за федералните власти. Постои многу реална можност присуството на федерални трупи на терен да го зголеми ризикот од ескалација на насилството, наместо да го намали. И така доаѓаме до клучно прашање: Дали Трамп би можел да го искористи законот како средство за проширување на своите овластувања и распоредување трупи надвор од Лос Анџелес?Имено, давањето овластување на Пентагон да распоредува вооружени сили во сите федерални објекти и операции би можело да сигнализира дека претседателот е подготвен да испрати трупи во други градови како одговор на протестите. Американскиот уставен експерт Стив Владек предупредува дека ова овластување му овозможува на претседателот не само да интервенира таму каде што протестите веќе се во тек, туку и превентивно да испрати трупи таму каде што верува дека би можеле да избувнат протести.

Свет | пред 8 месеци

eZy-Watermark_24-05-2025_04-16-07-8870PM

„Support Kocani“ плати 15 илјади евра за компресивна облека за повредените

„Support Kocani“ ја исплати првата фактура за компресивна облека во износ од 923.458,00 денари – средствата целосно обезбедени преку донации.„Со особено задоволство ве информираме дека здружението на граѓани СУПОРТКО ја исплати првата фактура за компресивна облека наменета за повредените лица од трагичниот настан во Кочани, во износ од 923.458,00 денари. Средствата за оваа набавка беа целосно обезбедени преку донации. Компресивната облека е нарачана и се очекува да пристигне во Кочани околу 16 јуни. Покрај тоа, веќе се обезбедени средства и за втора тура компресивна облека. На 16 и 17 јуни, во Кочани повторно ќе пристигнат експерти од Бугарија кои ќе започнат со процесот на земање индивидуални мерки за новата нарачка“, велат од „Support Kocani“.Тие додаваат: „Упатуваме голема благодарност до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000, кои одобрија значителен попуст во вредност од 19.600,00 лева, со што овозможија оваа неопходна медицинска помош да стигне до што поголем број на повредени.Иако некои процеси бараат време, ова е доказ дека кога има волја – има и начин. Ви благодариме на сите вас – граѓани, пријатели, и непознати хумани срца – што покажавте што значи вистинска солидарност. Вашата поддршка продолжува да прави разлика“.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања