„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња

Скопје1.мк

vlada-2024-mickoski

Тим од лекари оди на Пониква за да се грижи за повредените од Кочани кои ќе одат на рехабилитација

Владата на вчерашната седница донесе одлука и го задолжи Министерството за внатрешни работи да го стави одморалиштето Пониква кое има 27 соби и 56 легна на располагање на Министерството за здравство за лекување на пациентите кои имаат потреба од дополнителна медицинска услуга во период од 10 јуни до 20 август.„Дополнително, тим на лекари ќе се грижат и ќе обезбедат здравствена нега и ќе им пружат психолошка поддршка на пациентите.Нашата обврска како Влада е да понудиме и да обезбедиме целосна здравствена заштита.Доколку медицинските тимови и здравствени работници одлучат дека е потребно продолжување на временскиот период за лекување и рехабилитација на пациентите, Владата ќе ја продолжи одлуката.Пациентите нема да платат ниту денар, се е на трошок на Министерството за внатрешни работи и Владата кои ќе обезбедат сместување и оброк на пациентите, како и оброк за медицинскиот кадар.Приоритет се и ќе останат граѓаните.Нашата политика е да работиме одговорно и посветено, а не да влегуваме во дневно политичките обвинувања со одредени опозициски партии кои за жал од трагедијата сакаат да соберат некој поен.Од првиот ден кажавме дека фокусот ни се граѓаните, нивните потреби и нивните барања.Продолжуваме да ја менуваме Македонија“, велат од Владата.

Македонија | пред 8 месеци

igor-kocani

Повредениот Игор од Кочани до политичарите: Одлепете се од камери, ние имаме потреба од медицинска помош, секој ден ни е нов предизвик

Триесетгодишниот Игор Стоименов од Кочани, кој беше меѓу повредените во дискотеката „Пулс“, посочува дека додека власта и опозициските партии се препукуваат за трагедијата во Кочани, на нив им е потребна помош. Тој алармира дека тие имаат потреба од медицинска помош 24/7, па додава: „со еден доктор е невозможно“.„Додека власта и опозицијата се препукуват кој е виновен за трагедијата, на нас повредените секој ден ни е нов предизвик. Боле, боцка, пече, чеша, отекува и така у круг... ние имаме потреба од медицинска помош, 24/7, шо со еден доктор е невозможно. Одлепете се од тие камери, не е е време за политика луѓе, време е за хуманост, треба ни грижа, поддршка, треба ни надеж!“, напиша Стоименов.Стоименов има изгореници на левата раката од трет степен и трансплатирана му е кожа, а на левиот бицепс од втор степен. На десната рака до лакт му е пресадена кожа. Тој не смее речиси една година да излегува на сонце.Тој и претходно алармираше дека потребно да се вложи итно во болницата во Кочани, бидејќи процесот на рехабилитација ќе трае.

Коментари | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-10-at-17.44.51

Сведоштва и шок по нападот во училиштето во австриски Грац

Мирното утро во гимназијата BORG Dreierschützengasse во Грац вчера беше прекинато од масовно пукање во кое загинаа девет лица, а повредени се најмалку дванаесет, дел од нив со тешки телесни повреди. Напаѓачот, 22-годишен поранешен ученик на училиштето, по извршениот напад извршил самоубиство.Очевидци сведочат за сцени на хаос и страв.„Се слушна пукање, потоа врисоци. Наставниците врескаа да се затворат вратите, а ние се криевме под клупите“, раскажува ученик кој успеал да побегне од зградата.Една мајка, чиј син бил повреден, откри дека добила повик од него во паника:„Мамо, мислам дека ќе умрам“, ѝ рекол низ плач“. Детето преживеало.Во рок од неколку минути, на местото пристигнале специјални полициски единици, над 300 полицајци, медицински екипи со хеликоптери и амбулантни возила. Евакуацијата се спроведувала систематски, а дел од учениците и вработените биле префрлени во спортската сала Helmut List Halle, каде што им била укажана прва психолошка и медицинска помош.Овој трагичен настан е најсмртоносниот напад во образовна установа во поновата историја на Австрија. Властите прогласија тридневна национална жалост, со спуштање на знамињата на пола копје и минута молк во сите училишта и институции.Премиерот и претседателот ја изразија својата сочувство до семејствата на жртвите, нарекувајќи го нападот „национална трагедија што го потресе општеството до срж“.Истрагата е во тек, а властите разгледуваат и можни психолошки мотиви за нападот. Првичните анализи укажуваат дека осомничениот можеби бил жртва на долготрајно малтретирање и се чувствувал отфрлено.

Свет | пред 8 месеци

krmzov1

„Копаш копаш и нема дно“: Крмзови ги гонат дека испумпале 94 милиони евра од државата

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со случајот „Крмзов“ води постапка против 23 физички и 15 правни лица, осомничени за злосторничко здружување, даночна измама, перење пари и несовесно работење.Според првичните проценки, штетата изнесува околу 94 милиони евра, а незаконските активности се реализирале преку фиктивни договори, манипулации со ДДВ и продажба на недвижности.Иницијативата за истрагата е од Управата за јавни приходи, а предметот опфаќа период од 2019 до 2024 година.Обвинителката Верица Бержецка Крстева нагласи дека станува збор за голем број поврзани компании.Осомничени се сметководители, управители на правни лица и инспектори на УЈП, а се разгледува можноста истрагата да се прошири со нови лица и временски периоди, објасни обвинителката.Крстева.„Копаш, копаш и нема дно“. Вака државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на брифингот со новинари го објасни еден од најобемните предмети.На Крмзов вчера му беше определен триесет дневен притвор поради опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото.

Македонија | пред 8 месеци

viber_image_2025-06-10_15-40-14-997

Арсенал оружје откриен во Скопје кај Бит пазар: 29-годишник со автоматска пушка, граната и стотици куршуми во домот

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик“, велат од Обвинителството и додаваат:При претрес во домот во кој престојувал осомничениот 29-годишник на улицата “Благоја Паровиќ” во Скопје, било пронајдено поголемо количество огнено оружје, муниција и експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети и тоа: автоматска пушка со калибар 7,62×39 мм, четири рамки со 120 куршуми и уште дополнителни 779 куршуми боева муниција од истиот калибар наменета за испалување од автоматски, полуавтоматски пушки, митралези, пушкомитралези и репетирачки пушки. Биле пронајдени и 3 рамки со вкупно 51 куршум со калибар 9 мм Para и уште 136 куршуми од тој калибар наменети за испалување од автоматски огнени оружја и полуавтоматски пиштоли. Потоа биле откриени и 31 куршум боева муниција со калибар 7,65 мм, која исто така се користи за автоматски и полуавтоматски оружја, како и рачна граната од моделот РГД 5, која е од офанзивен тип со ефективно убиствено дејство од 15-20 метри и ранувачко дејство до 30 метри.Покрај ова оружје, муниција и експлозивни направи кои се целосно забранети за граѓаните, тој во домот без дозвола држел и огнено оружје кое било преправено – пиштол ZORAKI М 906-B со кој било овозможено истрелување на проектили од куршуми од боева муниција со кал.7,65 мм, пневматски пиштол марка SIG SAUER M17 наменет за истрелување на топчести проектили со калибар 4,5 мм, полуавтоматски пиштол RANGER RA9, како и 51 куршум со калибар 9 мм P.A.K. наменета за предизвикување звучен-сигнален ефект при испалување од оружје за светлосно-звучна сигнализација. Целото пронајдено илегално оружје и муниција се одземени од осомничениот.Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 8 месеци

grac-pukanje

(Видео) Пукање во училиште во Австрија, има загинати, повредени се носат по болници

Над десет жртви има по пукање во австрискиот град Грац. Според првичните информации, вооружен човек влегол во средно училиште и отворил оган. Од снимките кои веќе се шират на социјалнтие мрежи може да се види дека тешко повредените со хеликоптер се пренесуваат низ болниците.Истовремено, полицијата го заштити целиот периметар околу училиштето. Притоа, објавена е и снимка од училница, а на која се слушаат пукотници.Порталот ORF, исто така, јавува дека се верува дека осомничениот напаѓач извршил самоубиство.Според полицијата, акцијата започнала околу 10 часот наутро. Зградата, според објавите на медиумите, моментално темелно се претресува.Сите медиуми напоменуваат дека ова се првични информации и неофицијални. Повеќе подоцна.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-10-at-11.31.18

Премиерот за трагедијата во Кочани и побараните оставки: Владата се бори за правда и одговорност

Премиерот Христијан Мицкоски, прашан за Кочани и барањата за оставки кои дојдоа од дел од родителите, рече дека Владата се бори да има одговорност и правда, за да не биде „како до сега“. Тој рече дека МВР асистира на обвинителите, а потоа пак обвини дека има политичари кои се некрофили.„Мислам дека Обвинителството постапува согласно истрагата. Тоа што Обвинителството бара од МВР тоа и се испорачува. Никој не треба да има дилема. Секој што е одговорен според Обвинителството, МВР ќе постапи така. Да ги оставиме да ја водат истрагата. Жалам што одредени некрофили од политичките партии се обидуваат да добијат политички поени, мислам дека им се враќа како бумеранг и не им успева. Јас нема да го политизирам случајот“, рече Мицкоски.Тој додаде: „Болката ќе трае цел живот кај родителите, а ние имаме одговорност да се бориме за правда. И сега гледате дека има правда“. 

Македонија | пред 8 месеци

Venko-SDSM-Kocani-1

Власта не испорача правда, не испорачува здравство – а ги навредува родителите кои бараат достоинство, вели Филипче од Кочани

Од Кочани, пред членовите на СДСМ и граѓаните, Венко Филипче остро ја критикуваше актуелната власт за неспособноста да се справи со последиците од трагедиите, за немањето одговорност и за бруталниот однос кон граѓаните кои бараат правда и достоинство.„Бевме внимателни, бевме емпатични кон луѓето. Комунициравме нејавно, со цел да не нѐ обвинат за политизација. Им се наоѓавме, прашувавме што и да треба, и сѐ што можевме – помогнавме“, рече Филипче.Тој подвлече дека СДСМ покажала што значи одговорно политичко дејствување, без обиди за политичка корист од трагедијата:„Не сакавме, буквално со ништо, по трагедијата да извлечеме каква било политичка корист.“Од друга страна, посочи Филипче, власта не само што не испорачала правда, туку целосно потфрлила и во здравствениот систем.„Што направи власта? Прво – не испорача правда. Понатаму – не испорачува здравствена услуга. Луѓето имаат реален проблем, а тие им го нудат центарот ‘Пониква’ за некаква рехабилитација. Во ‘Пониква’ не можеш ни на одмор да одиш, а не пак да третираш толку сериозни медицински состојби,“ истакна Филипче.Особено срамно, рече тој, е обвинувањето на родителите кои бараат правда:„Ќе ги обвинуваат родителите дека биле инструмент на некоја политичка партија. Тие луѓе, коишто не спиеле со недели, шокирани од она што им се случи – ги нарекуваат со погрдни зборови, за кои ви гарантирам дека дури и не знам што значат.“Филипче го осуди и односот на ВМРО-ДПМНЕ кој, како што рече, на денот кога родителите протестираат, организира партиски настан со пиротехника:„Во таква ситуација, врв на безчувствителност е – на денот кога родителите протестираат – да организираш настан на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и да запалиш пиротехнички средства.“СДСМ останува на страната на граѓаните на Кочани, на страната на вистината и одговорноста. Ќе продолжиме да се бориме за правдата да излезе на виделина а граѓантие и родителите да добијат соодветен третман.

Македонија | пред 8 месеци

ponikva1111

Филипче за рехабилитрањето на повредени: Во „Пониква“ не можеш ни на одмор, а не пак на лекување

Во фокусот на јавноста повторно се најдоа реакциите за третманот на повредените од трагедијата во Кочани, откако пратеникот и лидер на СДСМ, Венко Филипче, жестоко ја критикуваше Владата за, како што рече, несоодветен одговор на здравствените потреби на настраданите. Според него, обидот да се користи туристичкиот објект „Пониква“ како рехабилитациски центар е не само неефикасен, туку и понижувачки за жртвите. Од Владата, пак, велат дека објектот ќе биде адаптиран со дополнителен медицински кадар и апелираат политичките партии да не ја злоупотребуваат трагедијата за политички цели.„Што направи власта? Прво – не испорача правда. Понатаму – не испорачува здравствена услуга. Луѓето имаат реален проблем, а тие им го нудат центарот ‘Пониква’ за некаква рехабилитација. Во ‘Пониква’ не можеш ни на одмор да одиш, а не пак да третираш толку сериозни медицински состојби,“ истакна Филипче.Одморалиштето „Пониква“, лоцирано во Осоговијата, е туристички објект кој располага со 27 соби и капацитет од 56 легла. По трагедијата во Кочани, Владата најави дека објектот ќе биде адаптиран за рехабилитација на повредените, со обезбедување на дополнителен медицински кадар кој ќе пружа целосна здравствена нега. Оваа мерка е дел од владините напори за обезбедување континуирана здравствена заштита за настраданите, при што институциите тврдат дека се работи со целосна посветеност. Воедно, од Владата апелираат до политичките субјекти да се воздржат од, како што го нарекуваат, „политичко профитирање врз трагедијата“ и случајот да го остават во рацете на надлежните институции.

Македонија | пред 8 месеци

Aleksandar-Nacev-GLAVNA-SLIKA-PRESS-18JAN2018

Газдата на обезбедувањето, Нацев, зад решетки: одреден му е притвор од 30 дена во предметот за пожарот во „Пулс“

Александар Нацев, реален сопственик на фирмата „Рубикон“, која без договор ја обезбедувала дискотеката „Пулс“, доби 30 дневен притвор. Тој е осомничен со проширување на истрагата за трагедијата во Кочани за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Притворот го изрече Судот во Кочани, потврдуваат оттаму за „Скопје1“.Според информациите од Обвинителството, Нацев заедно со управителот и одговорното лице на подружницата, незаконски вршел обезбедување без склучен договор, без безбедносна проценка и без план за евакуација.Во текот на критичната вечер, екипата не спречила влез на малолетни лица, преполнетост на објектот, ниту внес на пиротехнички средства, со што е предизвикан пожарот. Трагично, настрадаа 62 лица, 157 се со тешки, а 54 со телесни повреди.По судска наредба, извршени се претреси на неколку локации и запленета е релевантна документација.Нацев на 16 март излезе со информација дека нема никаква негова поврзаност со трагедијата„Сочувство до фамилиите на сите 59 трагично згаснати животи во Кочани, меѓу кои има и мои блиски лица. Сакам да нагласам дека информациите за моја поврзаност со овој настан се дезинформација и шпекулација. Тоа се само обиди за блатантна политичка игра и добивање морбидни поени“, напиша Нацев.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-10-at-09.59.51

(Видео) Илјадници луѓе протестираа во Сан Франциско против рациите за имиграција, полни автобуси со уапсни лица

Илјадници луѓе протестираа на улиците на Сан Франциско против рациите спроведени од Службата за имиграција и царина на САД (ICE), објави CNN. Демонстрантите се собраа во населбите Граѓански центар и Мисија во градот, изразувајќи солидарност со имигрантските заедници.„Протестите беа претежно мирни, но до крајот на вечерта две помали групи се одвоија и извршија вандализам и други злосторства“, соопшти полицијата во Сан Франциско. Неколку лица беа приведени поради непочитување на полициските наредби.„Длабоко сум загрижена за настаните во Лос Анџелес и низ целата земја. Калифорнија е подобра поради својата разновидност. Не е во ред да се одделуваат луѓето од нивните деца или матуранти за време на училишна церемонија“, рече демонстрантката Холи Минч.Полициската управа на Сан Франциско, во соработка со градоначалникот Даниел Лури, ја координираше работата на јавните служби за да им овозможи на граѓаните безбедно да го остварат своето право на слобода на говор.Еден ден претходно, во недела, околу 150 лица беа приведени во близина на канцеларијата на Службата за имиграција откако ги игнорираа наредбите за растерување и извршија насилство и вандализам.Протести против ICE се одржуваат деновиве и во други американски градови како што се Њујорк, Атланта, Сиетл, Далас и Луисвил.Полицајците прво му рекле на новинарот Џејсон Керол: „Ве молам, свртете се“, а потоа го зграпчиле за двете раце. „Ве приведуваме додека ја напуштате оваа област“, ​​рекол полицаецот, но Керол подоцна објаснил дека рацете не му биле врзани со лисици или на друг начин. Полицијата зела лични податоци од членовите на тимот, а потоа ги одвела неколку метри подалеку од зоната на протестот.Автобусите се полнат со уапсени демонстранти во Лос Анџелес, додека полицијата спроведува улични рации и ги растерува преостанатите демонстранти, јавуваат репортерите на Си-Ен-Ен од терен.Репортерот на Си-Ен-Ен, Мајкл Јошида, известувајќи од центарот на Лос Анџелес, опиша како видел полиција како формира линија и се движи кон групата демонстранти, која се разредувала откако протестирала цел ден во близина на притворниот центар во градот.Полицајците им дале на демонстрантите „ултиматум дека мора да се растераат, дека е време да си одат дома или ризикуваат апсење“, рече Јошида. „Се чини дека токму стигнавме до таа точка каде што беше издадена таа наредба“.„Пред неколку моменти видов полн автобус на полицијата во Лос Анџелес, полн со луѓе со врзани раце зад грб. Ги одведоа. Имаме уште еден автобус по улицата кој исто така почнува да се полни“, додаде тој.На социјалните мрежи се појавија и снимки од полицијата како ги товари уапсените демонстранти во автобуси.

Свет | пред 8 месеци

angelov

Владата му ја покачи платата на директорот Стојанче Ангелов

Владата го измени коефициентот за пресметка на платата, за директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), сега да има покачување. Измената доаѓа по смената на директорот, односно откако со ДЗС почна да раководи Стојанче Ангелов.Неговата плата, се зголемува за околу 12 илјади денари, односно за 13,8 отсто. Па така, платата која досега била 92.375 денари, од идниот месец ќе биде 105.159 денари.Ангелов пред повеќе од година во „Претрес“ кажа дека тој е редовно вработен во М-НАВ, работно место кое му е во мирување поради директорската функција.?t=6769„Утре ако ме смени Владата, ќе се вратам на моето работно место во Македонска навигација. Да кажам дека се добри платите. Но платата не била пресудна“, рече Ангелов.Инаку, Ангелов беше директор на Центарот за управување со кризи. Владата го назначи во ДЗС на местото од Џеват Селмани кој е во куќен притвор како осомничен за пожарот во „Пулс“. 

Македонија | пред 8 месеци

markica

ПРЕКИНАТ ВРЕМЕНИОТ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ ОЕМУЦ “СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ”

Се информираат граѓаните на Општина Охрид и учесниците во сообраќајот дека од денес се прекинува времениот сообраќаен режим на кружниот тек помеѓу улиците „Железничка“, „15- Корпус“, „7-ми Ноември“ и „Ристо Чадо“ во близина на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“.Поради тековното изведување на градежните работи за реконструкција на кружниот тек се упатува апел до пешаците и возачите да се движат внимателно.

ОО | пред 8 месеци

wine-fest-2025-4

БОГАТА МУЗИЧКА ПРОГРАМА НА ЧЕТВРТОТО ИЗДАНИЕ НА OHRID WINE FESTIVAL

Богата музичка програма и неповтoрлива забава за охриѓани и туристите ќе донесе четвртото издание на Ohrid Wine Festival кој ќе се одржува од 26-ти до 28-ми јуни во Охрид, на Кеј Македонија, пред хотел „Палас“.-На отварањето на фестивалот на 26.06.2025 (четврток) на сцената ќе настапат Тамара, Brass brothers, Backdoor band и DJ Gec.-Вториот фестивалски ден на 27.06.2025 (петок) е резервиран за „Куку Леле“, Дац и Александар, „Пауза за ракија“, DJ Nasty и Urban planet.-Третиот фестивалски ден на 28.06.2025 (сабота) за забавата ќе бидат задолжени Влатко Лозановски, „Ареа“, „Kамелеон“ и DJ Jana.Забавата со македонските музички артисти ќе биде надополнета со дегустација на македонски вина и вкусна храна.Покровител на овој тридневен фестивал е Општина Охрид, а истиот е организиран од „Крафт Продукција“.https://ohrid.gov.mk/%d0%b1%d0%be%d0%b3%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bc%d1%83%d0%b7%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%87%d0%b5%d1%82%d0%b2%d1%80%d1%82%d0%be%d1%82%d0%be/?fbclid=IwY2xjawK0xmZleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETF3eTBmWFo1TnloaVJpdDEzAR7qtv5E7YH9kTij_AyAiNQT8tW4_806Niv3ViyP86TQ0-3Y4Au1XfMZco59Tw_aem_BbIb5on36S3Za0tKpItUkQ

ОО | пред 8 месеци

neparkiraj

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦА „ДАМЕ ГРУЕВ“

Поради градежни активности за асфалтирање утре, (четврток) 05.06.2025 година, согласно времениот режим, ќе биде затворена за сообраќај улицата „Даме Груев“ на потегот од пресекот со улица „Македонски Просветители“ до пресекот со булевар „Туристичка“.Се известуваат жителите кои што живеат во овој дел од градот и сите учесници во сообраќајот да не го користат приодот кон оваа улица од страната на улица „Мите Богоевски“.

ОО | пред 8 месеци

Zardineri06042025003

ЗАПОЧНА АКЦИЈАТА „ЦВЕТНИ БАЛКОНИ- ЦВЕТЕН ОХРИД“

Денеска започна општинскиот проект „ Цветни балкони – Цветен Охрид“ во рамки на кој ќе бидат доделени 400 жардиниери на охриѓани кои живеат во старото градско јадро.Цвеќе од расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ претпладнево подигнуваа жителителите од улиците: „Македонија“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, „Кузман Капидан“, „Христо Узунов“, „Климентов Универзитет“,.„Нада Филева“, .„Боро Шајн“,.„Григор Прличев“, „Кочо Рацин“, „Св. Кирил и Методи“, „Браќа Миладиновци“, „Цар Самоил“, „Методи Патче“, „Петар Чауле“, „Аргир Маринчев“, „11-ти октомври“, „Димче Маленко“, „Бранко Шотра“, „Охридска архиепископија“.https://ohrid.gov.mk/%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%86%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%b8-%d0%b1%d0%b0%d0%bb%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%b8-%d1%86%d0%b2%d0%b5/?fbclid=IwY2xjawK0xmNleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETF3eTBmWFo1TnloaVJpdDEzAR7JIyz3uKRIiAHRSdcoPLl5NpY3BrNgBLtod-w_vIDsR4CBvKLp8TdWE5SptA_aem_TiYelxsvyQB-ITOZJmqfIw

ОО | пред 8 месеци

Нема фотографија

РАБОТИЛНИЦАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ПРАВИЛА ЗА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ

Во периодот од 22.05.2025 година-02.06.2025 година Општинскиот совет за превенција на детско престапништво со Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид и Секторот за внатрешни работи-Охрид оддржа работилници на тема ,,Безбедност и правила за децата во сообраќајот”, наменета за учениците од второ и трето одделение. Работилницата се оддржа во следните основни училишта: ,,Св.Наум Охридски”-Пештани со подрачните училишта од Коњско, Елшани и Трпејца, ОУ,, Живко Чинго”-Велгошти, ОУ ,,Ванчо Николески”-Лескоец со подрачните училишта од Косел и Куратица и ОУ ,,Кочо Рацин” со подрачното училиште во Лакочереј.Работилницата се состоеше од теоретски дел со интерактивна презентација и практичен дел и имаше за цел децата како најранлива група на учесници во сообраќајот да се запознаат со основните правила за безбедност во сообраќајот. Посебен акцент се стави на значењето на боите на семафорот, правилно преминување на улица на пешачки премин, правила при користење на средства за движење, улогата на сообраќаецот во регулирање на сообраќајот, возила со предност на минување и значењето на сообраќајните знаци. По завршување на интерактивната презентација на учениците им беше даден квиз за проверка на стекнатите знаења за безбедност во сообраќајот.На учениците им беа поделени флаери и минимизирани сообраќајни знаци со содржини кои беа опфатени со работилницата, а на улилиштата им беа дадени едукативни материјали со интерактивни игри за безбедност во сообраќајот.https://ohrid.gov.mk/%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b1%d0%b5%d0%b7%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82-%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b8%d0%bb/

ОО | пред 8 месеци

ZA-SITE-DECA

„За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“

Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“ во текот на месец јуни ќе бидат организирани низа настани посветени на најмладите.04.06.2025 година (среда)10.00 часотПромоција на книга: Девојчето Ена и волшебната четка“, од авторот д-р Кристина С. Алоска;Промотор: Валентина РубаноскаООУ„Св. Наум Охридски“ – Пештани05.06.2025 година (четврток)13:00 часотПромоција на книга: „Во Домот на пастрмката“, автор Александра Велинова и едукативен час по повод Меѓународниот ден на животната срединаМузеј на вода (Заливот на коските)13.06.2025 година (петок)18.00 часотДетска театарска претстава „Пинокио“ во изведба на Балада продукција 19:30 часотСцена ТЦ Амам20.06.2025 година (петок)18:00 часотДетска театарска претстава „ Во царството на другарстовто“ во изведба на театар Хит КомедијаСцена ТЦ Амам27.06.2025 година (петок)19:30 часотДетски музички фестивал: „Поточиња“Сцена Долни Сарај

ОО | пред 8 месеци

putin-98132489

Русија има нов услов за Западот

Војната во Украина нема да заврши сè додека НАТО не ги повлече своите сили од балтичкиот регион, изјави Сергеј Рјабков, рускиот заменик-министер за надворешни работи задолжен за односи со САД, неширење на оружје и контрола на оружјето. Рјабков го изјави ова во интервју за руската државна новинска агенција Тасс.Коментарите на Рјабков, според „Њузвик“, означуваат пресврт во ставот на Кремљ. Со ова, тој директно сугерираше дека корените на конфликтот лежат не само во Украина, туку и во проширувањето на НАТО кон исток, иако Москва предупредува за ова и изразува несогласување и незадоволство со децении. Според Рјабков, повлекувањето на силите на НАТО од балтичките земји би помогнало во завршувањето на војната.НАТО одржува силно воено присуство во балтичките држави, со мултинационални борбени групи и трупи стационирани во Бугарија, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Романија и Словачка.Западниот воен сојуз дополнително го зајакна своето присуство во регионот по почетокот на руската инвазија на Украина. Во извештајот од 6 јуни се вели дека осумте борбени групи „ја демонстрираат силата на трансатлантската врска и солидарноста, решителноста и способноста на Алијансата да одговори на каква било агресија“.Исто така, по руската инвазија, Шведска и Финска ја отфрлија традицијата на воена неутралност и брзо се приклучија кон НАТО, а Кремљ упорно повторува дека Украина мора да се откаже од своите амбиции за членство во НАТО како услов за завршување на војната, но се чини дека Рјабков во едно интервју сугерираше дека воениот сојуз мора целосно да се повлече и од балтичкиот регион.Во статијата насловена како „Заменик-министерот за надворешни работи Рјабков: Невозможно е да се реши конфликтот додека НАТО не се повлече“, рускиот функционер тврдеше дека решавањето на конфликтот во Украина бара решавање на она што тој го опиша како коренски причини.„Американската страна бара практични чекори насочени кон елиминирање на коренските причини на фундаменталните противречности меѓу нас во безбедносната сфера... Меѓу овие причини, проширувањето на НАТО е во преден план. Без решавање на овој фундаментален и најакутен проблем за нас, едноставно е невозможно да се реши сегашниот конфликт во евроатлантскиот регион“, рече Рјабков.Тој, исто така, посочи дека токму проширувањето на НАТО кон исток било клучно за избувнувањето на војната.„Со оглед на природата и генезата на украинската криза, која беше предизвикана од претходните американски власти и Западот како целина, овој конфликт природно делува, ако сакате, како тест, како искушение да се провери сериозноста на намерите на Вашингтон да ги корегира нашите односи“, рече тој.Минатиот месец, три руски извори запознаени со преговорите што ги води Вашингтон изјавија за Ројтерс дека условите на рускиот лидер Владимир Путин за завршување на војната во Украина вклучуваат писмено ветување од западните лидери да го спречат проширувањето на НАТО кон исток.„Путин е подготвен да склучи мир, но не по секоја цена“, изјави за Ројтерс висок руски извор запознаен со размислувањето на високо ниво на Кремљ во статија објавена на 28 мај, објави Newsweek. „Путин го заостри својот став“, додаде друг извор.„Враќањето на Трамп во Белата куќа, заедно со неговата изјава за посветеност на политичко и дипломатско решение на украинската криза, стана причина за претпазлив оптимизам во однос на потенцијалната нормализација на односите со Соединетите Американски Држави, но и во поширока смисла“, рече рускиот заменик-министер за надворешни работи во интервју.„Во овој контекст, претседателите на Русија и Соединетите Американски Држави одржаа четири телефонски разговори. Нашата страна изрази благодарност за поддршката на Соединетите Американски Држави за продолжување на директните преговори меѓу Русија и Украина, кои украинската страна ги прекина во 2022 година“, додаде тој.Трите земји сега работат на зајакнување на балтичката одбранбена линија, дел од границата со Белорусија и Русија во должина од 1.000 километри. Клучен елемент во одбранбената стратегија на трите земји е бариера од 1.000 бетонски бункери, комплетни со ровови, противтенковски јами, магацини за муниција и засолништа за снабдување.Покрај итните акции на границата со нивните источни соседи, сите три земји веќе се префрлија на де факто воена економија, не оставајќи ништо на случајот.Тие неодамна го објавија своето повлекување од меѓународниот договор за забрана на противпешадиски мини, исто како што направија Полска и Финска. Литванија отиде чекор понатаму, повлекување од договорот за забрана на касетни бомби.

Свет | пред 8 месеци

kisev

(Видео) Ова е Киев ноќеска, погодена е породилна болница во Одеса; Кличко: „Извршен е масовен напад“

Русија изврши „масовен“ напад со беспилотни летала врз украинската престолнина, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Во Одеса, погодена е и породилната болница.Според гувернерот Олег Кипер, напад со беспилотни летала во Одеса погодил медицински установи и станбени згради, при што загинал 59-годишен маж, а четворица други биле повредени. Тој го објавил ова на Телеграм, јавува Би-Би-Си.Во Киев, службите за итни случаи биле повикани во четири градски области кратко по полноќ во вторник, изјави Кличко, исто така преку Телеграм. Најновите напади се случија откако Русија го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Украина еден ден претходно. Москва потоа тврдеше дека тоа е одмазда за неодамнешните украински напади врз руска територија. По тајната украинска операција со беспилотни летала наречена „Операција Пајажина“, која на 1 јуни ги погоди руските воени бази длабоко на руска територија, американскиот претседател Доналд Трамп го повика Владимир Путин. Трамп рече дека рускиот претседател најавил „многу силен“ одговор на овие напади.Во раните зори во вторник, воздушните тревоги беа активни низ поголемиот дел од Украина, покажаа официјалните мапи на воздушната одбрана, вклучувајќи ги и регионите Донецк, Луганск и Харков на истокот од земјата.„Останете во засолништата! Масовниот напад врз главниот град продолжува“, предупреди градоначалникот Кличко на Телеграм.Шефот на воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, објави дека нападите врз различни градски области биле извршени „истовремено“. Остатоци од соборените беспилотни летала паднаа врз неколку згради низ градот, а пожари избувнаа во станбена зграда и магацини, додаде тој.Во Одеса, пациентите и персоналот успеаја да ја евакуираат погодената медицинска станица и породилното одделение, но неколку амбулантни возила беа оштетени, рече гувернерот Кипер. Ранетите добиваат медицинска помош. Идентитетот на 59-годишникот кој почина сè уште не е објавен.Нападот се случува пред размената на затвореници што започна во понеделник. Размената вклучува сериозно ранети и болни воени затвореници, лица под 25 години, како и телата на околу 12.000 загинати војници.Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека размената ќе се одвива „во неколку фази“, опишувајќи го како „сложен“ процес со „многу чувствителни детали“.Рускиот претседател Владимир Путин започна целосна инвазија на Украина во 2022 година.

Свет | пред 8 месеци

britanski-brod-crno-more

Израелската морнарица го нападна јеменското пристаниште Ходеида

Израелската морнарица изврши напади врз јеменското пристаниште Ходеида на Црвеното Море, објави во вторникот израелското воено радио, во тековна воена кампања која обично се состои од воздушни напади. Телевизиската станица Ал Масира, управувана од Хутите, објави дека Израел ги таргетирал пристаништата на пристаништето Ал Ходеида со два напади. Досега нема извештаи за жртви.Нападот се случи откако израелската армија во понеделник повика на евакуација на пристаништата Рас Иса, Ходеида и Салиф, кои сите се контролирани од Хутите. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац ги предупреди Хутите во вторникот дека ќе се соочат со поморска и воздушна блокада доколку не ги прекинат нападите врз Израел.Од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година, исламистичката група Хути, поврзана со Иран, пукаше врз Израел и бродови во Црвеното Море во она што тие го нарекуваат акти на солидарност со Палестинците. Повеќето од десетиците ракети и беспилотни летала испукани кон Израел беа пресретнати или промашени, а Израел започна серија одмазднички напади.Израел сериозно ги ослабе другите сојузници на Иран во регионот, либанскиот Хезболах и палестинската милитантна група Хамас.

Свет | пред 8 месеци

koceski-cupeska

(Видео) Ќе се „самоуапси“ ли државниот обвинител Коцески за да остане на функцијата?

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, во гостување во „Претрес“ смета дека државниот обвинител Љупчо Коцески би можел да се самоуапси, за да и се допадне на власта, муабет што во изминатиот период често се споменува во јавност.„Мислам дека...“, рече Чупеска, а на дополнувањето од водителот: „Ќе се самоуапси?“, таа додаде: „Не е исклучена таа опција.Чупеска рече дека не е проблем Коцески сам по себе, туку и притисокот од извршната власт на кој обвинителот потклекнал.„Особа А прави притисок на Б, а особа Б го купува тоа. Катастрофа тешка. Интегритетот на истражната постапка за Кочани и Христовски е сериозно загрозена“, додаде таа.

Македонија | пред 8 месеци

vane-cvetanov-krmzov

Притвор му е одреден на Крмзов, 30 дена треба да помине во Шутка оти судот смета дека може да избега, влијае на доказите или да го повтори делото

Ване Андреев, бранител на бизнисменот Ристо Крмзов, за „Скопје1“ потврди дека на неговиот клиент му е одредена мерка 30-дневен притвор. Тој од Кривичен суд ќе биде спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. Мерката му е одредена поради опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото.„Оваа мерка нема логика, тој и досега беше под мерки, со одземена патна исправа и со јавување во суд. Една година како му се изречени тие мерки. Ги нема прекршено, плус има платено данок, а сега се изрекува притвор“, вели адвокатот на Крмзов во изјава за „Скопје1“Андреев најави жалба до Кривичниот совет.Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во координација со Финансиска полиција, УЈП и други служби, поднесе кривични пријави против 27 физички лица и 15 правни лица од Струмица, осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и несовесно работење во служба.Според истрагата, во 2019 година тројца организатори формирале мрежа во која биле вклучени управители, инспектори од УЈП и сметководители. Тие преку фирми под нивна директна или скриена контрола издавале лажни фактури и прикажувале фиктивен промет.Со ваквото работење, пријавените стекнале противправна корист од над 94 милиони евра, на директна штета на државниот буџет.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-09-at-09.46.50

Крмзов го гонат за три кривични дела: МВР поднесе кривична за злоупотреба на 94,3 милиони евра државни пари

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал, во соработка со Оддел за криминалистичка полиција, Управата за финансиска полиција и Управа за јавни приходи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Р.К.(56) , З.К.В.(30) и В.П.(29), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „даночна измама“, против Г.Т.(48), Д.М.(60), П.К.(67), В.К.(26), K.С.(41), К.М.(40), Н.Ф.(43), М.К.(48), М.М.(68), Е.Т.(61) и З.М.(59), сите од Струмица, за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „даночна измама“, против С.П.(58), С.М.(58), Л.К.(52), Л.Б.(37), С.Т.(66), М.П.(60), Ј.Т.(44), А.К.(35) и Ј.Г.(66), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, против 15 правни лица од Струмица за „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „даночна измама“.Имено, пријавените Р.К., З.К. и В.П. во текот на 2019 година организирале злосторничко здружување кон кое се приклучиле Г.Т., Д.М., П.К., В.К., K.С., К.М., Н.Ф. - управители на пријавените правни лица, С.П., С.М., Л.К., Л.Б., С.Т., М.П., Ј.Т., Ј.Г. и А.К. - инспектори од УЈП и М.К., М.М., Е.Т., З.М. - овластени сметководители, кое имало за цел остварување на нелегален профит за себе, а на штета на државниот буџет. Заради остварување на оваа цел, организаторите на злосторничкото здружение од 2019 до 2024 година ги користеле и ги имале на располагање правните лица во кои организаторите на здружението во дел од нив биле запишани како основачи и управители, а во дел не, но реално управувале со нив, давале инструкции за постапување, користејќи дел од членовите на здружението како фиктивно запишани основачи или управители.Организаторите на злосторничкото здружение, користејќи ги правните лица кои ги формирале, изготвувале и заверувале фактури со невистинита содржина, внесувале податоци за наводно извршен промет на добра и услуги, за кој пријавените знаеле дека не бил извршен и дека за истиот не биле вршени плаќања на банкарските сметки, сопственост на правните субјекти во што дополнително со свои дејствија им помогнале пријавените сметководители и даночни инспектори од УЈП.Со наведените дејствија пријавените оствариле противправна имотна корист во вкупен износ од 5.801.937.796 денари или 94,3 милиони евра на штета на државниот буџет.

Македонија | пред 8 месеци

1000038347

Судир меѓу Општина Аеродром и „Комунална хигиена“ – казна од 88.000 евра и обвинувања за неспособност

Општина Аеродром изрече казна од 88.000 евра на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, поради, како што наведуваат, континуирано нефункционирање, несоодветно собирање отпад и негрижа за јавната хигиена на територијата на општината.„Ова не е политичка одлука, туку институционална санкција заснована на реални пропусти“, изјави в.д. градоначалникот Дејан Митески, потенцирајќи дека граѓаните постојано се жалат на преполни контејнери и нечистотија, иако редовно плаќаат за услугата.Тој порача дека Аеродром нема да биде заложник на туѓа неспособност и најави засилен надзор и нови санкции ако не се подобри состојбата.Од ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ реагираа остро, нарекувајќи ја казната „евтин политички театар“ и градоначалникот Митески – „полу градоначалник без легитимитет“.Тие појаснуваат дека работат според оперативен план усвоен од Советот на Град Скопје, кој е под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН.Во реакцијата, претпријатието наведува дека за кабастиот отпад од типот „гарнитури и мебел“, одговорноста е на локалните служби на општината и обвинуваат дека Митески сака да ја префрли вината за сопствената неажурност.

Скопје | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања