„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Скопје1.мк

Screenshot-2025-06-13-at-10.43.59

Мајка трага по синот: Последен пат е виден во Велес, облечен во црна тренерка, ве молам за информација

Благица Бурева, мајка на Владимир, сподели апел во кој бара помош за пронаоѓање на нејзиниот син. Таа тврди дека тој заминал вчера утрото и не се вратил. Во куса изјава за „Скопје1“ посочува дека случајот е пријавен и во полиција.„Последната локација е Велес. Облечен беше во црна тренерка“, вели Благица Бурева за „Скопје1“.Побаравме информации и од полицијата, оттаму очекуваме одговор.

Македонија | пред 8 месеци

97A0C6C3-4D24-424B-AD62-EDE4A95437D5_1_105_c

Денот „Д“ за одговорноста за трагедијата во Кочани: трагедија со „потпис“, ќе се обзнани кај кого е лоцирана вина

Обвинителите денеска ќе соопштат дали истрагата утврдила вина кај сите 47 осомничени лица против кои се собираа докази за трагедијата во „Пулс“ каде имаше 62 жртви. Завршени се вештачењата, анализите на одземените уреди, испитувањата на сведоци и оштетени. На прес-конференција каде ќе бидат сите кои постапувале, Обвинителството најави споделување на сите детали по однос на поднесеното обвинение. Со ова, топката се префрла во судот, кој ќе треба да го оцени обвинението и да започнат судењата.Извесно е дека обвинение нема да се поднесе против лицата кои се на болничко лекување, а тоа е Владимир Блажев-Панчо. Управителот на фирмата која управувала со дискотеката, Александар Карадаковски, од осомничен стана оштетен, бидејќи почина додека беше на болничко лекување.На листата на осомничени се поранешниот и неформалниот сопственик на „Пулс“, сопственикот на објектот кој го издал на користење, реалниот сопственик на фирмата за обезбедување, лица вработени како обезбедувачи, инспектори од различни ресори, четворица поранешни министри за економија, тројца поранешни државни секретари, двајца поранешни директори на ДПИ, тројцата поранешни градоначалници на Кочани, директорите на Дирекцијата за заштита и спасување.Во засебна истрага, опфатени се и 14 полициски службеници кои низ годините дозволиле преку документација да се овозможи работа на дискотеката. За нив нема јавнообвинителска одлука и не се знае дали се собрани доволно докази. Истовремено, од вчера статус на осомничени добија уште 13 лица кои имале раководни функции во СВР Штип и ОВР Кочани изминатата година.Деталите за обвиненијата ќе бидат соопштени денеска во 12 часот.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

СДСМ бара оставки од Јанев и Тошковски и кривична одговорност поради „Пулс“

„Последната акција на ОЈО ГОК потврди сè. СДСМ ја говореше вистината за Кочани од првиот ден“, вели СДСМ и додава:Уапсените полициски службеници вчера се лица кои СДСМ ги објави во серијалот „Вистината за Кочани“ како директно одговорни за дозволување на нелегалното работење на „Пулс“.Благодарение на објавените факти и притисокот, конечно се постапува. Но, останува фактот дека четири месеци директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, министерот Панче Тошковски и целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваа да ги заштитат и да ја прикријат одговорноста.Тие бранеа и криеја свои функционери, лажеа јавноста и вршеа притисоци врз Обвинителството за да не се постапува против нивните кадри кои се докажано директно одговрни за пожарот во кој изгореа 62 деца.Александар Јанев, како прв човек на БЈБ, има директна одговорност за своите подредени. Тој ги поставил, тој давал наредби – и затоа мора да понесе оставка и да следи кривична одговорност.Истото важи и за Панче Тошковски, кој целиот период ја штитеше структурата во полицијата и тврдеше дека нема вина.Христијан Мицкоски, пак, со недели ја користеше трагедијата за политички напади, обвинувајќи ги сите освен оние што ги поставил на функција. Ги лажеше родителите, ја манипулираше јавноста и се обидуваше да ја задуши вистината.Без одговорност за Јанев, Тошковски и Мицкоски – нема целосна правда. А правда за Кочани мора да има.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-13-at-08.54.32

Сопругата на загинатиот Андреј од ДНК испрати отворена порака

Сопругата на Андреј од ДНК, Наталија Ѓоргиевска, преку објава на социјалните мрежи, порача дека го следи процесот за утврдување одговорност кај сите инволвирани лица. Таа пишува дека ќе зборува гласно, ако има селективна правда.- Бараме неселективна правда. Без калкулации, без привилегирани и без заборавени. Ако не ја добиеме - ќе зборуваме погласно. И ќе не' има се повеќе. Ако институциите не покажат дека можат и сакаат да ја спроведат правдата подеднакво за сите – тогаш допрва ќе бараме одговорност. И оставки! - вели таа во објавата на својот фејсбук профил, како коментар на објавена вест.

Коментари | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-13-at-08.51.16

Искрата е запалена, ова би можело да се претвори во невидена крвава пресметка дури и според стандардите на Блискиот Исток

Не е често да можеме да кажеме во реално време; „Еве, токму тука, се случи историска пресвртница!“, но веста дека Израел, само 24 часа откако неговиот план беше „протечен“ во американските и европските медиуми, всушност нападна ирански нуклеарни објекти, убивајќи неколку високи функционери на Револуционерната гарда, е еден таков настан.Израелците извршија серија хируршки прецизни координирани напади длабоко на територијата на нивниот непријател Иран под закрила на ноќта. Режимот го потврди атентатот врз генералот Мохамед Багери, командант на вооружените сили и втор највисок државник на Исламската Република, како и врз командантот Хосеин Салами, кој служеше како еден вид амбасадор во либанскиот Хезболах.Целта на најтешкиот напад беше објектот во Натанц, каде што се наоѓа „срцето на нуклеарната програма на Иран“. Таму Техеран произведува огромно мнозинство од својата нуклеарна енергија, и таму се наоѓаат првите контури на видот оружје што Израел (оправдано) го смета за егзистенцијална закана за неговиот опстанок.Како што се очекуваше, на глобалниот пазар дојде до сериозно потресување, бидејќи цената на нафтата скокна. Брент, меѓународниот репер, скокна за речиси 9 проценти и моментално е на 78 долари за барел, што предизвика пад на цените на акциите на берзите.Фактот што Мосад успешно навлезе толку длабоко, не само на територијата, туку и во организациската структура на самата држава, е голем удар за веќе разнишаниот режим на ајатолахот Али Хамнеи, поради што не е ни чудо што иранскиот врховен лидер му рече на Израел преку режимската телевизија дека „очекува брутална одмазда“.Веќе се најдовме во толку напната израелско-иранска ситуација неколку пати во последните месеци. Тензиите потоа беа успешно ублажени со серија козметички (и претходно најавени) напади.Сепак, сме сведоци на ситуација која има потенцијал да ескалира во целосна пресметка, невидено крвава дури и според стандардите на крвавиот Блиски Исток. Тешко е да се замисли дека Техеран ќе може да си дозволи козметички одговор на таков брутален и директен напад врз неговото највисоко државно раководство.Израел веќе очекува силен удар од првите потези. „Волстрит џурнал“ објави дека болниците веќе се ставени во „вонредна состојба“ и дека сите пациенти чија состојба не бара сериозен медицински надзор се итно отпуштени на домашна нега.Портпаролот на јорданската влада, Мохамед Момани, ги предупреди двете страни дека нема намера да дозволи нејзиниот воздушен простор да се користи за нивните меѓусебни пресметки. За контекст, ова е земја која само пред неколку месеци одигра клучна улога во пресретнувањето на иранските ракети насочени кон Израел, што резултираше со минимална штета.Факт е дека Трамп знаел дека нападот ќе се случи. Затоа го повлече целиот несуштински американски дипломатски персонал од амбасадите на Блискиот Исток. Сепак, прашање е дали самиот тој ќе биде подготвен и до кој степен да се придружи на оваа конфронтација.Индикативен е и фактот дека ајатолахот не се осврна на САД во својот говор и најава за одмазда, што сугерира дека постои зрно надеж дека преку задкулисните дипломатски канали му дале одредени гаранции на режимот во Техеран дека нивната поддршка за Израел ќе биде исклучиво пасивна и премолчена.Но, тоа останува да се види. Факт е дека во моментов сме сведоци на сериозно реструктуирање на силите на Блискиот Исток, а тоа не може да се случи без многу насилство.

Свет | пред 8 месеци

teheran-iran

(Видео) Моќни експлозии низ градот, згради во пламен, вака изгледаше Техеран синоќа

Израел синоќа ги таргетираше нуклеарната програма на Иран и капацитетите за балистички ракети со долг дострел во „превентивен напад“.Тие ги таргетираа воените објекти низ Иран, вклучувајќи го и округот во Техеран каде што се сместени високи команданти на Корпусот на иранската револуционерна гарда, објави израелското воено радио.Иранската државна телевизија објави повеќе силни експлозии во различни делови од главниот град.Снимките од ноќниот напад се шират на социјалните мрежи, се гледаат експлозии и горење на згради.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-13-at-08.39.22

Магистралниот пат Охрид-Св.Наум од денес е пуштен во употреба

„Денес официјално ќе биде пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум во должина од 24,3 километри“, велат од Владата и додаваат:Вредноста на проектот за реконструкција на овој патен правец изнесуваше 11,7 милиони евра.Ова значи дека по речиси 4 децении, не само охриѓани, туку голем број на граѓани ширум државата, но и туристи ќе можат да патуваат од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија, по нов патен правец.Овие капитални проекти го подобруваат не само туристичкиот, туку и економскиот напредок и развој во Македонија.Владата работи и создава дела за просперитет на Македонија.Како Влада ветивме дека ќе ја трансформираме Македонија напред. Тоа и го правиме.Државата е на патот на промените.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-12-at-22.21.16

„Не знам како сум жив“ - шокантна исповед на единствениот патник кој ја преживеа несреќата на Боингот 787 во Индија

Британец кој ја преживеа несреќата на авионот на Ер Индија му рекол на своето семејство: „Не знам како сум жив“ во телефонски повик неколку секунди по падот на авионот, изјави неговиот брат за Скај њуз.Вишваш Кумар Рамеш е единствениот патник за кој досега се знае дека преживеал откако летот 171 на Ер Индија се урна во зграда во четврток попладне кратко по полетувањето од Ахмедабад, во индиската држава Гуџарат.Неговите роднини потврдија дека разговарале со него по несреќата – но не можеле да стапат во контакт со неговиот брат, за кој се верува дека исто така бил во авионот.Зборувајќи од Лестер, братот Најан му рекол на новинарот на Скај њуз, Шаман Фримен-Пауел, дека нивниот татко бил на телефон со Висваш додека авионот сè уште бил на пистата.Две минути подоцна, нивниот татко добил видео повик од Вишваш, кој рекол дека авионот се урнал и дека тој преживеал.„Додека сè се случуваше, му направив видео повик на татко ми и му реков: „Авионот се урнал. Не знам каде е мојот брат. Не гледам други патници. Не знам како сум жив – како излегов од авионот“, рече Најан.Вишваш претходно изјави за „Хиндустан тајмс“ дека слушнал „силен тресок“ околу 30 секунди по полетувањето – и непосредно пред да се сруши авионот.„Сè се случи толку брзо“, изјави тој за весникот, додавајќи дека претрпел „повреди од удар“ на градите, очите и стапалата.„Кога станав, имаше тела околу мене. Бев исплашен. Станав и почнав да трчам. Парчиња од авионот беа околу мене.“„Некој ме зграпчи и ме стави во амбулантно возило, па ме однесоа во болница.“

Свет | пред 8 месеци

sednica-co-sdsm-1

По апсењето на полицајците од Кочани, СДСМ пак бара оставки

„СДСМ ја поздравува акцијата на ОЈО ГОК за Кочани“, вели СДСМ и додава:Ја поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција во која се лишени од слобода полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер на 16 март во т.н. дискотека Пулс во Кочани.Фактот што четири месеци ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја сокрие одговорноста на полицајците и полициските функционери, фактот што нивната вина беше негирана од страна на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски укажува на тоа дека сите биле вмешани или на некој начин знаеле за нелегалното работење на Пулс и тоа го одобрувале.Само поради обидите да се сокрие одговорноста од страна на Тошковски и Мицкоски на лицата кои тие ги поставија за полицајци, командири и началници би требало веднаш да си поднесат оставки.Одговорност мора да има и за Александар Јанев, директорот на БЈБ.Тошковски и Јанев не смеат повеќе да ја попречуваат истрагата ниту да влијаат некој да не сноси одговорност.Вистината за Кочани која цела недела ја објавуваше СДСМ е точна. Се покажа дека без силен притисок на јавноста, на дел од медиумите и на СДСМ нема да има правда за Кочани.Време е за одговорност, време е за оставки.

Македонија | пред 8 месеци

grubi-5123

Мицкоски: Груби кукавички избега, имаме индиции дека се наоѓаат во регионот, мора да се соочат со правдата

„Потерницата е испратена, и сега треба државите кои што се наши партнери да дадат одговор каде е Артан Груби. Јас не знам дали Никола Груевски избегал со дипломатско возило или не, немам таков увид во истрагата. Но, да кога станува збор за Артан Груби самиот тој или лицето кое што го придружувало или превезувало, тоа е почесен конзул на една држава со возило со дипломатски таблици ја напуштило Македонија, и потоа тоа лице беше повикано на информативен разговор.“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија АЛСАТ М.Мицкоски нагласи дека Груби кукавички избега, но како држава правиме се што е во наша моќ лицата бегалци од правдата да се обезбедат и да се вратат дома.„Јас би кажал дека не е само Артан Груби избеган, има и некои други кои се бегалци од правдата и тоа е за мене многу лош начин, би рекол кукавички начин да се постапува. Но тоа е што е, сега ние како држава ќе се обидеме се што е во наша моќ овие бегалци од правдата да ги обезбедиме и да ги донесеме дома.“, дециден е Мицкоски.На прашањето дали има некоја информација од земја каде би можело да се наоѓаат овие лица, премиерот Мицкоски рече дека има индиции за сите, додавајќи дека некои лица се во регионот а некои подалеку.

Македонија | пред 8 месеци

puls-11

Нова тура апсења во Кочани за „Пулс“, над десет полицајци се приведени

Над десет полициски службеници од Кочани и Штип, добиваат статус на осомничени во предметот за пожарот во „Пулс“. Според информации на „Скопје1“ имало повеќе апсења, а меѓу нив се и ексначалници, кои ја имале оваа функција кобната вечер. Истрагата за пропустите на полицијата на води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Полицајците ќе бидат спроведени на распит.Овие апсења се нова „тура“. Претходно, МВР за „Скопје1“ извести дека поднеле три кривични пријави за различни временски периоди.„Првата кривична пријава се однесува во временски период од 2022 до 2024 година вкупно против седум лица, од кој пет се активни полициски службеници и двајца се пензионери. Втората кривична пријава се однесува  во временски  период од 2012 до 2022 година вкупно против 10 лица од кои (двајца службени лица се повторуваат) четворица се активни полициски службеници и шест се пензионери. Третата кривична пријава се однесува во временски  период од 2023 до 2024 година вкупно против тројца полициски службеници од кој еден полициски службеник се повторува“, рекоа од МВР.Детали за апсењата засега не се споделува од институциите.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-04-24-at-11.24.29

Мицкоски: Мотивите на владите на ДУИ и СДС беа попустливост кон Бугарија за попустливост за криминалот, мојот мотив е членство со зачувано достоинство

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за вестите на Алсат Телевизија говорејќи за членството во ЕУ и проблемот со Бугарија, истакна дека мотивите на владите на СДСМ и ДУИ биле попустливост кон Бугарија, прифаќајќи се што ќе им се понуди, со цел попустливост за криминалите, додека за разлика, мотивот на оваа влада е членство во ЕУ со зачувано достоинство.„Многу јасна е работата, претходната влада влегла во оваа авантура мислејќи дека се што ќе им биде поставено на маса ако го потпишат, ќе добијат поддршка од надвор за да останат во владата. И тоа бил мотивот на Маричиќ, на Ковачевски, Османи, Пендаровски итн. Прашањето беше дали ќе останат на власт и ќе продолжат со криминалот со кој владееја или нема да останат на власт и ќе бидат опозиција каде што се сега.“, изјави премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски во однос на мотивите на официјална Софија, посочи дека тие се децениски историски, а тоа е да се создаде нов вештачки македонски идентитет, нов вештачки македонски јазик коишто почиваат на бугарски корени.„Нашиот мотив е сосема поинаков. Македонија, нашата заедничка на Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците, на сите граѓани во Европската Унија по достоинствен пат. Тоа е разликата помеѓу нас и нив.“, нагласи премиерот Мицкоски.Во врска со изјавите на бугарскиот министер за надворешни работи, премиерот Мицкоски потсети дека истиот тој министер за надворешни работи пред неколку месеци изјави дека ова е само почеток и дека во текот на преговорите има уште многу работи кои ќе треба да се дорешат.

Македонија | пред 8 месеци

32ef0657-9538-4bee-9b8c-8165dd72e914

(Видео) Британец преживеа, 204 тела се најдени - нови детали за авионската несреќа во Индија

Едно лице чудесно преживеа пад на патнички авион на „Ер Индија“ што се урна само 30 секунди по полетувањето од индискиот аеродром во Ахмедабад кон Лондон. Веста ја потврди комесарот на градската полиција за агенцијата АНИ, а ја пренесе Би-Би-Си.Преживеаниот е идентификуван како Вишваш Кумар Рамеш, британски државјанин, кој според официјалниот список на патници, седел на седиштето 11А. Тој е хоспитализиран и се наоѓа под лекарски надзор.Индиски медиуми објавија дека успеале да разговараат со Рамеш во болничката соба, каде што им ја покажал картата за качување со неговото име и бројот на седиштето, потврдувајќи го неговиот идентитет и сведоштвото за трагедијата.„Сè се случи во секунда“, изјавил Рамеш. „Чув силен звук и потоа авионот се сруши.“Несреќата се случила со летот AI171 на „Ер Индија“, кој превезувал 242 лица и требал да слета на лондонскиот аеродром Гетвик. Причините за падот сè уште се испитуваат.Индиските власти потврдија дека досега се пронајдени телата на 204 патници. Судбината на останатите патници сè уште не е позната.

Свет | пред 8 месеци

pozar-Vardariste-1

(Фото) Речиси 50 илјади скопјани се без струја

Поради голем пожар во депонијата Вардариште, а по барање на Противпожарната бригада, екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на терен и ги исклучија од напон трафостаниците „Скопје 4 - Аеродром” и „Скопје 4 - Исток”.Во моментов 47.000 корисници се без снабдување со електрична енергија.Напонот ќе биде повторно воспоставен по известување од Противпожарната бригада дека теренот е безбеден и пожарот е изгаснат - информираат од Електродистрибуција.

Скопје | пред 8 месеци

Screenshot-2024-12-07-at-12.47.55

Предлогот на ЛДП за една изборна единица не доби поддршка во Собранието

Собранието на Република Северна Македонија не го усвои предлогот на Либерално-демократската партија (ЛДП) за измени на Изборниот законик, со којшто се предвидуваше воведување на една изборна единица и отворени листи. Предлогот, поднесен од пратеничката Моника Зајкова, доби поддршка од само 19 пратеници.Во своето излагање, Зајкова посочи дека актуелниот модел со шест изборни единици резултира со нерамноправност на гласот на граѓаните и претставува повреда на уставниот принцип за еднаквост. Таа смета дека воведувањето на една изборна единица и отворени листи би придонело за зголемување на демократскиот капацитет на изборниот процес и овозможување на поголемо влијание на граѓаните врз изборот на пратеници.И покрај претходните јавни изјави на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека партијата поддржува една изборна единица, пратениците на оваа опозициска партија не гласаа за предлогот.ДУИ, пак, изрази условна поддршка, сугерирајќи воведување на изборен праг од 3 % од вкупно регистрираните или 5 % од излезените гласачи како предуслов за примената на вакви измени.

Македонија | пред 8 месеци

avionska-nesrekja-Indija

Боинг 787 на Ер Индија се урнал во индискиот град Ахмедабад

На 12 јуни 2025 година, авион на Ер Индија AI171 со 232 патници и 12 членови на екипажот, кој требало да полета од аеродромот Сардар Валабхаи Пател во Ахмедабад кон Лондон‑Гетвик, се урнал само неколку минути по полетувањето.Авионoт – Боинг 787‑8 „Dreamliner“, стигнал до околу 190 метри над земја (625 стапки), испратил сигнал за помош и потоа исчезнал од радарот. Паднал во населбата Мегхани Нагар, надвор од периметарот на аеродромот, создавајќи густ црн чад.На терен веднаш интервенирале спасувачки и противпожарни екипи, а владините претставници активирале итен одговор. Истражители од индиската директорка за цивилна авијација (DGCA) и Ер Индија веднаш формирале тимови за утврдување на причините за несреќата.

Свет | пред 8 месеци

vladika-georgij

Игуменот Георгиј избран за нов митрополит на Дебарско‑кичевската епархија

На денешната седница на Светиот Архиерејски синод на МПЦ, игуменот Георгиј беше избран за нов митрополит на Дебарско‑кичевската епархија.Тронот на Дебарско-кичевската епархија остана упразнет по упокојувањето на Митрополитот Тимотеј во ноември минатата година.Со изборот на митрополит Георгиј, Светиот архиерејски синод испраќа порака за консензус, стабилност и обновен фокус кон духовниот и образовен развој на верниот народ.Сега останува да се објави датумот на неговото ракополагање во архиерејски чин – свечен чин кој ќе го означи почетокот на нова страница во животот на Дебарско-кичевската епархија.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski-3

Мицкоски: Трпам критики, но молчам заради истрагата за „Пулс“ – Обвинителството има одврзани раце

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека свесно не дава изјави за обвинувањата кон него за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 лица, а десетици беа повредени. Тој нагласи дека целосно ја препушта постапката во рацете на Јавното обвинителство.„Јас сум внимателен кога станува збор за истрагата во Кочани. Обвинителството има одврзани раце да прави буквално сѐ со тој случај. Затоа молчам. Трпам критики и трпам, ама Обвинителството нека си ја заврши работата“, рече Мицкоски за истрагата за пожарот во „Пулс“.Истрагата за пожарот се ближи кон крајот. Мицкоски порача дека очекува Обвинителството до крај да ја расветли трагедијата, но дека нема да дозволи политизација на случајот додека не заврши постапката.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-12-at-10.36.40

Премиерот предупредува: Зад потезите на Бугарија стојат стратегии кои се стари со децении

Во изјава, по повод учеството на бугарската делегација на Самитот во Хаг, премиерот Христијан Мицкоски оцени дека потегот на официјална Софија да го испрати премиерот, наместо претседателот, претставува необична политичка егзибиција и сигнал за посебен начин на функционирање на бугарската политичка сцена. Тој нагласи дека ваквите потези отвораат простор за иницијативи на високо политичко ниво, но и потреба од македонска проактивност во справување со длабоко вкоренетите регионални политики и стратегии.„Таму гледаме една егзибиција, можеби е таков начинот на функционирање на бугарската политичка сцена, во Вашингтон, на Самитот, присутен беше премиерот. Логично е да ротираат претседателот и премиерот. Затоа годинава е претседателот таму. И логично беше од страна на Бугарија да го испратат претседателот. Тие го испратија премиерот. Ако има иницијатива, на ниво на премиер со претседател сметам дека треба да го прифатиме. Убеден сум дека тоа ќе биде став и на претседателката. Мора да бидеме проактивни и да покажеме дека не е тоа тоа што се зборува, дека не е проблемот стотината граѓани кои за себе велат дека бугарскиот им е мајчин јазик, туку има поголем проблем. Политика која е стара децении, стратегии кои внимателно се создавале“, рече премиерот Христијан Мицкоски

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-12-at-10.29.54

(Видео) Вучиќ имаше нов испад на РТС, гледачите беа згрозени: „Ова е премногу дури и за него“

Однесувањето на српскиот претседател Александар Вучиќ на самиот крај од неговото гостување во среда на Радио телевизија Србија (РТС) ги шокираше гледачите. Водителката Аница Телесковиќ наводно нагло го прекина за време на неговиот говор бидејќи времето доделено за емисијата Око истече.Во 35-тата минута од програмата, може да се слушне како водителот се обидува да ја затвори емисијата и да го прекине Вучиќ, но тој сепак продолжи да зборува.- Драги гледачи, ви благодариме што нè гледате. Читајте го порталот Око и гледајте го Око - рече водителот во еден момент.Одеднаш, повторно се слушна гласот на Вучиќ.- Имате подобри работи за читање и гледање. Ви благодариме, драги гледачи - рече луто претседателот.Неговата реакција предизвика бројни критики на социјалните мрежи.„Ако се чесни луѓе, РТС никогаш не требаа да го поканат на гости додека не се извини сериозно јавно. Ова е срам за цела Србија!“, „Срамно за претседател“, „Каква некултура и грубост“ и „Ова е премногу за него“, се само дел од коментарите под клипот објавен на TikTok.

Свет | пред 8 месеци

trajko-slavevski-pretres-2

Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи, вели СДСМ

„Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, уште на почетокот го покажа својот вистински лик – надмен, без допир со реалноста и на страната на крупниот капитал, а не на граѓаните“, вели СДСМ и додава:„Славески изјави дека минималната плата не гарантира пристоен живот и дека „не е срамота да се работи по две-три работи“. Тоа е лицемерие на човек кој цел живот е во фотелји, земал плата над 3000 евра, и сега ги поучува граѓаните дека не треба да очекуваат повеќе – туку да се распарчуваат на три фронта за да преживеат.Трајко Славески очигледно не знае дека не се сите како него. Не се сите на државна плата, не се сите родени со функција и поврзани со елитата. Народот што секој ден се бори со инфлација, со скапа храна, со растечки трошоци, не може да живее од советите на Славески. На граѓаните им треба реална плата и заштита од кражбата на маркетите.Отпорот на Славески кон замрзнување на маржите и цените значи едно: поддршка за профитите на трговските ланци, а не за интересите на граѓаните. Со вакви изјави, јасно е дека Трајко Славески ќе биде гласноговорник на богатиот слој што живее во паралелна реалност. Македонија не смее да има гувернер кој со презир зборува за оние што живеат од минималец.Дали Мицкоски ги дели ставовите на Славеси или токму тој го инструира вака да зборува и ги потценува граѓаните? Дали поддржува гувернер кој мисли дека борбата за достоинствен живот е „извртување на значењето“?Како претседател на Советот го уништи градот Скопје, сега како Гуверер очигледно ќе ја уништува и моинетарната политика.Трајко Славески не е човекот што и треба на Народната банка, а уште помалку на македонскиот народ.

Македонија | пред 8 месеци

puls

Заблуда или системски пропуст: Пациентите од „Пулс“ плаќаат партиципација, Министерството бара решение

Повредените од дискотеката „Пулс“, но и посетителите кои мораат да прават редовни контроли, и натаму плаќаат партиципации за лекување, односно услуги по болниците во Македонија. До редакцијата на „Скопје1“ се обрати лице кое правело испитување во болницата „8 септември“ на одделот за Пулмологија. По прегледот, требало да се плати. Посочува дека не е проблемот во 400 денари, но стравува дека можеби на таква контрола ќе отиде некој што нема или не испланирал, бидејќи во неколку наврати претходно, беше кажано дека лекувањето е бесплатно, а тоа не се однесува на и на контролите.„Земаат партиципација за преглед во ‘8 септември’. Бев на пулмологија на контрола, а долу, за резултатите, ни наплатија. Кажавме дека сме од Кочани, ама ништо не искоментираа. Претходно, кога кога доаѓаа во Кочани, ми кажаа да одам на контрола на пулмологија оти кашлав и ми кажаа да одам во било која болница, само да кажам дека сум од пожарот. Отидов, направија сѐ и кажаа дека се плаќа. 400 денари не беше многу, ама ќе оди некој што стварно нема, а тоа не е во ред. Пред еден месец, на контрола во Белград, не ни наплатија ништо“, вели пациент.Заблудата е направена поради изјавите во јавноста кои ги имаше од ексминистерот за здравство, Арбен Таравари. Тој кажа дека 99% од лекувањето ќе биде бесплатно, а тоа се однесуваше на хоспитализирањето, но очигледно не на контролите. „Скопје1“ се обрати до Владата, каде велат дека и натаму бараат начин за да се надмине оваа состојба.„Во моментов, станува збор за законско решение со кое рамноправно за сите граѓани е утврден начинот на плаќање на партиципација. Но, во моментов, Министерството за здравство работи на изнаоѓање на начин и методологија, доколку постои, како би можело да се надмине оваа состојба“, вели владината портпаролка Марија Митева за „Скопје1“.Во здравствениот систем постојат групи на луѓе кои согласно прописите се ослободени од плаќање на партиципација. Едни од нив се дарителите на крв. До измените на прописите, повредените од „Пулс“, ќе плаќаат за услугите во државното здравство при правење на контролите.

Македонија | пред 8 месеци

puls-35

„И да не нѐ споменете, нема да политизираме“, над 100.000 евра собрани за Кочани преку платформата „Е-Crowd“

Над 100.000 евра, фонацијата „Е-crowd“ собра преку истоимената платформа, а наменети за повредените во Кочани. Д-р Ненад Лазаров кој е дел до тимот на платформата, посочува дека средствата ги исплатиле на Црвен крст.„Преку ECrowd.mk најтранспарентно беа собрани и исплатени повеќе од 100.000 евра т.е повеќе од 6 милиони денари донации акутна помош за настраданите од Кочани. Средствата беа исплатени во соработка со Црвен Крст на Македоноја која е единствена организација ослободена од даноци, во спротивно требаше да платиме 11.000 евра данок персонален! Ретко кој медиум не спомна, фала ви... Но по цена и некој да не не спомене нема да ја политизираме катастрофата која се случи“, напиша Лазаров.

Македонија | пред 8 месеци

izrael-vojska

Американски медиуми: Нападот врз Иран ќе започне наскоро

Американските претставници добиле информација дека Израел е целосно подготвен да започне операција во Иран, изјавија неколку извори за Си-Би-Ес њуз.САД предвидуваат дека Иран би можел да возврати со напад на одредени американски локации во соседен Ирак, што е дел од причината зошто ги советуваа Американците да го напуштат регионот порано во среда.Стејт департментот им нареди на владини претставници кои да го напуштат Ирак поради „зголемени регионални тензии“, а Пентагон им овласти на членовите на воените семејства доброволно да ги напуштат локациите низ Блискиот Исток, изјави официјален претставник на одбраната за Си-Би-Ес њуз.Пратеникот на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, сè уште планира да одржи шеста рунда разговори со Иран за неговата нуклеарна програма во наредните денови, изјавија двајца американски претставници.Претседателот на САД зборуваше за Иран на митинг во Центарот Кенеди во среда, објаснувајќи им на новинарите дека Американците биле предупредени да го напуштат регионот „бидејќи може да стане опасно место, па ќе видиме што ќе се случи“. Тој повтори дека САД не сакаат Иран да развива нуклеарно оружје, додавајќи дека „нема да го дозволат тоа“.На прашањето зошто на членовите на семејствата на воениот персонал им е дозволено доброволно да го напуштат регионот, Доналд Трамп одговори остро: „Ќе видите“.Министерот за одбрана на Иран, Азиз Насирзаде, во средата изјави дека ако преговорите не успеат, Иранската револуционерна гарда ќе „ги нападне сите американски бази во земјите домаќини“, додавајќи дека ова е опција ако „им се наметне конфликт“.Израелските претставници и портпаролите на Белата куќа одбија да коментираат за ситуацијата.Администрацијата на Трамп се обидува да постигне договор со Иран за ограничување на нуклеарната програма на земјата, додека меѓународните инспектори предупредуваат дека Иран продолжува да збогатува ураниум до нивоа блиски до оние потребни за нуклеарно оружје. Разговорите се деликатни и не е јасно дали земјите се блиску до договор.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази скептицизам во врска со каков било договор со Иран со години. Израел и Иран се непријателски расположени уште од иранската револуција во 1979 година, а канцеларијата на Нетанјаху тврди дека Израел спровел „безброј отворени и тајни операции“ за да го забави развојот на нуклеарната програма на Иран.Минатиот месец, Трамп рече дека го замолил Нетанјаху да не го напаѓа Иран додека неговата администрација се обидува да преговара со режимот. „Му реков дека тоа сега не би било соодветно бидејќи сме многу блиску до решение“, објасни Трамп.Поранешниот американски претседател Барак Обама склучи договор со Иран во 2015 година со кој се ограничува обемот на иранската програма за збогатување ураниум, и покрај противењето на Нетанјаху, кој тврдеше дека Иран е несигурен партнер и тајно го крши договорот.

Македонија | пред 8 месеци

c3392a39-dfad-4e0a-ab42-b8952dea19f5

САД му нудат на Иран ново решение кое би можело да спречи „убиства и војна“, Москва се вклучи со предлог: „Ние ќе го преземеме тоа...“

Во дипломатските кругови се појави нова иницијатива за решавање на долгогодишниот проблем со нуклеарната програма на Иран. Според аналитичарите на американскиот безбедносен тинк-тенк Центар Соуфан, Стив Виткоф, главен преговарач на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за иранското прашање, неодамна ѝ презентираше на иранската страна предлог што би можел да го отвори патот за компромис.Според предлогот, Иран би го задржал правото да продолжи со збогатување на ураниум, но без суверена контрола врз финалниот производ. Овој модел, како што се вели, би ѝ овозможил на иранската влада да „го спаси угледот“ кај домашната јавност, а истовремено да ги задоволи безбедносните интереси на Соединетите Американски Држави.„Тој исход би го лишил Иран од можноста за развој на нуклеарно оружје“, соопшти Центарот Соуфан.Клучен елемент на предлогот е формирање на нов мултилатерален конзорциум кој би управувал со регионалната цивилна програма за збогатување на нуклеарно оружје. Конзорциумот би ги вклучил САД, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, а можеби и Катар и Турција. Иран би бил еден од основачите и активен учесник, но под услови што ја исклучуваат воената употреба на нуклеарните капацитети. Овој нов договор би го заменил сегашниот договор за нуклеарната програма на Иран.Потсетете се дека претходниот нуклеарен договор со Иран (JCPOA) беше склучен во 2015 година, но Доналд Трамп ги повлече САД од него во 2018 година. Едностраното раскинување од американската страна направи голема штета, не само затоа што Иран се врати на збогатување на ураниум, туку и затоа што ја зајакна позицијата на најрадикалните елементи во иранската политичка елита кои го протолкуваа потегот на американската администрација како потврда дека на Вашингтон не може да му се верува и дека единствениот начин Иран да преживее е развој на нуклеарно оружје.Иако разговорите меѓу иранските лидери и администрацијата во Вашингтон продолжија пред неколку месеци, извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) од 31 мај тврдеше дека Техеран ги зголемил своите залихи на високо збогатен ураниум за 50 проценти во последните три месеци. Ова е ниво на чистота кое е блиску до нивото потребно за производство на бомба. Москва, исто така, јавно се приклучи на преговорите овие денови, нудејќи да го преземе вишокот високо збогатен нуклеарен материјал и да го претвори во гориво за цивилен реактор за конечно да помогне во постигнувањето договор меѓу Вашингтон и Техеран.Иако преговорите формално сè уште се во тек, САД наводно разгледуваат резолуција со која ќе се осуди Иран за несоработка со МААЕ и за кршење на обврските на Иран за нуклеарни заштитни мерки. Деновиве, Трамп исто така рече дека се надева дека договорот ќе биде постигнат „без убивање и војна“, со што му се закани на Иран со воена акција затоа што не се согласи со договорот.Но, се чини дека Иранците не попуштаат под притисокот на Трамп, барем засега.Иранските преговарачи, предводени од министерот за надворешни работи Абас Арагчи, во последните недели не дадоа никакви индикации дека би можеле да го прифатат американскиот план. Не е прифатливо Иран да ги демонтира своите нуклеарни постројки или да се откаже од контролата врз својата програма за збогатување ураниум.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања