Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Салиу го тужи Латас за клевета, на следното рочиште ќе се соочат во судница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
saliu-latas

Новинарот Фуркан Салиу го тужи новинарот Драган Павловиќ-Латас за навреда и клевета. Адвокатот на Латас бара тужбеното барање да биде одбиено, додека пак, адвокатот на Салиу останува при наводите во тужбата и бара Латас да биде огласен за виновен дека сторил клевета. Целиот процес се покрена откако новинарот Фуркан Салиу беше уапсен на фудбалски натпревар, а во неговото возило било најдено расклопено оружје за кое поседувал дозвола. Во изјава на ТВ Канал 5, Латас кажал: „За мене, многу поголемо дело е носењето пиштол со себе и тоа пиштол со наполнет шаржер...“. За Салиу ова е клевета и бара правна одговорност.

— реклама —

„Останувам при наводите за тужбеното барање. Предлагам по изведување на доказите, тужбеното барање да се усвои“, рече адвокатот на Салиу.

— реклама —

Од друга страна, адвокатот на Латас рече дека неговиот клиент нема никаква вина за навреда и клевета.

— реклама —

„Останувам во целост на наводите и доказите кон одговорот на тужба како и при наводите и доказите кои дополнително беа доставени во текот на расправата. Врз основа на сето наведено, предлагам тужбеното барање на тужителот да биде одбиено како неосновано“, рече адвокатот на Латас.

Судијата Андреј Димовски правеше увид во доказите, меѓу кои беше опомена пред тужба, принт-скринови од објави по медиуми и на сајтот на МВР, наслови од весникот „Вечер“ каде пишува Латас, отпусно писмо од „Жан Митрев“ на тужениот.

На оваа главна расправа, немаше распит на странки. Во судницата беше присутен Салиу, но не и Латас. На следната расправа закажана за нешто повеќе од еден месец, двајцата треба да одговараат на прашањата од бранителите и судот односно да се сослушаат како странки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryej5tjn0nqe9iaLck2yw

Латас и Лазаров ослободени од обвинението за спорниот поткаст, обвинителот ќе бара осудителна пресуда од Апелација

Македонија | пред 2 седмици

media-library3cbv1f4rn9maenfD9qu

Латас најави контра-тужба за Ленче Ристоска: Ја споменала мојата фамилија

Македонија | пред 1 месец

latas-ristoska

Ленче Ристоска бара 600.000 денари обештетување од Латас: Сметам дека тужениот имал и личен и финансиски интерес за моја дискредитација

Македонија | пред 1 месец

Dragan-Pavlovikj-Latas

Заев е за истрага, ментално лечење и превоспитување, напиша Латас за Заев и застана на страната на Груевски

Коментари | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања