Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

israel-embassy

Двајца вработени во израелската амбасада во САД убиени на улица

Двајца вработени во Амбасадата на Израел во Вашингтон се убиени рано утринава, по средноевропско време, пред Еврејскиот музеј во центарот на Вашингтон, соопштија официјални лица. Осомничениот, кој најпрвин, како што е соопштено, се преправал дека е само очевидец, бил приведен.Мажот и жената кои беа убиени во средата вечерта беа млад пар кој наскоро требаше да се вери.Осомничениот, 30-годишен маж од Чикаго, додека бил во притвор извикувал „Слобода, слобода за Палестина“, соопшти полицијата, пренесе Си-Ен-Ен.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-08.12.53

Силен земјотрес ги погоди грчките острови Крит и Санторини

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала изутринава ги погоди грчките острови Крит и Санторини.Епицентарот бил на длабочина од 68 километри, околу 82 километри североисточно од главниот град на Крит, Хераклион.До сега нема информации за повредени или материјална штета.

Свет | пред 8 месеци

izbori-britanija

Денеска во Лондон ќе се потпише стратешкиот договор Македонија-Велика Британија

Денеска во Лондон треба да биде потпишан договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Велика Британија.Договорот ќе го потпишаат македонскиот министер за транспорт Александар Николовски и британскиот министер за услуги, мали бизниси и извоз во министерството за бизнис и трговија, Герет Томас.Николовски изјави дека парите кои и се ставаат на Македонија на располагање ќе се користат за проектно финансирање. Премиерот Мицкоски пак порача дека секој потрошен цент ќе биде транспарентен.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-10.55.05

(Вознемирувачкo видео) Исповед: Самохрана мајка од Кочани напуштила работа за да се грижи за повредениот син

Предупредување: Во снимката има сегменти од раните на повреденото момчеСилвана Петрова, мајка на повредениот Трајче Петров, за „Support Kocani“ објасни за тешката состојба во која се наоѓа. Таа посочува дека има возрасна мајка со два мозочни удари, мало дете од 10 години и сега треа целосно да се посвети на повреденото дете. Силвана е самохрана мајка.„Јас му облакам чорапи, го мачкам, масирам.. морав работата да ја напуштам за да се посветам на детето. Е сега колку сѐ може за тие некои работи, поврзани со него - јас што имам ќе дадам, ама морам да имам нешто и помош. Од државата треба да имаме ние помош. Ние ништо немаме од државата“, рече Петрова.Таа рече дека кога го пуштиле од болницата во Грција, рекле дека ништо не е готово. Туку дека од тој момент почнува процесот на заздравување.„Многу хигиена, многу средства, пазење од сонце...Они мислат набрзина ќе помине, ама нема..Не може ни да работи моментално.. јас му сечкам јадење, за да тој со левата рака може да пренесе до устата“, додаде Петрова.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-10.47.05

Терорист уби двајца членови на нашата амбасада, додека си заминуваа од Еврејскиот музеј во Вашингтон, објави Израел

Двајца членови на персоналот на израелската амбасада во Вашингтон беа убиени пред Еврејскиот музеј во Вашингтон, изјави американската министерка за внатрешна безбедност Кристи Ноем.„Џарон и Сара беа наши пријатели и колеги. Тие беа во цветот на својот живот. Таа вечер, еден терорист ги уби додека си заминуваа од настан во Еврејскиот музеј во Вашингтон“, објави Амбасадата на Израел на социјалните медиуми, објави „Тајмс оф Израел“.Сара Милгрим работеше во секторот за јавна дипломатија на амбасадата. Таа имаше магистерска диплома по меѓународни студии од Американскиот универзитет и уште една во областа на природните ресурси и одржливиот развој од Универзитетот на Обединетите нации за мир.Џарон Лишински (28) работеше во политичкиот оддел на амбасадата и имаше магистерска диплома по дипломатија и стратегија од Универзитетот Раџман, како и диплома по меѓународни односи од Еврејскиот универзитет.Во својата биографија на блогот „Тајмс оф Израел“, Лишински се опиша себеси како „страствен застапник“ на Авраамовите договори и регионалната соработка, нагласувајќи ја својата верба во проширувањето на мирот со арапските соседи на Израел.Осомничениот за убиството на двајцата дипломати е идентификуван како 30-годишниот Елиас Родригез од Чикаго.

Свет | пред 8 месеци

slaveski1

На Славески му требаат 61 глас за да седне во гувернерската фотелја

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го предложи Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка и ја префрли топката во Законодавниот дом.За избор на гувернер потребни се 61 позитивен пратенички глас.Гувернерот кој има седум годишен мандат има право на реизбор. Но, од претседателката Анита Ангеловска-Бежоска не доби шанса за повторен избор.Ниту екс министерот за финансии Зоран Ставревски не го мина филтерот кај претседателката иако таа ги исфали сите тројца претенденти.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-10.40.34

Земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер го погоди грчки Крит, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени се случи во четврток наутро во близина на градот Елунда на островот Крит во Грција, пишува новинската агенција Ројтерс.Германските геонаучници соопштија дека се случил на длабочина од 77 километри.Досега нема извештаи за смртни случаи, повредени или голема материјална штета.Грчките пожарникари се во состојба на готовност.Областа околу грчкиот остров Крит е една од сеизмолошки најактивните во Европа.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-10.14.49

(Видео) Крмов: Ако ние од Левица дадеме оставки, само ВМРО-ДПМНЕ ќе добие

Борислав Крмов, пратеник од Левица во „Претрес со Ландов“ рече дека Левица не ја злоупотреби болката на родителите на загинатите деца во Пулс во Кочани.„Тоа го велат оние кои не се појавуваат пред нив.Родителите на загинатите деца нѐ повикаа. Да не излезевме ние, немаше да има средба со министерот Тошковски. Разговаравме кој е виновен. Обвинет од актуелната власт е само доскорешниот градоначалник Љупчо Папазов. Истрага има само за поранешни функционери. Тенденциозно е што само Бектеши долго се држеше во притвор”, рече Крмов, кој има забелешка зошто не се опфатени актуелни началници.За прашањето на родителите што работат и барањето да дадат оставки, Крмов рече:„Ние ако дадеме оставки ќе добие само ВМРО- ДПМНЕ. Земаме плата како единствена партија која го претставува народот”.

Македонија | пред 8 месеци

ukim-1

76 години од основањето на УКИМ

Најстарата и најреномирана високообразовна институција, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје одбележува 76 години од своето основање.Универзитетот организира тридневна програма со настани кои ќе се одржат денеска, на 23 и 30 мај, како дел од чествувањето на јубилејот и патрониот празник, Денот на светите Кирил и Методиј.Свеченостите ќе почнат денеска со концерт на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ во Дом на АРМ.

Македонија | пред 8 месеци

31122024-Mickoski

Синот на Мицкоски матурант: Од октомври се гледаме на машински

Јован Мицкоски, син на премиерот, е матурант и од есен ќе стане бруцош на Машинскиот факултет. Продолжува по стапките на неговиот татко кој е професор на истиот факултет и на неговиот дедо.„Синко, среќна матура и добредојде во новото поглавје преполно со предизвици. Секогаш со свои сили минувај низ сите препреки. Нема да е лесно, ќе биде тешко, но сигурен сум дека ќе ги совладуваш. Од октомври се гледаме на Машински“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

Tramp

(Видео) Трамп навреди новинар: Ти си гад и срамота

Американскиот претседател Доналд Трамп недозволиво и навредливо реагираше на прашањата од новинарот на „Ен-би-си Њуз“, Питер Александар. Не му се допадна прашањето за луксузниот авион што катарската влада планира да го донира на Трамп.Во бес го нарече новинарот „ужасен новинар“ и „срамота и гад“ затоа што не прашал за она што тој го нарече геноцид врз белите јужноафрикански земјоделци, на кои Трамп им додели статус на бегалец.Трамп му приреди непријатно изненадување на јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоза за време на нивната билатерална средба, кога ги затемни светлата и пушти видео за кое тврди дека докажува „геноцид врз белците“ во Јужна Африка.„Имаме илјадници приказни кои зборуваат за тоа. Имаме документарни филмови, написи во весници. Исклучете ги светлата и пуштете го ова”, рече Трамп.Видеото трае речиси пет минути, а подоцна беше објавено на официјалниот профил на Белата куќа на социјалната мрежа Х, со опис: „Доказ за прогон во Јужна Африка“.Рамафоса на почетокот се насмеа, но набрзо изгледаше видно непријатно додека ја гледаше снимката.Во еден момент тој праша: „Дали ви кажаа каде е снимено?”„Тоа е во Јужна Африка“, рече Трамп.За време на состанокот, Рамафоса го оспори тврдењето на Трамп дека белците во Јужна Африка трпат „геноцид“.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-07.29.42

(Видео) Крмов: Левица нема да го поддржи Славески за гувернер, нема политички сенс

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов е гостин вечерва во Претрес со Ландов. За инцидентот во Собрание кога го скрши компјутерот на претседавачката маса рече дека тоа е видено во демократските земји и тоа било оправдано. Штетата уште не ја платиле.„Собранието не треба да биде циркуз, но проблемите доаѓаат од власта. Талат Џафери во корпа ми фрли 4.500 амандмани за новиот Деловник. Ние не пипнавме никого”, рече Крмов, кој не исклучи можност за порадикални мерки бидејќи има право да се брани.„Неколку месеци навреди трпиме од Петар Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ. Жена и деца се споменуваат. Го игнориравме досега, но секој има право да си го брани достоинството. Не може ние да се извинуваме кога некој не пцуе”, рече Крмов.За Трајко Славески рече дека Левица нема да го подржи за нов гувернер. Потсети на изјава на Славевски пред неколку години кој за 9.000 минимална плата рекол дека тоа е пазарот.„Нема политички сенс“, смета Крмов.

Македонија | пред 8 месеци

krmov-tamnel

(ВО ЖИВО) Крмов на жешко столче во Претрес: го злоупотребија ли Кочани, бунт за вниамние или борба за систем?

Вечерва во новото издание на подкастот „Претрес со Ландов“ гостува пратеникот од Левица, Борислав Крмов.Во епизодата ќе се отворат прашања кои партијата упорно ги избегнува:– Дали Левица има реален план или само настапи за YouTube кликови?– Дали ја злоупотребија болката на семејства за политичка промоција и ги подгорува тензиите?– Што направија со пратеничките мандати освен кавгите во Собрание?– Кој точно е „виновен“ што никој не сака да соработува со нив?Дали политика  се води со гнев и пароли?Очекувајте одговори на многу прашања.Следете во живо:

Македонија | пред 8 месеци

SLAVESKI0

Претседателката Сиљановска-Давкова го достави предлогот за гувернер на Народната банка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка.„При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, велат од Кабинетот на Сиљановска.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-21-at-19.34.57

Трајко Славески е предложен за нов гувернер

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го предлага ексминистерот за финансии, Трајко Славески за гувернер на Народната банка.За Славески сега треба да се изјаснат пратениците.Славески е актуелен претседател на Советотот на Град Скопје.Информацијата се уште не е официјално потврдена од Кабинетот на претседателката.Инаку, „Скопје1“ проба да добие став од Славески - но до овој момент немаме одговор. Молк и од Собранието.Инаку, Славески за Сиљановска,  зборуваше и во поткастот „Претрес“:

Македонија | пред 8 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-9970PM

Нема чисти чаршафи за креветите на Клинички центар

Во очекување на нов министер за здравство, проблемите во секторот се таложат. На Онкологија и натаму гужви поради акутниот проблем со кадар.Но она што дополнително ја шокираше јавноста е информацијата на Канал 5 дека од денеска ќе нема чисти чаршафи за болничките кревети во комплексот „Мајка Тереза“.Причина е бојкотот и револт во пералната во рамките на клиничкиот центар, бидејќи немаат земено плата од декември.„Од декември немаме земено плата, чекаме секој ден. Денеска протестираме и не примаме чаршафи, само зелени зошто тоа треба за операции и не можеме така да оставиме“, велат вработени од пералната за Канал 5.Од Јануари 2024 година со пералната управува приватната фирма СкопСтер.

Македонија | пред 8 месеци

kocani-6246245

Молитви во тегла за продажба: Измамници профитираат на сметка на жртвите од Кочани

Струмичката епархија на МПЦ-ОА предупредува на измамничка шема во која е злупотребено името на епископ Јаков, а дополнително измамниците ја користат трагедијата на семејствата на загинатите од кочанската дискотека. Од Епархијата алармираат дека станува збор за грозоморна измамничка шема преку која лица под профилот Библиска Македонија продаваа „молитви во тегли“ и книги.Осомничена е фејсбук-групата „Библиска Македонија“.-До нас стигнаа информации од оштетените граѓани, дел од нив роднини и родителите на загинатите деца во пожарот во Кочани, коишто, скршени од болка и барајќи утеха, подлегнале на лагите кои им ги пишувале луѓето кои се кријат зад профилот Библиска Македонија и порачувале од спорните реквизити. Целосно ја имаме во предвид ранливоста на оштетените, кои од небрежност, не сакајќи поверувале на оваа измамничка шема, која е сѐ, само не во духот на православното христијанство, соопштија од Епархијата.-Грозоморна измама, затоа што некои ликови, кои се претставуваа како христијани, се дрзнале преку лаги и измами, не само да прават обид за дискредитација на Преосветениот владика, а со тоа и на МПЦ ОА, туку и да заработуваат користејќи ја болката на оштетените. Грозоморна затоа што на луѓето кои барале утеха им продавале „ветер и магла“ и со тоа стекнувале бесправна материјална корист. Тука нема ништо човечко, а камо ли христијанско.Ниту Митрополитот Струмички г. Наум, ниту неговиот викарен Епископ г. Јаков дале било кому благослов да се продава каква било книга. Луѓето блиски до Црквата и Струмичката Православна Епархија знаат дека сите епархиски изданија, книги, весници, молитвеници итн, верниците и добронамерниците ги добиваат на подарок од владиците, потенцираат од Епархијата.Случајот е пријавен во полиција, информираат од таму.

Македонија | пред 8 месеци

latas-ristoska

Латас ѝ врати на обвинителкатa Ристоска, ама не и се извини

Новинарот Драган Павловиќ-Латас и врати со одговор на обвинителката Ленче Ристоска која го обвини дека ја клевети. Тој не се извини, како што побара Ристоска.„Ленче Ростовска, обвинтелката на СЈО, најавува дека ќе ме тужи за клевета по мојата изјава дека незаконски, како и другите обвинители од СЈО, земала 100.000 евра потпишани од Катица Јанева. Како и дека нема стаж од десет години ви правосудството. Тоа лошо и влијаело на кандидатурата за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. ОК, ете прилика да се реафирмира целото работење на СЈО преку нејзиниот случај и нејзината тужба. Ленче Ристовска, со Фатиме Фетаи и Катица Јанева кариера и пари направија со клеветење неосудени луѓе. Парите кои незаконски ги земале се утврдени со ревизија, со заклучок на Антикорупциска и за тоа има кривична пријава од Вишото обвинителство оценета како основана и се држи во фиока од нејзините колеги од СЈО кои сега го водат скопското обвинителство. Да се реафирмира соработката на СЈО во кое таа беше во врвот, дел од ‘трите грации’ со Љупчо Палевски Палчо кој ги имаше нивните телефонски разговори и уценуваше луѓе. Има моја кривична пријава за тоа во СЈО која ‘трите грации’ не ја процесуираа.Да се реафирмира информацијата за тоа дали и како Ленче Ристовска била дел од ВМРО заедно со Димче Апасиев, зошто и по која цена потоа и двајцата се ставија во служба на прогон токму на ВМРО“, врати Латас.Тој додава: „Да се реафирмира нејзиниот статус и позиција кај сегашниот државен јавен обвинител Коцевски.Да се преобјават сите интересни детали од пресови и изјави на ‘трите грации’ и Ленче Ристовска од СЈО со клевети и подметнувања спротивно на презумцијата на невиност. Да се реафирмираат изјавите дека платите на обвинителите во СЈО биле дупло и кусур поголеми од другите обвинители бидејќи тие биле неспособни, неписмени и корумпирани… Кога тираните од УДБА решиле да ги тужат прогонетите на Голи оток, прогонетите едвај чекаат на јавна сцена конечно да се соочат. И дочекаа“.Претходно:

Коментари | пред 8 месеци

taravari-rama

Таравари откако крена раце од Владата, отиде кај Рама за да каже дека тој е најевропскиот премиер

По напуштањето на „Вреди“, а потоа и на Владата, Арбен Таравари отиде во Албанија да муабети со тамошниот премиер Еди Рама. Насмеан позади европско и албанско знаме, без македонското каде ја тера неговата политичка кариера, оцени дека седи со најевропскиот премиер.„Со најевропскиот премиер во моментов“, напиша Таравари.За коментар, беше прашан и премиерот Христијан Мицкоски.„Видете, уште вчера знаевме дека таа средба ќе се случи. Претпоставувам една од темите на која се разговара е случувањта во регионот, некои регионални теми, поблиската соработка меѓу двете земји. Ете така би ги коментирал“, рече Мицкоски. 

Свет | пред 8 месеци

3ce1377a-cd16-403d-8d2f-0c1b564d9403

(Видео) Елитна руска единица уништува моќни украински фрлач „Химарс“

Снимка го долови моментот кога украинскиот ракетен фрлач „Химарс“ беше уништен од елитна руска единица беспилотни летала на само 10 км од фронтовската линија минатиот месец, објавува „Телеграф“.На матната снимка, направена во близина на градот Часив Јар, во Донецк, се гледа како американскиот ракетен систем се движи по прашлив пат додека руски дрон му се приближува од воздух.Емитувањето беше прекинато неколку секунди пред ударот, но одделни снимки покажуваат експлозија кратко потоа, потврдувајќи дека еден од највредните ракетни системи во Украина е уништен.Нападот наводно го извршил „Рубикон“, елитна руска единица за борба со беспилотни летала од која украинските војници сè повеќе се плашат.„Рубикон“ беше користен во бруталната руска офанзива за повторно освојување на источниот град Курск претходно оваа година, а сега е пренаменет за лов на највредната опрема на Украина на бојното поле: американски ракетни системи со долг дострел.„Химарс“ (Високомобилен артилериски ракетен систем) е американски повеќецевен ракетен систем кој одигра клучна улога во војната во Украина. Неговата мобилност, прецизност и дострел им овозможија на украинските сили да извршат прецизни напади врз руските логистички центри, командни места и складишта за муниција длабоко зад линиите на фронтот.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-21-at-12.31.24

(Вознемиувачка фотографија) Деца свирепо измачувале штрк во Гевгелија

Здружението за заштитна на животните, Анима Мунди денеска обвини за нов насилен случај врз животни, односно свирепо мачење на штрк во Гевгелија. Како што информираат, штркот бил измачуван од страна на група деца. Според сведочења на очевидци, кои велат дека постојат и видео-снимки од безбедносни камери, се потврдува дека се работи за свесен и суров чин на насилство врз диво и кревко младо животно, што завршило со сериозни повреди.-Овој настан не смее да помине незабележано, ниту неказнето. Насилството врз животните мора јасно да се препознае и третира како психопатологија и сериозна социјална девијација. Децата кои извршиле ваков чин се жртви на општествената незаинтересираност и игноранција, но и потенцијален ризик за себеси и околината доколку не бидат веднаш опфатени со психолошка и воспитна интервенција. „Анима Мунди“ со години укажува дека хуманоста, сочувството и грижата кон животните и природата мора да се негуваат од најрана возраст – во образовните институции, во медиумите, но најмногу дома. Само преку едукација, системска промоција на етички вредности и одговорно родителство, можеме да изградиме општество во кое вакви акти на суровост ќе станат незамисливи, велат од здружението и бараат итна реакција од надлежните институции.Според објавите на социјалните мрежи, малолетниците со велосипеди намерно го повредиле штркот.Закони за заштита на животните во земјава има, но не се спроведуваат. Бездомните животни секојдневно се изложени на нехуман третман. Тепање, убивање, труење, малтретирање на уличните животни е секојдневие. Активистите обвинуваат, но, надлежните институции не преземаат ништо.

Македонија | пред 8 месеци

IMG_2107

Арсовска помина цел мандат во изговори заради нејзината неспособност, вели Марковска Илиевска

На денешната седница на Советот на Град Скопје се обрати советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска која на самиот почеток истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи одлуката за промена на средствата во буџетот, платите и придонесите за вработените во противпожарникарната единица.„Ја поздравувам предлог одлуката за измена на распоредот на средства во буџетот на Град Скопје за 2025 година, особено за ставките плати и придонеси за вработените во противпожарната единица и градот Скопје. Сведоци сме на недостатокот на пожарникари и проблемите при извршување на работните задачи, па со оваа одлука ќе се овозможи вработување на нови пожарникари, кој број беше до сега преполовен од потребниот и пожарна Скопје, се надевам, ќе биде на ниво коешто доликува и од помош на Скопјани, па и пошироко“, истакна Марковска Илиевска.Советничката се обрати до градоначалничката Арсовска и посочи да престане да манипулира со јавноста и прстот, заради нејзината неспособност, да го вперува кон ВМРО-ДПМНЕ.„Затоа, од тука апелирам Арсовска да престане да манипулира со јавноста и со вработените велејќи им дека ВМРО-ДПМНЕ опструира, не гласа одлуки бидејќи помина цел мандат во изговори заради неспособноста да се справи со предизвиците и сеуште продолжува, за жал. Скопјани, бидете спокојни, следува обнова на Скопје од капитални до локални решенија а ова раководство ќе остане запамтено во историјата како најнеспособното“, децидна е Марковска Илиевска.(Соппштение ВМРО-ДПМНЕ)

Скопје | пред 8 месеци

Нема фотографија

Нов скандал, шеми со станови на Максим Димитриевски и неговиот кум во Куманово, вели СДСМ

„Општина Куманово е само алатка за остварување на приватните бизнис интереси на градоначалникот Максим Димитриевски и неговиот кум Драган Митевски“, вели СДСМ и додава:По скандалот со продажбата на земјиштето кај поранешен ЧИК, излегува нов сомнителен случај – нов скандал, шеми со станови вредни околу 140.000 евра.Одиме по ред.Во 2010 година, Максим Димитриевски купува 10.000 м² земјиште за 10.000 евра. Односно по едно евро за квадрат.Тогаш не е градоначалник, но токму ова земјиште подоцна, кога станува градоначалник, е клучна алатка за оваа сомнителна шема.Во меѓувреме компанијата „Евгенија план ДОО увоз-извоз Куманово, добива дозвола за градење и гради зграда. Но, подолг период од непознати причини, оваа компанија не можела да добие технички прием.Димитиевски станува градоначалник, компанијата не добива дозвола за технички прием, сè до моментот кога кумот на Димитриевски купува два стана во зградата од по 97 кавдрати. Потоа, техничкиот прием е одобрен.Еве го купопродажниот договор за двата стана од по 97 квадрати на кумот на Максим од август 2022 година.Само неколку месеци потоа, истата 2022, еден од тие станови кумот му го префрла на Масксим Димитриевски со размена на недвижност. Ама не за реалната цена од околу 70.000 евра, туку за 2.500 евра.Како е можно стан во Куманово од 97метри кавдартни да го добие Димитриевски за само 2.500 евра?Преку размена за една четвртина од ливадата купена во 2010 година, за едно евро по квадрат.Значи Димитриевски се стекнал со стан во Куманово од 97 кавдарти вреден 70,000 евра за само 2.500 евра.Овој скандал отвора сериозни прашања за можна корупција, перење пари и судир на интереси кои мора да бидат расчистени целосно.-Дали станува збор за перење пари?-Дали е ова дел од коруптивна шема поврзана и со техничкиот прием на згрдата?-Дали градоначалничката функција е злоупотребена за приватен профит?СДСМ бара итна истрага од надлежните институции. Куманово заслужува чесно раководство, а не станбени афери и злоупотреби!Јасно е дека Димитриевски не работи за Куманово, туку за себе и за блискиот фамилијарен круг. Но, Куманово не е негова семејна компанија.

пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-21-at-12.25.41

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од Латас: Мета сум на неосновани напади и клеветнички изјави

Обвинителката Ленче Ристоска, која беше дел од СЈО, сега е обвинителка за врски во Агенцијата на Европската Унија за соработка во кривична правда, а сака да биде судија во Стразбур, бара извинување од новинарот Драган Павловиќ-Латас. Таа на нејзиниот профил на „Фејсбук“ рече дека тој кажал клевети за неа.„Поради мојата апликација, мета сум на неосновани напади и клеветнички изјави. Денес упатив барање за јавно извинување до Драган Павловиќ-Латас, за клевети искажани во емисијата ‘Само вистина’ емитувана на Канал 5 на 16.05.2025 година, во која лажно тврди дека неовластено сум земала износ од 100.000 евра според Агенција за борба против корупција и дека немам ни стаж. Имајќи предвид дека Државната комисија за спречување корупција за мене никогаш немала поведено било каква постапка поврзана со примањата кои ги имам остварувано како обвинител во СЈО, како и дека сум дел од правосудниот систем од 2009 година, барав јавно извинување за ваквите клевети“, напиша обвнителката Ристоска.Таа посочува дека реагира оти постапката е во сензитивна фаза, а нападот ќе и направи штета на интегритетот.„Причината поради која сметам дека е неопходно да реагирам е што постапката за избор на кандидатите е во сензитивна фаза и Владата на Република Северна Македонија се уште се нема произнесено по предлогот на комисијата, па ваквиот интенциозен јавен напад, освен штета по мојот интегритет, може да нанесе директна штета во однос на мојата позиција во понатамошниот тек од постапката. Конечно немам апсолутно никаков проблем со тоа некој да смета дека има други кандидати кои ја заслужуваат позицијата судија во Европскиот суд за човекови права повеќе од мене, но во духот на праксата на Европскиот суд за човекови права неопходно е изјавите и коментарите кои се даваат во јавноста да бидат базирани на точни и проверени информации, со цел поттикнување на објективна и издржана јавна дебата“, додаде Ристоска.На темата за нејзината кандидатура, пишуваше и „Скопје1“. Во наредните денови следуваат анализи и на другите кандидати.

Македонија | пред 8 месеци

zaev-filipce-1

Дали Филипче заедно со Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи?, прашува Манасиевски

„Продолжува молкот на Филипче во делот на одговор на нашите прашања за потеклото на златната виза и пресудата на модуларната болница“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Филипче и СДС секојдневно се повеќе тонат во скандали, кои се поврзуваат со криминал и корупција.Филипче не одговори за потеклото на златната виза, ниту одговори дали е задоволен од пресудата за модуларната болница?Филипче најверојатно и на денешното поставено прашање ќе продолжи да молчи и да не одговара, но сепак јавноста заслужува одговори.Дали Филипче заедно со Заев, поседувал акции во индиска авиокомпанија, а придобивките од истите ги вложиле во градење на висококатница во Дубаи?Дали Филипче од овие акции кои ги поседувал, каде што се поставува и прашањето од каде му нему пари за купување на толку скапи акции, има добиено милионски суми во евра?Доколку Филипче продолжи да молчи, дали тоа значи дека се потврдуваат нашите тези?Филипче да престане да молчи и да излезе во јавноста и да даде одговори.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања