Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

emiisija-nasilnici.02_31_41_07.Still002

Палевски опоменат дека ќе го отстранат од судница оти не го почитува редот, Обвинителството се противи на новите докази доставени од Ѓорчевски

Адвокатите на Велибор Манев и Влатко Кешишев немаат докази кои ги предлагаат во дополнение на доказната постапка.Адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев, предлагжи да биде изведен како доказ обезбедениот видео материјал, со наредба од ОЈО Велес.„ОЈО Велес има издадено наредби за две камери од бензинските станици Лукоил и Макпетрол кои можат да послужат како доказ, издадена од 29.11.2023 година и од 00:00 22.11.2023 до 00:00 23.11.2023 година“ рече бранителот на Видевски.Манев не достави копии од наредбата, па судот ги праша поединечно дали секој од обвинетите и нивните бранители сакаат да ја видат. Никој не побара копија, а Палевски му рече на судијата дека ја знае.„Ве молиме, да провериме дали таков видео запис е обезбеден по наредбата за да може да се произнесеме“, рече обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска.Обвинетиот Љупчо Палевски беше опоменат да го почитува редот во судницата и да не зборува без одобрение од судот, да не го нарушува редот во судницата и да ги почитува укажувањата од судијата му укажа судијата Ивица Стефановски.„Во спротивно, ќе бидете отстранети од судницата, ова е последна опомена“, рече судијата Стефановски.Судот прифати да се изведат видео снимките од бензиската пумпа.„Се прифаќа предлогот на Бојан Манев, да се презентираат видео записите од бензинската пумпа, доколку истиот ги обезбеди овие докази, односно видео записи“, рече судијата.Судот му укажува на бранителот Бојан Манев дека доказот треба да го обезбеди, а судот ќе му овозможи технички услови да го презентира, доколку не го обезбеди нема да биде презентиран како доказ.„Исто така предлагам до судот, како доказ да се изведе видео записот обезбеден со наредба од 04.12.2023 година на Основен суд Велес, која се однесува на обезбедени камери од 22.11.2023 до 24.11.2023. Ова го барам на околноста, дека на споменатата улица се наоѓа точно, на рутата на движење на „реното кангу“. Доколку се движело или одело кон куќата на Велибор Манев, мора да помине низ таа улица, тоа го знам бидејќи потекнува од Велес“ рече Манев.Нови докази до судот достави и Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, обвинет за помагање.„Во дополнение на доказна постапка се изведуваат: Потврда број од 14.04.2025 година на Здружение Хопс Скопје, со која одбраната докажува дека корисник на телефонскиот број е Дарко Костовски, доктор, психијатар од Градска болница „8-ми Септември“. Фактура број на име Дарко Костовски како сопственик, а со ова одбраната докажува дека Александар Ѓорчевски, во критичниот период од 27.11.2023 до 03.12.2023 има остварено телефонска комуникација и овие докази се во корелација со веќе изведените докази, рече Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски.На ова се противеше Обвинителството.„Се противиме на овие докази“, рече обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска за дополнителните докази на Ѓорчевски.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-21-094616

(Видео) Дунавка Трифуновска: Јас го сакам кешот!

Во последната епизода на Нешто Конкретно темата беа Парите, Мажите и Жените а гостите коментираа на вечната дилема:За мир во куќа кој треба да биде финансисер а кој финансиски менаџер но и зошто жената треба да крие пари од мажот?Разноликоста на гостите донесе одлични коментари но и поука дека Кога ќе настане кавга за пари жената е секогаш во право!Бизнисменот и Финансиски ментор пак Зоран Витанов даде свое видување од призмата на парите па рече: Држете ја жената до себе а парите подалеку од себе но како маж заклучи и Не е глупав мажот што на љубовницата и купува кола тоа се вика КОМПЕНЗАЦИЈА!Нашата позната манекенка пак Дунавка Трифуновска кажа дека секогаш бира кеш пред картица и дека верува во љубовни приказни помеѓу мажи кои на љубовниците им купуваат скапи коли, подароци и патувања.- Јас на работите не гледам така сурово!Пејачката од Куба Јасмин Лопез пак, која е мажена за македонец и живее во Скопје повеке од 10 години, имаше интересни заклучоци но направи разлика и помеѓу Македонија и Куба па рече: Во Куба мажот оди со тебе по продавници и тој одлучува што треба да купиш па додаде Македонските мажи кога имаат ти даваат се

Магазин | пред 8 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-25-7780PM

Претреси во Скопје за две ликвидации, ги тресат групите „Беланоца-Барон“

Под раководство на предметниот обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утринава вршат претреси на пет локации во Скопје.„Акцијата е резултат на обезбедени докази во рамките на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“. Со повеќе информации обвинителството ќе излезе во текот на денот“, велат од Обвинителството за гонење организиран кримианл и корупција.Неофицијално, се спроведуваат претреси на повеќе локации поврзани со лица осомничени за тешки кривични дела, меѓу кои и убиствата на Амар Исмани и Орхан Бајрами – Оки.

Македонија | пред 8 месеци

300165679_364144309252857_1103966724647570933_n

Синдикалната кошничка поскапува-народот осиромашува а власта не презема ништо, вели СДСМ

„Поразителни се последните податоци, за само еден месец, синдикалната кошничка е поскапена за 1.217 денари. Само за храна и пијалоци, трошоците се зголемени за 954 денари. Денес, на едно четиричлено семејство му требаат речиси 64.000 денари месечно – само за преживување“, велат од СДСМ и додаваат:Ова е директна последица на неспособноста на власта која не презема ништо. Дебакл на економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.Цените растат, платите стојат, мерки – нема!Додека граѓаните се борат со скапотијата и бројат денари за да обезбедат леб до крајот на месецот, владата троши за октоподи, школки и лосос. Само во април и мај, СОЗР склучила милионски договори вредни 2.2 милиони денари за луксузна храна – додека народот преживува со кредити и одрекувања.Ова не е политика, ова е грабеж!СДСМ бара веднаш владата да ги прифати мерките за:-Покачување на минимална плата на 500 евра-Зголемување на платите во јавниот и приватниот сектор-Укинување на ДДВ за храна за реално намалување на цените.СДСМ останува на страната на граѓаните. Ќе се бориме за достоинствен живот, за реални плати и економија што работи за народот, а не за министрите.

Македонија | пред 8 месеци

palco-palevski-141

Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче - ќе се изведуваат нови докази

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува главната расправа за бруталните убиства на Вања Ѓорчевска (14) од Скопје и Панче Жежовски (74) од Велес, кои беа ликвидирани.На минатото рочиште, дополнителни докази изведуваше Обвинителството помеѓу кои имаше снимки од безбедносните камери кај Велибор Манев кои, според Обвинителството, покажуваат дека обвинетите однапред се подготвувале за убиство, а не само за киднапирање на Вања Ѓорчевска. На снимката што беше прикажана во судот, видлив е моментот кога Манев става лопата во возилото „Рено Кангу“.Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Македонија | пред 8 месеци

mucunski4-2

Се зголемува процентот на амбасадори од редот на кариерните дипломати - изменет Законот за надворешни работи

„Усвоени измените на Законот за надворешни работи – суштински чекор за професионализација на дипломатијата и подобрување на условите за македонските дипломати во странство“, вели министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.Тој додава:„Собранието вчера ги усвои измените на Законот за надворешни работи, предложени од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.По повеќе од една деценија се прават суштински измени, со кои се воспоставува јасна законска рамка за реализација на два клучни приоритети:професионализација на дипломатската служба и воспоставување на надлежностите на Министерството во областа на надворешната трговија и инвестициите.Измените предвидуваат зголемување на процентот на амбасадори од редот на кариерните дипломати, продолжување на мандатот на упатените дипломати на четири години (наместо досегашните три), како и уредување на процедурата за именување амбасадори и улогата на Собранието во таа постапка. Дополнително, воведена е можност за назначување специјален државен претставник во странство, доколку постои посебен интерес за државата.Со измените се овозможува Министерството системски да ги преземе обврските поврзани со креирање политики за надворешна трговија и инвестиции – сегмент кој досега не беше институционално прецизиран со ниту еден друг закон.Ова претставува важен чекор кон професионализација на дипломатијата, подобрување на условите за работа на македонските дипломати во странство, како и соодветно позиционирање на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во делот на надворешната трговија и инвестициите.

Македонија | пред 8 месеци

tenk-ukraina

Русија испраќа 20.000 натурализирани граѓани во војната во Украина

Руските власти испратија најмалку 20.000 натурализирани граѓани на фронтот во Украина поради тоа што не се регистрирале за воена служба, изјави Александар Бастрикин, претседател на Истражниот комитет на Русија, на 20 мај, според државната новинска агенција ТАСС.Изјавата доаѓа во време на зголемен притисок врз мигрантското население на Русија, додека Кремљ се обидува да го надомести недостигот од војници на фронтот.„Веќе 20.000 „млади“ руски граѓани, кои од некоја причина не сакаат да живеат во Узбекистан, Таџикистан и Киргистан, се на фронтот“, рече Бастрикин на Меѓународниот правен форум во Санкт Петербург.Тој додаде дека им наредил на воените истражители, полицијата и Националната гарда редовно да спроведуваат рации во населбите каде што живеат мигранти, со цел да ги пронајдат оние кои избегнуваат воена регистрација. Бастрикин претходно тврдеше дека многу странски државјани „полека ја напуштаат Русија“ за да избегнат регрутација, а присилното испраќање на натурализирани граѓани на фронтот го опиша како „трик“ за да се задоволат уставните обврски, а воедно се насочени кон мигрантите.Според западни разузнавачки извори цитирани од „Волстрит џурнал“, Русија се обидува да регрутира помеѓу 30.000 и 40.000 војници месечно.Откако делумната мобилизација во 2022 година предизвика бран незадоволство и повеќе од 261.000 граѓани избегаа од земјата, Кремљ избегнува ново масовно воведување на задолжителна воена служба. Наместо тоа, спроведува интензивни кампањи за регрутирање и нуди финансиски стимулации.На 31 март, претседателот Владимир Путин потпиша декрет за пролетна мобилизација на 160.000 мажи, најголемото повикување во последните 14 години. Иако регрутите официјално не треба да се испраќаат во борбени зони, организациите за човекови права и семејствата на војниците објавија дека многумина се принудени да потпишат договори што ги носат на украинското бојно поле.Во летото 2024 година, рускиот парламент донесе закон со кој им се дозволува на властите да им го одземат државјанството на натурализираните граѓани доколку не се регистрираат за воена служба.

Свет | пред 8 месеци

stekli-1

(Фото) Штекли однесен на контроли на Клинички, четири месеци е во притвор, непознато до каде е истрагата

Осомничениот Раде Трајковски-Штекли се пожалил на здравствени проблеми во затворот „Скопје“ во Шутка, поради што денеска бил однесен на контроли во Клиничкиот центар „Мајка Тераза“. На што се пожалил Штекли, не се открива, но познато е дека испитувања му биле правени на Клиниката за неврологија. Неофицијално, тој добил согласност од Кривичен суд за да биде однесен на прегледи. По прегледите, бил вратен во ќелија.Истрагата за него трае веќе четири месеци. „Скопје1“ побара одговори од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, дали се собрани сите докази и до каде е постапката. Оттаму очекуваме одговор. Освен Штекли, под истрага беа уште 14 лица за кои медимумите пишуваа дека се дел од неговата банда.Кога беа уапсени, беше соопштено дека се правеле претреси на 21 локација во Скопје и Гевгелија. Потоа се најавија вештачења на уреди, за кои не е познато дали се завршени. Одземени беа речиси 10.000 евра, четири возила, 12 мобилни телефони, пиштол, семки и растителна материја со зелена боја за кои има сомнеж дека се наркотични, предмети за производство и пакување на дрога.Штекли и останатите се гонат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.Штекли изминатите години беше мета на два одделни напади врз него, со цел ликвидација. Двата се случија во трговскиот центар „Ист гејт“. Потоа, во неговиот дом беше фрлена експлозивна направа, за која протече и снимка во јавноста. На крајот, заврши како осомничен во случајот кој го води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Македонија | пред 8 месеци

micevski3

Мицевски: За прв пат во историјата на Македонија се усвои Закон за работно ангажирање на лица, на барање и на работниците и работодавачите

„Изгласан е Законот за работно ангажирање на лица“, вели пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ и додава:Работно ангажирано лице согласно овој закон, може да биде:- лице кое не е во работен однос;- вработено лице;- самовработено лице;-лица помлади од 18 години кои согласно општите прописи од работните односи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос;- студенти;- корисник на семејна и старосна пензија, со исклучок на корисници на семејна пензија по основ на неспособност за работа и самостоен живот и- странец кој има регулиран престој согласно закон.Согласно овој закон лицата кои ќе бидат ангажирани по овој однос нема да ги загубат стекнатите права по другите односи.На овој начин ќе имаме граѓани кои ќе можат дополнително да заработат, држава која ќе наплати повеќе давачки и работодавачи кои ќе можат да ангажираат повеќе работници !За прв пат во историјата на Република Македонија се усвои еден ваков закон кој од зачетокот на независноста е барање на работниците и работодавачите !

Македонија | пред 8 месеци

IMG_20250520_154620_721

Во четврток во Лондон, Николоски ќе го потпише Договорот за стратешко партнерство: Сметам дека се работи за историски момент

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната пресконференција објави дека Владата го усвоила Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и најави дека истиот Договор веќе во четврток, делегација предводена од вицепремиерот Николоски ќе биде потпишан во Лондон.Во продолжение интегралното обраќање на вицепремиерот Николоски:“Една од одлуките на седница е Владата на Република Македонија да го прифати Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетето Кралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, односно Договорот Влада со Влада.Целта нa Договорот е да воспостави партнерство за поддршка на реализација на инфраструктурни проекти во секторите здравство, транспорт, технологија, енергетика, дигитална трансформација и други критични сектори во Република Македонија.Првичната група на проекти се веќе споменати во јавноста во делот на здрaвството и во делот на транспортот. Исто така многу значајно за мене е да се разменуваат знаења и практики користејќи експертиза од Владата на Обединетото Кралство и од британски деловни субјекти за подршка на реализација на проекти но исто така и на трансформација на јавната администрација и приватниот сектор со експертиза од бизнис заедницата од Обединетото Кралство но и од владините агенции.Ќе се разменуваат знаења во здравството, транспортот, технологијата, енергетиката и клучните критични сектори, а за изградба на капацитетите на Владата на Македонија ќе се користи експертиза од Обединетото Кралство. Оваа соработка ќе биде во согласност со важечкото законодавство, правилата и политиките на секоја од двете земји. Учесниците ќе работат заедно да ги истражат можностите за мобилизирање на средства за финансирање на проекти и што е многу значајно, Владата на Обединетото Кралство го потврдува интересот и капацитетот преку Инструмнтот за финансирање на извозот или УКЕФ, со што става на располагање 5 милијарди фунти или 6 милијарди евра за реализација на проекти во Македонија. Нагласувам ова ќе биде проектно финансирање и финансирање кое ќе оди исклучиво со реализација на проекти. Ова е рамка која не значи дека целосно ќе се искористи но е рамка што е располагање и која што можеме да ја користиме.Она што сум горд е што добивме и официјална покана од Владата на Обединетото Кралство и покана до мене, за да се потпише овој Договор Влада со Влада на 22 мај, тоа е овој четврток и можам да Ве информирам дека Владата ме овласти да го потпишам овој договор. Ќе предводам владина делегација која што покрај мене, ќе бидат и потпретседателот на Владата и министер за животна средина Изет Меџити, понатму министерката за образование Весна Јаневска, директорот на ЈП за Железничка Инфраструктура Синиша Ивановски и останати соработници и мислам дека ќе имаме два плодни дена за соработка. Утре имаме средби со министерот за внатрешни работи на Обединетото Кралство и министерот за одбрана, имаме и средби со претставници од Инструментот за финансирање. Во четврток е главната церемонија, а исто така во четврток ќе имам средба и со директорот на Рајанер од каде што очекувам да произлезат и нови летови кон Скопје.Сметам дека се работи за историски момент, за датум кој ќе остане во аналите на македонската историја, 22 мај ќе биде датум кој долго ќе се споменува во македонската историја затоа што се работи за досега најобемен дооговр кој Македонија го постигнала со било која држава. Тоа не е било која држава, тоа е втората светска сила, држава со која имаме одлична соработка во рамки на НАТО Алијансата, дел е од западната цивилизација, става на располагање најмногу средства и за мене е наважен политичкиот момент бидејќи влегуваме во партнерство со клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на Владата, но исто така и позицијата на Македонија како прозападно ориентирана држава и држава која ги почитува евроатланските вредности. Исто ми е драго што Обединетото Кралство објави дека постигнале договор со ЕУ, што значи дека во еден пакет ги имаме трите клучни сојузници на Македонија, тоа е ЕУ, Обединетото Кралство и САД”- истакна вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 8 месеци

saliu-latas

Салиу го тужи Латас за клевета, на следното рочиште ќе се соочат во судница

Новинарот Фуркан Салиу го тужи новинарот Драган Павловиќ-Латас за навреда и клевета. Адвокатот на Латас бара тужбеното барање да биде одбиено, додека пак, адвокатот на Салиу останува при наводите во тужбата и бара Латас да биде огласен за виновен дека сторил клевета. Целиот процес се покрена откако новинарот Фуркан Салиу беше уапсен на фудбалски натпревар, а во неговото возило било најдено расклопено оружје за кое поседувал дозвола. Во изјава на ТВ Канал 5, Латас кажал: „За мене, многу поголемо дело е носењето пиштол со себе и тоа пиштол со наполнет шаржер...“. За Салиу ова е клевета и бара правна одговорност.„Останувам при наводите за тужбеното барање. Предлагам по изведување на доказите, тужбеното барање да се усвои“, рече адвокатот на Салиу.Од друга страна, адвокатот на Латас рече дека неговиот клиент нема никаква вина за навреда и клевета.„Останувам во целост на наводите и доказите кон одговорот на тужба како и при наводите и доказите кои дополнително беа доставени во текот на расправата. Врз основа на сето наведено, предлагам тужбеното барање на тужителот да биде одбиено како неосновано“, рече адвокатот на Латас.Судијата Андреј Димовски правеше увид во доказите, меѓу кои беше опомена пред тужба, принт-скринови од објави по медиуми и на сајтот на МВР, наслови од весникот „Вечер“ каде пишува Латас, отпусно писмо од „Жан Митрев“ на тужениот.На оваа главна расправа, немаше распит на странки. Во судницата беше присутен Салиу, но не и Латас. На следната расправа закажана за нешто повеќе од еден месец, двајцата треба да одговараат на прашањата од бранителите и судот односно да се сослушаат како странки.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-20-at-12.49.43

Оставка поднел национален координатор за имплементација на нови технологии, откако Таравари излезе од Влада

Националниот координатор за имплементација на нови технологии, г. Блерант Рамадани, поднесе неотповиклива оставка од својата функција.„Денес донесов одлука да се повлечам од функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии – одговорност која ја извршував со посветеност, интегритет и визија за развојот на нашата земја. Искажувам благодарност до Алијансата за Албанците за довербата, до Премиерот за укажаната можност, како и до сите институционални соработници и партнери за поддршката и професионализмот. Оставката не претставува крај, туку чекор на размислување и подготовка за нови предизвици. Останувам посветен да придонесувам таму каде што мојот ангажман може да донесе вредност“, вели Блерант Рамадани.

Македонија | пред 8 месеци

Izbori

Измените на Изборниот законик со кои на сите граѓани на кои им е преку глава од партиите им се отежна учеството на сите избори, се неуставни, велат од „Шанса за Центар“

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ смета дека е успех што Уставен суд ги укина спорните одреби од Изборниот законик со кои се отежнуваше учеството на избори, преку независни листи.„Независните успеаа. Уставен суд пресече! Измените на Изборниот законик со кои на сите граѓани на кои им е преку глава од партиите им се отежна учеството на сите избори, се неуставни“, велат од „Шанса за Центар“ и цитираат:„Уставниот суд на денешната седница ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои партиите без никаква јавна консултација го кренаа прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори.„Во предлог-рефератот судијата известител изрази сомнеж за новите измени од уставна гледна точка, односно дека со нив се повредени темелните вредности на Уставот, правната сигурност и предвидливост, начелото на владеењето на правото. Исто така постои сомнеж дека е нарушен политичкиот плурализам како темелна вредност на уставниот поредок уреден со членот 8 став 1 алинеја 5 од Уставот.“

Македонија | пред 8 месеци

lefkov-semejstva

Срамно и бедно е Лефков да тврди дека со закон за помош на семејствата во Кочани се рушел правниот поредок, вели Тренчевска

Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, остро реагира на срамната и небулозна изјава на Миле Лефков, кој по два месеци молк излезе со став дека со предлог-законот за поддршка на семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани се рушел правниот поредок.„Преслушај се уште еднаш, Лефков, верувам ќе се засрамиш од вакви изјави.“ – реагира Тренчевска.„Закони за интервенција во случаи на вакви трагедии постојат насекаде во светот. Тоа е суштината на законодавството – да се создадат механизми за брза реакција и институционална поддршка за семејствата кои се соочуваат со ваква голгота. Да потсетиме, постои и Закон за бранителите кој предвидува конкретни поволности за одредена категорија граѓани – и никој тогаш не зборуваше за „рушење на правниот поредок“. - пишува на својот Фејбук профил Тренчевска.Таа вели дека очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема ниту чувство за срам, ниту одговорност. Лефков ја отвори вратата, а сега сите по ред од ДПМНЕ ќе ја повторуваат истата мантра.„Ништо не научивте од трагедијата во Кочани. Не само што не понудивте решение, туку не успеавте ниту да се соочите со болката на семејствата, ниту да му помогнете на градот. Наместо поддршка – навреди. Наместо одговорност – политички игри. Дното одамна е пробиено“ - завршува Тренчевска.

Македонија | пред 8 месеци

zelenski-1

ММФ започнува нова ревизија на програмата за помош од 15,5 милијарди долари за Украина

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) започна нов преглед на четиригодишната програма за помош од 15,5 милијарди долари (околу 11,6 милијарди фунти) за Украина, договорена во 2023 година.Ова е осмиот преглед на користењето на средствата од Проширениот фонд (EFF), кој е дизајниран да ги стабилизира јавните финансии на Украина, кои беа силно погодени од руската инвазија, и да им обезбеди гаранции на меѓународните сојузници дека Украина води одговорни економски политики и се бори против корупцијата.„Програмата останува клучен елемент на нашата отпорност, особено во овие времиња“, рече Андриј Пишни, гувернер на Народната банка на Украина.Откако започна инвазијата во февруари 2022 година, украинската економија претрпе огромна штета: милиони луѓе избегаа, градовите и инфраструктурата беа уништени, а синџирите на снабдување беа нарушени.Во првата година од војната, БДП на Украина падна за речиси 30%. Иако економијата сè уште не се вратила на нивоата пред кризата, во 2023 и 2024 година беше забележан скромен раст.Редовните прегледи на ММФ имаат за цел да обезбедат Украина да ја одржи макроекономската стабилност и средствата да се користат транспарентно, во согласност со поставените цели.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Укинати спорните одредби од Изборниот законик, со кои се крена прагот за собирање потписи за независни кандидати на избори

Уставниот суд ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои се крена прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори.Законските одредби, за кои Уставниот суд поведе постапка, значеа дека независните кандидати и листи за да се најдат на гласачко ливче, треба да соберат потписи од еден отсто од вкупниот број гласачи запишани во конкретната изборна единица (ако станува збор за парламентарни избори) или општина (ако станува збор за локални избори).Во предлог-рефератот судијата известител изрази сомнеж за новите измени од уставна гледна точка, односно дека со нив се повредени темелните вредности на Уставот, правната сигурност и предвидливост, начелото на владеењето на правото. Исто така постои сомнеж дека е нарушен политичкиот плурализам како темелна вредност на уставниот поредок уреден со членот 8 став 1 алинеја 5 од Уставот.Ваквите измени беа изгласани на 7 март 2024 година и требаше да важат за локалните избори што треба да се одржат во октомври годинава.

Македонија | пред 8 месеци

mkd-eu-makedonija-eu-nato

„Ова е како да укинувате смртна казна, а викате ај уште овој да го егзекутираме“, рече Сиљановска за односот на ЕУ кон Македонија

Австрија се нуди да биде медијатор меѓу Македонија и Бугарија, додека пак источниот сосед не прифатил измена на условите и уставни измени со одложено дејство. Ова го соопшти претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Таа рече дека ништо не е завршено и дека постојат шанси, со оглед дека членка на ЕУ се нуди за помош.„Во поглед на моите правни аргументи тој рече дека не е фер ова што се случува, но таква е постапката. Нашиот предлог за одложено правно дејство го оцени како извонреден, настапил пред бугарските политичари - но не го прифатиле. Некогаш има патишта за разговор кои можеби, кога ги слушате само зборовите - не можеме да ги одгатнеме. Јас се разбира со помош на Кошта, заедно ќе разговарам со господинот Радев, Австрија се понуди за медијација на разговорите. Не се нудат членки на ЕУ за медијација ако работата е завршена и тоа е така одлучено. Бидејќи тоа не би било европски манир. Јас одговорно тврдам дека да барате од една држава да го смени Уставот е спротивно на европските принципи, бидеќи таму стои дека ќе се почитува националниот и културниот идентитет. И Обвинетото кралство се нуди за разговори“, рече Сиљановска.Таа рече дека никој не се нуди за репреговарање на преговарачката рамка односно протоколите.„Јас воопшто не реков дека преговарачката рамка ја потпишал ексминистерот Бујар Османи. Тоа не е наш акт. Тоа е на Советот. Првиот протокол го потпишал Димитров, вториот тој. Преземени се обврски. Кога читам Закон за надворешни работи, читам дека надворешната политика ја креира Собранието, а втор човек е претседателот. Затоа реков дека таков документ кој создава обврски за нас, не може сам да одлучи некој да го прифати и потпише. Затоа, низ призма на законот треба да се разговара, да се консултира Собранието“, додаде Сиљановска.„Ова изгледа како кога се обидувате да укинете смртна казна, ама викате ај уште овој осуден ќе го егзекутираме. Не може ние да бидеме колатерална штета на одлучување“, додаде Сиљновска и рече: „Ние ќе се обидеме некако да се договориме дека нема да има услови од таа научно-политичка историја“.

Македонија | пред 8 месеци

kocani1111

(Вознемирувачка содржина) „Најтешко закрепнуваат изгорениците на грбот“, велат од „Support Kocani“ кои споделија фотографии

Иницијативата „Support Kocani“, објави нови фотографии од повредени лица од пожарот во дискотеката „Пулс“. На нив се гледаат тешките изгореници, за кои треба долго време за да заздрават, како и постојана медицинска грижа.„Изгорениците на грбот се едни од најтешките за закрепнување“, велат од Support Кочани.Но од овој, има и потешки случаи. Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска, рече дека има тројца пациенти со отворени рани, а за некој од нив ќе треба и трансплатација на кожа.„Пациентите беа во многу тешка состојба. Благодарни сме на сите земји кои ги прифатија и ги лекуваа тие пациенти. Но екстензивноста на повредите е голема, се работи за многу длабоки изгореници, со длабоки рани и кај нив ќе треба подолг третман и кај нив и рехабилитациониот период ќе биде малку подолг. равиме сè за да немаат поголеми лузни, плазма богата со тромбоцити, се даваат силиконски лепенки во Кочани кај сите пациенти, се даваат креми со заштитни фактори. Тим од Бугарија дојде во Кочани да направат индивидуални мерки за компресивни ракавици“, рече таа.Од „Support Kocani“ и претходно објавија фотографии.[caption id="attachment_328541" align="alignnone" width="1320"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 8 месеци

499477498_1176705834257238_7045029403476150285_n

И покрај заложбите за чист Охрид, родолжува деградирачкиот однос на поединци, вели комуналното претпријатие

„И покрај нашите заложби за чист и уреден Охрид, продолжува деградирачкиот однос на поединци“, вели Ј.П. ,,Охридски Комуналец" - Охрид и додава:„И покрај објавениот Календар на акции за кабаст и зелен отпад за 2025 год., секојдневно се соочуваме со мини-депонии на секој чекор, во секој дел од градот и урбана заедница. Во вонредна акција, од нови мапирани диви депонии во населби Даљан, УЛ.АСНОМ и ул. Галичица подигнати се 32 м3 кабаст и зелен отпад“.

Охрид | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-20-at-10.49.36

Сиљановска донела одлука кој ќе биде предлог за нов гувернер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, смета дека веќе знае кој ќе биде предлогот за нов гувернер на Народната банка, но не сака сега да го открие пред новинарите. Таа посочи дека седнала со сите кандидати Анита Ангеловска-Бежоска, Трајко Славески, Зоран Ставрески. А по консултација со експерти - донела одлука.„Не го кажувам името, прво пред новинари. Но веќе мислам дека знам. Она што со право создаде дебати меѓу вас и прашања, беше нешто што мислам дека би требало да се практикува за секоја функција. Да седнете со сите луѓе кои се споменуваат и да разговарате. Да ги прашате секој што мисли за другиот, но и што мисли дека тој може да направи. Уште повеќе би сакала да има повеќе кандидати, но тоа не е секогаш можно“, рече претседателката Сиљановска.Таа рече дека е важно и кој ќе биде заменик-гувернер за НБРМ.„Тие треба да соработуваат, тоа е систем за макро економската стабилност. Да бидам искрена, ако ги оценуваме кандидатите, тие со кои разговарав, низ призма на експертско знаење - немам проблем. Сме имале среќа во оваа држава, одлично сме се однесувале кон оваа функција. Во среда веќе ќе знам (н.з. за тоа кој ќе биде предлог). Јас во меѓувреме консултирав и експерти од областа, луѓе кои се врвни, па дури и кои биле на функцијата“, додаде претседателката.

Македонија | пред 8 месеци

GAza

Обединети нации: „14.000 деца ќе умрат во Газа во рок од 48 часа“

Израел во неделата објави дека ќе дозволи хуманитарна помош во Газа, со што ќе се стави крај на 11-неделната блокада.Но, Том Флечер, заменик-секретарот на ОН за хуманитарни прашања, изјави за Би-Би-Си дека Израел не направил доволно.„Денес, на девет од нашите камиони им беше дозволено да влезат преку преминот Керем Шалом. Но, тоа е капка во морето од она што е итно потребно. Од утре (вторник) наутро, значително повеќе помош мора да се достави во Газа“, рече Флечер.„Ограничените количини на помош што сега се дозволени во Газа, секако, не се замена за непречен пристап до цивилите на кои им е толку потребна. За да се намалат грабежите, мора да има редовен проток на помош, а на хуманитарците мора да им биде дозволено да користат повеќе патишта. Комерцијалните стоки треба да ја надополнат хуманитарната помош.“Тој рече дека заедничката изјава на Велика Британија, Франција и Канада е „многу силна“, но вистинскиот тест е дали ОН може да обезбеди повеќе помош по 11-неделната блокада.Флечер додаде дека ОН бара „поддршка од светот за вршење притисок врз Израел“ за да се овозможи поголема помош да влезе во Газа и да стигне до „гладните луѓе“.Тој повтори дека петте камиони со помош што влегоа во Газа во понеделник се само „капка во океанот“.Овие камиони штотуку ја преминаа границата и сè уште не стигнале до луѓето на кои им е очајно потребна помош.„Камионите превезуваат храна за бебиња и други прехранбени производи“, рече тој и додаде дека се плаши дека 14.000 деца ќе умрат во следните 48 часа ако помошта не стигне до нив.Кога го прашале како дошол до таа бројка, Флечер рече дека имаат „силен тим на терен“ кој им помага со податоците.

Свет | пред 8 месеци

policija-policaec-35

Матурант од Струмица најден мртов, зад склад за дрва на влез од градот

19-годишно момче, матурант во струмичко училиште, вчера бил најден починат позади склад за дрва, на влезот од Струмица.Кај момчето нема знаци на насилство, а телото е дадено на обдукција. Од анализите ќе се знаат причините за смртта.Од МВР посочуваат дека добиле пријава вчера околу 12 часот, дека на необработена нива било пронајдено безживотно тело.„Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција“, велат од СВР Струмица.

Македонија | пред 8 месеци

ukraina41424

Украина: Едно лице убиено, неколку ранети во напади врз три региони

Украинските власти утрово известија за жртвите и ранетите во текот на последните 24 часа во регионите Харков, Донецк и Херсон.Во Харков, гувернерот Олех Синегубов објави дека две жени, на возраст од 73 и 45 години, се повредени во руско гранатирање.Во регионот Донецк, според гувернерот Вадим Филашкин, шест лица се ранети, а едно лице е убиено.Во областа Херсон, гувернерот Олександр Прокудин изјави дека пет цивили се ранети во напади врз „социјалната инфраструктура“.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-02-28-at-19.24.38

Трамп за преговорите меѓу Украина и Русија: Имам црвена линија!

И покрај сигналот за отвореност, Трамп предупреди дека САД би можеле целосно да се повлечат од учеството ако нема видлив напредок.„Ова не е моја војна. Јас само се обидувам да помогнам“, рече Трамп.На прашањето дали има „црвена линија“ што би го натерало целосно да се повлече од процесот, тој одговори:„Да, во мојата глава - но нема да ја објавам јавно“.Тој додаде: „Да, дефинитивно имам“.

Свет | пред 8 месеци

ukraina-pozarnikari

Русија синоќа лансираше 108 дронови, Украина онеспособи 93 од нив

Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија лансирала 108 дронови врз цели низ цела Украина во текот на ноќта.„Воздушниот напад беше одбиен со комбинација од воздушна одбрана, противвоздушни ракетни единици, електронско војување, беспилотни воздушни системи и мобилни групи за оган на вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението на украинската војска.До утрово беа неутрализирани 93 дронови, од кои 35 беа соборени, а 58 беа електронски блокирани.Не е јасно што се случило со преостанатите 15 дронови, ниту дали ги погодиле своите цели или едноставно се изгубиле во лет.Нападите, според воздухопловните сили, биле насочени кон регионите Донецк, Дњепропетровск, Суми и Житомир.Како што претходно беше објавено, украинските власти претходно изјавија дека Суми и Дњепропетровск се меѓу четирите погодени региони.Државната служба за вонредни состојби на Украина соопшти дека нема извештаи за жртви, и покрај тоа што пожарите се шират по нападите во тие области.

Свет | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања